Фемински κлуб на читателκи (Стапица - Сандра Браун)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки

    Ја нема книгата на линкот, ама има некои прашања за дискусија кои може да ги искористиме.
    http://kickass.to/me-before-you-jojo-mo ... 79801.html
    Еве торент, може од тука да се симне, ама форматите се epub и mobi, можете онлајн да ја конвертирате во пдф.
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас се извинувам, не ја пролистав, туку си ја симнав.. се засрамив да ви кажам. :$
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Де па ти, голема работа. :D
    Ја почнав јас, интересно делува вака на почеток, ми се свиѓа и стилот на пишување. :)
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Ама брзо се активирате,додека да видам вие веќе сте почнале да читате :D Ајде и јас сега почнувам,ми стои интересна :)
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас не можам да ја оставам, стигнав негде до 40 посто и морам да излезам. |(
    Мрачна е книгава прилично, јас очекував некоја блага љубовна приказна.
     
  7. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Надвор од темава, ама сепак :)

    Да не знаете некоја андроид апликација која што отвара епуб и моби? Јас веќе неколку дена барам, ама неможам да најдам соодветна, не ми ги отвара фајловите кои што ги ставам во телефонот, мора да ги купувам книги од кај нив, тоа им е финтата. Демек бесплатна апликација, ама книги нема, ќе си купиш..

    Update: најдов соодветна апликација, се вика Moon + reader. Имаат и бесплатни книги и можеш прикачените што ти се во мобилен да ги отвориш. :)
     
  8. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    454
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас ја имам Aldiko и задоволна сум многу.Отвара epub, mobi и pdf. :)
     
  9. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас ја симнав таа најпрвин, ама не ми ги препознаваше книгите кои јас си ги ставив на мобилен. Често се случува било која апликација кај едни да работи одлично, кај други да прави секакви пропусти.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    До кај сте луѓе? Јас ја завршив и нестрплива сум за споделување коментари. :)
    Патем, сите што сакаат да учествуваат може да предложат и книги што ги имаат по дома, или ги имаат од библиотека, па ние ќе најдеме линк.
     
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Вчера ја почнав, денес сум 58%. :)
    Лесно читлива е па страниците буквално летаат. Некои работи околу приказната не ми се допаѓаат ама ќе стигнеме и за тоа да продискутираме.

    Во меѓувреме разгледувам критики за други книги што би можеле да ги земеме во oбзир следната недела.
    Where'd You Go, Bernadette by Maria Semple.
    Книгата нема лоша оцена на goodreads, ја има на листата 10 Best Book Club Books For Fall 2013
    и најдов прашања за дискусија. Разгледајте дали ќе ви се допадне.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    ^ Јас ја имам почнато таа поодамна, ама досадна ми е некако, не ме влече. Една од оние книги ми е што се чудам на добриот рејтинг. Ама ако се нафатат другите ќе гледам да ја дочитам.
    https://www.goodreads.com/book/show/315 ... n-the-rain
    Ова ми изгледа интересно. А и уште ја сакам https://www.goodreads.com/book/show/157 ... f-the-lane
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    И јас сум на пола некаде со книгата,немам многу време периодов,ама ќе ја дочитам најбрзо што можам,мошне интересна е..
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Многу ми се допадна темава и би сакала да се приклучам,ви ги исчитав на сите коментарите и никако да сватам која книга е предлог која е изгласана или за која се коментира.Би сакала да предложам ако може да се направи некаков ред на пример,ако имаме една недела за читање во недела да се даваат предлози и да се изгласа и така за една недела да пишуваме коментари за книгата кој како ќе стаса да ја прочита. За да се воспостави некаков ред. И уште нешто ако може книгите да бидат на македноски бидејќи имат голем дел од членките кои го немаат совладано англискиот па за една недела да прочитаат книга на англиски.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Книгата во насловот на темата моментално се чита, до 12.02. И овој период се предложуваат книгите, за од 12 да имаме нова книга. Предложи и ти што сакаш, секој може да го направи тоа. :)
     
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Жанрот на втората ми е повеќе по вкус, The Art of Racing in the Rain некако не ми влезе во око.
    Еве уште предлози од мене:

    1. Eleanor & Park
    2. Doctor Sleep
    3. The Hand That First Held Mine

    Сите пишувајте мислења, давајте предлози! :)
    Јас последните две секако ќе ги читам. Голема обожавателка сум на Стивен Кинг и Меги.

    Инаку ја завршив книгата.
    Пуштив една солза на крајот. Проклет пмс. :wasntme:
     
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Jас од обврски немав време да jа почнам книгата. Денес планирам, ќе jа дочитам утре или задутре, па ќе напишам коментар и некoj предлог за следно читање. .
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Еве уште еден предлог од мене
    https://www.goodreads.com/book/show/160 ... e-of-never

    Инаку и јас ја завршив книгата
    Последните страници ги читав со солзи во очите.Книгава воопшто не беше тоа што очекувам,а очекував романса и среќен крај.Толку мрачна и болна,ама не тера да се запрашаме што би направиле ако ние сме местото на Вил..Дали би одбрале неисполнет живот,полн со болка и спомени на среќно минато,или сами би си пресудиле?Луиса не знае што сака,изгубена во животните патеки,и на моменти е многу себична.Прво што се запрашав,зошто го одбрала Патрик и зошто мислела дека он би бил совршен сопруг за неа,кога воопшто немаа заеднички интереси,немаа исти страсти.А пак нејзините банални кавги со сестра и,како и незаинтересираноста за работата од почетокот ја правеа доста незрела,на моменти идиотски глупава.Ми фалеше една глава испишана од перспектива на Вил,неговите чувства останаа прилично скриени,барем според мене.Неговата одлука да си ги скрати маките ми е сосема оправдана,не само што не беше способен и среќен да живее тој живот,тој беше толку несебичен и одби да им биде константен товар на најблиските и кочница за Луиса. Ми се допадна што Луиса одлучи да ги стави желбите на Вил пред своите,тоа само покажа колку само созреа и стана различна личност од кога го сретна него...
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас мислев дека нема да стигнам да ја прочитам книгава затоа што подоцна се приклучив, ама толку многу се навлеков на приказната, што останував по цели ноќи за да читам.
    Официјално, ова е втора книга на која сум пуштила солзи. Крајните страници ги читав со грутка во грлото, а откако синоќа ја дочитав, не можев да заспијам некое време. Ми остави некоја тежина, буквално чувствував како ми се стега душата. Премногу се соживувам со туѓите приказни, макар и биле фиктивни. Тоа ми е голема мана.

    Во однос на содржината - уште некаде на средина можев да го видам крајот.
    Лу раскинува со Патрик, а Вил сепак оди во Швајцарија откако претходно ѝ ги покажува новите хоризонти и можности на Лу. На моменти се надевав на среќен крај, но знаев што следува, затоа што ете... таква е реалноста. Кога Вил раскажуваше дека сите убави спомени што ги има од патувањата ќе бидат засенети ако повторно ги посети додека е во количка, знаев дека авторот ни ја дава неговата причина и знаев дека ништо не може тоа да го промени.

    Е, ова и јас го очекував.
    Мислев дека последната глава ќе биде раскажана од него, и мене ми фалеше неговата перспектива.

    Што се однесува до стилот на пишување - ми се допадна премногу. Толку детално беа опишани сцените, што веќе во глава имав филм, дури можев и да ги почувсвувам мирисите. Ми се допадна тоа што авторката не се обидувала да нé навлече на книгата преку мистериозен крај на секоја глава, туку самата приказна освојува и те тера да читаш понатаму за да видиш што ќе се случи.

    Патем, ако ви се допадна книгава, а не сте го гледале The Intouchables, задолжително да го изгледате!
    И давајте нова книга, да си ги насочам мислите кон нешто друго, затоа што цело сабајле размислувам за Вил и неговата судбина.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас кога ја дочитав книгава не можев да заспијам размислувајќи за Вил. Цело време си ги вртев работите низ глава и си викав, Ама зошто вака, не направи, зошто онака не направи.

    Да почнам од почеток.
    Како што веќе пишав, навистина не знаев на каде ќе се движи книгава на почеток. Вил го имаше само во прологот, ама сепак, кога прочитав за несреќата ми се чинеше дека веќе го знам и ми беше ужасно жал. Од млад, здрав, прав, полн со живот да го снајде такво нешто, не можев да се помирам со тоа.
    Лу толку беше наивна, имаше таков прост живот, што не можеше да и се случи нешто подобро од тоа да го сретне Вил. Мислам дека ако не го сретнеше ќе се омажеше за Патрик, ќе родеше деца и ќе си беше мизерна до крајот на животот. На Вил несреќата испадна дека и го спаси на Лу животот.
    Беа интересни на почетокот, со запознавањето, процесот на нивното запознавање и приближување еден до друг... Ми се допадна што имаше и смешни моменти, да не биде се само црнила. Кога отидоа на концертот на класична музика и кога зема Лу да му ја грицка етикетата пред сите таму умрев од смеење. :rofl: "Anyway, I think we should just be grateful that it wasn't in your trousers." :D
    Кога беше Вил кај Лу дома и кога си одеше, на Патрик кога му дофрли, "She certainly gives a good bed bath" позелене сиромашкиот. :lol:
    Многу ми беше мило кога отидоа на свадбата, кога играа на подиумот, она во неговиот скут...
    Како си уживаа на одморот, посакував и јас да останат засекогаш таму. во тој безбеден свет.
    Имаше убави моменти низ книгава, не беше се тажно...

    Ама кога Лу му го отвори срцето, му го даде на тацна, а он рече Не, уф... Е тука мене почнаа солзите да ми се леат. Ми беше жал што она имаше огромна љубов за него, што го стави на прво место, што направи се за него, излезе од својата коцка... Зошто барем не и даде шанса?
    Сепак, на Вил објаснувањето ми го смени и мене гледиштето. Мислам дека тоа што ја сакаше уште повеќе му ја зацврсти волјата да умре. Колку е тоа ужасно, да сакаш некого, а да не можеш да го допреш, да не можеш да направиш ништо нормално, да не можеш да водиш љубов... Љубовта на Лу на крајот беше само уште поголемо мачење и потсетување за тоа каков е неговиот живот.

    “I can't do this because I can't...I can't be the man I want to be with you. And that means that this - this just becomes...another reminder of what I am not.”

    "How is it you have the right to destroy my life, I wanted to demand of him, but I am not allowed a say in yours?"

    Преубава книга, одличен стил на пишување, немаше еден досаден или непотребен момент.
    Јас немам ништо друго читано од оваа авторка, ама дефинитвно нема да биде така за долго.
    За следната книга што правиме? Имаш Ана нешто интересно на списокот?