Често бабите и дедовците знаат да имаат миленици помеѓу внуците и да ги делат по некој основ. Дали ви се случило на вам или вашите деца?
Свекрвите не си ги фаворизираат внуците од ќерката во споредба со внуците од синот, него ли внуците од ќерката у споредба со внуците од СНААТА.
Кога ќе видиш исто е, само во различно пакување. Ама тука пишуваа дека бабите не се должни да чуваат внуци (ова изгледа важи само за снаата, не и за ќерката).
Зависи, ние на баба ми како деца од ќерка и не сме ни приближно омилени, затоа што сме женски, од вујко ми има машки внуци и тие и се број 1.
Мојата бабино, бабино пред син и , а пред снаата смрдливко, прдливко(за моите) , а пред зетот дојди кај баба лепотици мои и пред ќерката ајде што ќе јадете и пак пред снаата: ороспии исти како мајка ви да си ставите силиконски усти (за од ќерка и)
Феноменов не умира Баба ми (по мајка) мене најмногу ме сака, 3 внуки сме. Мене најмногу ме сака и ме чуваше како баш мала секој викенд скоро. Ама си одев во градинка. Братучетка ми (од вујко ми ќерка) ја чуваше, не одеше во градинка. А кога почна прво, седеше во ходник по цел ден зошто плачеше братучетка ми по неа. Сестра ми не е чувана од никој, освен од нас дома и дадилката. После си одеше во забавиште и целодневна. Дедо ми пак, омилена му беше братучетка ми. И мене ме "тинтраше", а сестра ми беше ептен мала кога почина. Баба ми се труди (и сметам дека е) најправична на свет. Кој кого колку чувала е едно, жртва за сите била, за своите деца, зетот, снаата. Кој колку имал потреба, толку сме чувани. Во однос на давање поклони, сите исто добиваме, во однос на наследство, одамна е решено и поделено меѓу нејзините деца, ние внуките со тоа немаме ништо. Кога не е арна, а не е, си ги има годините, не мериме кој колку саати е чуван. Сите ја чуваме. И сите активно се занимаваме да е ок и да е добра, колку што може да биде. Вујна ми веројатно највеќе од сите, да бидам искрена.
Да Каме, ама децата осеќаат кога не се омилени, и исто кога се омилени. Па тоа може да донесе љубомора и омраза меѓу нив, можеби не отворена но потсвесна. Како што родители не треба да покажуваат кој им е фаворит, исто и баби дедовци според мене треба да пазат. А не отворено да се 'лигават' со едно а да игнорираат друго внуче. Освен ако се работи за непочитување или конфронтации меѓу генерации. Сите си имаме фаворити, сенсот суптилноста и фер плејот се исти. Можеби сестра ти ич не и е гајле и не се потресувала никогаш. Ама некои деца се хиперсензитивни. Плус отворени фаворити чекаат и ид светот да ги фаворизира често, не секогаш, и после оф леле ако не се деси тоа. Во меѓучовечки односи, неомиленост кај дете кое нема алат психолошки за справување, знае да боли.
Чекај добро те разбрав ороспии си ги вика внуките од ќерка а и неа ?? Затоа шо има силиконска уста ? Девојчињава колкави се не кажуват на мајка ? Ороспија дете ќе ми нарече ,па очи нема да ни види ни мајка ни свекрва ни кој сака нека е...
Во таква средина израснав и се уште со моето семејство сме во втор план за разлика од тетка ми (ќерка на баба ми) и бртучедките. Мајка ми е снаата во фамилија и немала баш добро искуство со баба ми порано (па и сега, кога ќе им направи ручек на старите, баба ми не и вика фала, туку и се мршти), додека пак, тетка ми кога ќе отиде таму, со се храна со се, е најфина баба. Колку и да звучи банално, од бавча увек ни ставале најрасипани овошја/зеленчуци, за разлика на тетка ми и братучедките Што да им праиш.. сега ние сме ќути си прај си, баш не заболе онака фамилијарно дали не` сметаат за подоле од нив, научена лекција се.
Лично не сум осетила ваква поделба на омилени и не толку омилени внуци бидејќи од страната на татко ми, тие баба и дедо немаа други внуци освен јас и брат ми. Е сеа па имаше фрки порано малце што влечеа поише накај брат ми, а потоа сменија наратив ама тоа е друга тема. Инаку неколку пати отворено имаа кажано, посебно коа ќе се скаравме и налутевме „ех, може требаше и други внуци да иаме ама тоа е, така било пишано“.. Ова мислеа на внуци од ќерка им, тетка ми, која нема деца и ми го кажуваа мене како тогаш дете.. И кон што целеше муабетов, јасно ми беше и тогаш нормално. Замислувам и како би било да имаа вистина и други внуци.. Како срце бе имаат луѓево да делат внуци, жал не им е ли? Не им е сигурно. Жално и срамно со едно невино дете така да се понашаш, кое еј замисли внуче сопствено ти е. Знаат ли колку повредуваат тие постапки? Нели внуци највише се сакале? И треба да е така. Ама од снаата значи чим се, исто ко туѓи да се изглеа. До каде ли ќе стигнат со ова размислување дали се запрашале? Дека освен омраза и негативни чувства кон нив да навлечеш, ништо друго не постигаат со тоа. Од страната на мајка ми пак, не приметив вакво нешто, што знам. Или така ми се чинело. Братучедите релативно доста постари се од нас, нешто претеран контакт па и не сме имале за да знам, вака коа сме се собирале на времето не сум почувствувала нешто такво ама којзнае. Можеби сепак и другиве си имале миленичиња. Поише време поминував со другите отколку со овие баба и дедо, а за жал починаа двајцата уште додека бев дете. Затоа и неаме многу заеднички моменти.
Кај мене баба ми од страна на мајка ми многу ме сакаше, а од кај татко ми си ги сакаше внуците мислеше они ќе ја чуваат
Свекорот и свекрвата ги делат внуците. Они ги сакаат само децата од девер ми што живее блиску до нив. Ама моите деца сфатија дека не им се омилени и не сакаат да ги гледаат. Не сакаат ни да им се јават на телефон. Пред некој ден маж ми им вика Да дојдата баба и дедо кај нас на гости? Големиот му вика Што ќе ни се да дојдат? Нека не доаѓаат. Не ги сакам. На маж ми му падна незгодно.
Од баба ми (по татко) сме чувани јас и сестра ми премногу добро. Жената според мене ниедна маана нема и ден денеска е супер и со мене и со нејзините правнуци. Јас ја сакам најмногу на светов и не знам во иднина што ќе правам кога ќе ја нема. Се стресувам само што ќе помислам на тоа. Знам дека претежно таа ме изгледа, моите беа на работа до касно попладне, татко ми едно време и странство беше а таа со мене по цели денови. Уште ги памтам приказните што ми ги раскажуваше, сега јас ги прераскажувам на син ми. Мислам дека и на воспитанието ми делуваше, многу и фала. Инспиративна ми е на многу полиња и некако- идол во животов. Имала возачка уште во '55таШетала со дедо ми секаде, има отидено во Русија и таму престојувале 2 месеци. На свадбено патување биле во Венеција Ми ги даде обетките за мене што ги купила од таму. Си ги чувам како очиве.Ми имаат голема вредност.Немам зборови за неа. Другата баба(по мајка) живее во друг град и ретко се гледавме низ годините. Но и кога ќе се видевме како да беше резервирана,повлечена. Едноставно ја немавме таа блискост и никогаш не ја остваривме. За матурска , дипломска, жива не се стори нешто да ми даде колку да имам еден спомен од неа. Не дека ми е кус поклонот нејзин во животов, едноставно како да се осетам дека и друга баба имам, ама не. Памтам кога ќе отидевме таму не играше со мене, ќе ми речеше ете таму храни ги пилињата, мачките.. Моите немаа удел за тоа која баба да ја сакаме повеќе, самото време покажа. Затоа си имам омилена баба
Сум осетила на своја кожа. Од страната на татко ми внуци сме само јас и мојот брат, секогаш не сакале, немаше разлика меѓу нас двата, им бевме исто без разлика на пол, но од страната на мајка, баба ми повеќе ги фаворизираше внуките т.е ќерките на тетка ми, и тоа остана се до нејзината смрт, иако тие ништо не направија за неа во последните години од нејзиниот живот.
Ќе ми вреѓа дете???Ма ќе ја ПРЕТЕПАМ,има да ја згазам и на клиника за лечење ќе ја пратам!Да,да психијатриска.Не само што нема да ги види...Болештии,психопати..Што све не држи земјава еј...
Едната баба имаше иста љубов за сите. Дедо ми не го запознав бидејќи починал 2 децении пред моето раѓање, но од кажувања на други луѓе сметам дека размислувал слично. Другата баба си ги фаворизираше внуците и внуките од ќерките. Иако внуците и внуките од синовите поминуваа повеќе време со неа и повеќе се интересираа за нејзиното здравје. Маж ѝ, дедо ми, беше подобар. Тој не ги делеше внуците и внуките. Знаевме и од неа да му се пожалиме и он се трудеше да ја подобри ситуацијата.