Во ек на антифеминистички теми на форумот, се појавувам јас со една тема која се надевам ќе пројави интерес. За што се работи: Ема Вотсон, UN Goodwill Women Ambassador има клуб на читатели на goodreads наречен Our Shared Shelf, каде што се читаат книги во кои се доведува во прашање полова, родова, расна итн. (не)еднаквост. Книгите се од различен жарн: белетристика, биографски, психолошки, романи и мемоари, истории и истражувања. Се чита нова книга на секој 1-2 месеци и се дискутира за истата. Решив да ја "крадам" идејава и да започнам феминистички клуб на читатели на форумот. Идејава е следнава: Ќе ги ставам во анкета првите 7 книги кои што се читани во Our Shared Shelf клубот. Од нив ќе изгласаме една до 5ти во месецот. Потоа цел месец ќе ја читаме книгата и ќе дискутираме за нејзе. Следниот месец на листата на книги ќе додадеме една нова на местото на старата и ќе започнеме одново, па додека се чита претходната книга ќе се гласа и за новите, потоа повторно цел месец читање. Новата книга може да биде следната книга која е на листата на прочитани книги во Our Shared Shelf, или некоја сосема друга по наш избор. Дозволени се било какви книги во кои се забележуваат елементи на (не)еднаквост по било кој основ (нема да се држиме само на "дебели бели и лезбо жени од високата класа коишто не знаат што со себе во животот", како што милуваат да кажат некои). Го прогласувам феминскиот клуб на читатели за отворен Во следното мислење ќе ставам краток опис за книгите кои што ќе ги ставам на гласање. Едит: линк до групата на goodreads https://www.goodreads.com/group/show/179584-our-shared-shelf
1. My Life on the Road - Gloria Steinem Спојлер Gloria Steinem—writer, activist, organizer, and one of the most inspiring leaders in the world—now tells a story she has never told before, a candid account of how her early years led her to live an on-the-road kind of life, traveling, listening to people, learning, and creating change. She reveals the story of her own growth in tandem with the growth of an ongoing movement for equality. This is the story at the heart of My Life on the Road. 2. Тhe Color Purple - Alice Walker Спојлер The Color Purple is a classic. With over a million copies sold in the UK alone, it is hailed as one of the all-time 'greats' of literature, inspiring generations of readers. Set in the deep American South between the wars, it is the tale of Celie, a young black girl born into poverty and segregation. Raped repeatedly by the man she calls 'father', she has two children taken away from her, is separated from her beloved sister Nettie and is trapped into an ugly marriage. But then she meets the glamorous Shug Avery, singer and magic-maker - a woman who has taken charge of her own destiny. Gradually, Celie discovers the power and joy of her own spirit, freeing her from her past and reuniting her with those she loves. 3. All About Love: New Visions - Bell Hooks Спојлер All About Love offers radical new ways to think about love by showing its interconnectedness in our private and public lives. In eleven concise chapters, hooks explains how our everyday notions of what it means to give and receive love often fail us, and how these ideals are established in early childhood. She offers a rethinking of self-love (without narcissism) that will bring peace and compassion to our personal and professional lives, and asserts the place of love to end struggles between individuals, in communities, and among societies. Moving from the cultural to the intimate, hooks notes the ties between love and loss and challenges the prevailing notion that romantic love is the most important love of all. Visionary and original, hooks shows how love heals the wounds we bear as individuals and as a nation, for it is the cornerstone of compassion and forgiveness and holds the power to overcome shame. For readers who have found ongoing delight and wisdom in bell hooks's life and work, and for those who are just now discovering her, All About Love is essential reading and a brilliant book that will change how we think about love, our culture-and one another. 4. How to Be a Woman - Caitlin Moran Спојлер Though they have the vote and the Pill and haven't been burned as witches since 1727, life isn't exactly a stroll down the catwalk for modern women. They are beset by uncertainties and questions: Why are they supposed to get Brazilians? Why do bras hurt? Why the incessant talk about babies? And do men secretly hate them? Caitlin Moran interweaves provocative observations on women's lives with laugh-out-loud funny scenes from her own, from adolescence to her development as a writer, wife, and mother. 5. The Argonauts - Maggie Nelson Спојлер An intrepid voyage out to the frontiers of the latest thinking about love, language, and family Maggie Nelson's The Argonauts is a genre-bending memoir, a work of "autotheory" offering fresh, fierce, and timely thinking about desire, identity, and the limitations and possibilities of love and language. At its center is a romance: the story of the author's relationship with the artist Harry Dodge. This story, which includes Nelson's account of falling in love with Dodge, who is fluidly gendered, as well as her journey to and through a pregnancy, offers a firsthand account of the complexities and joys of (queer) family-making. Writing in the spirit of public intellectuals such as Susan Sontag and Roland Barthes, Nelson binds her personal experience to a rigorous exploration of what iconic theorists have said about sexuality, gender, and the vexed institutions of marriage and child-rearing. Nelson's insistence on radical individual freedom and the value of caretaking becomes the rallying cry of this thoughtful, unabashed, uncompromising book. 6. The Complete Persepolis - Marjane Satrapi Спојлер Here, in one volume: Marjane Satrapi's best-selling, internationally acclaimed graphic memoir. Persepolis is the story of Satrapi's unforgettable childhood and coming of age within a large and loving family in Tehran during the Islamic Revolution; of the contradictions between private life and public life in a country plagued by political upheaval; of her high school years in Vienna facing the trials of adolescence far from her family; of her homecoming--both sweet and terrible; and, finally, of her self-imposed exile from her beloved homeland. It is the chronicle of a girlhood and adolescence at once outrageous and familiar, a young life entwined with the history of her country yet filled with the universal trials and joys of growing up. Edgy, searingly observant, and candid, often heartbreaking but threaded throughout with raw humor and hard-earned wisdom--Persepolis is a stunning work from one of the most highly regarded, singularly talented graphic artists at work today. 7. Hunger Makes Me a Modern Girl - Carrie Brownstein Спојлер From a leader of feminist punk music at the dawn of the riot-grrrl era, a candid and deeply personal look at life in rock and roll. Before Carrie Brownstein codeveloped and starred in the wildly popular TV comedy Portlandia, she was already an icon to young women for her role as a musician in the feminist punk band Sleater-Kinney. The band was a key part of the early riot- grrrl and indie rock scenes in the Pacific Northwest, known for their prodigious guitar shredding and their leftist lyrics against war, traditionalism, and gender roles. Hunger Makes Me a Modern Girl is the deeply personal and revealing narrative of Brownstein's life in music, from ardent fan to pioneering female guitarist to comedic performer and luminary in the independent rock world. Though Brownstein struggled against the music industry's sexist double standards, by 2006 she was the only woman to earn a spot on Rolling Stone readers' list of the "25 Most Underrated Guitarists of All-Time." This book intimately captures what it feels like to be a young woman in a rock-and-roll band, from her days at the dawn of the underground feminist punk-rock movement that would define music and pop culture in the 1990s through today. Можете да гласате за 2 опции
Па ако ги има преведено на македонски, тогаш и на македонски ќе бидат. Плус, не мора да бидат само тие книги, може слободно некој да предложи и книга од наш автор, на пример. Од овие сегашните, Бојата на пурпурот сигурно ја има, за други не сум проверила.
Значи, месецов ќе се чита "Бојата на пурпурот" - Алис Вокер Ја прикачив како PDF Книгата ја има преведено на македонски за едицијата „Светско книжевно богатство“ на Министерството за култура, значи лесно се наоѓа и по библиотеки Среќно читање, и да се навратиме на темата за дискусии
Никоја не ја прочита? Штета, прескрасна книга. Многу убаво се доловени и животот на белите и на "обоените" жени, и разликите помеѓу Европа и Африка, и бунтовноста и потчинетоста и што "смее и не смее" една жена да прави. Многу моќна приказна, трогателна и инспирирачка во исто време и многу реално и сликовито пренесена. Воодушевена сум од книгата
Луѓе, сакате да продолжиме со клубот на читатели, или не? Јас сум посветена и решена секој месец да читам по една книга со феминистичка содржина, ќе пишувам на темава која ја читам/сум ја читала и кратко мислење. Ако сте заинтересирани дајте предлози и да поставиме нова анкета, а ако не, нека остане темата како тема за книги со феминистичка содржина, па секој моеж да си напише која ја прочитал и за пораките кои ги извел од неа, можеби така подобро би функционирала темата.
My Life on the Road - Gloria Steinem Можеби книгава не е најуметничкото дело што ќе го прочитате, но е дело кое дефинитивно би требало да го прочитате. Изобилува со приказни од вистинскиот живот, со анегдоти и факти, истражувања, дискусии за човековите права, расизмот и борбата за еднаквост, хомофобијата, сексизмот, развојот на движењата за еднаквост, за абортусот... Едукативно и eye-opening. Зборува и за културното наследство, за патријархизмот, за демократијата. Длабоко навлегува во секоја свера во општеството, добра или лоша. И да, доказ дека феминистките не се дебели, грди, небањати лезбејки (како што милуваат да кажат некои на форумов) Спојлер: цитати Следна за читање, "All About Love - New Vissions" - bell hooks. Ако некому му се чита - бујрум.
Феминистичка книга за месец јуни за мене беше "All About Love: New Visions" - bell hooks. (претходната беше само задоцнета мајска книга ) Во глобала, иако се согласував со сето тоа што го пишуваше во книгата, останав неимпресионирана. Едноставно, не ми се допадна предмногу. Можеби затоа што иако ги критикува книгите за самопомош, оваа книга на еден начин е исто тоа, книга за самопомош ама не таква која те учи како да го освоиш совршениот маж, како да се однесуваш за да те примети или да се заљуби во тебе. Книгата е повеќе сконцентрирана на тоа како да препознаеш љубов, како да разликуваш љубов од опседнатост, посесивност, како би требало да се воспитуваат децата за да изразнат во личности кои ќе можат да препознаат здрава љубов и како патријахалното општество ни наметнало некоја слика за љубовта која не е никому во корист. Во ред, како личност која смета дека преживеала доволно за да препознае и разликува една љубов од друга, се согласувам со поентата на книгата. Сепак, ми останува отворено прашањето, како би реагирала на книгава личност која е заглавена во некоја околина која не е репер за "loving enviroment". Дали личност која е заглавена во насилна врска би прифатила дека партнерот не ја сака, дека љубовта не треба да боли? Дали мајка која има навика да го "потчукне" детето ќе прифати дека во неговиот мозок всадува миса дека повремено потчукнување исто е знак за љубов? И дали мајка која му дозволува апсолутно се на детето ќе сфати дека повторно во него создава нереална слика за љубовта, овој пат дека љубов значи да добиеш се секогаш кога ќе посакаш. Колку родители ќе се сложат дека со децата треба да се оснесуваме како возрасни, да им дозволиме да донесуваат свои одлуки, да не ги присилуваме во секој момент да прават нешто што не сакаат, но и да ги направиме свесни за последиците од тие одлуки? Бел хукс отвара многу прашања, и би сакала да видам реакција на книгата од луѓе кои не се согласуваат со идеите за љубовта кои таа ги изложува во книгата Спојлер: цитати