Од прва на равинија ми заличе, но кори е озгора се гледаат потпечени, растурени, само и мене мало ми се гледа за кило кори, мада има висина.
1 кг е по рецептот, јас ја правев со 500 г бидејки помала тепсија е, а и мене многу ми се видоа. Еве ја, да видите дека е баклава и многу е вкусна, посебно ако сте обожавател на кокос. https://www.coolinarika.com/recept/942741/
Значи дека морам да ја направам затоа што обожавам кокос.. Само најискрено бидејќи не се гледаат баш корите, ми заличе на се освен на баклава
Еее зошто вака Јас викам ќе видам некој нов рецепт за баклава, чисто да пробаме друга, дома само оваа ја правиме А баш беше широка темата, од тулумби, баклави, пиварки, парена торта... има многу рецепти со шербет
Како ќе се зезнев, за малку ќе се фалев "дома" кај другачките. Брзи гонзалез 4 јајца се матат со 15 л.шеќер, прво белките, па шеќерот, па жолчките се додаваат. Потоа се додава 1 филџан (шоља од оние нес кафе) млеко и 1/2 филџан зејтин. Се додава 15 л.брашно и 1 пециво. Пола смеса се истура во подмачкано со маргарин, тавче 28. Во другата половина се додава какао 2-3 лажици, се мати и се додава врз белата смеса. Се промешуваат двете смеси колку шара да се направи. Се пече 30-35 мин на 200 степени. Кога тестото ќе се испече и подолади се полева со шербет прелив. Прелив: 15 л.шеќер се потопуваат со 15 л.вода. Кога ќе проврие шербетот се додава 3-4 л.какао и 1/4 маргарин. Се посипува врз тортата. Прво по рабовите на коцките за да навлезе во тортата. Едит: ејјј вон конкуренција сум? Па добро
Каде се рецептите? Цццц... Ме немаше една недела на Фемина, отварам да ѕирнам некои лепоти на готвачката тема... иии... Застој на темава, само два рецепта (три, сваќата закаснила) А темата прекрасна... ма блага како шербет @AnaKarenina баклавата е ммммм, не само турците и вонземјаните ке ја засакаат ако ја пробаат @SofiMar_ баклава со кокос, вкусно ми звучи... Оди во папка направи @sanjaeva иако е надвор од конкуренција... Прекрасно, лесен и брз рецепт, со резултат превкусно благце ПС Толку од коментарите... Во четвртокот правев баклава за славата... Spoiler: Za Kechup
Фала Сите што сте љубители на баклава - обавезно пробајте го рецептот Па и да не сте љубители, ќе пројадете Следна тема... се мислев некоја поширока, до душа еве и шербетот беше убава и креативна тема, ама само две рецепти. Сме имале ли досега тема Цимет? Баш ми е зимски зачин, што може да се користи во сé и сешто, па ако сме немале тоа, ете предлог.
Нaредни три глaсaњa зa тебе глaсaм. ❤ Јaс цимет сaмo некoгaш вo сутлијaш стaвaм и вo питa сo јaбoлкo. Мoже ќе нaпрaвaм нештo oд oвие две.
Само кога ја прочитав темата - шербет, ми го покачивте шеќерот Уште ме боли главата и ми се лоши, ко и на секој нормален шеќераш И, сега, па продолжувате со благото. Се надевав ќе неутрализирате со нешто солено... зелка, пример. Оти тоа имам во фрижидер, органска зелка и се мислев шо да и правам, оти нели, специјална е