1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фатални желби (Бруклин Хадсон)

Дискусија во 'Книги' започната од Stefani999, 17 јуни 2014.

  1. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Гледам нема отворено тема за книгава.Јас ја читав пред некое време и многу ми се допадна,една од најинтересните шо ги имам читано.

    ошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар кој никогаш не престанал да го обвинува поради тоа што неговата мајка умрела додека се пораѓала со него. За негова среќа, покрај ужасниот татко, тој ги имал и саканите баба и дедо кои му биле единствената светла точка во животот... додека не го видел татко му како го убива дедо му пред негови очи...

    Уште како мало дете, тој живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел.

    Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар.

    Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон, Ракел е уметничка душа која работи во успешна галерија и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина. Каква трагедија? Ќе ве оставам да откриете самите.

    Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.

    Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби... Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме... Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но... некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат...
    [​IMG]
     
    На Punk girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. Предобра!

    Прв пат читав хорор книга и прво ми звучеше малце глупаво. Хорор? Раскажан? Без звуци и ефекти кои ги прават хорор филмовите страшни? Не знаев што да очекувам, но решив да и дадам шанса и ја купив.
    И сега со сигурност можам да кажам дека сепак било страшно да си ја замислите хорор сликата во вашиот ум и фантазија :x

    Ја прочитав во еден здив. Едноставно не можев да ја оставам, постојано ме интересираше и копкаше што ќе се случи понатаму :)

    Морав да си го копирам мислењето што го напишав во темата “Препорачајте книга“, ама тоа е... Едноставно книгава ме остави без зборови :)
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам прочитано книгата, и ми се допадна многу. Ја прочитав во еден здив, ми се допадна содржината, не е веќе видено туку еден нов вид на книга. ви препорчувам на сите да ја прочитате.
    Не е ич страшна.
     
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Сега кога бев на одмор ја прочитав и слободно можам да ја сместам меѓу најдобрите книги кои сум ги прочитала.Ги има сите елементи кои јас најчесто ги барам во една книга.Воопшто не е досадна туку постојано има случки што те тераaт да читаш и читаш. :)
    Единствена замерка:нема продолжение. :evil:
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marija38

    Marija38 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав пред неколку дена и не ми се допадна баш многу.. Просечно дело, можеби дека и не сум голем љубител на оваа категорија на книги. Ми се допадна само неизвесноста во книгата, а крајот воопшто не