Фемински κлуб на читателκи (Стапица - Сандра Браун)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

  1. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.787
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Не сум вклучена во Клубов на читателки, кој е супер идеа патем, но ако ми се допадне некоја книга што ја читате ќе ви се придружам.

    Сакам да ви ја предложам книгата After you'd gone од Maggie O'Farrell. Прекрасна приказна, малце почетокот е напорен додека се навикнете на наизменичното раскажување, ама може да се развие добра дискусија во Клубот, од искуство ова.

    Знам дека DzingrlakaDzikica ја има прочитано, па и таа може да каже мислење. :wasntme:
    Се надевам ќе ја земете во предвид, вреди.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас ги разгледав книгите што сте ги понудиле и според кратката содржина, ми фатија око Where'd You Go, Bernadette и After you'd gone. Ајде ќе гласаме :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Ајде ако сте за Бернадет може, и така ми треба инспирација да ја дочитам. Патем, на почетокот сум само.
    И оваа од Л-ена ми делува интересна.

    Инаку, некои од коментарите на Me before you на ГР стварно ме изнервираа. Не била добра книгата, не требало така да заврши, бла, бла. Баш напротив, да завршеше на било кој друг начин немаше да биде ко што треба, ќе читавме една бајка од Дизни. Јас мислам кога го бакна требаше Вил да стане и да биде здрав. Oh it's a miracle. |(
    Мене не ми фалеше поглавје од Вил, он кажа се што имаше, доволно беше да ги сфатиме неговите причини. Ќе беше некако too much, за мене барем.
     
  4. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Навистина ме трогна книгата зашто Џоџо чепнала мал дел од една доста контраверзна тема. Случајот со рагби играчот е вистинита, кој сака овде може да прочита повеќе: http://www.independent.co.uk/life-style ... 89710.html.
    Она што ме натера да се засркнам од сопствената плунка е фактот дека за престој во Дигнитас цената е 7000€. И сега следи неминовното дека ние луѓето сме attention whores (секоја чест на исклучоците) што дури и околу сопствената смрт креваме фама.

    Пишав во претходниот пост дека приказната ми има некои недостатоци. И нереална е на моменти. Кога ќе вработат некој да се грижи за инвалид без никакво искуство во вистинскиот живот?
    Второ, не можев да се пронајдам во ниту еден лик од приказната. За неверување ми беше понашањето на Лу и начинот на кој што размислуваше. Без мака ќе и скратам 10 години од возраста што и ја дала авторката.

    Разбирам дека е фикција ама осетив потреба да пишам што не ми се допадна. Во секој случај, навистина послужи за да си го потполнам слободното време па дури и ме натера ете да прогуглам малку.

    Што е со прашањата за дискусија? :)
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Мене овој момент не ми беше толку нереален, мислам дека самата поента беше да се вработи некој што Вил ќе го почувствува како пријател. Nathan беше оној што се грижеше за Вил од тој аспект, Лу беше тука за неговото психичко опоравување.
    Пак ќе го спомнам филмот, The Intouchables - таму квадриплегичарот вработува човек кој тотално нема искуство со таа работа, за да ги врши задачите кои ги имаше Nathan во книгава. А филмот е правен според вистинска приказна.


    Такви коментари обично имаат луѓе кои најчесто читаат чик-лит (не дека имам нешто против такви книги), па навикнати се на среќни краеви.
    И јас сакам среќни краеви, не сакам да плачам и да ми се стега душата, ама според мене не постоеше подобар начин да се заврши книгава. Вил за неговите 30 и кусур години проживеал многу повеќе отколку некој за цел живот. И мислам дека самиот беше свесен дека никогаш повторно нема да ги доживее тие работи на ист начин, па затоа реши да стави крај на маките. Ја докажа својата љубов со тоа што ја пушти Лу, затоа што беше свесен дека не може да ѝ пружи сé. Ја пушти во живот. Што повеќе од тоа? И мислам дека во животот на Лу никогаш нема да има човек кој ќе ѝ значи повеќе од оној кој ја научил да живее.
     
  6. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Да, мајка му тоа го нагласи. А сепак, во еден момент неговиот живот зависеше буквално само од неа (кога качи температура а никој немаше дома). Лу беспомошна, не ги разбира лековите. Не ни сети дека има температура.
    Жива среќа што Нејтан некако се појави, инаку Вил ќе фрлеше патичињата уште на 20тата страница. :D
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Апсолутно се согласувам со Ана за делот со вработувањето на неискусен. Си имаше веќе некој за таа намена, јасно беше кажано која ќе и биде работата на Лу, неговиот психички напредок. И ја учеше Нејтан за лековите и се тоа.
    Мене ми беше сосема за верување. Не видела ништо од животот, не била нигде, затоа и таквото однесување.
    Инаку, не го спомнавме нападот на Лу во лавиринтот, мене некако ми беше непотребен, еве сега кога ќе размислам подобро имало и непотребен дел во книгата. Дали Џоџо само сакала да и даде некаква длабочина на Лу со ова? Дека и она имала некое трауматично искуство?
    Исто и мајка му на Вил не ми се допаѓаше на почетокот, па не ми беше јасно како може да се согласи со одлуката на Вил, ама реално, каков друг избор имаше? Ако Вил беше решен да умре мислам дека ќе најдеше начин, како што и пробал претходно, само можеби ќе беше многу поболно.
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Мислам дека без тој дел, некако ликот на Лу ќе беше празен, немаше ништо кое би ја обележало.
    Изгубена, залутана, без никакви идеи за животот, заробена во долгогодишна врска без страст... Како лик ќе беше многу бледа, проста. Вака барем има некој настан што во одреден дел од животот ја променил, инаку ќе беше еднолична. Каква била во детството, таква е и сега. Ништо не се сменило.

    Туку, од каде ги симнавте Where'd You Go, Bernadette и After you'd gone? Не можам да најдам асални линкови :?:
     
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Значи сите луѓе што не прошетале во животот се однесуваат и размислуваат детски, несозреано?
    Во овој случај би рекла дека писателката играла на картата, колку повеќе goofy ќе биде ликот толку повеќе ќе им се допадне на читателите. Нешто слично како Бриџет Џонс, ама кај мене имаше контра ефект.

    Ana, за првата линк не можев да најдам ни јас па се надевав доколку изборот падне таму, ќе излезат другите феминки во пресрет.
    Еве за втората https://kickass.to/after-you-d-gone-mag ... 72078.html.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    http://kickass.to/ebooks-requests-t7317051.html
    Еве за Бернадет. На таа падна изборот или?
    Не беше дека не беше само прошетана,многу јасно беше опишан нејзиниот живот, баш за да може да се разбере зошто е таква каква што е. Човек расте и се менува со искуства, баш како што почна Лу да се менува откако го запозна Вил.
     
    На DzingrlakaDzikica, SV1911 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Мене ми фати око и оваа што ја предложи Лена, баш читав критики, има многу пофалби.
    Јас сум измеѓу тие две, ама и другите нека кажат :)
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Мене ми одговара Бернадет,нема лош рејтинг и ми стои интересна.Ако имате некоја друга на ум,пишете ја. :)
     
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Незнам од каде да почнам да пишувам за книгава... иако пред да ја дочитам, читав што пишувавте, за тоа дека на крај Вил нема да ја измени одлуката, но сепак, се надевав дека ќе има поинаков исход. Толку многу се соживеав со ликовите, со нивниот живот.

    Иако Луиса има 26 години и дефинитивно е не сигурна за својата иднина, со помош на Вил станува свесна за тоа какви можности има, созрева карактерно, спремна е на измени кон подобро.
    Вил пак, иако знае дека ништо нема да го разубеди да ја смени одлуката, ужива во последните шест месеци од својот живот. Искрено, себично од негова страна, сепак, неговата одлука има последици не само врз неговиот живот, туку и врз блиското семејство, Луиса... Неможам да најдам оправување.
    Неговите родители пак, иако имаат чисто формален однос помеѓу себе, го одржуваат бракот поради Вил... Од друга страна пак, родителите на Луиса се пријатни, имаат убав брак, но ги мачи беспарицата.
    Но покрај сите проблеми, секогаш се трудат да ги поддржат своите две ќерки и им даваат безрезервна љубов.
    Во книгата имаме пример и за не среќна врска помеѓу Луиса и Патрик. Двајцата само се измачуваат, немаат никакви заеднички интереси, како двајца туѓинци звучат во поголемиот дел. Убаво што Луиса конечно собра храброст да стави крај. За доброто на двајцата.
    Љубовта која што се појавува помеѓу Луиса и Вил е толку убава, чиста, но во погрешно време... за жал.

    Ми се допадна начинот на кој што е напишана книгата... деталниот опис на ликовите.
    Обично кога читам премногу описи на личности и места често губам интерес, но оваа книга е поинаква.
    Се согласувам со коментарите пред мене, дека дефинитивно фали една глава од перспективата на Вил. Можеби подобро би ја разбрала неговата одлука.

    Имаше моменти кога се смеев на глас, но имаше и кога бев блиску да испуштам солза. Најверојатно поради фактот дека животот е толку непредвидлив, на моменти толку не фер.

    Од книгава може многу да се научи... лекции кои што ги слушаме секој ден, дали од домашните, дали на факултет или работа, но не им придаваме големо значење. Ваквата книга ќе ве потсети дека тие зборови не се клише. Често знаеме да бидеме свесни за можностите откако ќе ги изгубиме.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Има некој друг линк за After you'd gone? :?:
    Јас ја симнав во pdf, ја конвертирав во epub, ама изгледа скенирана е и на киндлот ми ја дава со ситни букви. Лена да се јави на рецепција да каже од каде ја симнала :)
     
  15. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Јас и го испратив линкот на Lenna. И кај неа е исто. :)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    http://www25.zippyshare.com/v/91991356/file.html
    Тука ја има во epub и mobi.
    Ана зашто читаш во epub формат на киндл? Не ти е подобро моби или azw?
    Значи After you'd gone е изборот така? Гледам повеќе загреани за неа има. Ако не па Бернадет нека остане за идната недела. :)
     
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Мене на kindle fire не ми ги отвара на epub. Каков користите вие? :worried:
    Ете баш сега пробав со Бернадет, морав да конвертирам.
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    И мојот киндл не поддржува epub, јас го имам тој од 69 долари, најобичниот. Ама нема врска тоа, секоја книга може да се конвертира така што не е проблем.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Што знам, Calibre-во автоматски ми дава да ги конвентирам во epub, до душа има еден куп опции, баш сега ќе пробам во mobi формат да читам. Epub мене ми е супер формат, убаво и јасно се читаат буквите, голем фонт се.
    За нова книга, нека биде After you'd gone, ми се чини повеќе има заинтересирани за неа :)
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Me Before You - Jojo Moyes)

    Ајде тогаш, одбрана е книгата. :) За Бернадет некако се измешани мислењата, или им е крајно глупава или им е фасцинантна на луѓево.
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.