Фемински κлуб на читателκи (Стапица - Сандра Браун)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Имам некоја замисла за темава како да функционира, па ќе ви објаснам на кратко.
    Сакам да си направиме еден клуб на читателки тука на форумов, знам дека не има повеќе што сакаме да си читаме.
    Инаку идејата е да се одбере книга која ќе треба да се прочита за една недела и сите што ќе сакаат да учествуваат во клубов ќе треба да ја прочитаат и потоа ја дискутираме, впечатоци, размислувања, теории, ликови, се по редот. :) За тоа време се бира друга книга која ќе треба да се прочита за дискусија за наредната недела.
    Значи прво треба да одбереме книга и да се согласиме со изборот, а потоа за една недела ја читаме и ја дискутираме.
    Може да се почне со предлози и стварно се надевам дека ќе ја заживееме темата. :)

    Листа на книги кои се прочитани:
    1. Невини - Харлан Кобен
    2. Life after life - Kate Atkinson
    3. Me before you - Jojo Moyes
    4. After you'd gone - M. O'farrel
    5. Rebecca - Daphne du Maurier
    6. Trust Your Eyes - Linwood Barclay
    7. Looking for Alaska - John Green
    8. Touch & Go - Lisa Gardner
    9. The one plus one - Jojo Moyes
    10. God-Shaped Hole - Tiffanie DeBar
    11. Шепнувачот - Донато Каризи
    12. Sarah's Key - Tatiana de Rosnay
    13. Nineteen minutes - Jodi Picoult
    14. We Were Liars - E. Lockhart
    15. Envy - Sandra Brown
    16. See Jane die - Erica Spindler
    17. Raw - Belle Aurora
    18. The Ocean at the End of the Lane - Nail Gaiman
    19. The Girl with a Clock for a Heart - Peter Swanson
    20. Сјаење - Стивен Кинг
    21. Black lies - Alessandra Torre
    22. Us - Susan Wiggs
    23. The Thread - Victoria Hislop
    24. Before I Go to Sleep - S.J. Watson
    25. Let's Pretend This Never Happened By Jenny Lawson
    26. On Dublin Street - Samantha Young
    27. The life list - Lori Nelson Spielman
    28. The Snow Child - Eowyn Ivey
    29. Sworn to silence - Linda Castilo
    30. The Promise of Stardust - Priscille Sibley
    31. The Lost Girl - Sangu Mandanna
    32. It's kind of a funny story - Ned Vizzini
    33. Полноќна роза - Лусинда Рајли
    34. Landline - Rainbow Rowell
    35. Papillon - Henri Charriere
    36. Florence Gordon - Brian Morton
    37. The one that got away - Simon Wood
    38. The Nightingale - Kristin Hannah
    39. To kill a mockingbird - Harper Lee
    40. Sugar - Deirdre Riordan Hall
    41. Now You See me - S.J Bolton
    42. Black-Eyed Susans - Julia Heaberlin
    43. After You - Jojo Moyes
    44. Pretty Girls - Karin Slaughter
    45. Behind closed doors -B.A. Paris
    46. Lonesome Dove - Larry McMurtry
    47. Homegoing - Yaa Gyasi
    48. The Great Alone - Kristin Hannah
    49. Little Fires Everywhere - Celeste Ng
    50. A Spark of Light - Jodie Picoult
    51. The Tattooist of Auschwitz - Heather Morris
    52. An Anonymous Girl - Greer Hendricks, Sarah Pekkanen
    53. The Huntress - Kate Quinn
    54. The Whisper Man - Alex North
    55. The Promise of Jenny Jones - Maggie Osborne
     
    На TheBibliophagist, Kohlensäure, do-re-mi и 17 други им се допаѓа ова.
  2. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки

    Јас ќе ти бидам прв член на клубот Реин!! :wasntme:
     
    На LilBaby и RainBow им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Океј тогаш. Треба да се усогласиме со некои работи. Одберената книга ако не им е достапна на сите може да ја најдеме за симнување. Ќе видиме како ќе оди тоа по предлозите.
    Значи, не може да им биде на сите погодена книгата и да им биде и по вкус, ама целта на темава е и тоа, да излезеш од шаблонот и да прочиташ нешто ново што можеби би те заинтригирало.

    За почеток сакате да биде нешто крими, нешто историско, психолошко?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки

    И јас на тоа помислив. Најубаво ако можеме книгите да ги најдеме во pdf формат, така полесно ќе биде и за вадење дијалози, цитати ама не знам колку e изводливо.

    Гласам за психолошки. Мое мислење: најголема дискусија може да произлезе од психолошките книги ама ај дека е почеток може да се загрееме со некое полесно книгиче.

    Рокот ќе биде една недела?

    True. :)
    [​IMG]
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.168
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    :) ми се допаѓа , но не сакам да ве извисам доколку не успеам да ја најдам книгата или најлошо ја најдам а не ја прочитам, во принцип сум голем читател ...ке ве следам :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Хммм, психолошки трилер?
    http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... Itemid=104
    Книгава ја има и онлајн за читање и за симнување пдф. Па мислам дека е доволно една недела, повеќе би било ептен развлечено.
     
  7. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    454
    Фемински клуб на читателки

    И јас се придружувам на клубот, добра идеја.Ќе ја побарам книгата :)
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Не е одлучено дали ќе биде таа, треба и другите што се согласуваат да пишат, или ако не им се допаѓа и имаат нешто подобро на ум да дадат друг предлог. :)
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.349
    Фемински клуб на читателки

    мене линкот не ми се отвара. може да кажете како се вика?

    инаку супер тема се приклучувам со предлог секоја предложена книга прво да се провери дали ја има во е верзија бидејќи е тешко да идеш у библиотека да ја бараш или да ја купиш. на овој начин сметам дека сите би биле на еднакво ниво.

    второ сметам дека тешко сите ќе се сложиме за иста книга така да убаво е по некој си редослед некој да кажува. еве реин ја отвори темата мислам дека треба да се усвои нејзиниот предлогот.

    и уште еден предлог да не бидат книгите огромни од стилот на злосторство и казна :D бидејќи не се пристигнува за една недела и работа и читање и дома... имаме тука и вработени и мамички и сите се со многу обврски...
     
    На RainBow и Butterfly14 им се допаѓа ова.
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    454
    Фемински клуб на читателки

    Фатен на дело - Харлан Кобен
    Инаку се согласувам со ова.Треба да се смисли некој начин за да се договараме која книга кога ќе биде.Пример по ред кој како се зачленил или кој прв прочита..
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Е па ако сакате тогаш нека биде оваа книга прва.
    Во спојлер рецензијата од сакам книги.
    Уште едно маестрално дело на Харлан Кобен кое ме остави без здив.

    Хејли Меквејд има само седумнаесет години. Таа е добра девојка и гордост на семејството. Едно утро нејзината мајка не ја наоѓа в соба. Го наоѓа само празниот наместен кревет.

    Хејли воопшто не си дошла дома претходната вечер.

    Три месеци подоцна, сè уште ја нема Хејли. Нејзиното семејство живее со неизвесноста. Сè е подобро од она дека не знаат ништо. Во малото предградие во Њу Џерси почнуваат да се плетат приказни. Сите се сомневаат на најлошото.

    Венди Тајнс е новинарка која води емисија за сексуални престапници.

    Разработува реално шоу Фатен на дело каде во соработка со полицијата, намамува сексуални престапници и педофили преку интернет - чатови. Им мести стапица, преправајќи се дека е дете, им договара средба, а потоа ги напаѓа со камерите. Учествувала во фаќањето на повеќе такви деликвенти.

    Приватниот живот на Венди се превртел наопаку кога неколку години порано нејзиниот сопруг загинал во сообраќајка предизвикана од жена во алкохолизирана состојба. Сега таа е единствениот родител на синот Чарли кој влегува во тинејџерските години.

    Најновата мета на Венди е Ден Мерсер. Има дојава дека им се пуштал на мали девојчиња на интернет. Тој, мислејќи дека се работи за дете во неволја, наседнува на стапицата.

    Судот го ослободува Ден Мерсер. Нема доволно докази. Венди е отпуштена од работа. Ден Мерсер ѝ се јавува и ја вика на разговор. Во неговата приколка додека разговараат влегува човек со пиштол и го убива Ден. Венди едвај успева да избега. Се враќа назад во приколката со полиција.

    Тело, нема.
    Крв, нема.
    Било какви траги дека тука се случило убиство, нема.

    На Венди никој не ѝ верува, па таа самата решава да открие што навистина се случило. Кој го уби Ден Мерсер? Дали тој навистина е сексуален престапник или таа згреши? Дали Ден Мерсер има врска со исчезнувањето на Хејли Меквејд? Што се случи со неа?

    Не, не ви кажав премногу. Ова е само почетокот. Со секоја наредна страница сè повеќе ве вовлекува во вителот на неизвесноста. Крајот ни случајно не можете да го предвидите.
    http://chomikuj.pl/michall7771/e-book/C ... 754419.pdf
    Tука може да се симне
    http://www.onread.com/fbreader/1415146/
    Тука може да се чита онлајн.
    На англиски е книгата, ќе претставува тоа проблем? Има и на српски други книги од авторов, ако не да се одлучиме за некоја од тие.
     
    На DzingrlakaDzikica и joelle им се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.349
    Фемински клуб на читателки

    и уште едн предлог кој ќе ја најде прв нека сподели линк :D ( јас се мачам 15 мин оригиналниот наслов caught ама тешко ми иде)
     
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки

    Јас предлагам наредната книга да биде од Jane Green. :)
     
  14. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    454
    Фемински клуб на читателки

    Јас ја барав сега на српски и хрватски ама само оваа ја нема.. може за друга да се одлучиме од истиот автор? Јас читам на англиски ама онаа лесна литература а за ова малку тешко ќе ми биде..
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Ние уште првава ја дискутираме. :D Ако, ми се свиѓа ентузијазмот. Може од Џејн Грин понатаму, имам доста книги од неа. :)
    Епа ајде друга не е проблем, ако е добар авторот понатаму може и друга да се прочита од него.
    Оваа Невини?
    http://www.scribd.com/doc/25290767/Harlan-Coben-Nevini
    Еве ја истата на англиски ако на некој му е полесно на англиски, само треба да ја конвертирате во пдф во epub е инаку.
    http://depositfiles.com/files/3wd7ler3s
     
    На Butterfly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    Фемински клуб на читателки

    Здраво и од мене, ја поздравувам идејава.
    Се приклучувам во клубот иако не ветувам дека ќе ја прочитам секоја предложена книга.
    Ако се прашувам, јас сум за посериозна литература.

    Времето кога читав книги за на плажа ми помина, а и нема голема дискусија околу романи кои сами во себе не носат некоја тежина.
    Ако веќе дискутираме, да има за што. :)
    Ќе земам за пример една книга „Роза за балерината“. (Се надевам дека никој што му се допаѓа книгава нема да се налути, ова е само мое мислење.)

    Еве се одлучуваме да ја читаме оваа книга и на крај треба да дискутираме дали требало да си пишуваат писма, дали требало девојчето да се разболи и да умре и слични глупости.
    Значи, книгата не содржи никаква литературна вредност, нема добар развој на ликови, а ниту пак некоја задоволителна содржина.

    Мислам дека се разбираме. Голем поздрав и едвај чекам да видам како ќе функционира ова!
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Апсолутно се согласувам, затоа секој има право да даде предлог, а и не чекајте само да видите како ќе се одвива, вклучете се. :)
    Сега за книгава на почеток што правиме?
    Ако се прифаќа да се дадеме на читање, па наредната недела да ја дискутираме. :)
     
  18. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки

    Се залетав оти мислев дека веќе е договорено. :D :tmi:

    Велам да ја почнеме Невини, да не губиме многу време со избирање.
    Кажавме веќе дека не може на сите да им одговара..
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.022
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Океј ондак ја читаме неделава Невини - Харлан Кобен.
    Може да се даваат и предлози за следната книга. :)
     
    На Markusa2 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    Фемински клуб на читателки

    Давам предлог за следна книга од она што имам при рака:

    Hard times - Charles Dickens (268 стр.)
    The English patient - Michael Ondaatje (301 стр.)
    Заклученото тело на Лу - Оливера Ќорвезироска (133 стр.)