Имаше тема за Панталони во боја, ама не видов за фармерки во боја.. - Доста популарни се фармерките во боја, сакам да ве прашам, дали имате фармерки во боја? Ако имате каква боја се? Може да разговараме на оваа тема овде.. - Јас имам розеви фармерки (завчера си ги купив ) А вие? Спојлер се надевам дека темава не е дупла, а ако е дупла, во корпа..
Немам сретнато досега ваква тема Јас многу сакам фармерки во боја имам црвени и бордо,црвените се ми некако летни а бордоте ѓи носам често.Сега сакам да си купам фармерки во боја но со принт
Ај јас ке отворам тема за сукњи во боја, а ти отвори тема за тексасни сукњи во боја може? И шо има разлика дали се панталони во боја или фармерки у боја?
Секако дека има разлика ова се панталони ова се фармерки Незнам зошто ти пречи ако некој прави разлика меѓу панталони и фармерки и сака да дискутира за фармерки Како и да е ја прифаќам твојата критика,сепак донекаде и си во право, но сметам дека нема потреба од толку критикување во еден пост
Па мислам немаше потреба да се отвора уште една тема,истата може да се допише и фармерки во боја.За да нема збунки.По што колку што знам и таму се ставаат слики од фармерки.
интересни ми се..ги имам во неколку бои мастилно сина, бела,крем,зелени и розеви. сакам да си купам црвени.поз
Последни купив темно тегет, рамномерни без некоии шари, бели делови на нив. Сакам бордо, тие ми се некако посебни, паѓаат во очи.
Многу ги сакам,посебно во темна боја многу убаво ми стојат Имам во неколку бои: -сини -бордо(новите ) -црни :geek:
Убави ми се.. имам црни,сиви,сини,портокалови и светло розеви.. сега сакам да си земам темно зелени и бордо..
Ич не ги сакам, ама ич. Мене фармерка ми е само тегет-темно тегет боја фармерка и тоа е тоа. Додуша и светло сините ми се допаѓаат, ама темните подбро ми стојат, кога ќе стопам уште некое кило ќе земам и светли. Немам некоја посебна причина зашто не ги сакам, едноставно не ми се допаѓаат, детски ми се и лично не ги преферирам, џинс носам само темно тегет. Панталони можат да залетаат и во друга боја лесно, фармерки не.