Форумџика на годината

Фемински κлуб на читателκи

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    И покрај некои нелогичности, ми се допадна самиот концепт на книгата и начинот на раскажување. Ја читав со внимание, во ниту еден момент не ми беше досадна - буквално ги голтав страниците. Почнав да се сомневам во Бен некаде на средина од книгата, а после прочитани 2/3 скоро и да бев сигурна дека тој е човекот што е виновен за незината состојба.

    На почеток, после неколку прочитани страници се сетив на филмовите Мементо и 50 first date. Се прашував дали ќе наликува на некој од нив, но не!
    [​IMG]

    [​IMG]

    Крајот претпоставував дека ќе ме разочара, чувствував. :) Како потајно да посакував да остане со Мајк, зошто тој беше единствениот што не се откажа никогаш од неа. Искрено, не очекував да има среќен крај, како крајот да ми беше најнелогичен.

    Адам не е мртов, живеел во Бирмингем - дознава дека мајка му е во опасност и за момент се наоѓа на местото на настанот. Бен си го живее животот, шета по светот, и тој кога дознава дека Кристин е во опасност се враќа од Италија дури, замислете... Па ѝ признава дека и покрај тоа што поминале толку години (а и толку жени во неговиот живот) - сеуште ја сакал и сакал да продолжи со неа од онаму каде што застанале... И тогаш неа чудесно ѝ се враќа меморијата и сеќавањата... Ахм, многу уверливо... :|

    Поради тоа што ми го задржа вниманието и што ме остави без спиење неколку ноќи - ѝ давам оцена 4! Да немаше среќен крај верувам дека ќе имаше чиста 5ка! :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    ^ Знаеш дека имаш право, многу подобро ќе испаднеше така да завршеше, баш ќе беше неочекуван и ќе и дадеше острина на книгата. Плус, немаше да има толку нелогичности. Требаше да преспие и се да заборави и да остане со него. И чао пријатно.

    Инаку, не можам да ја оставам книгава од Дајен Чембрлен, стигнав до 50 посто негде и еве, уште читам. :lol:
     
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Ако имаше таков крај мене ќе ми беше совршена мистерија/трилер, ќе немав никакви замерки. Но кога веќе решил авторот да има среќен крај книгата мислам дека можеше подобро да е напишано, не вака во неколку страници, како ради реда напишано, колку да му даде некаков завршеток на приказната. Ама со оглед на тоа дека му е прва книга на авторот, ќе му прогледаме низ прсти за тоа и ќе му простиме. :)

    Јас искрено сеуште сум под импресии. Вчера не можев да почнам со другата книга, зошто сеуште мислев на оваа. Убаво ме замисли за некои работи - како дозволуваме да ни минуваат деновите шаблонски и безлично, што се може да предизвика едно неверство и една опсесивна љубов, колку малку е потребно да ти се сврти цел живот за 360 степени и на какви одлуки се решаваат луѓето во такви околности.

    Дефинитивно е книга што нема да ја заборавам за брзо. Ако ништо друго ќе ја паметам по тоа што ме натера пак да пишувам дневник. :)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    :D :D Исто! Одамна немам ништо напишано.

    А за крајот - што знам, некако ќе ми беше бесцелно читањето ако завршеше така како што почна. Ќе испаднеше дека цела книга сме ја читале само за да дознаеме што ѝ се случило на Кристин и каква несреќа доживеала за денес да биде во таква состојба. Јас би за некоја трета опција и се сложувам дека ваква книга заслужуваше повеќе од „си живееја среќно до крајот на животот".

    Јас со новава книга сум до 25%, интересна е засега, до душа уште навлегувам во приказната.
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Фемински клуб на читателки (Before I Go to Sleep - S.J.W.)

    Јас сега почнувам со новата книга.

    Реин и Ана - па вие сте читачки машини, со брзина на светлината ли читате? Сеуште стои насловот на минатата книга, а вие и новата ќе ја прочитате. Секоја ви чест. :clap: Јас не можам да ве пратам со тоа темпо... :D
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    Јас вчера ја дочитав The silent sister, па почнав друга и еве денес ќе ја дочитам. :D
    Нема гајле за темпото, и така по една недела има време за читање на книгата, па ќе си коментираме после. :)
     
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Реин сега сфаќам зошто си ја прочитала одма книгата, ме заинтригира дури повеќе и од предходната. Само до 13то поглавје сум стигната ама нешто ми вели дека Лиза е жива некаде, и не - немам читано коментари и спојлери за книгата, ниту ѕиркав на крајот. :)

    И да... Ќе ве прашував за тоа што покажува колку проценти имате прочитано, на киндл ја имате таа опција? Сакам и јас! :D
     
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Да, на киндлот има таква опција :) Не пишува до која страна си, туку само проценти.
    Јас сум до 70% моментално, до утре/задутре најдоцна ќе ја дочитам. Имам некои претпоставки, баш ме интересира дали ќе погодам нешто :wasntme:
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    Ајде да се фатиме за работа, ќе ми исчезнат уште малку целосно впечатоците.
    Книгава во еден здив ја прочитав, како и секоја друга од Дајен Чембрлен. Мајстор е за градење тензија дефинитивно. Е сега, колку што беше интригирачка толку имаше и некои несфатливи моменти, а на моменти се почувствував како да гледам шпанска серија. На пример кога дозна дека Лиса и е мајка, не сестра. Рикардо сам на себе си е мајка работава.:D
    Друга работа, ликот на Лиса ми беше целосно изграден, ама не и ликот на Рајли. Она немаше живот во книгава, единствената работа што ја имаше беше да открие што се случило со сестра и/мајка и. Ептен бледа ми беше некако. Дени исто не можев да го разберам, таква омраза, а немаше некоја подлога за тоа, не поминал години и години со Лиса, па толку да му се вкорени, да сака да ја уништи целосно. Мене не ми беше тоа ептен веродостојно. Сепак, ми се допадна ептен делот со музиката и љубовта на Лиса кон свирењето, ептен ми беше жал кога свиреше на воздушна виолина.:(
    Целиот расплет ми беше некако убрзан, па не ме трогна премногу.
    Има 4/5 од мене, сите други од неа што сум ги прочитала ми биле петка, ама со оваа можела и подобра работа да заврши.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене книгава во глобала ми се допадна, со исклучок на неколку работи. Ми се допадна мистериозноста и постепеното откривање на приказната. Беше неизвесна, интригатна и ме остави две вечери до сабајле :lol:

    Во однос на забелешките - малку ми беше шпањерос делот кога Рајли откри дека всушност е во потрага по мајка ѝ. Си реков: Е ова баш и не ти требаше. Мислам дека доволно беше комплицирана приказната, немаше потреба од усложнување на работите. Тука малку ми се смени впечатокот.

    Друго, Џејд целиот живот бега од злосторството што го сторила, татко ѝ ја советува никогаш повеќе да не фати виолина во рака, а таа не само што продолжува да свири, па уште и основа бенд и трга по турнеи? Многу ми беше чуден тој дел, како во текот на тие години никој не ја препознал и воопшто не се посомневал во неа. На себе ги носеше двата белези по кои многу лесно можеше некој да познае – ланчето и виолината.

    Малку не ми се допадна крајот, очекував да се разрешат некои работи, до душа знаев дека нема така да биде, бидејќи малку остануваше од книгата. Сакав жената на професорот да дознае што всушност се случило, за да знае со каков човек живеела и по каков човек тагувала 20 години. Откако Рајли ја пронајде Џејд, си продолжија да живеат како ништо да не се случило. 20 години Џејд се криела од она што го направила, а сега уште толку голема опасност ѝ се заканува, кога веќе многу луѓе знаат дека е жива. Како да го заборавија Том и жена му. Тој кога веќе ќе види дека нема да го добие она кое му било ветено, може многу лесно „анонимно“ да ја пријави и толку ќе биде од неа.

    Една од претпоставките ми беше дека професоров е таткото на Рајли, ама цело време некако ми се вртеше во глава опцијата дека Мати го застрелал. Кога Дени кажа дека и Мати бил таму тој ден, си помислив дека сакајќи да ја одбрани Џејд, ѝ го земал пиштолот и го убил. Џејд цело време викаше: It was an accident, I didn’t do it, па бидејќи сето тоа се случило заради неа, таа решава да ја преземе одговорноста. Во таа насока размислував цело време.

    Кога веќе го спомнав Дени, ми се чини дека поогорчен лик во книга немам сретнато! Ми фалеа некои парчиња од ликовите, некако целиот фокус беше на Џејд и нејзиното откривање, па на сметка на тоа трпеа карактерите.

    Како и да е, ми се допадна. Чембрлен ја немам досега читано, дефинитивно ќе одберам уште нешто од неа.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    ^ Јас уште на почетокот некако не се сложував со тоа дека она избега. Прво, без оглед на околностите она уби човек. Одзеде живот. Со нејзиното бегање уште толку им го загорчи животот на другите. Дали Лиса беше добра личност?
    И апсолутно се согласувам, на турнеи, бенд основала, а криминалец е. Немаше никаква логика.
    И зошто на мајка и понатаму не и кажаа дека е жива? Зошто толку се мачеше жената? Зошто таткото да знае, да оди на свадбата, да биде во тек со животот на ќерка му, а мајка да живее со болката? Тој дел страшно многу ме изнервира.
    Вака секогаш кога ги разглабаме книгите испаѓаат многу работи.:wasntme:
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ете тоа со мајка ѝ го заборавив :D Жената на Том знаеше дека е жива, а мајка ѝ на смртна постела дозна. Целиот живот ѝ помина во мисла дека нејзината ќерка е мртва. И којзнае колку пати вината си ја префрлала на себе и се прашувала дали всушност била добра мајка штом Џејд ги направила сите тие работи. Додека татко ѝ играше на свадба.
    Ми падна жал за Дени, каква психичка тортура добивал од неговите совесни родители кои го негирале она на кое се сеќавал. Кога дојде во болницата на крајот и ѝ рече на Џејд: “You killed our family, do you know that?” :( Во обид да се зачува семејството, испадна уште поголема трагедија.
    Однесувањето на Лиса го оправдував до одреден момент, сепак млада била, исплашена до коска, под влијание на татко ѝ. Ама за тие 20 години, ако била доволно совесна личност, ќе направела нешто. Таа си продолжи да живее како ништо да не било, си основаше семејство, кое беше многу похармонично од она кое го остави зад себе.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    Кога Рајли ја најде и и кажа дека Дени ќе ја пријави јас мислев дека Лиса конечно ќе се опамети и ќе рењче, Убаво си проживеав, ама време е да се наплатат долговите. Ма не бре брате, истото исплашено девојче беше. До толку да се немало совест, па го уништи семејството, не знам како родителите имаа срце да му го направат тоа на Дени, зошто едноставно ко секои нормални луѓе не му објаснија убаво, кога беше мал можеа малку да ги замачкаат работите, а потоа убаво се да му објаснат. Зошто направија таква грешка не можам да си објаснам.

    А за следна книга што правиме? Ајде, дајте некој предлог. Јас моментално ја дочитувам од Џоди Пико новата, па таман ќе бидам за нова книга.
     
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Ова е прва книга што ја читам од оваа авторка и воопшто не ме разочара. Ми се допадна начинот и стилот на раскажување и самата приказна. Но и кај оваа книга, проблем ми беше крајот. Не дека не очекував таков крај, туку како да не ми беше доволно добро прикажан и доловен, ми фалеа повеќе емоции и детали за нивните животи понатаму... Само поради тоа ѝ давам оцена 4!

    Самата приказна во ниту еден момент не ми беше досадна, но ликовите и нивните реакции и емоции во одредени делови од книгата ми беа несоодветни и нелогични.

    Да почнам од Рајли... Добив впечаток како за неа се да беше игра, како да уживаше во копањето на семејните тајни. Не ја почувствував нејзината тага што го изгубила татко ѝ, нејзиниот стрес, бес и конфузија кога дознава се... Единствено што почувствував беше нејзината љубопитност, нејзината потреба да открие се по секоја цена. Не можев да ја разберам и леснотијата со која се помири дека досегашниот нејзин живот бил една огромна лага, начинот на кој реагираше на новооткриените работи, прифаќањето и односите со новото семејство.

    Дени... Според мене беше најголемата жртва во целата приказна, тој го извлече најдебелиот крај. Можев да разберам зошто е огорчен и реагира на тој начин, се соживеав некако со него, но во исто време и ме плашеше. Но најверојатно тоа била и целта на авторката со градењето на овој лик, да внесе fear factor во целата приказна - ќе каже или нема да каже?

    Лиса... Многу повеќе ми се допадна раскажувањето за неа во минатото, отколку деловите за Рајли. Посебно ми се допаднаа деловите додека живееше работеше во Сан Франциско, можев да ја замислам во таквата ситуација, го осетив нејзиниот постојан страв да не биде откриена, копнежот по своето семејство. Не ми се допадна нејзината врска со Селија.

    Споредните ликови (језивиот пар, Џини, Кристин) ме иритираа, како да беа таму само колку да грабнат и искористат колку што можат повеќе од таквата ситуација.

    И за насловот сакав да искоментирам... хммм.... The Silent Sister? Ниедна од сестрите не беше тивка, баш напротив. На крај заедно успеаа да го замолчат братот па испадна the silent brother и they lived happily ever after.

    И оваа книга откако ја дочитав, ме натера да размислувам за некои работи. На што се сме спремни да направиме за нашите блиски, до кои граници би оделе за да ги заштитиме оние кои ги сакаме, жртвите кои еден родител може да ги поднесе за своето дете и покрај се, како лагите имаат моќ да уништат цели животи...
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Исто и јас си помислив дека Џејд ќе плати за нејзините гревови. Гледав дека сум при крајот, ама се надевав дека епилогот ќе нé однесе во затворот, кога Рајли ќе ја посети мајка ѝ. Ама ништо, си продолжија да живеат како ништо да не се случило.

    За следна книга сакате нешто од Нора Робертс да читаме? Гледам на гр некои нејзини книги сум ставила во to-read.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    Еј, стојат во мислењата насловите на книгите за кои сме дискутирале, најверојатно дека се менува насловот. :D Супер, ептен е прегледно така.
    Нора Робертс... Хммм, не знам зашто, ама имам страшна аверзија спрема авторкава. Но, ако се решите за книга од нејзе не сум против, можеби сум во грешка.:)
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас тоа го приметив, баш интересно, да знаеме за која книга сме пишувале :)
    Сиа Бела некој предлог за книга? Сé ние ги бираме, да одиме на некој твој избор неделава?
     
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Јас моментално ја читам Алекс, и некако 3 трилери ми дојдоја последователно, ептен се соживеав со сите 3, што дури и почнав да сонувам такви работи. :| Немам јас некој конкретен предлог, се додека одбирате книги како претходните неколку - немам ништо против, но да направиме една недела пауза од трилери. :)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакате некоја драма да читаме? Нешто така малку потресително? Гледам во to-read сум ја ставила Sold од Patricia McCormick. Ми стои на листа, ама не можев да ја најдам. Ако ја отворите на гр, од страна ќе ви даде слични книги, и ми се чини дека сите што ги отворив имаа добра оценка над 4.
    Ако не па некоја комедија да одбереме. Такво нешто не сме читале :D
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.124
    Допаѓања:
    67.155
    Пол:
    Женски
    Ја имам дома Продадена, ама не сум стигнала да ја прочитам. Сепак, мислам да свртиме малку на комедија, ама немам идеја која книга.