1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе, кревам раце, не ја бива со книгата, не можам да се мачам веќе. Ана, кога ќе ја дочиташ можеш и тука да пишеш критика, па ќе ја искоментираме каако и да е. Ќе ја ставам оваа новава, па за недела ќе ја коментираме.
    Линков едвај го најдов, epub е и веднаш би требало да се симне, со самото кликање на линкот.
    http://vk.com/doc-53732784_207022371?dl=28aabb49a7217e1962
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Јас ја почнав синоќа новата книга и скоро третина сум прочитала во еден здив. Сега се убедувам да ја оставам некако барем до задутре ако успеам - утре бранам дипломска, имам друго за читање. :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас ја дочитав Let's Pretend This Never Happened, ќе пишам по некоја забелешка во темава колку да не ни помине така книгата.

    Кога читав статии за најдобри Comedy Books, оваа најмногу ми фати око според она што го прочитав на goodreads. Во 50 коментари со 5 ѕвездички полни со импресии, имаше по една или две критики, дали за хуморот, дали за начинот на пишување. Уште кога прочитав дека книгава добила Goodreads Choice Awards за 2012, очекувањата ми беа прилично високи. А не добив ни десетина од тоа што го очекував.
    Мислев дека ќе биде забавна книга исполнета со добар хумор, ама мене ми беше на моменти мачна за читање со трагични настани (кои претпоставувам требало да бидат смешни). Начинот на пишување не ме изненади, затоа што прочитав дека Џени е уствари блогерка, чиј блог станал многу популарен и така дошло до краен производ - книга. Ме изненадија сликите, па на моменти се чувствував дека го скролам нејзиниот блог :D

    Не знам дали Џени во реалниот живот е таква каква што се прикажува во книгата, ама јас најсериозно мислам дека ѝ фали некоја жичка. Или ептен е drama queen, па од секоја ситуација беспотребно прави драма. Не знам, ама како и да е тешко на мажот ѝ Виктор кој веќе 17 години ги трпи нејзините каприци.
    Имаше неколку интересни и смешни моменти во книгава, имаше и тажни, на пример кога раскажуваше за тоа дека два пати го изгубила бебето. Кога ја опишуваше нејзината психичка состојба, тие моменти кога ѝ кажуваат, па кога излегува од болницата како споулавена... можев да се соживеам со нејзината болка и ми беше ептен жал за неа.

    Што се однесува до комичните моменти - има луѓе кои вродено имаат смисла за хумор, едноставно се такви и од секоја ситуација знаат да направат да биде интересно. Ама има и такви кои присилно се прават смешни и добиваат спротивен ефект - одбивни се. За Џени не знам што да кажам, некако нејзинава смисла за хумор ми делуваше усилена, како да не беше природна во книгава, како да сакаше да се направи што е можно понитересна и смешна. На моменти дури и ми беше напорна |(

    Сума сумарум - немаше ништо да пропуштам ако не ја прочитав книгава, можеби единствено немаше да научам некои работи за дивите животни :^)

    Новата книга ја ставив на киндлот, во моментов читам една друга, па ќе продолжам со таа. Како и да е, до следната недела ќе ми биде прочитана и ќе ја коментираме :)
     
    На sia.bella и RainBow им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Мене тоа со сликите ми делуваше ко, еве ако не ми верувате ете доказ, значи многу, премногу изнасилено.
    И апсолутно се согласувам за хуморот, вештачки до крајни граници. Плус, цело време имаше потсетување дека ова е книга, кога ќе ја читате книгава, кога ќе дојдете да ви се потпишам, или нешто слично, ама ептен ми бодеше очи. Добро, разбравме, си напишала книга, move on.|( И дискутабилно е дали ова може да се категоризира како книга.
    Негде до пола сум со Даблин улицата. Оф лелееее... Ќе имам многу за пишување и критикување, толку само ќе кажам засега.|-)
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Девојки до каде сте со книгата? Јас не можев да ја испуштам од раце книгата, вчера сабајле успеав да ја дочитам, сега ја читам втората Down London Road. После кога ќе правам пауза, ќе пишам впечатоци. :)
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 28%, ама некако ми е очајна книгава :| Ми личи на Raw, не се сеќавам со кого ја читавме во клубов. Ептен клише моменти има, не знам како ќе биде понатаму.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Јас ја дочитав, напишав кратко мислење во последна прочитана книга. за тука напишав опширно мислење.
    @AnaKarenina да бидам искрена, ти препорачувам да не ја дочитуваш. Ништо нема да изгубиш, ништо нема да се случи што веќе не го очекуваш. Клише е од почеток до крај.
    Ама, како сакаш. :)
     
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Јас се навлеков на книгата уште од самиот пролог. Ми се допадна стилот на пишување и сите дијалози, а имаше и добри цитати, но не бев посебно импресионирана од целата приказна. Првата половина од книгата посебно ми се допадна, поради тоа ѝ давам оцена - 3.5 и ме копка што понатаму се случува со главните ликови затоа и ја почнав втората книга од серијата. Морам уште на почеток да ја споредам со 50 Shades of Gray, и оваа е книга што или ќе ти се допадне премногу или воопшто нема. Мене ми се допадна, но не премногу.

    Почетокот ми беше ептен ветувачки - млада проблематична девојка со мистериозно минато случајно запознава презгоден, секси алфа мажјак. Симпатична ми беше нивната прва средба, а богами и втората. Искри на сите страни, иако прилично долго се воздржуваа дури не се договорија да бидат friends with benefits. Ја осетив хемијата меѓу нив, нивната привлечност и страст, но не и нивната љубов. Потоа некаде на средина ликот на Брејдн се трансформира во брат близнак на Кристијан Греј. И тој исто така има проблеми и трауми од неговата мајка, но во случајот главниот акцент не е ставен на неговите трауми, туку на оние на женскиот главен лик.

    Џоселин како лик не ми се допадна. Ок - имала тежок живот, поминала се и сешто ама попесимистичен и позатворен лик не сум сретнала во книга. Пробував да ја сфатам некако, ама не се поврзав воопшто со неа. Цела таа драма што ја правеше ми беше патетична. И уште една сличност - и неа после неколку средби, семејството на Брејдн ја прифати и "посвои" исто како Анастасија во 50 Shades of Gray, како Бела во Twilight, но веќе видено и тоа...

    За споредните ликови што да кажам? Ми се допадна Ели, мила, забавна, најпозитивниот лик ми беше во целата приказна. Но и таа како и главните ликови, а и другите споредни имаа сериозни проблеми во главата кои ги негираа и избегнуваа да ги решат.

    Сума сумарум во неколку зборови - бледа копија на 50 Shades of Gray.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас штом претходната ја дочитав, ќе ѝ се запнам и на оваа :lol: Обично оставам лоши книги и не жалам ако не ги дочитам, ама од дадена книга во клубов не сум се откажала :) Бидејќи ставив еден куп книги на киндлов, кога почнав да ја читам прво помислив да не сум отворила некоја друга по грешка :D Некако сосема друга замисла имав. Не го прочитав мислењето на @sia.bella заради спојлери, ама претчувствувам дека и онака цела ќе ја предвидам, барем така ми тргна уште од сам старт.
    Како и да е, ќе ја дочитам, па ќе пишам и јас во темава.
     
  10. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina Ако ја читаше 50 Shades of Gray и се заљуби во Кристијан - читај ја, ако не послушај ја @RainBow :)
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ја немам читано, една другарка ми рече дека ќе ми ја тресне од глава ако земам да ја читам :lol: Ми вика: Абе не е за тебе, ти го знам вкусот, ќе те изнервира само :D
    Оваа сигурно е подобра од минатонеделната книга, а и лесно се чита, барем не ми е мачна :)
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    ^Епа, дочитај ја штом си решила, па ќе ја дискутираме потоа. :)
    Да, лесно се чита, ама од толку превртување на очите чудо е што уште ми се од напред. :D
     
  13. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Леле Реин, до толку ли ти беше лоша? Претпоставувам дека од главната хероина било предизвикано превртувањето на очите, во тој случај те разбирам. :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Не да ми беше лоша, книгава ме натера засекогаш да се откажам од еротскиов, порно жанр. Иде на исто место со нијансите, која исто така не можам да ја поднесам. Од сите ликови заедно ми се слоши, не само од "хероината" (мора во наводници да иде, не су сигурна дека така може да се нарече.)
     
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    За вкусовите не се дискутира. :) Јас ако ви кажам дека пред една година бев "заљубена" во Кристијан Греј, нема да ме избркате од клубов? :$ :lol:
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас конечно ја дочитав книгава, отворив Word да напишам по некоја забелешка и искрено не знаев од каде да почнам.

    Прологот не беше толку лош, ама мислев дека понатамошните настани ќе имаат малку поинаква димензија. Мислев дека ќе се сконцентрираат на животот на Џоселин откако го губи семејството, нејзиното помирување со минатото и борба со сите нејзини issues, нејзиното пронаоѓање на себеси и обид да продолжи понатаму на цврсти нозе. Да ѝ беше таква улогата, ќе ми се допаднеше многу повеќе. Вака испадна само една несозреана девојка која лута низ животот и има очајна потреба од нечиј авторитет. И ете го пронајде – во тип креиран според веќе познат шаблон. Богат, згоден, со секси тело, неверојатен во кревет ... Смачено ми е од ваков профил на мажи во книгите и филмовите. Мене Брејдeн воопшто не ми беше симпатичен како лик. Толку егоцентричен и посесивен, тип со силна желба да доминира во врската до тој степен што ѝ кажуваше на Џоселин дали да ја носи косата пуштена или фатена, и како некој разбацивач го тепашe секој што ќе ѝ се приближи. А оваа па, како некоја заљубена тинејџерка, сите тие негови каприци ги гледаше како доказ за неговата заинтересираност за неа. Можеби идејата на писателкава за Брејден била да креира лик кој ќе освојува со неговата самодоверба, ама мене искрено ми беше крајно арогантен. Џоселин пак, ми беше многу себична и толку иритантна со тоа нејзиното “I don’t do relationships.” И на крај дозволи овој да ја искористи за да му биде некаква придружнична и секс френдица? :^) Достоинство што се рамни со 0. Воопшто не ми беа симпатични како пар, испадна дека нивната врска се базира само на добриот секс. Имаше страст, ама ми фалеше некоја поврзаност меѓу нив, нешто повеќе од wet panties, hard dick.
    “Just for that, I expect you to wrap that dirty mouth of yours around my cock tonight.” - Ох, колку романтично.

    Дијалозите ми беа очајни, до тој степен што на моменти се смеев. Особено при таквото филмско влегување на некој од ликовите во некоја дискусија, од нигде никаде. :lol: Вака кога ќе размислам, ми се чини нема лик што ми се допадна. Можеби Ели на моменти ми беше симпатична, ама толку ми беа детски игрите меѓу неа и Алекс.

    И ми имаше некои нелогични работи во книгава. Брејден е милионер, а се вози со такси. Џоселин наводно е богата наследничка, а работи како келнерка. И која коинциденција Џоселин да ја мерка истиот тип со кој всушност бившата жена на Брејден го изневерила. Тоа па со Ријан и целата фрка со запросувањето (испадна другарка ѝ на Џоселин има уште поголеми issues од неа) ми беше сосема непотребно. Веројатно писателкава сакала да ѝ даде малку длабочина на Џоселин, да не биде толку бледа, не знам. Ама тоа можела да го постигне на друг начин, вака тие два ликови баш ми немаа смисла во приказнава.

    Сé на сé – книгава ми беше многу предвидлива. Братот на Ели е всушност типот од таксито, Ели има некој здравствен проблем, Алекс е вљубен во Ели, Брејден и Џоселин се впуштаат во некаква врска која на крај најверојатно ќе заврши со брак. И така...

    Приказната е клише, дијалозите исто. Се обидувам да извлечам нешто добро од книгава, ама па ни стилот на пишување не ми се допадна. Jesus C, crap, fuckity, crap, fuck...
    Ни секс сцените не ми беа нешто посебно. Баш на гр прочитав еден коментар - Don’t just tell us she had an orgasm, describe it! :D
     
    На lunicka и RainBow им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Книгава е доволна да ме натера да се откажам засекогаш од овој еротски, porn жанр. Доста ми е. Ако прочитам уште една ваква мислам дека ќе ми експлодира мозокот.

    А сега надолго и нашироко ќе се расприкажам за сите маани на книгава.

    Прво, да почнам од приказната. Која ја немаше. Сериозно, книгава немаше plot. Немаше да чекаш да видиш како ќе се расплеткаат работите, што ќе се случи, зашто нешто се случило, да те копка нешто, ништо од тоа. Никаков заплет whatsoever, nada.
    Уште од првата страница, поточно од средбата во таксито се знае како ќе се одвиваат работите. Тука барем нема никакво изненадување. Од А до Ш, се си испадна како што си мислев. Нели, зашто нема заплет.
    Насловот ми е крајно прост и неимагинативен, всушност како и целата книга. Даблин улица зашто демек таму се се случува. Мислам, може ли да биде понеинвентивно?

    Да преминам на ликовите. Дури и нема што да се каже, неоригинални, досадни, предвидливи без длабочина. Брејден типичен маж од ваков тип на книга. Препаметен, презгоден, успешен, богат, секси... А излегува само со празноглави, долгоноги русокоси. Зашто нели, сите тие се такви. И нормално, се заљубува во девојка спротивна од сите нив... Ах, ох... Колку типично. Цели 6 месеци одел со Холи, па добро, ако не ја запознаеше хероинава можеше и да се земе со неа, нели? Eye roll, eye roll, eye roll.

    Џоселин ми е неуспешен обид за хероина. Демек има сопствена волја, цврста женска, всушност му се потчини на фраеров, зашто нели, он е алфа мажјак. Со големо К. Не ми се допадна воопшто, дури одвратна ми беше на моменти. Само името ми се свиѓаше, ништо повеќе.

    Сестра му беше ставена да го претставува сето добро на светов. Абе срцка. И таа не можев да ја сварам зашто не ми делуваше човечки, ми беше ко петгодишно девојче во тело на жена.

    Ријан и таа нивната приказна исто ми беше апсолутно непотребна, додуша целава книга ми е непотребна, ама сега сум на деталите, па да си се задржам на тоа. Какви пријателки беа, еднаш не се видоа откако се иселија, се слушнаа неколку пати, уфрлена средба со вереникот и да, bestis се. Eye roll, eye roll, eye roll.

    Тој другар му, Адам, оф леле... Па си одговараа, оваа петгодишно девојче, тој шестгодишно детенце, супер. Целата нивна приказна ми беше крајно детска и смешна. Воопшто не ми беше романтична.
    Кога веќе сум кај детски игри, и таа на Брејдан и Џос не беше нешто поразлична. Оваа го прави љубоморен со шанкерот, па овој нели тие животинските инстинкти му проработуваат, па ја граба одма посесивно, па го треснува оној што ја сексал жена му, зашто сега му ја драпа девојка му... Па држ-не дај и така натаму.

    Да преминам на уф, секс сцените. Кои после првата почнав да ги прерипнувам. Зашто нели, знам дека ќе доживее едно пет-шест оргазми, дека секој следен секс им е најдобриот во животот, yada, yada, yada..
    Boooorrriiinggg....

    Има една изјава од Џос која морам да ја пренесам тука, бидејќи ми беше крајно иронична, глупава и непотребна. Како и самата хероина всушност.
    Why did he have to turn me on so much? It wasn't fair.
    Семејството и е умрено, сама е на светот, ама навистина не е фер што нашла маж што толку ја пали. Ми дојде да си пуштам солза на овој дел. Од мака. Што читам таква глупа книга.

    Потоа тука имаме уште еден крајно клише дел, кога помајка му и кажува да си замине ако мисли дека ќе го повреди и Џос веднаш сфаќа дека ќе биде така и решава да го остави. Да ја имав физичката копија тука веќе ќе ја запалев и ќе танцував околу огнот.

    Само да забележам на крајов дека секое спомнување на хероината погоре е во ироничен контекст,

    Ја ставам книгава на исто рамниште со нијансите, мислев дека јазикот е малку подобар, ама потоа почнаа повторувањата на Jesus C, inwardly-on the outside, што ми дојде како Oh my и my inner godess, или како и да беа од сивите.

    И така, позамарав малку со долгиов пост, ама морав да си ја истресам лутинава од книгава. Не знам дали тие што ми ја препорачаа знаат воопшто какви книги читам. Очигледно не.
     
    На sia.bella и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Ќе ставаме одма нова книга или веќе читате нешто друго? Јас сум за трилер, но немам некој конкретен предлог освен Ловец на души - Каризи. Ја имате читано?
     
    На bussines-woman и lunicka им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас сум до пола со The Hours, до утре би требало да ја дочитам, така што ќе ви се придружам. Оваа од Каризи ја има на англиски? Како е оригиналниот наслов?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав и Шепнувачот кога ја читавме тука, ептен ми беа слични, исти дупки во приказната.
    Во моментов дочитувам трилер што не ми се свиѓа баш, среќа не е многу обемен. Следна ми е https://www.goodreads.com/book/show/16127237-the-life-list ми се свиѓа кратката содржина и коментарите.