Јас ако најдам слика со Меден колач ќе учествувам. Омилен ми е. А Мрморниот или куглавиот ни е фејворит, ама го има веќе па и Бриџит плус.
Nemojte da zatvarate tema eve se ostram rucek da napravam , a potoa blakce. Ne za nesto drugo na bridzitka smetkite da i gi pomesam. Prv pat mi e da ucestvuvam. Ako ne pobedam ke se nalutam i ne igram vise
Nemas sansa so na mama "izdrsniot kolac ( vo prevod zdosadi veke so nego, nikoj ne i go jadese i taka i stoese na masa nekolku dena i si go dobi imeto izdrsen). Bridzi ne me predizvikuvaj, visni sum bila vo italjanska prodavnica da kupam. Sedi mirna, i jas ednas da pobedam.
Л е л е, др'жте се сите сега, да видете декорација што е и како тоа благо се сервира во квалитетен порцелан Кај си ма ти? Се извинувам -каде сте Вие? Едвај чекам да видам слика од тебе, јас моето утре, да го сликнам на денска светлина. Поздрав.
Кокосовки Тесто: -6 јајца -350гр шеќер -350гр брашно -100мл вода -100мл зејтин -1 пециво Глазура: -600гр шеќер -1 маргарин -4 филџани млеко -4 лажици какао -300-400 гр кокос Со миксер се бијат јајцата и шеќерот, после се додадаваат и останатите состојки за тестото. Се пече во плех бр.34 на 200 степени, околу 20 мин. Состојките за глазурата ги ставате сите заедно во тенџере на оган и повремено промешувате и чекате да зоврие. Кога тестото е готово го сечете на коцки , го потопувате во глазурата ,па валкате во кокос.
Spoiler: Рецепт 5 јајца, 14 лажици шеќер, 14 лажици брашно, 14 лажици млеко, 12 лажици масло, 1 пециво, 2 лажици какао, и по желба малку рендано чоколадо. Жолчките се матат со шеќерот па постепено се додава маслото и млекото, па брашното и пецивото. Посебно се матат белките па се соединуваат двете смеси. Се делат на два дела и во едниот се става какао и малку рендана чоколада. Наизменично се истураат во тава за печење и се печи на 200 степени околу 25 минути.
Смејт пита со кромид од тефтерот на баба? Пошо со мама сме скоро врснички па... Денеска правев, останал уште еден дел па да сликнам ако се врзвит за темава А?
Брз колач , потребни состојки: - Две чаши брашно - Едно прашок за пециво - Ванилин шеќер - Три супени лажици какао - Една ипол чаша шеќер - Три лажици мармалад по ваша желба - Две чаши топла вода За глазура : - Две лажици какао , пет лажици вода и три шеќер. Подготовка: Сите состојки се мешаат , се уклучува релната на 200 степени да загрее и се пече од 20 до 30 минути, во мегу време глазурата се спрема на тивок оган и се меша дур згусне. Spoiler: :) брз лесен и посен колач
Колач со лимон Состојки за колачот: -2 чаши брашно -1 лажичка прашок за пециво -1 лажичка сода -1 лажичка сол -1/2 чаша шеќер -кора од 1 лимон -1/2 чаша маслиново масло -1 чаша млеко -1 лажичка ванилен екстракт -1/4 сок од лимон Состојки за глазурата: -3/4 чаша непечени индиски оревчиња -2 лажици кокосово масло, стопено -3 лажици мед -1 лажичка ванилен екстракт -1 лажица сок од лимон -1/4 лажичка сол -2-4 лажици вода Начин на подготовка: Сите состојки потребни за глазурата ги ставаме во блендер и блендираме се додека не ја добиеме посакуваната текстура, и постепено додаваме вода ако има потреба. Додека го приготвуваме колачот глазурата ја ставаме да отстои во фриждер за да се зацврсти. Ја загреваме релната на 160 степени. Во длабок сад ги мешаме брашното, прашокот за пециво, содата, солта, коратаод лимон и шеќерот. Промешуваме па ги додаваме маслиновото масло, млекото, сокот од лимон и ванилиниот екстракт. Печеме околу 35-45 минути. Откако го вадеме колачот од релна оставаме малку да се излади, и го премачкуваме со глазурата. Рецептот не ми е од тефтерот на мама, ама брз и лесен е за правење. Иако знам дека мајка ми има правено сличен колач со лимон, рецептот не ми е од неа. Го најдов на еден блог, а глазурата ми е од една друга рецепта, па јас го модицирав и излезе супер заедно со овој колач. Ако не се важи така тогаш не се бунам ако сум дискфаликувана. Spoiler
@joy1 Фала ти. Ми се смее сега кога ја гледам сликата како пробував со чашата одздола да изведам нешто што ќе личи на држач за торта. Додека сликав цело време ми беше страв уште така непробана да не ми се преврте целата.
@JuLleE честитки за победата Прекрасна тема ЛЕДЕНИ ЈАБОЛКИ Spoiler: Рецепт ЛЕДЕНИ ЈАБОЛКИ 1,5 кг јаболки 1/3 путер / маргарин * 400гр шеќер 1 л вода 3 пудинга од ванила 1/2 лажичка цимет бисквити Јаболките се чистат и рендаат. Им се додава шеќерот и путерот / маргаринот. Се пржи даодека не испари течноста т.е додека не омекнат јаболките. Се додава 1 литар вода. Кога ќе зоврие се додава растворениот пудинг и циметот. Во тава се редат бисквити, се додава пола од смесата со јаболки, се реди уште еден ред бисквити и се посипува со остатокот од јаболките. Одозгора се посипува со цимет или сецкани ореви. * За посни ЛЕДЕНИ ЈАБОЛКИ се користи растителен маргарин Spoiler: Фото рецепт
Ја уште сега да си кажам, дека нјама да гласам за Астерка @Asterion , аа па! Бидејќи ова нејзиното не личи од тефтерот на мама , туку од тефтерот на Гордон Ремзи или таа де Лорентис, италијанскиот шеф Огромно браво! Естетика, дизајн, позиција на кадри, бои, сериозност, а веселост во структура, воодушевена сум Сега за сега, фаворити ми се и оние што со своите десерти највеќе ме потсеќаат на насловот: Дафи, Бриџет и Вал, последното