Факултет за администрација/менаџмент на апликациони системи

Дискусија во 'Образование' започната од butterfly52, 24 февруари 2010.

  1. butterfly52

    butterfly52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    дали има некој што е запишан на факлутетот за администрација и менаџмент на апликациони системи (фамис) во битола.
    јас планирам да се запишам на овој факлутет, поточно на смерот јавна администрација. па би сакала да ве замолам доколку има некој на овој смер да го каже своето искуство?
     
  2. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    40
    Исто и јас сакам да се запишам на тој факултет ... па дали има некој оттука шо е на тој факултет, ако сака да каже далие добар или не и сл . :?:
     
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536
    и јас 99,9 % одам на тој факултет..
    ако има некој за повеке изнформации нека пише.. фала :))
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    А тој факултет што зборите за него на државен или на приватен универзитет е? Да знаете дека Факултет за администрација е стварно перспективен во денешни услови. На моја другарка сестра и заврши во Битола администрација на државен и веднаш по дипломирањето си најде работа. А и како шо сум гледала по огласи, доста бараат со ваков факултет. Секоја голема компанија има потреба од бизнис администрација, а плус и во јавна администрација може да работиш.
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.803
    Пол:
    Женски
    ФАМИС е еден од подобрите факултети кај нас, имам познаници што се запишале таму а и јас сакав да се запишам таму но други околности испаднаа и така :?: инаку во врска со факултетот имам разбрано дека е убаво, лесно, перспективно, доста пракса и јавно комуницирање... и др нешто не ми текнува во моментот ако ми текне ќе пишувам ;) и знам дека партиципацијата е 550 евра, тоа сигурно го знаете веќе :)
     
  6. butterfly52

    butterfly52 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    слушнав дека од оваа година смерот ке бил укинат.... :worried: па ако има некој повеке информации околу ова нека пише плс
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    1.536

    молам?? како прекинат?? мислам дека на страната на фамис уште стои овој смер.. така да се надевам дека тоа се само дезинформации :)
     
  8. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Јас сум студент на овој факултет поточно на менаџмент на информациски системи и доста сум задоволна.
    Има добра комуникација и соработка професор - студент. Нормално има два три професори што не ми се омилени ама нормално со повеќе труд се постигнува се :)
    Инаку за јавна администрација лани беше во мирување, мислам дека и оваа година ќе биде. Се смета дека премногу студенти имало од тој смер и дека не е доволно баран :?:
     
  9. GoricaS

    GoricaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира нешто повеќе за овој факултет, немам одлучено уште што ке се запишам а факултетот ми изгледа интересен... па би сакала Ivycka како студент на факултетот да ми кажеш нешто повеќе, какви можности за вработување нуди,дали е добра организацијата, достапност на професорите, книги за учење?? позз
     
  10. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Во врска со можности за вработување и мене многу ме интересираше и еве еден професор што ми врати (се извинувам што е на латиница)

    Nasokata menadzhment na informaciski sistemi e zemislena na studentite da im dade potrebni predznaenja za upravuvanje so informaciskite sistemi. Zatoa na nea studentite se zapoznavaat so IS, nivanata primena, nacin na koristenje, logickiot dizajn, planiranje i stratesko koristenje na IS. Studentite dobivaat i potrebni znaenja od odredeni ekonomski disciplini i menadzhment. Kako diplomirani mendzheri na informaciski sistemi kje mozete da rabotite vo bilo koja organiozacija koja koristi IS ili koja planira da koristi IS. Kje bidete del od timot koj kje go definira IS, kje ucestvuvate vo dizajniranje na IS komponentite, izborot na softver, izborot na firma za implementacija, izrabotka na rabotnite proceduri, davanje pomos pri koristenje na IS na vrabotenite, pocituvanje i voveduvanje na standardi i dr.

    Kako inzeneri na IS direktno kje ucestvuvate vo implementacijata na IS. Kje mozete da se vrabotuavate vo softverski firmi koi razvivaat IS, no i vo institucii koi koristat IS i direktno ucestvuvate vo odrzuvanje na IS i nivna nadgradba. Diplomiranite inzineri na IS kje mozat istite da gi dizajniraat, planiraat, implementiraat, razvivaat i odrzuvaat. Ovaa nasoka ima povekje programiranje vo sporedba so prethodnata nasoka.

    I so ednata i so drugata nasoka kje mozete da razvivate web strani, da kreirate elektronski prodavnici, da rakovodite so proekti.

    Инаку како што кажав јас сум задоволна од предавања, професори и асистенти. Книги за учење немаме по сите предмети бидејќи се на англиски повеќето па самите професори си прават презентации и ни ги праќаат на маил, така да нема многу материјал за учење, само проблемот е што се комплексни за запомнување... Да напоменам дека се смени деканот оваа година и донесе многу промени како во програмата така и во професорите, јас сум со постарата програма уште една година. На страната на ФАМИС http://www.famis.edu.mk/w3/ можеш да си видиш кои предмети кога се изучуваат, колку кредити, кои професори итн :) Поздрав !
     
  11. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    16
    Здраво девојки нова сум но форумот.Јас бев апсолвент на овој факултет,искрено има многу позитивни работи како на пример асистентите сите се млад кадар до 30год се доста фер и нема проблем околу консултации или кога се работи за поен плус(зборувам за смерот МИС),професорите се ок и отворени за соработка.Од минатата година има нова деканка на факултетот која едвај еднаш неделно може да ја најдете на факс,воопшто не се труди ниту околу студентите,ниту за факултетот.Мислам дека за џабе се платија големи средства на Зоран Витанов за да осмисли стратегија како да се привлечат нови студенти кога и таа треба да превземи нешто околу тоа.
     
  12. Ivycka

    Ivycka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    32
    Да откако дојде новата деканка се е околу тоа да се изрекламира факултетот. И до душа професорите изгледа ги стегнала па се за некој степен построги... ама во ред е сепак :)
     
  13. gggjjjggg

    gggjjjggg Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ме интересира отприлика колку студенти се запишуваат на МИС дали со просек 4.5 се влегува со 200 евра и каков е студентскиот дом какви се условите и сл.
     
  14. gggjjjggg

    gggjjjggg Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    има ли некој на менаџмент на информациски системи ајде давајте совети
     
  15. cocan

    cocan Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Има некој на Менаџмент на информациски системи?
    Се двоумам помеѓу овој смер на ФАМИС, и некој смер на ФИНКИ..
    90% сакам да идам на ФАМИС, ама пусти страв од програмирања и такви ствари. До сега имам учено инфортматика само една година у средно..