Ајде малку да се модернизираме. Да потенцирам дека тука ќе поставуваме јадења коишто сме ги приготвиле исклучиво ние. Лично и персонално. Значи не од кафиња-мафиња, него што вие сте подготвиле. А бе добро, може сте приготвиле со нечија помош, небитно. Ние секако не можеме да дознаеме. Ама битно домашно да е. Макар и грав. Препорачливо е да не се залажувате и да не се користите слики од интернет, ќе ве најдеме, вака или онака. Ајде девојки да се пофалиме, колку сме домаќинки. Обично, се става знакче 18+, за непристојна содржина. Ама за тие што се на диета, не знам што знакче да пишам, за да не приоѓаат. Оваа слика ми се најде низ папките, од поодамна е. Па ај да стартувам јас.
Пред една недела сонвав дека јадам пита од јаболка. И станав, си го прашав youtube како се прави и ете! Превкусна беше и ја погодив супер за прв пат
My InstaFood. 1.Mini icecream. Интересна закуска купена од продавницата за здрава храна од Буњаковец иако сметам дека истиве во Стела се многу повкусни. 2.Сладолед страчатела и шумско овошје од старата добра Малага. 3.Homemade oreros & macaroons од К8 4.Homemade tuna sandwich. 5.Healthy food Vitalia