Фарбање на облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Lilit, 9 октомври 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.853
    Ме искараа дека сто пати се поставува прашањето,па ајде една тема да отвориме! :D
    Значи насловот на темата кажува доволно.Дали сте фарбале облека до сега,обелена или пак целосно да и ја промените бојата?! Со каква фарба?! Каде ја купивте?! Кој е процесот?! Кој е ефектот?!


    А да...и дали смрди облеката потоа?! :D
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.651
    Одлична тема, но нажалост јас немам никакво искуство со фарбањево.
    Сепак имам едно прашање, дали пушта боја фарбаната облека?
     
  3. ubavi4ka

    ubavi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    8
    јас имам фарбано облека, поточно фармерки..и ок е пак се нови..ама пуштаат кога ке се перат
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Сама дома не ама стално си ги носам во чаршија (Скопје) и не зимаат многу пр.200 ден за било какви панталони 100 ден за блузи и сл.а не ми пуштаат многу боја
     
    На angela.kostova и WhiteButterFly5 им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Темава во вистинско време, и мене деновиве ми текна дека имам нешто за фарбање, а до сега не сум го правела тоа.
    Дома не би препорачала, една моја другарка фарбаше облека во чаршија (некаде карши хотел арка се наоѓало дуќанчето) се вика Хембој, рече дека е ефтино , а дека многу убаво ја фарбаат облеката, не пуштала многу боја... И уште ми кажа дека имало многу гужва во дуќанчето . А не ми се веруваше дека толку луѓево носат облека на фарбање.

    Едит - успеав и мапа да ви најдам, сега ќе треба да ми дадат процент :lol:
    [​IMG]
     
    На pA_uLa и WhiteButterFly5 им се допаѓа ова.
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.651
    Едно можеби глупаво прашање ама какви бои имаат? :$
     
  7. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    9.031
    и јас имам фарбано облека - земаш боја од бои и лакови 50 денари е за еден пар пантолони или фармерки
    ја раствораш во една чаша ладна вода
    Во поголем лонец вриеш 5 литри вода и ги ставаш фармерките претходно испрани
    Потоа ја тураш растворената боја и постојано мешаш за да се распредели рамномерно
    Врие така еден час потоа пред крајот тураш две чажици сол и киселина 50 мл (тие се за да не пуштаат боја после тоа )и ги облеваш во ладна вода се додека не престане да пушта боја анд детс ит 8)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.651
    А каква боја од бои и лакови??? Таму има за дрво, за метал, за кречење... :^)
    Не верувам дека се продава за текстил :shake: или можеби сум грешка?
     
    На miss-bootylicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    9.031
    има во бои и лакови - ќе побараш боја за фарбање облека :)
    Кај нас во Прилеп има
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Јас имам фарбано пантолони во Чаршија, околу 200,300 денари мислам дека беше и не пуштаат боја воопошто!
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    А џемпери може да се фарбаат? :wasntme:
     
  12. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    9.031

    Само памук - синтетика не
     
  13. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Џемперите се волна не се синтетика ....да можеш сум фарбала во чаршија
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    58.546
    Превртена кожа чизми фарбаат ?? :D
     
  15. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    3.719
    Пол:
    Женски
    Мислам дека да ама пак прашај
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.853
    Абе вака-така,одеднаш пола плакар ќе однесам,пуна сум со идеи!!!
     
    На okcenzi, glosipgirl, WhiteButterFly5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.973
    Пол:
    Женски
    Моето прво фарбање испадна успешно :rock:
    Имав црни пантолони купени пред една година кои страшно многу избледеа и личеа како да ги носела мајка ми на времето и како којзнае колку да се носени. Ми се идеше да им ги треснам од глава на оние во Евроазија, човек не може квалитетни црни пантолони да си купи.
    Вообичаено купувам нови, ама овојпат се заинатив и отидов кај тој бојаџијата. Фино ми даде две пакетчиња црна боја, со целосно упатство за употреба на задната страна. Јас досега манџа не сум правела, ама затоа пред неколку дена готвев пантолони на шпорет. :wasntme:
    И резултатот е одличен. Е сега дали ќе пуштаат боја сеуште не знам, ги немам носено после фарбањето. Ама за секој случај ќе ги перам на рака. И не, не смрдат :)
     
    На japanize му/ѝ се допаѓа ова.
  18. len4e

    len4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    53
    ANaKarenin ОД КАДЕ ЈА КУПИ БОЈАТА?
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.973
    Пол:
    Женски
    Еве Маја имаше поставено слика
    [​IMG]
    Бојаџијата се наоѓа во чаршија, ако одиш од горната страна, тогаш ти доаѓа од десно во една помала уличка. Има поставено црвен плакат горе, од едната до другата страна на уличката, пишува Бојаџија, нема да го утнеш :)
     
  20. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски

    Мене па во чаршија ми кажаа дека не фарбаат волнени работи... однесов сукња сакав црна да ја фарбам и ме вратија