1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    10.085
    D7B17CC6-EC79-4E0F-89F6-7BB6E220FA0D.jpeg Супа од моркови
    За две порции се сецкакаат и варат два големи моркови околу 30 мин. Се блендираат и се додаваат во запржено лукче и се зачинува со сол и бибер. На крај се додава рендан ѓумбир и лимон( овие две состојки го прават шмекот на супата)
     
    На Nigredo Odor, emkaemka, Love 83 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Со последниот воз, откако трипати неуспешно постирам од телефон :D

    Нивното величество јајца - за мене најдобра варијанта за нискокалоричен оброк во кој било дел од денот. Појадок, ручек, вечера... да не заборавиме дека се добри за имунитетот и поткревање на железото :muscle:

    На сликата уметнички претставен омлет со млад кромид... младиот кромид се пропржува со една лажичка маслиново (не девствено, од тоа што може да се готви со него), и се додаваат јајца.

    Отприлика, калориски: едно јајце 70-80 калории, мала лажичка маслиново 40-50 (голема 70-80), парче леб околу 70-100 (немам проверено за овој ама тука некаде се сите вакви лебови)... младиот кромид е скоро незначителен со по 10-20 калории на парче.

    Овде, спремав јадење за две, значи ставив една голема лажица маслиново, две големи млади кромитчиња и три јајца. По порција, заедно со едно парче леб и една чаша јогурт, околу 360, максимум 400 калории. Дневната препорачана доза е 2000 калории, а доколку сакате калориски дефицит, движете се околу 1500.

    Комбиниравме со чаша јогурт, а ако дневните активности ви дозволуваат (најверојатно не :D) или другите оброци ви се без јагленихидрати, појачајте со уште едно парче леб. 91092321_2574651836140944_4295537105016193024_n.jpg
     
    На ludoto19, 1209, Milobebence и 26 други им се допаѓа ова.
  3. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.219
    Пол:
    Женски
    И јас играм :D
    Мароканска(?:^))киноа салата со крцкав, печен наут.


    20200311_222848.jpg

    Фала @Dust :)
    Се извинувам.

    Состојки:

    1 шолја киноа
    1 шолја спанаќ
    2 моркови
    половина главица кромид
    нане
    фета сирење
    печен наут

    Дресинг:

    2 лажици таан
    3 лажици маслоново масло
    1 лажица сок од лимон
    1 лажичка мед
    сол
    лук во прав
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2020
    На Anarchy, emkaemka, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Правило е рецепт да се пише.
     
    На boomsleng и MynameisHelen им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    @Ginger^ честитки:party:
    Можеш да одбереш нова тема:)
     
    На Thallia и Ginger^ им се допаѓа ова.
  6. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Следна тема нека биде нешто помрсно, нека биде печење.:f: Било какво, со разновиден зеленчук. Без ограничување на видот на месото и зеленчукот.
    После ваков оброк, мислам ни требаше:D
     
    На angela.kostova, Doozy, LiliBoz и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.022
    Пол:
    Женски
    На duffi, eli25, boomsleng и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Печено свинско во сос од кока кола и соја.

    Најпрво направив маринада,од маалиново копар, мајчина душица, лимон,сол и сенф. Го измачкав и го оставив да отстои, едно 4 часа во фрижидер. Го ставив во рерна, а откако ја извадив фолијата, намачкав со измешана смеса од соја,кока кола и мед. Количината на сите е од око,да биде густо за да не тече по месото.
    Испеков компир и од водата од маринадата направив сос, на кој му додадов изблендиран кромид и јогурт. Го запржив, му ставив малку пченкарно брашно и го полив врз месото.

    IMG_20200404_181132_320.jpg

    Се мисли на соја сос*
    Не сум потенцирала
     
    Последна измена од модератор: 5 април 2020
    На Dzes88, ludoto19, Doozy и 39 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    @Ginger^ можеш да бираш нова тема:D
     
    На boomsleng, Sweetlove_0312, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Овој пат би одбрала нешто што мислам дека секоја ќе го направи и јаде :)
    Темата нека биде : Солен колач или солена торта:)
     
    На boomsleng, Dust, Thallia и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Но проблемо(fingers)
    Јас ќе печев ребра ама животов ми е падни стани :D
     
    На boomsleng и Ginger^ им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Бидејќи никој не се пријави за темава, следната тема ќе биде - Вашата велигденска трпеза.
    Темата солен колач или солена торта ќе иде другата недела пак, за да ја удостоиме Џинџер со слики :)
     
    На LiliBoz, Ginger^, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    јас имав солена торта ама пред да каже тема Џинџер отиде у фи :rofl:
     
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Ако важи темава, еве да скршам мраз
    Велигден не може да помине без плетенка козињак, ама годинава малку поинаку

    Нешто за што е потребно многу време а искрено и нерви
    Но вреди за воодушевените очиња, на детските лиценца

    ЛЕОПАРД МЛЕЧЕН ЛЕБ
    IMG_20200416_103140_048.jpg


    СТАРТЕР
    25 гр. скроб
    250 мл. млеко
    50 гр. путер

    Се загрева на оган 200 мл. млеко, со останатото се меша скробот и се додава и се вари додека згусне.
    Се трга од оган и се додава путерот.
    Се остава да се излади пола час.

    ТЕСТО
    375 гр. меко брашно
    70 гр. шеќер
    1 ванилин шеќер
    1/2 лажичка сол
    1 лажичка сув квасец
    Сок од еден портокал

    СВЕТЛО КАФЕАВО ТЕСТО
    1 кафена лажица какао
    2-3 лажици млеко

    ЗА ТЕМНО КАФЕАВО ТЕСТО
    1 супена лажица какао
    2 лажици млеко

    Во длабок сад се ставаат состојките за тесто и се додава изладениот стартер. Се меси додека се добие компактно, нелепливо тесто, околу 10 минути.
    Тестото се дели на половина и едниот дел уште на половина.
    Во двете помали теста се додаваат какао сместите. При месење по потреба се додава брашно.
    Тестата се оставаат да нараснат час и половина, покриени со крпа.
    Секое тесто се дели на ист број делови.


    Начинот на формирање на шарките : од светло кафеаво тесто се формира облик на пура која се обложува со темно кафеаво тесто и на крај се обложуваат со бело тесто.
    Добиените теста се редат едно врз друго во калапче за леб обложено со хартија за печење.
    Се печо на 170 степени 40 минути.

    Го правев прв пат,но гледам дека ќе ни биде често на мени
     
    На Dzes88, MissDior, Monella и 39 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Нашата скромна трпеза..
    Топено сирење со свински врат и кулен во него, ребра, руска салата, зелена салата, една риба со компирот од вчера останати:rofl: кифли, мини даска со кашлавал, св.врат, чајна и кулен.. пудинг тортички и ресана колаче..
    Screenshot_20200419-162709.jpg

    И да.. пред да почнете да ми се смеете, мушамчето ми е од нова година ама што да правам кога мојов не дава да го извадам.. убавко му било:rofl:
     
    На Monella, 1209, Chanell* и 33 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Dust тоа во џонито домашна лоза ли е?:D Гледам чаши за ракија ставено ракија нигде на масава.

    Чаршавчето да не речеше немаше да забележам дека е новогодишно ми даде скроз преубав шмек на масата. Не го вади.
     
    На Annath, Dust и boomsleng им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Џонито(и се што е слично на ракија:rofl: ) мојот сака да го пие во чаши од јегер специјално купени од фабриката на Јегер.. а тие што идат слични со Јегерот не ги сака. Емотивец јбг:D Чаши за виски и коњак не признава, џабе ми фаќаат прашина, само за гости ми се. А едни убави кристални што се:inlove:..типичен балканец:rofl:
    Иначе уште не научив како ги вадат тие пластиките од џони и џек за да ги полнат пак:lol:
     
    На boomsleng и FreeMind им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Такви се шишињата без пластики внатре:
    61B52AFE-3926-40F2-AD6E-7BF1905C40F3.jpeg

    Овие се за две три евра поефтини зошто идат без картон, односно кога се на акција се продаваат само флаши. Најчесто се палети оштетени во транспорт каде кутијата е нагмечена и слично.

    Иначе стварно чуден маж имаш на тоа мезе на маса да пие Џони или има јак желудник(да не поврати*) или мезето не му е битна ствар за пиење како полјаците (они водка пијат буквално со се што можеш да замислиш).
     
    На boomsleng и Dust им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Ова моево а и сите што сум ги земала досега имаат такви, не сум погодила некое без...немам среќа да фалширам лажен џони:D
    20200420_122959.jpg
    . Он пие што ќе му дадеш, нема истенчен вкус како мене:rofl:
    А вчера сакаше ракија ама му текна дека заборави да си земе ракија од кај што ја чуваме мислејќи дека јас сум го обезбедила а не научи уште дека не сум сонце секаде да огреам :rofl: две раце и еден мозок јбг:D
    Иначе он би пиел било што, што лути на јазик со мезе:rofl: како зимоска со другарите, откако испија што можеше да се испие, ми го испија и румот со мезе зелена салата, сирење и туршија. Комбинација боли глава:rofl:
    За добра свиња нема лоша помија:lol:
     
    На boomsleng и FreeMind им се допаѓа ова.
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Дечки, до недела ако сакате слободно поставете слики, после ќе менуваме тема штом нема заинтересирани :)