Фармацевтски факултет- Штип

Дискусија во 'Образование' започната од smiley16, 26 август 2012.

  1. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Оваа тема ја отворив поради тоа што сакам да добијам повеќе инфомации во врска со овој факултет.
    Сега ќе бидам трета година, инаку учам гимназија, но сакам со време да се информирам.Сакам да учам токму фармацевтски факултет во Штип, единствено тоа ми е најголема желба и не сум заинтересирана за друг факултет. Меѓутоа слушам дека бил премногу тежок, па ме фаќа по малку страв да не заглавам премногу. Инаку да нагласам дека хемија ми оди но не толку многу ,поради тоа што во средно професорот не ми е погоден, а од основно ги знам основните работи но мислам дека ако се трудам можам и тоа да го совладам. Една моја пријателка ми кажа дека ако не ми оди многу хемија, и со цел труд нема да можам да ги полагам предметите на овој факултет. Сепак јас мислам дека од голема желба ќе можам да се запишам, и да ги полагам испитите.
    Ве молам за совет од оние што се запишани на Фармацевтски факултет во Штип.
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Добредојде на форумот, како прво. :)

    Кај нас во медицината ( и јас сум од Штип, завршив фармација оваа година, ама не продолжив на факултет, друго се запишав) предава професорка по фармацевтска хемија, што исто како тебе завршила гимназија и ич, ама ич не и’ одела хемијата. А ете сега после години предава фармацевтска хемија и одлично си ја знае работата. Можам да кажам дека е една од најдобрите професорки во медицината. Со ова всушност сакам да ти кажам дека тоа што сега не ти оде хемија, ништо не значи, апсолутно ништо.
    Е, сега секој факултет си има своја тежина, па и овој. Да си се запишала фармација во средно, мислам дека би ти било полесно, зашто знаеш отприлика што се уче, ма да средното е боза во однос на високото образование. Тешко е, ама ако тоа го учеш со љубов е далеку поинтересно. Имаш уште време, 2 години, ама ако имаш желба запиши се, многу ќе добиеш.
     
  3. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Благодарам за советот, дефинитивно ќе се запишам фармација :)
     
  4. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Дали некоја феминка студира фармација во Штип? Ми треба просветлување за факултетот :) т.е какви се професорите, дали треба многу учење за да се положи еден испит, дали факултетот е организиран, предавањата и вежбите дали се редовни итн. :)
     
  5. M.Kunis

    M.Kunis Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    ве молам да ми кажете кога треба да се однесат документите на примените кандидати од вториот уписен рок во УГД штип ??? да не е утре? |(
     
  6. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    72
    Јас сум на фармација во Штип. Факултетот е добро организиран и не е дека така се поминува ко што се збори. Како и секаде, така и тука има и тешки и лесни професори. Материјалот секако се учи. Моја замерка е тоа што фали повеќе пракса.
     
  7. natasa-natka

    natasa-natka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Здраво..да не има некој прашања по Аналитика на лекови, Метаболизам на лекови и Клиничка биохемија за 4та година на Фармација? :)
     
  8. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Феминки, размислувам за фармација во штип е сега не сум сигурна, сите различни мислења ми даваат. Не знам дали би имала време за други работи од над книга, сега се знае секој ден барем по некој саат после предавање на фармацевтски факултет мора да отвориш книга, но не сакам целосно да се затворам да заборавам како изгледа излегување,дружби.. Сакам некој што е на овај факултет да ме посоветува што е како е.
     
  9. Strawberry1238

    Strawberry1238 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Јас сум 3та година фармација,не ми оди баш се најдобро,пример хемија не ми оди,математика не ми оди,па незнам што да правам натаму за факултет..сакам да се запишам фармацевтски,но се плашам дека нема да ги положам испитите,ми велат дека било премногу тешко..
     
  10. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Девојче, кога во средно гледаш дека не ти идат предметите, најдобронамерно те советувам да го тргнеш фармацевтски од опциите :) Хемија ти е клучен предмет, имаш 10тина хемии како предмети, а и сите останати се поврзани. Математика, статистика исто. Јас сум во Скопје, но сигурно се истите предмето и Штип, не знам каде планираш зашто и во другата тема си пишала. Ќе ти одговорам и за прашањето од другата тема за Фарм. при УКИМ, се плаќа исто како другите - 200 евра државна, 400 приватна квота, се плаќа презапишување на предмет но не знам колку, а со самото презапишување ти се пролонгираат годините на студирање и трошоците.
    Размисли си убаво и види ја студиската програма со предметите на веб страната, понекогаш желбата не е доволна
     
  11. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Јас сум 4та фармација и јас имав одбивност кон хемијата уште од основно, сите 5ми ми се тука ама уште хемијата не ми е омилена и не ја учам со мерак, па само со средното докажав дека фармацијата не е за мене ама битно добив знаење од медицински предмети што за општа медицина ќе ми послужат. Ако не ја сакаш хемијата не продолжувај тоа, одбери нешто што стварно ќе сакаш за да не заглавиш за џабе.
     
  12. Strawberry1238

    Strawberry1238 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Pa jas mnogu sakam farmacevtski da se zapisam,ali hemijata me maci pa taka da samo zaradi hemijata se dvoumam..
     
  13. Strawberry1238

    Strawberry1238 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2018
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Девојкиии сакам да прашам дали има некој што учи фармацевтски во штип,па да ми разјасни некои работи како на пример за упис колку се плаќа,па натаму за испити ако паднеш што како е,дали е тешко,професорите какви се дали добри,лоши и книгите дали се плаќаат и колку.Ве молам кој е запишан за овој факлутет нека ми одговори,бидејки и јас сакам да се запишам,па се двоумам,а ме интересира тоа што ве прашав. Позззз
     
  14. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, тука да пишам, можеби ќе се најде некој што знае. Аптека има потреба од дипломиран фармацевт, има и опција да е пријавен фармацевтот во фирмата, значи плата и придонеси и да не доаѓа на работа. Значи дипломата е битна да се формира тим. Ако има некој заинтересиран нека ми пише приватна порака.
     
  15. mika 8889

    mika 8889 Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2019
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    здр вие сте од штип сакам да се записам на гоце делчев универзитетот дали имате некој сто студира на педаг одделенска смер