Фемински κлуб на читателκи (Стапица - Сандра Браун)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Предлог: даjте дискусијата за книгите да биде цел ден. На пр. 7 дена за читање, 1 ден дискусија и после избор на нова книга.
    Не бев во можност да бидам мн активна за предходната книга, иако сакав. Додека напишав мислење, видов дека пред тоа сте продискутирале и решиле за нова книга. Бидејќи сега сме повеќемина, предлозите за книги ако ги даваме веднаш заедно со коментарите за делата се губат наназад. Поради ова го предлагам веќе погоре напишаното.
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    ^ Јас мислам дека ние уште можеме да си ја коментираме старата книга, и онака немаме што друго да пишуваме во темава додека не ја прочитаме новата :?:
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Епа може. :)

    На крајот, кога веќе Вил е во клиниката, Лу му кажува дека изминатите шест месеци биле најдобри во нејзиниот живот, на што тој и одговара дека и тој истото го мисли. Епа ако е така, тогаш зошто се решава на таков чекор? Некако ми нема логика...
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Да, цела недела може да си коментираме за книгата додека се чита новата.
    Ако ви притекне нешто слободно може да си напишете. :)
    Јас морам уште да кажам дека имав проблем со одлуката на Вил во однос на тоа што сам реши да си го одземе животот од религиски аспект. Животот ни е даден и не е наше да одлучиме кога ќе го завршиме.
    И мајка му го спомена тоа во еден дел, ама изгледа болката и страдањето беа преголеми. Само поради тоа се помирив со фактот. Не можам ни да замислам во колкави болки и маки бил. Тука се поттикнува прашањето за еутаназијата. И најверојатно луѓето одат во Дигнитас и фрлаат грдни пари за тие самите да немаат удел во убиството. Зашто сепак нели е убиство. Иако од милосрдие.
    SV1911 он веќе беше одлучен за тие 6 месеци, мислам дека Лу му беше само бонус.
    Мислам дека Лу и Вил да се сретнеа под поинакви околности никогаш не би биле заедно.
     
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Читав пред некој ден за Дигнитас, на нивниот сајт, морници ме полазија...

    Да, се согласувам дека Лу била само некој си бонус, ама не е фер кон неа, нели? Ако бил одлучен, можел да ја тргне од него, да не и даде да се заљуби кога самиот е свесен дека ништо нема да ја измени неговата одлука. Можел да биде искрен и да и ја плесне вистината во лице уште на почетокот. Убаво од негова страна што и дал можност да си ги прошири хоризонтите. Ама искрено, проширени хоризонти со скршено срце...
    На крајот тој кажа дека цело време бил одлучен, само им дал време на неговите родители да се справат со неговата одлука.
    Последиците не ги трпат само семејството на Вил, туку и Лу и нејзиното семејство исто така.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Вил не знаеше на почетокот на каде ќе се одвиваат работите. Нели воопшто не се согласуваа? Од каде да знае дека она ќе се заљуби во болен човек? А и да ја отпуштеа на почетокот Лу ќе си останеше каква што си беше. И она извлече многу работи од целото искуство кои ќе и послужат во животот.
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Јас па ја оправдувам неговата постапка до некаде.Точно е дека не е на нас да одлучиме кога ќе заминеме од овој свет,ама човекот претрпел голема болка и живее мизерен живот,ако останеше жив мислам дека би им бил товар на сите,посебно на Лу.Мислам дека тоа е главната причина зошто одлучи да продолжи со планот,тој не можеше да се замисли да живее таков живот во споредба од оној пред несреќата,а уште помалку да држи млада жена до него,да се грижи за него до крајот,се смета себеси како кочница.
    Инаку,јас сум прилично сигурна дека Вил до моментот кога она му кажа што чувствува,всушност и не знаеше,па и самата Лу се преиспитуваше за нејзините чувства.
    Баш таков крај заслужува книгата,би било ептен клише да останеше жив и да биде lived happily ever after,немаше да има логика целата приказна.
    Пак ќе кажам,требало да стави авторката перспектива од Вил,многу појасни ќе ми беа неговите видици,а и неговата одлука.
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.249
    Допаѓања:
    17.330
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Jaс дури сега успеав да ја дочитам Me before you, имав премногу обврски и се надевам можам да се приклучам во дискусијата.
    Никогаш немав нешто читано од Jojo Moyes, ама книгава навистина ми се допадна.На почетокот полека си почнува, и некако не мислев дека така ќе се развива дејството.Крајот некако го очекував, и од една страна ја подржувам одлуката на Вил, сепак ретко кој може да живее како товар на другите, ама па од друга страна сметам дека не треба сами да одлучуваме кога ќе ни заврши животот.Ми се допадна целата конекција помеѓу Лу и Вил, интересни ми беа заедно.
    И да овој дел ми остави голем впечаток:
    Да не беше Вил, животот на Лу ќе одеше во сосема друга насока.И да, и јас сметам дека фалеше една глава од перспективата на Вил.
     
    На Vikica.cuci и RainBow им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    ^Добар цитат и жива вистина. :)
    Како новата книга луѓе? Мене некако ми е мачна, не знам зашто, ама не ме влече баш. Може и сум грешка, уште сум негде на почетокот, се надаевам ќе ја завршам до 19.02.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    ^ Јас на почетокот скроз се изгубив во раскажувањата, час во прво лице, час во трето лице, час Алис раскажува, па мајка и, па баба и... Се изпобунив, не знаев веќе кој што раскажува, препрочитував многу делови за да се снајдам, ама после некако влегов во шемата.
    Немав многу време за читање деновиве, сега сум некаде до кај 61% и вешто се снаоѓам во раскажувањата :) Мене не ми е лоша книгава, ми личи дека има многу непотребни делови, ама тоа на крајот ќе сумирам. Уште е рано сега да донесувам такви заклучоци.
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Јас ќе ја прескокнам книгава..Немам многу време,а книгата не успева да ми го задржи вниманието.Прочитав неколку страни,се изгубив на цело..Така да ќе ви се придружам на следната :)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    ^ Малку е збунувачка на почетокот, ама после е полесна за читање. Јас сум скоро при крај, вечерва или евентуално утре би ја дочитала. Само се надевам дека ќе имам со кого да ја коментирам :?:

    Инаку, во предлозите за следната недела ја додавам Rebecca - Daphne du Maurier. Дечко ми ја прочита уште пред неколку години, ми ја препорача и ми рече дека мене би ми се допаднала, ама никако да му ја земам. Малку била морничава, ама ми изгледа доста интригантна. Го пребарав форумов, не видов некој да пишал рецензија, па ако некоја феминка ја прочитала - нека пише кратка критика. Да знаеме дали да ја читаме :)
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    И јас сум за Ребека. Не знам како не ми е прочитана, ама мислам дека ми е пропуст.
    А за оваа моменталнава, Ана, не знам дали ќе има со кого да ја дискутираш. :D
    Јас ќе гледам да ја дочитам, за тоа е клубов, да дочитаме нешто и кога не ни се допаѓа, па да изнесеме и негативна критика.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Ми се допаѓа Ребека,мрачна ми стои :D
    Туку да ве прашам,ja имате читано To kill a Mockingbird? Одамна сакам да ја читам,па може за следната недела,или пак ако ја имате читано,дали ви се допаѓа?
     
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.787
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Ана, ако нема никој друг со мене ќе ја дискутираш. :lol:
    Макар што се надевам дека ќе има, не очекував вакви реакции, искрено. Ама сепак, вкусови се во прашање. Се надевам дека на тие што ќе ја прочитаат ќе им се допадне.

    Инаку Мароса, не ја имам прочитано но се канам одамна. Чекам добра причина само, изгледа.. а ја фалат многу. Плус блиска пријателка ми ја препорача. Ако се сложувате, можеме да ја ставиме во изборот за наредната недела (или за некоја друга).
    Еве статија на Goodreads.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.626
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    И јас сум овде за дискусија кога ќе ја завршите. :)

    Инаку од досегашниве предлози, гласам за Ребека.
    Тo Kill a Мockingbird мислам дека може да ја оставиме на листата за понатаму.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Јас колку што се сеќавам мислам дека сум ја видела Ребека во библиотека. Ако не се лажам.
    Значи таа е следна? Ама лесно се согласуваме за книгиве. :lol:
    Напреднав јас со оваа, ама не бре, ме нервира раскажувањево, не може да се препушти човек, само да внимаваш да не пропуштиш нешто, па не знаеш кај си. Многу прекини во приказната некако. барем па да имаше некакви ознаки дека се преминува во друго време, дека е друга гледна точка, ѕвездички да имало, било што. Нејсе, почнува по малку да ме закопкува и покрај се, па ќе видиме.
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Ајде јас ќе ја започнам дискусијата за After You'd Gone :)

    Прво, морам да напоменам дека мене ако не ми се допаѓа некоја книга, ја затворам и не се ни обидувам да ја дочитам. Не страдам од тоа дека морам книгите да ги довршувам, life's too short за да читаме книги со сила. Мене читањето ми е уживање, а не мачење.
    Штом сум ја довршила книгава, значи сепак дека имало нешто кое ме држело до неа.
    Е сега вака - кога ќе ги сумирам сите настани од книгава, некако добивам чувство дека ми фалеа некои информации за да ја комплетирам сликата, а од друга страна, некои раскажувања ми беа сосема непотребни. Особено во првиот дел. Се губев на моменти, можеби затоа што не очекував таков начин на раскажување, па се опуштив во читањето и не водев сметка за тоа кој што раскажува. Можеби авторот имал замисла да течат настаните како на филм, од една во друга сцена, од една случка со Алис да се префрлиме на баба ѝ , ама многу конфузно беше тоа напишано. Мислам дека ќе ми се допаднеше повеќе ако настаните беа одделени во различни поглавја.
    Приказната не ми беше толку лоша, се соживеав како и секогаш и некои настани успеаа да допрат до мене. Очекував малку поемотивна приказна, очекував и да заплачам, ама не пуштив ни солза.
    Некако, на средина сум за книгава - не е дека не ми се допаднала, ама не е ни дека нешто би пропуштила ако не сум ја прочитала.

    Туку, на крајот пак не разбрав - сообраќајката беше обид за самоубиство или несреќен случај?
     
  19. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1.739
    Допаѓања:
    48.655
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    ^Уште од почетокот мислев дека сообраќајката е обид за самоубиство.

    Мене уште малку ми остана да ја дочитам, ќе ја завршам вечерва.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.046
    Допаѓања:
    48.292
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (After you'd gone - M. O'farrel)

    Dream, следната, почнувајќи од утре, ќе биде Ребека, патем најде некој торент или нешто?
    Јас уште не ја завршив оваа, ама се надевам утре. Патем, не ни мислев дека е под знак прашалник самоубиството. :wasntme: