Како вие го дефинирате феминизмот? Поттикната од следнава изјава : Феминистки - банда жени со премногу машки хормони и табиет, чувствувам дека се добива една прилично изобличена слика за феминизмот. Што подразбирате под поимот феминизам? Дали сте феминистки? Сметате ли дека сме супериорни како пол, или сме сосем рамноправни или потценети? Мислите ли дека една жена може да направи буквално се' што може и еден маж? Дали феминистките навистина бараат и се борат за рамноправност или ја изгубија смислата и бараат преку леб погача?
Феминизам...хммм Јас феминизмот го дефинирам како група (ако може така да се каже) на жени кои се борат за своите права, за рамноправност. И мислам дека секоја жена ако сака може да прави исто што и еден маж.. Зошто да не, ние жените не сме ништо по различни од мажите. Спојлер (освен меѓуножјето )
Најголема феминистка сум. Ја барам рамноправноста со мажите и се борам да ги имаме истите права, ама некако многу тешко оди во оваа наша малограѓанштина... ...Ќе земам еден пример- Разговарам со еден другар во врска дека после мажењето девојката треба да седи дома, да гледа деца, да готви, да чисти, а мажот само по кафани да шета и да нема никаква обврска за семејството! Како така, ние жените робови ќе изиграваме, можот додека шета по кафани и по жени, ние жените дома да им седиме...Е НЕ МОЖЕ! Јас едно на сите ќе ви кажам се сто прави машкото можиме и ние, бидејќи додека тие не осетат на своја кожа она што тие нас ни го прават никогаш нема да сфатат дека жените сме рамноправни со нив! Некој ќе рече ам неможиме некоја физичка работа ние жените да извршуваме, да неможиме бидејќи така ни викале родителите дека мажот треба да ја извршува физичката работа! И искрено многу се нервирам кога некој ќе ми рече немој така женско си ти страмота е, а за машкото не !
Сите сме рамноправни. И се грозам од мажите што мислат дека жените треба да бидат потчинети и од луѓето што сеуште го држат моралот од турско време. Има прекрасни жени и прекрасни мажи. Има глупави жени и глупави мажи. Ама денес постојат многу жени што се сметаат за феминистки, а го плукаат мажот ако не им го плати кафето. Па нели жените и мажите се рамноправни? И ме нервираат жени што се сметаат за еманципирани, самостални и се декларираат како феминистки, а бараат богат сопруг кој ќе го поткрепи.
Феминситки - жени кои што се борат за рамноправноста со мажите како и за своите права. Уште од времето жените феминистки се бореле за рамноправност со мажите, но во тој степен и тие да имаат право на глас на изборите и тие да можат да работат и тие да ги поседуваат сите права што ги поседуваат и мажите. И го постигнаа тоа! Но неможе жената да се изедначува со мажот! Ама малку ми е глупа оваа работа, мора да постои разлика помеѓу машка и женска работа небива жената да биде камионџика, а мажот да работи во конфекција. Жените си ги добија своите права си имаат право на глас, право да работата, во колку само фирми има жени на високи функции, жени претприемачи и мислам дека е доволно
Знам многу мажи што работат во конфекција. И тоа не е ништо лошо или чудно. Мама работи со нив и ми кажа дека работеле дури и мажи со факултет, што под х причини неможат да си најдат работа. И јас не верувам во машка и женска професија кога се во прашање финансиите. Ако ти е потребна работа нема да кажеш ова е машка или женска работа.
Ама јас никаде не напишав дека нема мажи што не работат во конфекција па поготово во Македонија ги има во изболство, секој си бара можност и начин за преживување може некаде има и жени камионџики. Ова го наведов само како пример брачен пар каде што жената е камионџика, а мажот работи во конфекција.
Да ама ти го разграничи тоа на машка и женска професија. А нема ништо лошо мажи да работат во конфекција. И не знам зошто викаш дека не бива.
Бараме и очекуваме равноправност, но претерано често си се умислуваме дека сме си супериорни, пак едновремено со сето тоа имаме и моменти кога сакаме да се повикаме на својата женственост и да се извадиме во многу ситуации со простото трепкање со оченцата, прсте во муце.. јас сум, нежно, невино биќе, не можам јас тоа. И во една ситуација се бориме да сме во иста линија, рамо до рамо со мажите, а во друга задникот ќе си го продадеме за една пијачка со некој биг шот, пред кого глумиме лудило симнувајќи се дури и на неколку нивоа подолу од она што сме, само бидејќи нему по пасант му е типка од понизок ранг, со помалку алфа во себе. Равноправноста ја добивме истиот момент кога жената почна да заокружува гласачки ливчиња. Истиот момент кога жената почна да заработува за себе, истиот момент кога почна да работи се што претходно работеа исклучиво само мажи. Тоа што на секоја и преостанува е како ќе се постави на своето работно место, во своето деловно опркружување, бидејќи од тоа ќе зависи како ќе биде прифатена од колеги и претпоставените мажи. Па или трепкате со очињата и докажувате дека сте од трепкачките цурици или чисто сте си професионалци, а не жена или маж, едноставно отидени таму да завршите што имате.
Феминизам. За Македонија - амбиција. За Авганистан - утопија. За Америка - реалност. За Норвешка - секојдневие. За Србија - глупост. Секаде феминизмот значи нешто друго, а сепак основата е нели воспоставување на подеднакви права за мажите и жените. Искрено? Судејќи према оние женски кои ги гледам како се борат премногу за правата на жените го гледам само ова. Без иронија. Спојлер Смешни ми се повеќето. Најискрено. За кои права се борат кога реално никаде на светов на пример, жената не заработува повеќе од мажот. Во билокоја табела, на билокоја земја ако погледнете, секогаш мажите по „дифолт“ имаат повисока граница на заработка. Зошто? Веројатно заради старото патријархално сфаќање на - мажот, глава на семејството. А јас против главата немам ништо против, баш напротив - убаво ми е да имам некој на кого би можела да се ослонам и немам проблем со тоа. Имам проблем со жени кои со сила облекуваат панталони и се силат со празни зборови. Имам проблем со невоспитани мажи кои за да си ги сокријат своите комплекси ги потценуваат жените. Имам проблем со паразити жени чијашто единствена амбиција е - да си најдат добар маж, да не речам пенис за низ куќи, со добро конто - и ајт, она ќе закаже за депилација и маникир. Колку да не биде без ич. Уствари со оваа група и немам проблем колку што ми е несимпатична. Дали жените можат да им се рамни на мажите? Не во се. Да, верувам во тоа дека ако сакаме можеме, ама затоа сме жени а не мажи и затоа некои работи не знаеме да ги правиме онака како што тоа го знаат мажите. Си знам по себеси бе, кога нешто ми се расипало а сум останала сама, прво се нервирам, потоа се обидувам да поправам, па плачам од нервоза како не ми иде, па вртам неколку бројчиња, па конечно успевам и на крај си велам - е без маж не оди А вака на глас кога размислувам па си велам, за кои права се борат активисткиве кога некои жени доброволно одлучуваат да се потчинети?! И што да и правам јас на таквата? Со инка ли да и влеам во мозочето? И така. Убава тема патем, отвара интересна дебата и долга
Се согласувам дека малку е погрешно разбран концептот на феминизам во земјава, а и во светот. Гледано историски, феминистичките движења се разликуваат во Америка и во Европа, и по својата суштина, (односно што се бара) како и по начинот на којшто се бара одредено право. (во Америка се оди до екстреми како и на бранови, додека во Европа имаме константна тивка борба) Јас лично, сум за еднакви права, не сметам дека сме супериорни како пол, туку дека сме еднакви. Лично имам и феминистки, кои ми се инспирација, читам феминистички книги и уживам во нив, и баш пред некој ден кога ми се дупна гума на точакот и на сред улица почнав да ја менувам, се закарав со дечко ми кој ми рече дека некогаш треба да разберам дека неможам се сама да направам За крај ќе цитарам две силни жени =) It is better for a woman to compete impersonally in society, as men do, than to compete for dominance in her own home with her husband, compete with her neighbors for empty status, and so smother her son that he cannot compete at all. Betty Friedan Men are not the enemy, but the fellow victims. The real enemy is women's denigration of themselves. Betty Friedan We focus on fixing our bodies. We spend $40 billion a year on beauty products. What if we actually took that money, took that time, took that energy and started fixing the world. Women would actually be in power - Eve Ensler Ох.... Еве уште нешто http://www.youtube.com/watch?v=VBmMU_iw ... ture=share
Тоа трепкање со очињата не го прават само жените. И мажите често го искористуваат својот шарм за да добијат нешто. Јас мислам дека се е тоа до жената. Ако таа добро ќе се постави и ако се прикаже како достојна за почит со свој личен став за светот, никој нема да ја потценува и нема да ја понижува. Еве еден мој другар ми кажа дека ќе се ожени со жена што ќе му роди пет деца и што ќе биде мирна и вредна домаќинка и дека тој ако биде таква ќе ја гледа како кралица. Типичен глупак. Али ниедна паметна и амбициозна жена нема да се согласи да биде машина за раѓање на деца и да биде само домаќина, без своја кариера. Значи се работи за избор.
Малку е неблагодарно да бидеш феминистка или шовинист,во време кога очигледно е дека сме рамноправни,ама рамноправност ако не го подразбираш буквално,туку онолку колку што ти овозможила природата и можностите.Не можам да барам повеќе и да се борам за некои работи кои ем не ми доликуваат,ем не ги можам,ама да почитувам кога ќе ми ја отвори вратата за да влезам пред него и ќе ми го земе капутот дур ми ја плаќа вечерата.Веројатно некои жени и тоа го подразбираат и вбројуваат во феминистичко право.Иронија. Феминизам во форма да ми е обезбедено правото да можам да го правам она што го можам и колку што го можам без да бидам потценета,но не и суперирорни само зошто имаме ваџејџеј меѓу нозе или по цена да се трудам да ги носам панталоните,а не ме бива да заковам шајка. Во принцип,не почитувам жена зошто поизразено или посуптилно нагласен е ривалитетот една меѓу друга дури и кога нема зошто ко на пример да ти го дрпне мангупот или позицијата,туку се случува из чисте мире,ради пмс или прв ден добиено,па веројатно таа агресија ја преточуваат и кон машкиот род дури често пати и без причина или особена вредност која држи место и е силно изградено тоа зад кое се труди да застане.Егото и хистеријата се далеку понагласени него ли кај мажите и тоа е конечно,барем според мене. Исто ко што не поштувам мажи кои ми се еклатантен пример за примитивизам и заостанатост и сметаат дека местото на жената и е во кујната или на коленици пред него дур гледа фудбал.Изузетно рурални карактери кои не им даваат да мрднат на жените и по дифолд сите жени се к*рви и не треба да им дадеш доверба,да изградиш однос,да им дадеш слобода,па веројатно нивниот став и однос ко по инерција изнудува баш такво однесување од кое се плашат тие кутри мажиња со мали пениси и слаба самодоверба. У секој случај,не им е лесно.Посилна е нивната конкуренција (и најчесто издржана) и не е лесно да имаш опонент плус и тоа во здолниште. Така што,не,не сум феминистка,повеќе ги почитувам мажите (и нивните рационални,практични и едноставни умови.Да не ме сфатите погрешно не мразам жени,ама полесно ми е да комуницирам со мажи и полесно ги разбирам,чест на исклучоци,познавам и тоа квалитетни жени,ама сепак се само исклучок,а и е релативно мерилото),ама не си го давам достоинството,способноста и опциите за ниту еден маж на светов,ниту ќе дозволам некој да ме спушти,разубеди и ограничи во овој свет кој денес носи толку многу шанси,ама еве признавам,не се пронаоѓам во одзатнување цевка,носење џак цемет на рамо,мењање бушони и мењање уље на автомобил,иако знам да мењам гума! Ма да во добар дел и тоа може да се научи,освен ако не бара голема физичка сила.
Феминизам е според мене барање на право за рамноправност меѓу двата пола Мислам дека една жена може да го направи истото што и еден маж И никој не може да ми го промени тоа мислење
Веќе го знаеме поимот феминизам. Јас уште од маали најмали нозе се борам за рамноправност помеѓу машкиот и женскиот пол. Како? Нерамноправноста во училиштата е неверојатна. Машките ги понижуваат девојчињата, ги удараат кај што стигнат, им викаат. Малку се оние девојчиња кои знаат како да спуштат на земја. Затоа, многу муабети сум правела и со едните и со другите. Но, залудно. На физичко, само јас играв фудбал ( и уште 2-3 девојчиња кои се феминистки како и јас ) со машките. Се враќаме во училница: '' Ние ви попуштаме, вие женските си немате врска од фудбал, вие ова, вие она! '' На што личи тоа? Од тогаш на секаков можен начин се трудам да им покажам дека нема голема разлика меѓу нас. Значи зборувам во главно за тинејџери, недозреани дечишта. Ги има и оние кои си дружат и со девојки, кои ни помагаат, бараат помош од нас. А останатите кој од кој поголем сељак. Ама ако. Кога ќе пораснат СИГУРНА СУМ дека многу од девојчињата ќе станат големи феминистки и ќе изградат успешна кариера самостојно и ќе имаат исполнет живот. Малце забегав, ама многу се нервирам кога само се сетам што прават МАЖИШТАТА од наша генерација.
Феминистките? -Жени со насобрана фрустрација и гнев во себе, кои се залагаат за поголеми права на жените и прифатеност во општеството. Постојано барање кон повеќе, и иако сум жена морам да забележам дека не секогаш се оди во граници на нормала. Како на некој начин да сакаат да наплатат за одземањето на матријархатот и примената и почитта укажана кон патријархалното општество. Не ми пречат, и во ред, ги поддржувам доколку сметаат дека тој нивни став може да ги однесе никаде, односо да добијат повеќе права. Е сега, тоа со правата е дискутабилно затоа што не секаде има права за било кој, а тек па за мала група на жени. Мислите ли дека една жена може да направи буквално се' што може и еден маж? -Не. Не станува збор само за дали жената е способна да го направи истото што и мажот, туку и обратно. Верувам на одредени полиња можат, но не секаде, а тука полот не игра улога, туку самата индивидуа. Ме нервира начинот на кој дејствуваат и ова кое сакаат да го постигнат. Не разбирам зошто се правиме мажи. Зошто сакаме да бидеме како нив, и го гледаме тоа кое они го имаат? Ние сме жени, не сме мажи. Кога станува збор за феминизам мислам доаѓа до забуна. Не само кај напатените будали од машкиот род кои се исфрустрирани од силата на некоја жена, туку и од самите нас, жените. Зависно од ситуацијата размислуваме различно. Во еден дел од денот сме најголем поборник за рамноправност, во друг момент иако сме барале претходно да имаме исти права, сега сме веќе зависни од нив, сакаме да бидеме третирани како жени. Е не може и едно и друго.
Феминистките се караат и со лингвистите, како што учев на факултет, се борат (а и во новите учебници се гледа усвоеното) за родовите. На пример, порано во текст се сретнуваше вакво нешто: The doctor must help you when you are sick. If not, he will be punished. Е за подвлеченото се караат. Од каде пак дека докторот е машко (океј во македонскиот јазик имаме доктор - докторка)? Затоа тоа "he" се преименува како "he/she" или најнеболно и најнеутрално "they" (без разлика дали е во множина или еднина во ваков случај). Исто, феминистките од Британија се бореле и избориле за правото на глас во 1918. Во Македонија, не знам како стоиме на ова поле.
Со феминизам кај нашиов народ би те направиле смотан, нема потреба од тоа, нема големи шанси да се добие рамноправост помеѓу мажот и жената, ние луѓето сме си ги поставиле тие услови и разлики, ние самите сме виновни за тоа.. таа борба е потешка од секоја друга, многу тешка би била победата.. феминистка сум само во ова поле затоа што ја барам правдата и рамноправноста помеѓу мажот и жената !
За феминизам може да се раздлаба до 101 и назад ама културата, верата, развиена свест во едно општество си го прават своето.