1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Битно он си пишува книгичка, а детето нека добива укор од учителката. Ете (ќе) си најде и симпатија сега, шубавко. :D

    Ќе видиме како ќе биде, солидна е приказната иако има некои работи што се апла аматерски. Или па ги изначитавме убавите трилери па сега останаа само оние понеубавите. До душа годинава генерално од новите книги многу тешко некоја да ми се допадне ептен баш за да си кажам - е, оваа оди во омилени книги.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    И тоа каква книга, уште толку го истрауматизира детето. :D
    Јас од тивкиот пациент немам прочитано добар трилер. Ама и послабо читам годинава, за жал.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Мене уште надежта ми е во оваа, дека ќе има интересен крај. :D
    Пациентката ми беше убава, ама некако се осеќав како некој да ме лажел цело време. Баш сега проверив што сум читала и гледам повеќето се стари книги, новите слабо.
    Од новите има многу убави историски, ама ајде прво да го решиме Шепнувачот па другото понатака. :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Леле! Татко му бил.:o
    @Mishela го претпостави ли тоа? Не ми се верува дека не поврзав, а колку беше очигледно вака во ретроспектива. (facepalm)

    Исто така и Карен е сумљива како се убутува само.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Нели? И јас наседнав, не си поврзав. А Карен многу ме нервира. Ја завршив инаку, ќе напишам подоцна поопширно, ме фати синоќа таква гадна мигрена, уште ме држи па бегам од екрани. Инаку има фини работи за дискусија со книгава, мислам дека солидно стартувавме.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Јас до 70 посто дојдов, ама се надевам нема синот да испадне дека е. Ептен ќе биде разочарувачки и толку ќе биде од книгава за мене. Ќе биде само една епизода од criminal minds.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Јас не ставив 5. :wasntme:
    Сме читале подобри, ама за загревање не беше лоша. Пиши кога ќе ја завршиш, ќе муабетиме.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ја завршив и јас. Конечната оценка е тројка.

    Само откритието дека му е татко Пит навистина ме изненади, ова другово... На крај што знам, некако ми спласна ентузијазмот. Интересен трилер, ама не е за петка. Пребрзо на крај го најде Џејк татко му, па одма се реши работата. Плус, делов со шепкањето некако ми беше недоволно обработен, недоволно објаснет.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Тројка и од мене, не беше ни за 4. Нешто ми фалеше, цело време имав такво чувство дека нешто фали.
    И многу ми беше напорно за читање после првата половина. До 50% беше навистина солидно кога се разјасни кој е Пит и тоа впрочем беше единствениот добар пресврт според мене. Другото нафрлано, ама недофрлано, речено-недоречено. Добра замисла, ама слаба реализација.
    Не беше лоша, ама сепак не. Како беше онаа фразата, not great not terrible. Епа баш така и книгава.

    *Да дополнам, ниту еден лик не успеа да ми прирасне при срце, со ничија приказна не се соживеав, многу ми беа...мех.

    Во последно време ич не ми се убави трилерите, ни еден да се погоди баш така да те остави подзината во неверување од некој страшно добар пресврт. Последен трилер на кој сум ставила 5 бил Birdbox.

    Да не ти се чита следна I owe you one од Софи Кинсела? Oдамна ми стои во TBR, никако да ја почнам. Ја почнав синоќа Confess, не е лоша ама по навика ќе си почнам уште една. Имам и две од Шерон Болтон што сакам да ги прочитам, едната е оваа.
     
    Последна измена: 31 август 2019
    На gjoker4e и RainBow им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Баш се сложувам со се што напиша. Зошто беше потребно син му и Џорџ да биде кој работел во училиштето? Нели правеле проверка на сите во училиштето, а не виделе дека Џорџ не постои? Можеше да биде син му кој бил опседнат со куќата и готово. Башка што не ни го запознавме Џорџ, па да бидеме изненадени.
    Може од Софи Кинсела, ми се чита нешто полабаво, не сум баш во расположение за трилер некако.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.303
    Допаѓања:
    34.240
    Пол:
    Женски
    Дали The Whisper Man што ја прочитавте сега има некаква сличност со прочитана книга број 11 Шепнувачот или само насловот е ист? Авторот е различен па само ме интересира дали ја презел идејата или нема никаква сличност.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Станува збор за две различни книги. Можеш да пребараш горе во темава и да ги прочиташ за Шепнувачот од Каризи мислењата.

    Во септември ќе излезе втор дел од The handmaid's tale, треба овде да го читаме ако сте го прочитале првиот дел.
    Убаво би било да се приклучи уште некој ако сака да даде предлог за книга.:wasntme:
     
    На Mishela и gjoker4e им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Tака, се согласувам дека тоа повторно беше аматерски изведен дел. Исто така инста лав моментот не му одеше баш добро на авторов. Проба нешто, ама неуспешно. И дејтот им пропадна и сè. А оваа Карен па толку недопадлив женски лик, не знам до мене ли е или навистина ниту еден од ликовите не беше нешто посебно.
    Ајде, како за старт не беше лошо, одиме понатаму.

    Првиот дел од Приказната на робинката мене ми е прочитан и вториов дел одамна ми дреме на TBR полицата, го чекам да излезе па да напаѓам со читање. Може да ја имаме тука, вреди да се прочита која било книга од Маргарет Атвуд, баш ми се допаѓа како пишува.
    Не знам дали ти е читана Алијас Грејс, исто многу добра книга.

    Инаку и јас сум во некој таков mood, ми се чита нешто ептен лесно и интересно, по можност комично со некоја интересна љубовна приказна. Ова ми е последица од After, книгата реално не беше ништо посебно, ама така ми се погоди, што 600 страници летнаа во два дена. И никако да ме пушти тоа расположение, си продолжив со Хувер. Клише ми е засега малку, ама колку брзо оди книгата со читање, ќе се убијам. (facepalm)
    Гледам има поделени мислења за оваа од Софи Кинсела и малку се колебам, ама мислам дека ако не ја прочитам вака во друштво, засекогаш ќе ми остане непрочитана. :D
    Што имаш ти на ум?

    И кај ни се другите, има многу што читаат ама или не им се допаѓа изборот или паузираат. Не би било лошо да се собереме повеќе. :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Карен беше исто непотребна, никаде не водеше тоа нивното, беше сосема излишна. Не знам, како размислувам за книгава се понелогична ми е.

    https://www.goodreads.com/book/show/731539.The_Promise_of_Jenny_Jones?ac=1&from_search=true
    Ова е нешто постаро, да не речам ептен постаро, ама долго време и се мерачам.
    Silver Lining ја имам читано од авторкава, прекрасна приказна, затоа мислам дека и оваа ќе биде одлична.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Може, Сузан Елизабет многу ја фалеше оваа авторка на инста сторис во една дискусија, па може да ја читаме. Немам читано ништо од неа, ама битно во компјутеров си стои цел фолдер со нејзини книги. Да се најдат. :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ајде тогаш. Верувам нема да разочара книгава. И баш се радувам. :D
    Оваа од Софи може е интересна, ама ми стои дека направила обид за нешто посериозно, па затоа се поделени мислењата.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Менувај наслов, вечер ќе ја почнам. Исто мислење имам за новата од Софи, затоа можеби и јас толку време да одложувам. Ќе и дојде редот и нејзе. Ајде сега нешто ново, ептен се радувам кога почнувам нова (за мене) авторка која досега не сум ја читала.
    Ја имаш, така? Јас ја имам симнато веќе, ако некој друг ни се приклучи ќе ја ставиме, само да седнам на компјутер до вечер.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ја имам, имам и јас цел фолдер со нејзини книги што сум ги симнала.
    Еве ја книгата ако уште некој сака да се приклучи. Јас да легнам дете и ќе ја почнам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Да кажам дека ја почнав.
    Добар старт, ми фаќа око ама за жал на 7-8% сум, толку издржав синоќа.
    Продолжувам вечер, лесно оди само ми треба концентрација која деновиве ја немам. :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Јас до 20% негде дојдов, мене ептен ми се допаѓа книгава, баш нешто вакво ми требаше. :sun:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.