1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Факултет за драмски уметности

Дискусија во 'Образование' започната од SatiranaGirl, 12 јуни 2011.

  1. SatiranaGirl

    SatiranaGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Што мислите за студирање на Факултет за драмски уметности - Скопје? Знам дека не примаат многу суденти но, ме интересира некој дали може дд сподели искуство, што треба за да се запише таму кој успех се бара или само се бара талент ... нешто повеќе ако може за тоа :)
     
  2. modest-girl

    modest-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    И јас сум многу загреана за таму..немам многу информациии...но знам дека е мноогу тешко да се влезе за жал... позз
     
  3. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    I ДЕЛ

    Тест од општа култура.
    Во облик на писмена работа се утврдува писменоста и информираноста на кандидатите од областа на драмата, театарот или филмот.
    Се проверува осет за ритам и слух на кандидатите.
    Склоностите и способностите на кандидатите за студенти на Студиската програма за драмски актери се проверуваат преку интерпретација на еден драмски монолог и една песна (рецитација) по избор на кандидатот и една песна (рецитација) по избор на Комисијата за проверка на компетенциите.

    * Оние кандидати што ќе го положат првиот дел, пристапуваат на полагање на вториот дел.

    II ДЕЛ

    Со доработка на избраниот монолог или работа на нов монолог под надзор на педагози од Факултетот за драмски уметности, се врши дефинитивна селекција на кандидатите според нивните склоности и способности. Составен дел на оваа проверка може да биде и импровизација на теми зададени од Комисијата.

    Ова е за драмски актери( претпоставувам за тоа и дека прашувате) http://www.fdu.ukim.edu.mk/

    Е сега, две мои блиски завршија на ФДУ ама пред 4 години(можеби е нешто сменето). Најбитното е да имате дарба, второ- да си најдете некој што ќе ве спрема( значи сами не верувам дека ќе можете добро да се спремите, моите другарки ги спремаше Славица Ковачевич Јовановска и Војо). За успех незнам како оди тоа, ама значи мора да имаш талент.
     
    На vipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vipgirl

    vipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Andzelika како можам да ги контактирам Славица Ковачевич Јовановска и Војо, зашто и јас планирам да се запишам на драмски па добро би ми дошло малку помош.
     
  5. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    За Славица мислам дека нема да се нафати и плус мислам дека е во Канада/Америка :?: А за Војо ќе се потрудам да го исконтактирам и ќе ти кажам. Ама најпаметно е да си отидеш до "бараките" на ФДУ и убаво да се распрашаш и по студенти и по професори па може ќе ти предложат кој да те подготви за испит ;)
     
  6. babygirl13

    babygirl13 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мозе ли некој убаво да објасни за драмскиот во македонија,дали има иднина ?
    1-Дали може да се пројде без тиееее глупи врскиии
    2-Што акко незнам да пеам (дали некако може да пројдам и без таадарба)
     
  7. tea19

    tea19 Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    23
    Годинава на драмски ќе има уписи за Филмско/а и ТВ монтажа и снимање со по 6 студенти и Филмска и ТВ режија 5 студенти.. драмски актери, драматургија, театарска режија и продукција нема уписи оваа година.. сепак има многу врски и треба стварно да си талентиран за да те примат..
    инаку babygirl13 не знам во другите програми но за актер има предмет по соло пеење и испит за него.
     
  8. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    некој да знае во учебната 2019/2020 на кој отсек примаат студенти?