Форумџика на годината

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @JuLleE Јулке, постирај ги Модните критики, ќе ги оцениме и која е подобра, таа ја стави :D
    :d::drunk:
     
    На Ketchup, LivingGlam и joy1 им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.504
    Допаѓања:
    251.359
    [​IMG]
    Баница
    Теглано-сукана:D
    1 кг брашно, 1 квасец, сол, шеќер, вода и се замесува. Кисне тестото, и потоа се сука и тегне. Филот е од урда и јајца. Пред да се стави од филот врз корите, се попрскува со масло за јадење.
    Врз неа пред да се извади од печење се премачкува со растопен маргарин или путер. Се посипува и со сусам.
    Превкусна е:smirk:
    Не знам дали се става зејтин во тестото, ми го нема рецептот пред мене.
    Еве е и бонус фотка:P.

    [​IMG]
     
    На krEM4Eto, Ketchup, Salome и 50 други им се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Мини кифлички
    Половина се полнети со урда, половина со салама и кашкавал..

    Рецепт:
    Брашно, квасец, вода, сол и масло. Се меси тесто и се остава да нарасне.
    Се расукува кора и со чаши се сечат кругови.
    На половина од кругот ставате полнеж по желба, го превиткувате и со вилушка притискате на краевите.
    Премачкувате со жолчка од јајце и наросувате сусам.
    Печете дури не се готови :D

    received_10207665321455864.jpg

    П.С. Имам слична слика во ФИ, тие се полнети со салата од урда и павлака.
     
    На sjdgo, krEM4Eto, Ketchup и 46 други им се допаѓа ова.
  4. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    61.465
    @Mayyya честитки за победата :clap:
    Темата што си ја одбрала е како јас да сум ја бирала :clap:
    Тесто... Сите мои омилени јадења се од тесто :tmi:

    Ова сум го напишала во некоја друга тема...

    Се мислев со што да учествувам во натпреваров...
    Минатата година, во ова време беа хит на Фемина форум...
    Ги направија и постираа фотки во Фемина Инстаграм повеќе форумџики @sesilija @kjukli @Lady Phoenix @LivingGlam @Winter Lady @kukla21 @Kukla994 @referentka @Annath @Rubiii :clap:
    Ииии...
    КРОАСАНИ

    DSC_0019.jpg

    DSC_0012.jpg DSC_0014.jpg DSC_0015.jpg DSC_0018.jpg DSC_0017.jpg
    К р о а с а н и
    Тесто
    2 јајца
    2 лажички шекер
    2 мали шољи слатко млеко (ладно)
    2 мали шољи кисело млеко (или јогурт)
    1 свеж квасец
    1 лажичка сол
    800-900гр брашно
    1 маргарин (или по 1/2 маргарин и путер)

    Се замесува тесто кое одма се дели на осум дела. Од секој дел се расукува кора и се мачка со растопен маргарин. Се редат корите една врз друга и од сите се сука една голема кора - колку поголема толку подобро!!! Потоа големата кора се премачкува со остатокот од маргаринот и се сече на четири дела. Секој од нив повторно се сече на седум дела (4 x 7 кроасани). Се обликуваат кроасаните кои што се филуваат со сирење, шунка, кашкавал, мармалад, крем... или се оставаат празни. Се редат во подмачкан плех со маргарин на поголемо растојание за да не се слепат при печење. Оваа доза е доволна за два плеха од шпорет. Кроасаните се оставаат 2 часа да надојдат и се печат!!!
    ПС За мали кроасанчиња големата кора се сече на помали триаголници...
     
    На Mariangel, Mr. Right, krEM4Eto и 54 други им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Кај нас денес за појадок панцероти. :)
    20161203_113214.jpg

    За тесто:
    - 800г брашно (може и помалку, со оваа доза ми излегоа 25 панцероти со оваа големина);
    - 1 коцка квасец (се остава да се развие во млака вода со 1 лажица шеќер и 1 лажица сол);
    - 1 филџан зејтин;
    - вода колку прима.

    За фил:
    - 300г свежи шампињони;
    - 300г шунка;
    - 300г кашкавал;
    - 5-6 лажици томатело;
    - 2 мали павлаки;
    - оригано.

    Се замесува средно меко тесто и се остава околу 1 час да стаса. За тоа време се приготвува филот. Се сецкаат печурките на ситни коцкички, а шунката и кашкавалот се рендат. Може и вака да се полни, меѓутоа поубаво е кога печурките и шунката малку ќе се запржат на путер, а кон тоа ќе се додаде томателото и ориганото.
    Кога тестото ќе стаса се дели на мали топчиња и од секое топче потоа се расукува кружна коричка.
    На едната половина од кората прво ставаме павлака, па од филот со шунка и печурки и на крај кашкавал. Преклопуваме и затвараме со вилушка. Ги редиме за печење.
    Озгора ги премачкуваме со јајце, нарос уваме сусам и ставаме по малку путер. Се печат 15тина минути на 200 степени.
     
    На sjdgo, krEM4Eto, Ketchup и 52 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Do koga trae?
    Utre moze?
     
    На Ketchup, fallenangel, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Да, до понеделник мислам може
    Туку тестово може да е слатко тесто? Фондан ?
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Елка од лиснато тесто

    Рецепт
    500 гр. брашно
    250 гр. маргарин
    1 лајче сол
    вода
    Филот може да биде солен или благ, јас ја направив со кечап, кашкавал и оригано, но може и со еурокрем, мармалад...

    Маргаринот треба да биде ладен, го сечеме на коцки мали и го мешаме со брашното и солта. Замесуваме со ладна вода, околу 300 мл некаде мене ми требаше. Се меси тестото и се остава во фрижидер 20 минути да одмори. Потоа се сука во правоаголна кора и се витка како плик па уште еднаш се сука и повторно се витка како пли и се остава повторно во фрижидер околу 30 мин.

    Потоа се дели тестото на 2 дела. Се сука правоаголна кора од која се сече форма на елка, и се става во тавчето, бидејќи потоа ќе ви се растури. Се мачка со што и да одлучите, и се става другата кора.Одгоре се мачка со јајце. Доколку одлучите за слатка варијанта, потоа може да се нароси со шеќер во прав. Ке ставам слика во спојлер од интернет да ја видите постапката за полесно. Се пече во загреана релна околу 20 минути.
    IMG_20161203_123236538.jpg
    IMG_20161203_123242203.jpg img_1808.jpg Јас правоаглна кора сукав, но може и како на сликата тркалезна
     
    Последна измена: 3 декември 2016
    На krEM4Eto, Ketchup, Sesil и 66 други им се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @♡BuBaLe♡ Ја цитирам Маја: :)
    "Сè од тесто - може да биде пита, баница, гибаница, бурек, проја, пецива, леб"
     
    На Ketchup, joy1 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  10. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Ај да разјасниме, се од тесто значи горе наведеното во насловот? Дали се подразбира и пица? Според тоа како е поставена темата јас разбирам дека се прифаќаат само месени работи со брашно
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @MissDior Нормално дека се подразбира и пица, Маја го дала објаснувањето натаму за да знаеме во кој контекст мисли Се од тесто, т.е да биде такво нешто. А и повеќето, судејќи по сликите, мислам дека насловот одма на тоа ги асоцира :D Но, секако нека се изјасни и самата таа за фонданот, ако конкретно за тоа се прашува :)
     
    На Ketchup и MissDior им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Хамбургер лепчиња

    Рецепт:

    40 гр. квасец (мала коцка)
    1 л. брашно
    1 л. шеќер
    200 мл. млако млеко
    Да стаса

    Тесто:
    700 гр. брашно
    200 мл. млако млеко
    1 јајце
    1 пециво
    1 м.л. сол
    50 гр. растопен путер

    Во стасаниот квасец се ставаат сите состојки освен путерот. При крај се додава и растопениот путер. Се меси се додека не се добие меко тесто кое не лепи на дланки. Се остава да стаса и кога ќе стаса се формираат топчиња кои ги сплеснуваме со дланка. Се мачкаат со растопен путер, јајце и малку млеко, по желба наросувате сусам. Се печат во загреална релна на 250 степени 5 мин. па потоа се намалува температурата на 180 уште 20 мин. Кога ќе се извадат од релна се премачкуваат со растопен путер и се покриваат со крпа да се оладат.
    Добар апетит!


    15322465_1045189955627823_1460860971_o.jpg 15292785_1045190475627771_1224912517_o.jpg
     
    На Rirri, krEM4Eto, Ketchup и 54 други им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Имав и јас убаи хамбургери ама истрчав ги ставив веке во инстаграмот :envy:
     
    На Ketchup, kukla21, Lady Phoenix и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Аа овој пат ке падне прстено ми сe чини :D
    Или паднал а ја не знам :smirk:
     
    На Ketchup, Lady Phoenix, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.368
    Пол:
    Женски
    Може сама ги праела овој пат,без него :D
     
    На Ketchup, Lady Phoenix, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Kukla994 Аа најн најн, тебе во гужва те дадовме, искористи твојот, ама Марамка не ја така лесно даваме :!::lol: Шала на страна, хамбургерот damn! Drooling :smirk: (y)
    :d::drunk:
     
    На Ketchup, Lady Phoenix, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Ааа, е и то не знам.

    Ај тогаш да го помачиме овој зетко уште малку :D
     
    На Ketchup, Lady Phoenix, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    @Kukla994 , @joy1 тестото е мое, останатото негово. @Summerlover ќе оставиме уште малку да се докажува :D
     
    На Ketchup, Lady Phoenix, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Слатко нешто не паметам да има зготвено...не, нема нема...не знае слатко да прави.
    Нц, дури не видиме слаткиш некој...
    И ова не се важи пола пола.
    :P
     
    На Ketchup, Lady Phoenix, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Домашна пица (брзо тесто)
    Рецептот е од блогот ситносецкано
    Јас правев пола доза за една пица
    1 кесичка квасец
    1 ½ шоља млака вода
    1 лажичка мед
    1 лажичка сол
    1 лажица маслиново масло
    3 ¾ шољи брашно (пола бело, пола интегрално)

    Во голем сад помешајте ги водата и квасецот. Додајте ги другите состојки и измешајте сé со дрвена лажица. оставете го тестото, покриено со крпа, да отстои околу 10 минути.
    Големо тавче премачкајте со масло и посипете го со палента. Префрлете го тестото во тавчето и со притискање со прсти намачкани со масло, раширете го до ивиците на тавчето. Пицата се пече околу 15 минути на 200°C.
    На цела пица ставив доматело и моцарела, едната половина ја направив со свежи печурки и маслинки, а другата со пршута. IMG_5637.JPG
     
    На krEM4Eto, sanjaeva, Ketchup и 50 други им се допаѓа ова.