Неодамна на фејсбук дознав за оваа нова компанија за козметички производи имаат и веб страна и онлајн каталог. Спојлер http://www.farmasi.mk/index.html Производи за целата фамилија: - Жени и Мажи - Тинејџери, деца и бебиња. Парфеми: - Мини, за Тинејџери, за Жени, за Мажи Шминка: - за Лице: Основа, Пудра, Руменило, Коректор - за Очи: Сенка, Маскара, Туш, Креон - за Усни: Кармин, Сјај, Молив за усни - за Нокти: Лак, Нега, Француски Маникир, Ацетон Лична хигиена: - за Коса: Шампон, Кондиционер, Крем за Коса, Гел - за Раце и Тело: Крем за Тело, Течен сапун, Лосион за Тело, Гел за Туширање, Спреј за Тело, Пилинг за Тело, Антибактериски гел, Гел за интима, Производи за сончање, Производи за депилирање - за Кожа: Тоник и Млеко за чистење на лице, Маска со олупување и Пилинг за лице, Балсам за усни, Паста за заби Грижа за Бебе: - Шампон, Лосион, Уље, Пудра, Колонска вода, Влажни марамици Го разгледав каталогот и ми се допаднаа некои работи уште да има од кого да порачам само се двоумам дали да се зачленам.
Искрено отидов лично да ги проверам производите и не ми се допаѓа ништо од парфеми,лосиони, спрејови и креми за тело имаат одвратен мирис, дури оние од "пазар" поубаво мирисаат со исклучок на некои сенки за очи и моливчиња, а за пудрите да не правиме муабет катастрофаааааа како кал да си ставила на лицето, а не пудра ужас се!!!
Ако нешто најмногу ми се допаѓа, тоа се пудрите на Фармаси, кои целосно покриваат и имаат доста добри цени, најомилена ми е hydravite и серум пудрата, делуваат како порцелан на кожата... Супер се, а многу се добри и теракота сенките и печените пудри, хамам гелови за туширање од јоргован и маскарата optimal style Поздрав.
Морам да се сложам со Inhume значи маркава е тотално безвеза катастрофа невидена!!! А цените се лудост!!! Можете да направите споредба со Бугарскиот Фармаси цените се за 3-4 пати поефтини од кај нас... Срамота!!! еве пример: кај нас Gaucho Men 100 мл=1400денари НАМАЛЕН кај бугариве 19лева околу 600 денари... Па зарем во ова време на интернет најдоа да го лажат народот/????? http://farmasi.bg/category/64/mazhki.html
Јас го имам балсамот за коса. Катастрофа е. 10 мин откако ке го нанесам, косата ми изгледа како пресушена.
јас па си реков турчинкине колку убави коси имаат, сигурно имаат добра козметика.. али ќе се излажев. значи не ја бива ни декоративната? некој искуство плус? или геловите за туширање барем? сакам еден од јоргован шо е да го пробам, и еден пилинг од малина, ама ако не мириса убаво подобро да си појдам до ДМ да си земам балеа..
Јас ја имам тонираната крема CC и задоволна сум од неа бидејќи не користам тешки пудри и оваа мми доаѓа нешто како лесна, летна пудра... само тоа имам пробано
девојки има некоја користено кармини од оваа фирма? ја глеам сеа има ефтини карминчиња по 99 и по 199 денари..има многу убава розева нијанса па се мислам дали да си порачам..а и не се скапи..ама па смачено ми е веќе да собирам колекции од шминки кој не ги користам..
Денес за прв пат го гледав каталогот на ФАРМАСИ .. немаше многу убави работи, а и мислам дека не се толку многу популарни каталозите во нашава држава.
Во мај месец имав две свечености девојката во козметичкиот салон каде што ме шминкаше користи само фармаси производи презадоволна бев затоа се вратив и втор пат.Коректорот и пудрата покриваат се.Во моментот ги користам коректорот за подочнаци, течната пудра и маскарата од оваа фирма,а камена пудра нанесувам на фломар,а ружот ми е од орифлеим си постигнав одлична комбинација и сум задоволна со изгледот на моето лице.Со совет од шминкерката-девојката за бројката на коректорот и пудрата си ја погодив бојата на тенот на лицето.
Јас сакам да се зачленам но да си порачувам за себе, немам време да се занимавам и со други и за трчање по пари и сметки. Ме интересира како сте задоволни со нивните производи, ви ги прочитав коментарите и некако на кантар се работите. Се пишманам, од една страна сакам од друга страна ми е страв да не си го упропастам лицево.
Јас сум член на Фармаси и ги имам користено скоро сите производи од оваа фирма и презадоволна сум. Пудрита ги ставам на прво место, а потоа се друго останато. Башка сите производи се на природна база.
Орифлејм девојќи мајка ми донесе дома фармаси каталог има интересни работи..да ве прашам дали некој е користил ? квалитетна козметика?
Девојки, дали некоја го има користено шампонот против опаѓање на косата (за обнова), не знам точно како се вика, мислам дека беше со лук?