1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина - Колумна

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од vendiii, 12 јуни 2011.

  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Барав, барав и не најдов вакво нешто значи не е како СДК поинаков концепт.

    Да пишуваме коlумни , превземени или ваши ... На крај потпис ако е превземена пишите , да знаеме што е авторско делo :)

    Вака нешто ....


    Втора шанса ... Шанса за нов почеток , или дежа ву ? !


    Приказната започнува вака , девојката го запознава шармантното момче .Се запознаваат , дружат, започнуваат врска.Се е совршено .... Уживаат во секој момент , тој ја држи како капка на дланка , чиниш светот е нивни ...
    НО , време е и оваа бајка да заврши . Започнуваат : караниците , нетрпеливоста , префрлувањата, нервозите , напнатоста .Сето тоа резултира и со најстрашното нешто кое што може да се случи на една врска НЕВЕРСТВО !!!
    Завршува се ....
    Некој остава , некој е оставен , навидум секој по свој пат. Поминува време сосем доволно за да конечно продолжиш понатаму ти со друг а тој со друга веќе одамна .Доволно време за да болката стивне , сеќавањата поизбледат, чустава ги нема ... или барем ти така мислиш ? ! :?:
    и кога мислиш дека се е готово всушност тогаш се започнало ... Се појавува ТОј како гром од ведро небо , бара втора шанса , и повторно како на почеток... Ризикот е голем , влогот уште поголем !
    Ризикуваш скршено срце , повредена гордост и уште едно големо разочарување .
    Се би било поедноставно ако ништо не останало во вас , тоа би била идеална можност да му се насмеете во лице да си ја задоволите суетата и да продолжите , нели за ова секогаш сонувавте ? ? ?
    Но што ако ?
    Што ако последната искра и натаму потсвесно тлее во вас . останало мало пламенче од некогашната голема љубов ? Се мразите поради тоа , свесни сте дека не е фер , не е фер спрема вас ! :@ :!: Она старо клише на :l: не се наредува |(
    ставени пред свршен чин , да дадете втора шанса и оставите се на судбината или не ? Да се биде или не прашање е сега да се кочи или да се бега ? ! Во првата ситуација -давате втора шанса . Започнувате уште еднаш НО .Лузните кои на срцето му се направени , може да ги зашиете но НИКОГАШ нема да успеете да ги избришете лузните баш НИКОГАШ !!! :worried: :(
    Постојано тој страв , што ако ме изневери ? Во секоја ситуација си велите Истиот ли е ? Се променил ? Ќе биде подобро... Исчезнала ли магијата а вие упорни не ја приќате реалноста , не го гледате очигледното ...
    Ништо не е онака како што некогаш беше , како што си мислевте дека ќе биде .
    Стравот , испитувањата и претходните разочарувања нема да ми дозволат да уживам да заборавам . :l:
    секогаш ќе биде полузатворено.А што ако не дадеш втора шанса ? не сакајќи да ризикуваш ?
    Ќе гледаш како оди ... овој пат најверојатно ЗАСЕКОГАШ :!: . А вие со некое чувство кое ни сами не можете да си го објасните . Со голема гордост и по некоја солза во очите .
    Горди самите на себе за донесената одлука за издвоената победа , продолжувате .Но што ако , кога утре ке доживеете ново разочарување , некој друг ви го скрши срцето или се почуствувате осамено ?
    Ќе го поставите прашањто ...А што ако .... Дадев втора шанса , дали се ќе беше поинаку ? !
    Погрешив ли ? !

    Венди
     
    На dragan4eDR, kristii и kiddie им се допаѓа ова.
  2. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Фемина- Колумна

    Со текот на годините, како што растевме некои работи ни стануваа се појасни и појасни. Но, за несреќа некои се замаглуваа. Животот е книга која ја читаме заедно. Другарството е игра во која победуваме заедно. Среќата е на наша страна, иако некогаш не се чини така. Кога едната од нас лее солзи, другата ги собира парчињата на нејзиното срце. Тагата ја давиме заедно во солзите. Радоста ја делиме една со друга. Во животот делевме заеднички сон, но иако соновите се сменија ние останавме исти една со друга. За светот сме сменети. За некои сега сме кучки, за некои ангели. Секоја мана, секоја доблест е дел од нас и се прифаќаме како такви. И знам..еден ден ќе снема се. Ти ќе одиш на север, јас на југ. Ти ќе бараш среќа, а јас совршенство. Секогаш беше така. Тебе ти беше доволна среќата, а мене не. Секогаш барав совршенство иако не беше можно. И кога се згуснуваше и мојот совршен свет се уриваше, твојата среќа ја подели со мене. Кога тешките денови го влажнеа моето лице, го заматуваа мојот поглед,ја кинеа мојата душа, ти беше тука да ме насмееш. Кога бев најсреќна на свет ми ја подаде раката и се радуваше со мене. Кога во првите љубови леев горки солзи ми помагаше да сватам по каков кретен сум заакала. Кога се давеше ти во морето на љубовта тргнав по тебе да те спасам иако знаев дека е ризично. Кога нешто те мачеше во мислите, го чувствував тоа. Кога залутав по погрешни патишта ме извлече.
    Сега веќе имаме изградено карактер. Ти си личност со цврст став, тврдоглава, нежна, чудна, понекогаш и неразбирлива. Ништо не ти е потребно освен среќа. Веруваш дека надежта последна умира.
    Јас...јас сум сосема друга приказна. Барав перфекција во секој аспект. Сакав да знам што ќе се случи и кога. Морав да бидам точна во се. Знам дека не е можно, но се борев за тоа. Не си дозволував да ми се уништи перферктинот свет поради моите чувства кои силно ги притискав и криев. Но, еден ден го заменив мојот свет за среќата. Дадов се што имав за нешто што вреди повеќе од совршенството. Го изгубив достоинството и гордоста. И не се каам, затоа што ако нешто тргне наопаку знам дека ќе бидеш тука. Иако физички можеби до мене ќе те нема..оние соништа што заедно ги баравме секогаш ќе останат во мене и ќе те чувам длабоко во себе..затоа што ти си таа што ме научи кои работи се поважни од материјалните...!!




    Moe дело..Го пишував на најдобрата другарка, секогаш е тука за мене<3
     
    На dragan4eDR, Extacy, vendiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Фемина- Колумна

    Отворено, храбро и на прва: за муслиманите и плажата

    Денес си го облеков моето сакано дводелно бикини, скапував пешкир и неколку други неопходни работи за на плажа, ги ставив моите (сакани) црни јадранки на плута и отидов на саканото ни охридско езеро (мора под хитно да се преименува во струшко, се наоѓа во струшкиот дел или каде??). Фатив лежалка и чадор(кој не го употребив, сакав боја да фаќам), го нанесов кантарионовото масло и легнав да се сунчам!!
    Додека лежев на стомак, морав да гледам што има позади мене (иако имав лежалка во првиот ред) и приметив дека нешто почна да ме иритира многу. А тоа беа припадниците на муслиманкса веросиповест кои живеат во селата. Дошле на плажа за да седат целосно облечени, под сенка на трева????
    Сум слушнала дека ако се соблечат е грев и сето тоа, ама навистина, ако е грев, ако не смеат да се соблечат, што бараат на плажа???????????? А она што ми беше уште поиритирачко беше бањањето со облека на нив!!!!!!!!!!! :o
    Овие не се глетки кои моите очи прв пат ги гледаат, ама денес бил денот да се изнесат во јавност.
    Ги почитувам моите пријатели припадници на муслиманската вероисповест, им ги честитам празниците (и тие мене за право), ги сакам и не ги делам никогаш, ама тоа со облеката навистина е невкусно.
    И ајде да замижиме и да го сфатиме тоа како суеверие кое го почитуваат, ама распостилањето со храна??
    Тоа е јаготка на шлагот. Па носат се што може да има во супермаркет!! Навистина!!
    Да не им е и тоа некој адет, суеверие или слично??????
    Сфаќам јас дека тоа најчесто доаѓа од селските средини, ама навистина е невскуно!! Ма дајте, кој туриста би сакал да гледа како некој се дуе како балон во вода со се чинтијани и шамии??? Никој!!! Верувам дека никој!!!!
    И за крај, ако ова го кажам негде јавно, ќе бидам во најдобар случај каменувана!! А овде, на форумов, очекувам банирање!! Ама ако, отвореноста е добра особина, а од вистината не се бега!!

    Ве сака, ВајтЕјнџел! :*
     
    На dragan4eDR, Belieber163, kikikikirika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Фемина- Колумна

    Дволичност!

    Хммм...б`ш сам наивна....кој знае ви дали сте приметиле дека ме нема, а ја 2 недеље се замарам сас тој, па ви објаснују, без да размислу дека људи свакако си мислив тој што сакав да си мислив. Ни ја не сам поштедена од тој да ми е пуно битно мислење на други, ама труду се колко можу да га сведу на минимум, затој што у КУ ако живиш по укус на други, или за други можеш слободно да полудиш и за кратко време да се изгубиш сам себе.

    Да се разберемо...не сам совршена. Много често ми проваѓа низ главу што мислив други, како они ме прифаќав,колко ме одобруев колко ме негирав и зашто? Еве реши га проблем сас авганистанци и авганистанке, шмизле, спонозоруше и.т.д не се замарам сас мислења провокацие, коментари, само за вас мои истомисленици ми е искрено битно. А не би требало. Контрадикторна сам? Не ме интересира. Време е да престанемо да бидемо зависници од други људи и да живимо живот кој не прави најсреќни. Често се прашују дали би се дешавало исто к`д би живеле у некој поголем град, недовољно развиена свест си га прави свое или па едноставно тој си е индивидуално.

    Колко повише ги набљудују људи около мене толко повише сфаќам колко много дозволуемо наш живот да биде управуван од други. Колко пута сте отишле сами на концерт, ако други не су сакале да идев? Девојке, к`д послеѓни пут ви е поминаја вечер без да се погледнете у огледалце? Имате ли храброст едн убав пролетан д`н да седнете на траву на плоштад и да читате књигу како што често правив на запад? И ја не...ама труду се да се смену, ако е можно.

    Најголем дел на мои сограѓани за жал још увек не знаев да живив живот по свој терк и како им е ќеф, по нашки.Обично сви професију гу бирав на принцип на углед, партнера на принцип на славу а време га корестив за рекламу на сами себе. Преко главу су ми сви поединци кои саати скупоцено време трошив за креирање на идеалну слику за себе. Наша реалност су дечки на кои животан с`н им е да купив големо авто за да вртив кругови около Корзо и Паб. Ништо подобри не су ни цуре кои посетуев концерти, промоцие, претставе и изложбе за да бидев видени, прифатени како попаметни и дел од нашу елиту. Има ли потреба да ви ги објаснују наши клабери, рапери, рокери. Они су тотално различни, а у наш град ги повржуев кафане и турбофолк. Можете да ги сретнете у понеделник у касапски на певаљку како на момент га покажев свое право лице.

    Таква е ситуација у Куманово.Сви се трудив да им се допаднев на други. Да имав што повише познантства, људи да ги поштуев, да су некој и нешто. За жал, како од инат ситуација е обратна. За свакога се има изградено некое мислење у кое доминирав лоши работе над добри, па колко и човек да вреди. И што е још поинтересно тој глумење да биднеш некој друг по крој на други увек има за резултат спровитан ефект и још поголем блам.

    У свак случај мора да га поздраву малцинство. Жал ми е што су много малко, ама ипак сам горда што има и поединци што изгледав на начин на кој што сакав да изгледав, работив тој што им одговара на карактер, не се срамив од тој што су и тој што га мислив, живив на начин на кој су најсреќн и за кои увек ЈА е поважно од ДРУГИ.

    Ваша Трачерка !



    Се пресмеав на колумнава, не за нешто друго туку заради тоа што кумановски ми најнеразбирлив и најсмешен јазик (во позитивна смисла) па уживам кога читам и слушам кумановски! :rofl:

    ЕДИТ: Покрај вложен труд да го разберам кумановскиот, сфатив дека текстов е многу вистинит и не само за Куманово туку и пошироко, во цела Македонија. ;)
     
    На dragan4eDR, DarDevil и TennisBabe им се допаѓа ова.
  5. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Фемина- Колумна

    И уште нешто на кумановски, кое е истотака вистинито и паметно да го прочита секоја од нас тука ! ;) :)

    Муабет ми беше дека примети како ситуација сас неверство и врске у тројку гу достигна своју „тачку на вриење“. Непосредан повод ми беше една случка пред некој вечер. Стоју си у кафиќ у кој сам пораснала на свирку што и на сн га знам редослед на песне, сас намеру да се опушту после напорну недељу, кд што да виду. Две девојке за малце што не се испотепасва. Една вика ја иду сас њега, и друга истото га вика. А дечко си се смешка и прави се будала.

    Невероватно али истинито. Ќе кажете ништо чудно и невидено. Постои од кд постои човек. И Адам сигурно би ги изневерија Еву, да су постојале други женски. Арно ама зашто не живимо у Њујорк, него у мал град како КУ, а ни у традиционално муслиманско општество него у Македонију, па можу да потврду дека ситуација биднуе све поинтересна и поинтересна.

    Свакодневно смо дел о овуј шему директно или индиректно. Толко смо уходани што ладно можемо да ву кажемо здраво на девојку на дечка ни, да се правимо слепи кд дечко на сестру ни или другарку ни гу испрати, па после продужи сас другу и.т.д. Накратко кажано много ни е нормално едн дечко, па и муж да има повише партнерке, а у ретки случаи и обратно.

    Сума сумарум, може да се каже дека у Ку постови овакви 4 главни типови на врску у тројку.

    Све је моје твое. Доста интересан тип на врску кој у послеѓно време биднуе све поактуелан. Овој е врска кд едн дечко има две девојке, ама различно од други е што и двете знаев за тој ама не се бунив. Значи знаев една за другу, делив га фраера, правив се дека не им е битно, а уствари и двете живив у наду дека едн дн ќе биднев едни и единствени. Такој си проваѓав месеци, године и ситуација завршуе најчесто кд дечко ги остави двете и си најде трету.
    Да не види она. Е, у овј случај девојке не су у рамноправну положбу. Една е официјална, за у фамилију, за на одмор, кафе, друштво, миење судови, правење ајвари и.т.д. Она појма нема дека постои друга. Толко е заљубена што веруе дека увек кд му вртив на мобилан замарав га од работу и другари су криви што загалвија до 5 за викенд. Овај па друга исто такој заљубена убедена е дека тој што ву праќа 10 поруку дневно и гу испраќа девојку у 1 и остане сас њума су довољан знак дека се ближи крај на врску сас онуј и за брзо време она ќе бидне „главна“. Најчесто ситација завршуе такој што дечко туј прву гу земе за жену, и па такој си тера цел живот. А у голем број на случаи кд тај втора по нашки е попрофингана успее да се избори за пиедестал.
    Слатко ли је љубит тајно. Овој е најчесто случај кд дечко одржуе тајну врску сас две девојке, ако уопште може да се каже дека е врска. Најчесто не искача јавно ни сас едну од њима, најизменично се видуе и сас двете по дома или на шетање, сас авто и сл. И двете појма немав една за другу, ист филм им га прави у стил што морав други да знаев кд им е добро овакој и сами у ситни саати.....Поради тој што ни двете не знаев една за другу ситуација може да трае бесконечнои дугачко време, а дешава се и да се уфрљи још некоја у игру.
    Ожењен сам како беќар живу. У овуј групу најчесто спадав постари, неизживеани типови кои се ожениле набрзину, па сга се кајев натенане и у „климакс“ тражив другу младост. Њина циљна група су девојке што немав предрасуде у љубав и године, а слепо и по сваку цену ги следив трендови у живот. Оне су како палома марамице за еднократну употребу. Водив ги на јавни места да покажев на другари дека су се освестиле, а уствари лечив фрустрације од запуштене жене по дома и деца „идиотчиња“ што не ги слушав и поштујев. Овија врске траев колко е дебел новчаник.
    Како и да е и у коју и да е од овија типови на врску да сте се наваѓале или да се наваѓате или само да сте сведок, време е да направимо нешто да се барем за процент намалив овија појаве и да гу погледамо истину у очи:

    НЕ СУ САМО МУШКИ КРИВИ, ОНИ ГА ПРАВИВ САМО ТОЈ ШТО ДЕВОЈКЕ ГА ДОЗВОЛИВ.
     
    На dragan4eDR, zarah, DarDevil и 5 други им се допаѓа ова.
  6. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Фемина- Колумна

    Се скоцкавме и правец на Пиво Фест во Прилеп.Прво што не пречека беше сообраќајната полиција и супер организираното паркирање.Се потрудиле комшииве нема што.И по 5 минути пешачење стигнаме на местото на настанот.Многу пиво,скара,чад и музика.И мноооогу народ.Од 7 до 77.Улични забавувачи,кловнови и среќни луѓе.Толку насмевки на едно место не сум видела долго време.Сите си ги оставиле проблемите на страна и се забавуваат.Е,тоа е најважното.Животецот ни е краток и вакви настани не се пропуштаат.Сета таа среќа вреди.Тие турканици едноставно потсетуваат дека на нашиот народ му треба бесплатна забава.Доста е од снобовски концерти...Време е за улична забава.Фала на сите што беа во Прилеп и чии насмевки ми го разубавија викендот.......Мамита
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Фемина- Колумна

    Повторно и повторно...



    Се случува невозможното...Токму кога не веруваш во љубов, се појавува чивек кој те уверуваво спротивното. Те сака, те чува и пази, да, и ти се заљубуваш... Но, не сте заедно. Сфаќаш некои работи, но касно е...Страдања, болка, тага, се прашуваш: "Зошто? Зошто се заљубив?". И сфаќаш дека тоа е малку смешно, па не одбираш ти во кого, кога, и како ќе се заљубиш...Се обвинуваш себеси, секоја вечер пред спиење, ја мокриш перницата со твоите солзи, сеуште обвинувајќи се, и слушајќи балади, во кои несомнено се пронаоѓаш...Се затвораш во свој свет од 4 ѕида, се променуваш... Веќе не си старата насмеана девојка, која секогаш била спремна за добра забава, дружење, и уживање...Веќе не си деојката која ќе се смее од се срце, и да се жали дека од смеење почуствувала болка во стомакот... Сега си девојката, која тотално се измени, долго време помина, се обидуваш да заборавиш...Веќе успеваш...Стигнуваш до целта... И тогаш ПАУ! Како гром од ведро небо, на крајот сепак повторно се започнува...Повторно се се враќа, со надеж дека ќе биде подобро...Се враќа истиот човек, кажувајќи работи, кои срцето ти кажува да ги послушаш? Зошто?..Повторно поминуваш низ истиот пекол, и повторно стануваш, застануваш на нозе и сакаш да продолжиш понатаму...Во моментот кога баш правиш чекор внатре, истиот човек се враќа, и ти ја чувствуваш истата болна љубов повторно и повторно...
    Се прашуваш: "Што се случува?".. Од никаде не доаѓа одговор...




    Inna.
     
    На dragan4eDR и happynessss им се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Фемина- Колумна

    Вистински пријател


    Сите посакуваме да бидеме сакани, да имаме пријател покрај себе кој ќе не сака и штити и покрај сè, ќе се радува на нашето присуство, ќе се радува на нашата внатрешна убавина, нема да ни суди…
    Човековиот најдобар пријател, кучето. Велат нема никогаш да ве остави на цедило. Вашата личност е неговиот водач, вашите зборови – неговата книга, неговите дела – вашата награда…Прекрасно е, кога ќе влезете во вашиот дом и ќе ве пречека најмилиот член на семејството, ќе ви подари насмевка вртејќи ја својата опашка, изразувајќи ви неизмерна љубов без да морате да направите било што. Неговите потскокнувања и зраци на радост кои продираат до вас, во тие моменти ви го прават денот чист и вреден и покрај неубавите работи што можеби се случиле.
    Пријателството помеѓу човекот и кучето се гради со години, трае со години. Меѓусебната почит помеѓу двајцата се ткае со спомени кои се вселени во мислите и живеат во срцето.
    Кучето освен што се смета за човековиот најдобар пријател, тоа е и неговиот најдобар помошник. Пријателите помагаат. Само колку пати вашето куче ви помогнало? Ви било рамо за плачење, ве гледало во очи додека сте му ја кажувале вашата најголема тајна, се радувало со вас кога сте имале повод за славење, ви помогнало со некоја работа низ дома? На крајот никогаш не ве изневерило.
    .
    Конард Лоренс рекол:
    „Нема ниедна судбина која не била прекршена освен онаа на вистински верно и посветено куче.“
    Остаруваме заедно, се случило и да летне по некоја искра на лутина, но признајте дека откако неговите очи ќе ве погалат, се заминува, избледува и единствено што сакате е да го гушнете вашиот најдобар пријател… Исто како и ние луѓето, и кучињата имаат начини на изразување, без разлика дали се работи за мислење или пак чувство. Ја имам честа да имам пријател, таков кој ако ве сака, вашите чевли ќе ги однесе на неговото место во домот… Гледајте ги гестовите што ги прави вашиот миленик, секогаш има нешто да ви каже.
    Сè што ви значи вам во текот на денот, сè што ве радува, да не заборавиме го радува и вашиот миленик… Тој ја поздравува со насмевка, вашата насмевка, ја поздравува со радост вашата благодарност, ја поздравува со почит, почитта што му ја давате, ви возвраќа на грижата која му ја подарувате… Му верува на вашиот збор и е единствениот кој ве слуша. Лошо е и неправедно ако сето ова кој било го искористува на лош начин. И уште потажно ако го напушти. Никогаш не заборавајте, кучето чувствува повеќе од вас, помни работи кои вам ќе ви излетаат од мислите, помни чувства!
    Она што сакам да го споделам со вас е, ако го имате, сакајте го и чувајте го затоа што е вашето најголемо богатство, ако го немате, најдете некое на кое ќе му го промените животот, но и тоа вам ќе ви го разубави вашиот!
    Ќе завршам со една мисла на Самуел Батлер, кој вели:
    .
    „Најголемото задоволство кај кучето е дека – ако направиш будала од самиот себе, не само што нема да ви суди, туку и тоа ќе го направи истото.“

    Тоа е вистински пријател! ;)

    Aвтор - Ана (превземено )
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Фемина- Колумна

    Девојката што не го отвораше срцето

    И мила и паметна со очи на срна секој ја сакаше за своја пријателка, а и момчињата ја чувствуваа нејзината позитивна енергија и сакаа да бидат во нејзиното друштво.

    Меѓу нив имаше и такви на кои навистина вреди да им се посвети час, два па и месеци и години од времето, но таа никако да одлучи да се препушти и да го отвори срцето.

    Срце во стаклено ѕвоно

    Секогаш со доза на резерва, секогаш на дистанца од секое случување, во бакнежот трепереше со телото, но како самата да ставаше знак „стоп“ на трепетот на срце.

    И не беше бесчувствителна, ако помисливте на тоа, повеќе беше премногу нежна за да се предаде некому. Еднаш одамна можеби благо си поиграа со нејзиното срце, а оттогаш таа го стави во непробојно стаклено ѕвоно. Сакаше да се заштити себе си од суровите разочарувања во љубовта, кои би можел да и ги приреди животот. И беше осудена на живот без чувства.

    Но така не се живее!

    Страв од разочарувања

    Не се живее во страв од болка и од изненадувањата на следното утро. Така можеби сте безбедни, но освен од болката се изолирате и од љубовта, среќата, адреналинот и насмевките кои љубениот би можел да ги измами од вашето лице.

    Велеше таа дека сака да се предаде, но и самата со неверување ги кажуваше тие зборови. Затоа што тука беа додворувачите, а таа после испиеното кафе очекуваше тие да ја бараат повторно и повторно. Никогаш не сврте нечиј број, не покажа интерес, не вложи труд да оствари вистинска врска со некој од нив, а љубовта го бара тоа, обострано вложување и искреност.

    Скриените емоции се болни емоции, затоа што тој ниту ќе ги забележи, ниту ќе ги почувствува, ниту ќе ужива во нивниот благодат и на тој начин тие се осудени на смрт и заборав.

    Се е до сигналите

    Кога ќе видите момче на патот, чии очи разиграно ве погледнуваат, во неговиот глас има доза на почит, доза на заинтересираност, дадете и вие некој сигнал.

    Не бидете восочна кукла, така не наштетувате никому освен себе си. Самите се лишувате од земните задоволства и со изолацијата од секој маж кој ќе наиде во вашиот живот, никогаш нема да постанете нечија љубена, непреболена, една и единствена. Никогаш нема да бидете спомен, симбол на нечија младост.

    Ако не се отворите да го запознаете целосно, затоа што душата е пресудна, карактерот, а не фасадата, вие никогаш нема да го пронајдете вистинскиот ваш. Тој не тропа на портите во бел оклоп, тој се движи во толпата во вашиот град, ве гледа со чудна блага насмевка, но тоа е се што ќе остане од искрата, ако не му се насмевнете и вие нему.

    (превземено)
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Фемина- Колумна

    Рака за рака

    Се беше океј, се, апсолутно се. Се ама баш се. И оп троп јас се посрав. Се заебав. Зошто? За едно подолго пушење на цигарата(не дека беше подолго, туку јас го преувеличив) и за 5 минути на гробишта! Е за тоа!!
    Се искарав со оние без кои не можам. И наместо да си одиме на капење, да пливкаме, да си се капиме со љубимецот мој, и да вечераме палачинки мејд бај ми секако, јас сето тоа го заебав. И што добив? Едночасовно бесцелно талкање низ градот. Ама тоа и ми послужи за нешто:
    Ниеднаш на некого не сум признала дека јас всушност немам другарки. Немам на кого да му се јавам кога ми е тешко, немам со кого да споделам радосна вест, немам со кого едноставно да поразговарам!
    А тоа го увидов баш тој ден. Се скарав со татко ми и му се налутив на братучед ми, кој уствари немаше врска со караница. Тој и беше на моја страна. Ама јас претерав, како и секогаш.
    Немав каде, немав со кого, немав на кого... И пак тоа „кого“ ми се вртеше.
    Го гушнав љубимецот мој и размислував: На кого да се јавам? Кај кого да појдам?
    Немам кај кого! Немам другарки. Онаа со која сум блиска не сакав да дознае така за тоа... Нејзе не можев.
    Сфатив: тој кој ми е в раце е одговорот.
    Му го ставив ланецот и излеговме. Шетавме, ги меревме градските плажи, седевме и му шепотев.
    Со него! Рака за рака! Како со најдобар другар!
    Ги видов среќните дечки и цури, другарките кои си одат од на плажа и се запрашав: а јас? Кого имам јас?
    И тој што го имам залаа!
    Да, колку глупаво и иронично да звучи тој мене ми е најдобар пријател. Него секогаш му се обраќам, тој ме дружи секаде, тој ме слуша и ислушува и фала богу тој не зборува. Ако зборуваше никогаш не ќе бевме она што сме...
    Да, фала ти што постоиш, што си со мене и што ми ја покажуваш љубовта! Фала ти за тоа што си ти!

    Сфатете како ќе сфатите, нема поверен пријател на човекот од кучето!
    Ве сака ВајтЕјнџел!
     
    На dragan4eDR и Simonna7 им се допаѓа ова.
  11. a.n.e

    a.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    КАФЕ

    Кафе. Па и тоа црно кафе. Со шеќер, без шеќер. Со млеко, без млеко. Макијато, Еспресо, Капучино, Нес Кафе, Турско Кафе ... СВЕЖО ИЗМЕЛЕНО КАФЕ. Добро, добро не планирам да ги пишувам врстите на кафе и како тоа се пие. Кафето според мене е голем афродизијак, пријател на секоја жена, па и на добар дел од мажите. Би можеле да сретнеме луѓе кои комбинацијата кафе и цигара ја споредуваат со оргазам?! Малку чудно, нели? Па затоа на многу од пушачите им смета антипушачкиот закон, т.е не можат своето кафе да го испијат со комбинација од “незамнеливите ” цигари. Кафето ќе го окарактеризирам како сведок на сите женски муабети и озборувања. Па џабе не се вели “Ќе одам на кафе и муабет”. Мене лично кафето многу ми се допаѓа можам да го пијам со шеќер и без шеќер, со млеко и без млеко. Оваа црна напивка која делува “магично” оставајќи не будни, (добро кај некој можеби и не делува кофеинот), е напивка која во минатото ја пиеле и сиромашните и богатите и всушност ги поврзувала. Кофеинот кој што се содржи во кафето ни помага при мислењето, концентрацијата и будноста. Па ајде колкумина од нас при работа пијат кафе само да не заспијат од уморот?! Сепак не треба, нели, да се претерува и со него, се во своја мера. Можеби звучи малку лудо да се пишува за кафето, но сепак тоа е неизбежен дел од животите на поголемиот дел од луѓето во светот, и кога сме тажни и кога сме среќни, не е ли така? Наликува на еден многу, многу, многу спореден дел од животите на луѓето, воопшто неважен, бидејќи сепак да признаеме можеме и да живееме и без кафе, така ли е кафеџии?! (Сепак ова не важи за зависниците од кофеин, знам ги има многу!) А, нешто поубаво од да се почне денот со филџан, свежо сварено кафе, од кое сеуште испарува мирисот и нема! Епа ајде сега нека ни е На Здравје кафето!

    П.С: Отидов јас да испијам една полна чаша црно кафе, ммм ...!

    Автор: a.n.e http://www.facebook.com/?ref=home#!/pro ... 1630640908
     
    На dragan4eDR и De-lovely им се допаѓа ова.
  12. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Соништа...



    Уште како мала, ми беше добро познато прашањето : Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Честопати знаев да кажам докторка, или нешто поврзано со медицината.
    Но, дали е тоа всушност она вистинското?
    Дали јас навистина го сакам тоа? НЕ.
    Зошто неможеме да ги живееме соништата?
    Зошто секогаш мора да постои некој, кој ќе ни ги попречува патот?
    Зошто мораме да живееме во општество, во кое сите велиме дека нема напредок?
    Ќе го смениме ли ние тоа некогаш, или само ќе седиме и ќе се жалиме дека секогаш мамините синови и татините ќерки успеваат, а вистинските таленти се таму доле некаде, недопрени?
    Зошто не се бориме за нашите соништа?
    Затоа што, знаеме дека НЕ вреди да убедуваш туѓи глави, кои не сакаат да те слушнат, а ти се дереш толку гласно, но толку нечујно за нив...
    Можеби некогаш, ќе сфатиме дека човек не живее без соништа и цели, дека вреди по секоја цена да се бори за нив...
    Некогаш, можеби...
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  13. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Кога се отиде по ѓаволите?!

    Зошто сме програмирани да размислуваме на некој и за нас самите несфатлив начин? Зошто сеуште се држиме вртоглаво за некои правила кои се прекршуваат од многу оддамна? Зошто стоиме на работ на бездната и сеуште се двоумиме-па нели со причина дојдовме до тука?

    Овој циркуз почнува да ги излудува сите клетки од моето тело. И ќе замине овој циркуз, ќе го замени некој друг, со други ликови, други точки .. но, се се врти околку истото. Глупавата рутина која несвесно не уништува. Стануваш, најверојатно јадеш, пиеш, спиеш, с*реш, се сексаш, одиш на работа, гледаш деца, собираш пари .... и едно утро БУМ - животот ти поминал, а ти сфаќаш дека не си живеел. Во потрагата по нови нешта, во носталгијата по некој или нешто, сите забораваме да го живееме МОМЕНТОТ. Оној кој е вреден за паметење, оној во кој се чувствуваш исполнет, животен.

    Хмм .. ужасно е да сфатиш дека кулата од карти се руши. Ужасно е да се разбудиш, да погледнеш во будилникот и да сфатиш дека си задоцнил. До кога ќе создаваме погрешен впечаток за луѓето околу нас, базиран само на нивната чиста глума? Ова сивило кое не опкружува, не тера да го губиме чувството за љубов, за потреби, за живот.

    Се изроботизиравме. Онаа техника, која ни ја вградија бри самото раѓање, коа не учеа да одиме, коа ги слушнавме првите вулгарни зборови, кога ги направивме првите грешки, кога ја добивме првата казна, кога прв пат изгубивме нешто ... Зошто не учат како да се однесуваме, како да тагуваме, како да зборуваме? Зошто на крајот сме само нечија бледа копија, наместо оригинал-еден и единствен?

    Кога отиде се по ѓаволите? Кога сфативме дека мечтите се само за децата и дека немаат никаква реализација во стварниот свет? Барем да го знаев одговорот. Барем да ја сфатев на време суштината и целта. А која цел? Онаа која јас ја посакувам или онаа која други однапред ја определиле за мене? Дали ова го пишувам јас, или другите во мене?

    Секогаш нашите мислења се оформуваат врз база на нечии други мислења. ПОстојат исклучоци, бунтовници кои сосем добро се чувствуваат во сопствената кожа и лутаат како осамени волци низ виорот на животот.

    А јас? Јас тонам во некое безсознание и како да не го гледам патот за назад. Се изгубив кога сфатив дека она што сум била, не сум била јас. ЈАС. Кој е тоа?


    (by me)
     
    На dragan4eDR, lola-86 и De-lovely им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Животот е тежок, а шопингот...потежок

    Утрово мојот кутар и измачен аларм изнаѕвона. А јас, мртва ладна, само го оставам да квичи. Јелена се изнапеа, али кој ја слуша. Рецка не и се става. И пак заспав, а тој се откажа. Алармот де...
    И туку го слушам Енрике пее: аѓер кавиас ен ми корасон и те ескондисте ен ун ринкон ...
    И упорно мојов мозок мисли дека тоа е се уште алармот! И тука настапува мајка ми: Синче, братучедка ти те бара. Скокнав како гром од ведро небо и кренав! Позборувавме и затворив.
    10:30 Без желба да продолжам да спијам, а со желба да купам фустан и чевли станав и појадував според планот од диетата. Потоа излегов. Со мама, офкорс!
    Влези овде, не ми се свиѓа модел, влези онде, не е убава бојата, влези онаму нема свечен, влези таму нема број... И така талкав низ градот... Конечно најдов. Пробав. Ме собраааааааа, јеееееееееесссс!!!
    Ама (зошто господе го созаде ова „ама“ и рече дека местото му е во нашите животи?!), ајде реков да не брзам. Да разгледаме уште малку.
    Мислам дека не остана бутик во градов во кој не влеговме. И веќе не можев.
    Сакав кафее..кафе...кафе... Седнавме во еден кафич, келнер никаде. Е бравоС уште тоа ми фалеше, да треба да си чекам до сутра, а можда и прехсутра...
    Се префрлимве во друг каде што послугата беше значително побрза! Го испив моето ладно чоколадно нес и станавме! И пак дилемата: кој фустан?! Се прават комбинации: ако го земам тој ќе го носам таму и таму и плус таму, а ако го земам тој ќе го носам таму и таму...
    И конечно: го одбрав првиот: кој супер ми стоеше и ме собираше, покриваше и правеше потанка.
    Одам нели уште еднаш да го пробам, за секој случај... И бум, каишот не копча!!!
    ;( ;( ;( Само тоа ми фалеше. Конечно најдов и сега ова... Неееееее...
    Ситуацијата се среди и се најде соодветен каиш којшто си ја вршеше добро својата фукнција!
    Сега имам фустан немам чевли.
    Се фрливме во потрага на чевли. Сакав црвени салонки. Најдов и јасно е зошто сум незадоволна... Па немаше број за моето стапалиште!!!!!!! ;( ;( ;( Повторно ја меревме чаршијата и секоја можна продавница за чевли!! И ништо, не најдов!!
    Си отидов полузадоволна, :sweat: , покајана што на фејсбук ставив статус: life is hard, let's go shopping! iи со искубани веѓи! Барем последново го средив лесно!!

    Ехх, драги мои, колку сакам насловов да не е точен!!
    Ве сака ВајтЕјнџел! :*
     
    На dragan4eDR, INSIDIOUS и Belieber163 им се допаѓа ова.
  15. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Ноќниот живот во Прилеп ( in memoriam)


    Седам јас и илјадници мисли ми се редат, се туркаат која попрво да излезе, налет друго да биде кажана, не може на едно место да стои. И си мислам јас денес еве ќе ви напишам едно просветлување како љубовта е најважна во животот и како само таа останува на крај, ама ете времето ми се расипа надвор и врне дожд, па ај донт фил лајк ит...

    А ми дојде така сеќавање од викендов, па да го раскажам ако не. Се спремам јас за излегување и ај си реков не сум излезена едно две недели, дај барем да потрошам некое време да се средам. И се спремам како госпоѓиците од високото Добро утро, сто саати ме фати тоа . Ама вредеше морам да признаам: фустанче едно ново што имав, штикли високи, високи ногата како на балеринине, се стегнав, се нашминкав, парфем едно сто кила да се сеќава кога поминувам на улица да испопаѓаат сите. И одам по истата главна улица до истиот центар, вртам во истото ќоше и влегувам во тоа најновиот кафич во Прилепот мој, ама влез онака како Прилеп да сум го ослободила, мислиш Клаудија Кардинале влегла внатре.

    И сега по сите фалби и кажувања очекувам нешто како „Fuck me I'm famous“ журка на Ибица. Гледам неколку маси тек тук, погоре таму на пиедесталот качени моите прилепски идоли на кои сите им се воодушевуваме, затоа што нели се бирани како лубеници. Се мешам јас со обичниот народ, гужви што да ти расправам. Музика прилично добра морам да признаам, а луѓето застанале со пијачките в раце и стојат како статуи, ни да мрднат, ни да претнат, зошто нели ако некој мрдне, некоја друга може да го види па да го објави на разгласна: Стојче играше вчера во кафичот. И утре Стојче нема да може од дома да излезе затоа што тоа е голем срам и сите ќе го покажуваат со прст.

    Ај реков не бива вака, се избедирав дури оди, па ај да се напијам нешто да залијам јадови. Потрагата по келнерот беше невозможна мисија, Годо да го чекав ќе го дочекав. И гледам сите стојат разгледуваат наоколу, па и јас ајде, само не знаев што барам, ама ај нели мајмун гледа, мајмун прави. А овој потег го открив откако една девојка беше доволно фина да ми објасни. Значи се бараат недозволени потези, неморални однесувања, невообичаени спарувања и други работи кои ги кршат правилата од кодексот на однесување во нашето мало и напатено гратче. А се ова со цел утредента да се има што да се разговара на кафе кога ќе се седне. Па добро се здосадуваат разговорите за култура, музика или не дај Боже за некоја прочитана книга.

    Стоев така некое време кое за мене изгледаше прилично долго, затоа што штиклите почнаа да ми прават жулови, фустанот почна да ме гребе, а коланот да ме стега, раката ме заболе од држењето на чантата и на крај се откажав. Си заминав и решив повеќе да не правам вакви експерименти туку да си ги облечам патичињата, удобните фармерчиња, омилената маичка, да ја разбушавам косата и да се упатам кон паркот или некое Анноун кафуле каде ги познавам сите и рипам на музиката како споулавена и никој не ме гледа.

    А до идолите мои, па знаете дека сакам да бидам како вас и дека ужасно ви љубоморам, извинете ама ете не ме бидува. Едноставно не сум „кул“.

    А и онака ноќниот живот во Прилеп одамна умре.

    (Базирано врз вистинска приказна, сите личности се вистинити,а ако некој се пронајде во било кој дел, па најверојатно не сум јас грешка. Ама прилично сум сигурна дека сум.)

    А што убаво ќе беше да пишував за љубовта ќе си соберев лајкови... :(

    Ваша Де ловли...
     
    На dragan4eDR, Kaley и MissSpark им се допаѓа ова.
  16. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Зашто е посебен за мене..

    Го сакам поради начинот на кој се чувствувам кога ќе ме погледне, го сакам поради начинот на кој зборува, поради неговата смисла за хумор. Го сакам поради неговата прегратка, секогаш кога ќе ме прегрне се чувствувам како да сум три метри над небо, не сакам никогаш да ме пушти. Го сакам поради неговите раце, поради неговиот глас и очи.

    Не сакам да го изгубам, да го заборавам или да престанам да го интересирам. Сакам да го сакам. Го сакам.
    Тој не е мој прв, не е мој последен. Не е најубав, и не е совршен. Има маани, има срам, има негови порази, но сето тоа што е тој го прави совршен во мене. Секој пат кога ќе го видам, очите ми се полнат со солзи, не бидејќи знам дека ме гледал како дугарка, туку поради начинот на кој јас го гледав, поради начинот на кој се чувствував кога ме гледа. Не сакав да си одам, да се тргнам од него.

    Можеби е сега далеку од мене, но знам дека еден ден ќе бидам среќна со него, и сите сонови ќе станат реалност. Можеби единствената причина поради која неможам да заспијам ќе биде тој, не бидејќи го немам, туку бидејќи го имам, бидејќи реалноста е подобра од сонот. Се надевам, уште и уште.
     
    На dragan4eDR, gothchick и a.n.e им се допаѓа ова.
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Писмо
    Упатено до: г-ѓица Љубов
    Испраќач: УајтЕјнџел

    Г-ѓице Љубов,
    ти го пишувам ова писмо со надеж дека ќе ме удостоиш со еден одговор! Имено, би сакала да знам дали планираш да влезеш во моево срце?
    Знаеш, денес една, за мене важна, личност спомена дека тебе најдобро те опишале оние кои те замислиле, а никогаш не си им била возвратена. А после рече дека невозвратената ти си се викала платонска!
    Хмм, платонска?
    А да, Тоше и Тајно моја, нели вели моја прва платонска, љубов чиста како солза, сега кога пораснав сфатив што си ти...
    И тоа ме натера да размислам.
    Па, нормално, кога песната е проклето реална!!
    Размислував и сфатив дека ако еден ден јас пораснам и сфатам што бил тој ќе биде касно, бидејки тој нема да тагува по мене и нема исто да чувстува!
    Ќе биде касно тогаш кога јас ќе ги достигнам сите висини на светот за нашата лав стори да добие хепи енд!
    Ќе биде касно кога јас ќе го побарам и многу работи ќе бидат сменети!
    Тогаш ќе биде касно за мојата платонска љубов да стане нешто повеќе!
    Тогаш ќе биде касно за нас!
    А со него имав шанси, но...
    Остави, тоа се беспотребни муабети, од нив нема корист.
    Туку, г-ѓице Љубов, да се вратам на моите сомнежи: ако платонската љубов ја избришеме дали ја симам реални шанси пак да те почувствувам? Бидејки таа иста личност која ме натера да размислувам за стиховите од песната на Тоше и да се пронајдам во нив, рече дека љубова е смислата на животот!
    Па, г-ѓице Љубов дали си навистина смисла на животот?
    Порано не сакам да верувам во тоа, но сега е друга приказна... И сега, ова, јас не сум сигурна дали си или не си смислата на животот...
    И ај да ти ги скратам маките, знам дека напишав премногу прашања: Љубов, дали си ми судена?
     
    На dragan4eDR и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Минатото се повторува

    Совршена девојка – комбинација од висок просек на факултет, лудо вљубена со долгодишна врска, паметна мамина ќерка секогаш скоцкана и добро средена, болна по кафе и муабети. Да сето ова звучи совршено се додека минатото повторно не завладее, се додека стрелките на часовникот не започнат да се движат во обратната насока, се додека не се отворат оддамна залечените, но не вистинско зараснати рани...

    Се појавува тој како странец во ноќта, како сенака од минатото, како крадец на сништа и се се менува, едноставното станува сложено, живот го претвара во бурен и немирен и со секој повик, со секој поглед, со секој допир бесрамно и смоуверено повикува на грев.

    Игра на случајноста или масло на судбината?

    Цело време си мислев дека судбината е за губитниците, ја користат како ефтино алиби за своите непромислени постапки и ја сметаат за главен виновник последиците, но гадно сум била во заблуда!

    Да судбина постои се е некаде таму запишано, однапед предвидено за секого за мене, за тебе за сите нас.
     
    На dragan4eDR и candygirl им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Јас редовно читам колумни, на идивиди има многу интересни.
    Еве јас ќе одвојам неколку интересни

    Задоцнети родители

    Ова е критика за родителите. И јас сум родител. Не можам да барам нешто од моите деца што јас не го правам. И не можам да им забранам да прават нешто што јас исто така го правам. Тоа е лицемерно

    Пред некој ден бев на доделување на свидетелства кај најмал основец. Забележав дека луѓето што дојдоа таму со своите деца, на тој свечен чин – се всушност некогашните деца на Влае. Многумина од нив ги познавам – по истите улици сме растеле. Она што ме изненади е што за некои од тие луѓе, кои сега се грижливи родители, знам дека беа проблематични деца. Немирни, што се велеше тогаш. Ги гледам сега и не можам да се изначудам како ги прекоруваат своите деца да седат мирни додека наставничката ги чита имињата. Времињата се менуваат. Луѓето се менуваат. Ама не сите. Некои се непоправливи. Имаше неколкумина што ги познавам, кои никогаш не го почитуваа туѓото време. Кои секогаш доцнеа. Задоцнија и на овој свечен чин. Со своите деца.

    Пред неколку месеци, враќајќи се од родителска консултација со наставничката, во истото училиште, зажалив што немав камера. Ќе излезеше добар прилог, посветен не на училиштето, туку на родителите. Беше рано наутро и јас на наставничката и одзедов неколку минути од првиот час. Но она што ме изненади беше дека, иако ѕвончето веќе беше означило почеток на првиот час, уште петнаесет-дваесет минути потоа доаѓаа ученици во придружба на нивните РОДИТЕЛИ. Подзаспани, ненаспани, нервозни, бушави, набрзина нашминкани мајки и татковци со прва цигара во уста. Не се децата тие што доцнат.

    Очигледно, родителите прво задоцниле за на работа. Очигледно, децата, како и родителите доцна си легнале. Очигледно, некој им дозволил на децата да останат по полноќ, најверојатно за да можат и родителите да си поседат дома или во кафеана по полноќ. Јасно е – децата на тие родители се целосно морално-воспитно запуштени (можеби и обратно – родителите на тие деца се запуштени). Не велам дека тие деца полошо ќе си поминат во овој живот и во ваква земја, со навики какви што имаме. Во неа, можеби тие што доцнат ќе поминат подобро од оние што доаѓаат навреме, затоа што во оваа земја никој не почитува ништо туѓо. Секој го гледа само своето, својата сопствена потреба. Еден основен семиотички симптом за такви саможивни, егоистични култури е една бизарност од јавните нужници – во такви земји ретко кој пушта вода зад себе, затоа што се држи до максимата: „А, ми е гајле, јас си завршив работа, ми олесна, нека му ја мисли тој што ќе дојде по мене“.

    Непочитувањето на туѓото (не само на туѓото време, туку на сé што е туѓо) започнува со доцнењето. Тоа е првата скала. Се договараме да се видиме во десет, јас жртвувам еден куп приватни обврски, се лишувам можеби од еден час игра и смеење со децата, се лишувам можеби од еден час читање книга или заработување пари, а ти доаѓаш во 10 и 30, откако себично си ги истерал своите ќефови. Значи, непочитувањето на туѓото почнува обично со доцнење на состаноци, но завршува со жесток тоталитарен режим и репресија. Тоталитарните режими и не се ништо друго освен непочитување на туѓото и на Другиот. Меѓу доцнењето на состанок, непуштањето вода во јавен тоалет и националната омраза има многу мала разлика. Формата е различна, суштината е иста. Основата е – саможивен егоизам и најпрвин потценување, а потем и негирање или омраза на другиот, блискиот, различниот.

    Тој поединец што доцни, утре ќе стане диктатор на работно место. Замислете таков човек зад шалтерот, кому не му е грижа дали клиентот што чека и му ги покажува документите, барајќи правда, е во право или не! Тој ќе стане диктатор и дома, малтретирајќи ги децата и жената, не признавајќи им ништо нивно – постои само неговото и крај. Тие ќе немаат нивни права: право на нивни мисли, право на нивно време, право на нивна интима. Но влезот на таквиот поединец во општеството е многу пострашно нешто одошто формите на семејна тортура. Со влегувањето на таквиот неодговорен, морално и воспитно запуштен поединец во општеството, се институционализираат неодговорноста и тортурата. Неодговорниот човек не може да се грижи ни за себе, а камоли за другите. И затоа, и без да знае, ќе почне да ги малтретира.
    Пример. Јуни. Испит по солфеж во основно музичко училиште во Скопје. На еден лист хартија, најуредно испишани термини за полагање, по групи. Впрочем, станува збор за најмала возраст, за деца кои се „прекршуваат“, кои сега или ќе го засакаат тоа што го учат или ќе го замразат. Секој детаљ во односот меѓу нив и нивните учители може да биде пресуден. И, што се случува? Групата што треба да полага во 11:00 доаѓа на време и забележува дека уште не е почната со испит ниту групата од 9:00. Зошто? Некој од комисијата задоцнил. Некој. Некој неодговорен, воспитно-морално запуштен воспитувач! Во такви моменти обично ја пцујам државата. Не знам зошто, најлесно е така. Само велиш „Да ти ебам државата, да ти ебам“, и тоа сочно, и ти олеснува. Ама не е така. Државата не одела на гинекологија да се чепи за да го роди тој што задоцнил. Државата не е таа што требала да го скубне за зулуфите кога првпат задоцнил. Државата не е само школото што требало да го воспита. Државата, над сé и пред сé – тоа се мајка ти и татко ти. Ако тие не те воспитаат дома, џабе ти е потоа да го очекуваш тоа од професорите, наставниците, воспитувачите. Тие само треба да надградат нешто, но ако темелот го нема – нема што да надградуваат! И тој член на комисијата што задоцни, поради кого шеесетина дечиња дента изгубија по четири-пет часа од својот живот – не бил воспитан од мајка и од татко. Државата можеби подоцна се вклучила во неговото доофомување во саможивен монструм, со тоа што директорите во школите каде што учел, преку врски – му прогледувале низ прсти. Но, човекот е згрешен прво дома.

    Ете така. Ова е критика за родителите. И јас сум родител. Не можам да барам нешто од моите деца што јас не го правам. И не можам да им забранам да прават нешто што јас исто така го правам. Тоа е лицемерно. Кога тајно се прави нешто, се доаѓа до трагикомични ситуации. Како пред некоја ноќ. Не можев да спијам и излегов во дворот. Беше три и пол. Се изненадив кога го видов детето на еден подалечен сосед во доста кризна ситуација – атаксично, дезориентирано, изгубено. Очигледно, малиот имаше пиено алкохол или консумирано опијатчиња. Трипати помина по улица гледајќи во мобилниот телефон, зборувајќи нешто со апаратот како со човек, лутејќи и се на тастатурата. И трипати не ме виде, иако стоев на портата, и иако обично редовно ме поздравува. Конечно, на третото поминување, го опцу телефонот и го тресна од земја. Го парчоса. Потоа се наведна за да му ги прибере посмртните остатоци, кога, на свиокот сопре возило што можеше да го удри, онака наведнат. Од возилото се слушна гласот на татко му: „Што правиш тука, бе магаре едно? Па нели рече дека не излегуваш?“. А малиот врати – „Па и ти рече дека одиш на состанок и дека ќе се вратиш до шест.“ Што потоа се случи не знам. Но, знам само едно – треба да се смислат школски казни не за децата, туку за родителите. Во тоа сум се повеќе убеден, гледајќи ги родителските капацитети, посебно на мојата и на генерациите по мене!

    Автор: Венко Андоновски

    Светот како поле за плукање?!

    Еден од основните постулати за напредок на едно модерно општество се постоење на критична маса интелектуалци. Ова веројатно на сите ни е познато, но се чини дека во нашата ни Македонија, како што и многу работи биваат, дефиницијата за критична маса е извитоперена. Ако ларпурлартистите (l'art pour l'art) сметаа дека уметноста треба да постои поради уметноста и не смее да биде средство или цел за постигнување на нешто друго, нашата самопрогласена „интелектуална елита и авангарда“ смисли нов правец „la critique pour la critique“, критикување само за да се критикува.

    Последниве недела дена, после 10 дневно пуштање мозок на пасење (читај одмор) се вратив во земјава – реалноста, а тогаш сè повеќе почнаа да ми боде очи типичната македонска работа, потребата да се биде негативен, да се плука по сè и сешто, да се потценува и омаловажува. Не бев присутен за време на прославата за станувањето четврта кошаркарска сила во Европа, но затоа кога се вратив прво налетав на „ликови“ кои сметаа дека тоа се џабе фрлени пари, непотребна помпезност, особено што не сме ни освоиле медала. Ги слушав и не ми се веруваше - овие луѓе веројатно врска немаат каде живеат. Забораваат дека живеат во една мала „педа“ земја и оти освојувањето на четвртото место во Европа (прво на Балканот) е нешто големо, особено ако се земе предвид дека се фрлаат еден куп пари за градење спортски сали, но не и за „градење“ врвни спортисти.

    ОК, јас и не следам нешто многу спорт, не сум кој знае колку упатен. Можеби овие ликови се некои спортски фанатици кои се разочарани од тоа што македонската кошаркарска репрезентација не успеала да стигне уште подалеку.

    За момент помислев дека „мрчењето“ е инцидентна појава, но се излажав. Пред неколку дена Facebook-от беше преплавен со статуси за поддршка на лицата болни од рак. Дури и овие пораки станаа предмет на исмејување и омаловажување. Се појавија ликови кои сметаат дека е „излитено“ да се следи примерот на другите, по „cool“ е да се биде „Миле контра“ и да се мрчи.

    Капак на се беше последното медиумско, форумско и фејсбуковско мрчење на информацијата, Перо Антиќ потпишал за Олимпијакос. И веднаш, „македонштината“ исплива на површина, Антиќ или како што го прекрстија Антикос, од херој и најголем патриот стана предавник и државен непријател број еден, само затоа што одлучил да ја гради кариерата играјќи и земајќи плата од грчки клуб. „Вистинскиот Македонец“ не купува во Веро, нема сметка во Стопанска банка, не јаде „Жито лукс“ леб, не вози на бензин од Окта, не купува цемент од Цементарница Усје... нема да продолжам да набројувам затоа што ќе се заборавам во редењето на македонските фирми кои по приватизацијата ги купија Грците.

    Најтрагично од сè е тоа што истите овие ликови се сметаат себе си за некаков „морален компас“ кој треба да ги „рашамара“ сите оние кои се лицемерни, „фејк“ (fake) и изразуваат лажно сочувство. Поголемиот дел од нив веројатно никогаш нема да постигнат успех сличен на нашите кошаркари, никогаш не давале поддршка, туку само барале, а при првата прилика трчале на шопинг или на одмор во Грција. Нашата „авангарда“ очигледно треба да си го поправи својот морале компас, затоа што во обид да изгледаат cool како Статлер и Волдорф (старците од Muppet show) изгледаат како тетки и стринки, кои после свадба оговараат „невестата беше нешто кисела... компирите беа ладни, а месото беше жилаво“.

    Автор: Димитар Тануров

    Што гледаме?

    Врската помеѓу мислите и делата, делата и навиките, навиките и карактерот, карактерот и судбината е нераскинлива. Ние сме она кое го мислиме. Мислата- тоа сум јас!
    Светогледот на човекот се формира од она кое го перцепира од неговата околина и од неговата лична критика на перцепираното. Но, дури и критиката на она кое човекот го видел и слушнал, е повторно детерминирана од околината. Човекот се раѓа како tabula rasa- како празна табла која чека да биде испишана. А кои се писателите кои пишуваат на таа празна табла? Најпрвин, тоа е семејството, потоа следат врсниците, училиштето и се разбира- медиумите. Токму за последново сакам да размислиме.

    Мудриот Жан Жак Русо уште пред стотици години заклучил дека научно-технолошкиот развој и моралниот развој не растат паралелно. Ако живееше денеска, најверојатно човекот ќе речеше дека растат, но обратнопропорционално. Додека науката оди напред, моралот паѓа удолу. Не сме на доволно висок степен на развој на свеста за целиов напредок кој го овозможија техничките науки.

    Во текот на претходната недела се случија три несакани настани. Во понеделникот, средата и четвртокот минатата недела, се случија три крвави инциденти во средни училишта. Токму на она место каде треба младината да се образува и воспитува, онаму каде растат и се формираат како личности оние на кои останува иднината. Ножевите кои ги прободеа средношколците, ја прободеа и иднината.

    Да се прашаме од каде ова? Би било разбирливо (не и оправдано, се разбира) во текот на годината да се случиле неколку вакви инциденти. Тогаш ќе земеме во обѕир дека ете има различни карактери, дека некои луѓе се повеќе избувливи од другите, дека биле тоа моменти кога совеста потемнува и едноставно се случило тоа што се случило. Органите би требало и тогаш да преземат мерки и да се расчистат случаите до детал, виновниците казнети а штетата да се поправи колку што се може повеќе.

    Но, ова не е годишен биланс! Трите инциденти се случија во тек на само четири дена!
    Од каде сево ова? Да сме во војна, да сме доведени до работ на сиромаштијата, да избувнат социјални или политички немири, би знаеле зошто. Но, во состојба кога велиме дека се е во ред, дали дел од тој ред е и бодењето со ножеви?
    Одговорот е многу едноставен. Што гледаме? Која е една од најгледаните серии во Македонија? Одговорот не морам да го кажам, но ако има некој кој не се сетил ќе му кажам јасно- ,,Долината на волците’’. Нацијата во која добар дел од граѓаните седи дома навечер и чекаат да почне Полат Алемдар со неговите лудории, што би продуцирала? Каде се движи таа нација? Ќе развива културни дејности? Има љубов кон книгата? Има висок морал? Таквата нација ќе се залага за унапредување на хармоничноста меѓу луѓето? Зар ,,Долината на волците’’ ќе не одведе на ,,Висорамнината на јагнињата’’?

    Ние сме она кое го мислиме. Ако секоја вечер сме труени со убиства, криминал, измами и што ли уште не, што очекуваме? Трњата да родат грозје? Не, драги мои! Хранејќи се со вакви мисли, ние стануваме она што го мислиме- Полат Алемдар. Особено, младите момчиња, на возраст од 15-16 години кои сеуште се нестабилни. За нив, Полат и компанијата се идоли, тоа се профилите какви што треба и тие да постанат. Вредностите кои се промовираат на овие филмови стануваат и наши вредности. Мафијашкиот светоглед станува и светоглед на младите. Плановите, амбициите, размислувањата и постапките на главните ликови, зар не стануваат дел од просечниот средношколец кој секоја вечер со нетрпение чека да ги гледа?
    Од особена важност во формирањето на идните носители на општеството е што медиумите им прикажуваат. Тие создаваат репер според кој младите личности треба да извршат корекции за што повеќе да наликуваат на нив. Факт е дека медиумите стануваат се помоќни во конституирањето на јавната свест. Со сета моќ која ја имаат, треба да добијат и соодветна одговорност. А заедничка цел на сите нас треба да биде развивање здрава и среќна иднина. Но, со какви младинци? Со имитатори на Полат? Сигурно не!

    Автор: Реформаторот
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    рака за спас....

    беше обичен ден...никаков повод ни за тага ни за срќа...да прилично од оние глупите денови...седам на лап топ како и обично кога нема што да с еправи слушам некои балди и нормално навираат сечавња!мислам на него се прашувам кај грешам што е пробеломоит!зошто јас да небидам срќена зошто јас која толку многу поскува да биде со него нвидум да ја потполни празнината да заска некој и кога ќе се појави тој некој се расипуваат мечти се се расипува се оди накриво!е зошто?! најпостувавно прашање со најмалку одговори?!?! и тогаш почнаа солзи мали додека с истаркала по моето лице веќе беа се упиле во мојта кожа!повторно солза не е една многу солзи! моејата салфетка не беше довволна остави си реков после некое поболно сечавање следува крик! а моето куче цело врем во ќош седи и посматра се уплаш ме примети!да си викам ме забелиже некој добро е постојам уште сум тука! се вртам да сменам песна и за мик таа до мене да домене се качи на мене ме лижеш ми ги бришеше солзите тоа искрено мало суштество почуствуа бол кај друг и дојде да помогне мојата рака за спас тој ден беше таа да си реков има некој домен не сум сама!мојот најверн пријетл не ми треба некој што ке биде до мене со чазно ветување за подобро и со лажна тага!во тој мометн ми требас искрен пријател што ке чути и ке биде до мене понекогаш не се зорвоите битни битно е универзалниот јазик кој сите го разбираат!јазикот со кој функционира универзумот!

    кендигрл
     
    На dragan4eDR и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.