Се надевам дека нема ваква тема. Концептот е следниот: Секој избира по една песна (од одреден жанр или изведувач, на пример) со која сака да учествува. Во еден круг може да учествуваат најмногу 20 членови и тие немаат право на глас Гласањето ќе се одвива според принципот на Евровизија, од 1 до 12 поени и ќе трае одредено време по завршување на пријавувањето. Секој член што не е учесник има право да гласа еднаш. На пример, може да почнеме со поп музика, па следниот избор да биде од некој друг жанр.
Ја преместив, фала ти што си забележал. Да започнам со песна. Еден предлог од мене само, гласањето да е која песна ќе има највеќе лајкови или преку анкета ама тешко изводливо тука да се спроведува анкета редовно, бидејќи сепак е во форумски игри и нема посебно модератор тука. А со гласовите и 10-12поени што знам дали ќе има така интерес. Да не се запостави темата? Пријавувањето да е 3 дена и 3 дена да има уште фора за да се лајкнат песните. Сепак само мој предлог.
Јас мислев дека никој не ја приметил темава Ајде да ја активираме @Dream-Girl, се согласувам за правилата, 3 дена пријавување и 3 дена лајкнување Еве и од мене песна за овој круг
Колку само не ме бива во поставување правила Не мора да одлајкнувате, може и да не ги броиме тие лајкови после, и готово