1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Мммм Реин добро ти текна, јас филмот го имам гледано поодамна, култен филм со Стив МекКвин и Дастин Хофман, мене ми е еден од поомилените. Филм кој не се заборава, а книгата сигурно е многу нијанси подобра. Јас сум за предлогот! :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас сум за предлогот на Реин, ептен интересна ми делува книгава. Ако има торент, пуштете во темава. Јас сум решена да ја читам :wasntme:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    http://kickass.to/papillon-henri-charriere-qwerty80-t6909426.html
    Еве торент. :)

    Едит: Ја читавме тука Шепнувачот, а потоа и поединечно мислам повеќето ја прочитавме и Ловец на души. :)
     
    На MissSpark, tessie и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Може и Владетел од сенка ако ја немате читано, како продолжение на Шепнувачот. Јас ја читав, ама од Каризи се би препрочитала. :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    И јас и таа ја прочитав, ама не би ја препрочитувала, мене ми се сите налик една на друга, втората веќе почна досадна да ми станува.:wasntme:
    Сега да ја ставам Papillon, се согласивме, или да почекаме?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш ќе чекаме нешто ново од Каризи.
    Оваа мислам можеш да ја ставиш, се изјаснивме повеќето. Ах Реин ми ги расипа плановите за читање на големите мали лаги. :)
     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Стави ја Реин, да не му ја мислиме многу :)
    Јас гледам сега да ја дочитам мојава, а може и да ја оставам па да ја почнам Папилон :wasntme:
     
  8. I <3 Books

    I <3 Books Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас Landline не можам многу да ја коментирам од неколку причини: прво, не ми се допадна нешто посебно, второ, ја читав пред месеци и веќе ми е подзаборавена од што не бев воодушевена и трето, периодов веќе се спремаме за саем, па немам време за реферати, ве читам само во лет :D

    Имам прочитано 3-4 книги од Р.Ровел и оваа дефинитивно ми беше најслаба, исто како и @RainBow се чудам како можеше да победи на ГР покрај книги како Големи мали лаги - хаос. Приказната ми беше слаба, ликовите уште послаби, а капак на се’, не ни сакам да читам за такви нереални измислици што не држат вода. Најубава книга од неа ми е Еленор и Парк, оцена 4/5 од мене, па еве во најава - бидејќи постојано гледаме да имаме и книги за млади, таа книга ни е веќе преведена и ќе излезе за саемот на книга во мај :|

    Инаку, @sia.bella мислам дека не е само до жанрот, туку и до книгите. Еве пример јас ти препорачувам, ако ја немаш читано, да ја прочиташ Maybe Someday од Колин Хувер, па да видиш дали нема да ти се допадне. И мене не ми се омилени YA, најмногу ги читам за работа, ама во МС просто уживав! Мада ретки се таквите книги.
     
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    @RainBow јас на амазон видов дека ја сместиле во YA/TEEN категорија, а и си има такви елементи побајаги :)

    нека биде Papillon јас ќе ја читам паралелно со The lost girls in Rome, иако ми е стварно слична со Шепнувачот и некако не ми лизга како што си замислував.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе книгава. Очај.
    И давам 1/5, да си кажам на почетокот уште. Толку монотона, книгава ни заплет нема, ни расплет нема, заспав буквално. Ликовите сите до еден ми беа страшно антипатични и необработени. Мајка му на Ник демек имаше некаква состојба, ни објаснето, ништо. Џорџи ми беше одвратна, не можев ни да ја смислам.
    Ставила магичен телефон и ете ти книга. Јас не можев да замислам да имам магичен телефон на кого би му се јавила бидејќи концептот ми беше крајно смешен и неверојатен. Не беше believable, ни една секунда.
    Тотално губење на време книгава.
    Бетер од YA е, таму барем нешто се случува. Не знам како на амазон така ја категоризирале, тинејџер ова да го земе, глупости на средовечни луѓе да чита, тешко дека ќе му биде интересно.
    Денес ќе ја почнам новата, се надевам на добра книга. Ми треба една таква, да се испере оваа.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас ја прочитав Fangirl пред некоја недела, од истата писателка, книгата е YA, ама мене ептен ми се допадна. Немав никакви очекувања, дури мислев дека нема да ја дочитам, ама зошто цело booktube community на youtube ја фалеше, ја симнав. Книгата е далеку подобра од Landline, сериозно не знам како победила на гр за 2014та.

    Мене ликот на Ник ме нервираше премногу, цела книга. Цело време се однесуваше очајно со Џорџи, беше тотално незаинтересиран за неа и нејзините амбиции. Не видовме ништо од тоа што кажа Џорџи за него во неговите постапки.

    Друга работа е што Сет беше совршен за неа, плус таа кажа дека и се допаѓал, само се откажала од него. После рандом се појавува и и изјавува љубов, а таа е тотално рамнодушна и трча кај мажот. После денови и денови со нервози и откако упропасти се на работа и Ник не и ни одговараше на повиците, на крај само се гушнаа и магично се среди се.

    Крајот ми дојде преизбрзан, после толку развлечена книга. Сепак, уживав во неа една цела ноќ со несоница, па има 3/5 од мене.

    Инаку јас читам и YA, само во најголемиот дел од случаите сум разочарана. Мислам дека не е ни до жанрот толку, колку што мене ми имаат досадено сличните заплети, особено сите дистописки што излегоа последниве 2-3 години. Ја немам прочитано Еленор и Парк од писателкава, па ме израдуваа од Сакам Книги и ќе почекам до саем :)
     
    На Hipster и Marossa им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми беше сфатлива врската со Сет. Немаше никаква индикација дека Сет има некакви посебни чувства за неа, па ми беше дури и смешно кога и изјави љубов.Да, флертуваше со неа демек на различен начин, ама ништо повеќе, тоа беше тотално необработено како што треба.

    Еленор и Парк мене ми се допадна многу повеќе од Fangirl, има подобра приказна и поинтересни ликови. :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^ И јас тоа ќе кажев,никаде не се укажуваше дека Сет и таа имаат некои чувства.На почетокот кога раскажуваше за минатото,мислев ќе спомне нешто во врска со него,дека се смотале или слично,ама ништо.
    И од никаде господинот заљубен во неа,сродна душа,ау бау :D
    Кога ги прочитав првите критики,си викам изгледа јас не сум нешто по кејф па ми е толку бесмислена,ама добро е,имам поддршка :D

    Инаку се согласувам за Папилон,добра е,а пред да видам содржина мислев за кучето се збори :D :D
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    Како оди со книгата луѓе? Јас никако да седнам асално да читам, ама се надевам деновиве ќе имам можност. Инаку, се наѕира на почетокот интригантна приказна. :)
     
    На Tantica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    И јас никако да седнам на раат, само ја цепкам на по неколку странички и многу се нервирам така кога читам, не можам да се внесам во приказната. Уште сум на почеток, ама интересно делува. А јас дури вчера прочитав дека книгава е напишана по вистинити настани, мислев дека е fiction. Од мобилен само првиот дел од кратката содржина сум го прочитала :tmi: И веќе одма некако по друго ми е кога ја читам и знам дека е приказната е вистинска.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас нешто слабо со читањево :D
    Почнав и да учам за колоквиуми,па не знам дали ќе ја дочитам,вие кога ќе ја завршите дискутирајте.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Јас читам друга книга, уште 30 посто од таа, па после ќе ја почнам оваа. :)

    Одамна не сум читала нешто што не е фикција, ќе биде освежување.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Дечки до каде сте со книгава?
    Јас до неверојатни 20% :tmi: Не знам зошто не ми оди читањево, до душа и немам толку време периодов, ама и тогаш кога ќе седнам некако ми лета паметот, не можам да навлезам во приказната.
    Вас како ви оди?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.730
    Пол:
    Женски
    И јас сум до таму негде. Мене книгава бавно ми оди од неколку причини. Прво, стилот на пишување е многу сув. Нафрлани реченици, премногу кратки, некако ми оди како залче суво леб што мора со вода да го поттурнеш. Има и премногу детали, бавно одвивање на дејството... Дури и фактот што е вистинска приказна ми е угушен некако.
    Решена сум да ја дочитам, ме интересира самата приказна, па ќе преминам некако преку овие работи. :) Што знам, ако сакате друга книга да ставиме, па кој ја дочита може да пише критика.