Фемински κлуб на читателκи (Every Smile You Fake - Dorothy Koomson)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 25 февруари 2013.

?

Која да биде следна книга за читање?

Анкетата е затворена на 3 февруари 2022.
  1. Honor - Elif Shafak

    66,7%
  2. A Flicker in the Dark - Stacy Willingham

    16,7%
  3. The Hush - Sara Foster

    16,7%
  4. The Architect's Apprentice - Elif Shafak

    0 глас(а)
    0,0%
  5. I Know This Much Is True - Wally Lamb

    0 глас(а)
    0,0%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш ти почни си со ривјуто, јас секако ќе пишам после. Се загледав еден цртан филм на компјутер, па таман ќе напишам натенане што мислам за книгава.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Прво ќе дремнам малце, ручав сега :D

    Ама кажете дали може да си пишувам слободно или сепак спојлер :?:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Слободно се пишувало секогаш на темава. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ајде јас ќе почнам, па да си знаат девојките кои сè уште ја читаат книгава - овде може да има спојлери.

    За почеток, од мене тројка за книгата и не сметам дека е лоша оценка за книгава.
    Шаблонот не е тој кој што до некаде мислев ќе биде и океј бев со тоа. Немаше класичен среќен крај и немаше класичен „Сара Џио крај“ кај што на главниот лик му се случила трагедија некаква од големи размери и таа му е тригер, ама и покрај тоа да се изнуди среќен, најсреќен, зашеќерен крај. Не. Реално заврши, но некои работи едноставно ми немаа поента.

    Ајде да почнам од почеток. Керолајн била од тие жени кои се откажале од многу работи за да го задржат партнерот до себе. Може и така испаднало, но факт е дека она беше многу потценувана од сопругот со муабетите „е што ќе правиш со дипломата од факсов, е како ќе најдеш работа како историчар, е вака, е така“. Од старт ми се упали црвеното светло за типов и еве да ви кажам, ни имево не памтам како му беше. :worried:
    Влезен во корпоративниот свет, он си го тера животот, додека жена му дома се јадосува на секој негативен тест за бременост. И така додека не дознае за неговата афера, па наместо да одат на заедничко патување во Лондон, Керолајн си ги пакува куферите и заминува сама.

    И имево како се погоди, исто и Сара Џио има една ваква Керолајн во нејзина книга и како од старт да знаев што да очекувам, што знам. Прво мислев дека ми се скрши филм и потсвесно ќе си го расипам впечатокот сама, но како тргна книгава, си реков - па не е до мене, стварно е ваква книгава.

    Многу фина замисла со приказнава за Џулија Тофана, но сетингот во Лондон не знам дали ми беше толку потребен и тоа ми е можеби замерка зашто ми ја оддалечи приказнава. Замислете само колку сè ќе беше поживописно, поубаво ако беше сместено ова во Италија? :mm:

    Сепак беше интересно за читање. Книгава е толку питка, веднаш се чита и мислам дека затоа освои премногу читатели - факт е дека тешко се наоѓа книга што ќе те завлече да читаш, а луѓево сакаат такви catchy приказни. Кај мене, само на тоа остана - фино, забавно, лесно за читање.

    Фалеше малку да се дообработат ликовиве, да се избрусат, да им се даде и трета димензија можеби, но сепак имам чувство дека ова и не беше таква книга во која ќе им се воодушевуваме на некои не знам какви ликови. Едноставно, да си се прими така како што е напишана и толку. Без некои навлегувања во детали.
    Кога ќе навлезеш да цепкаш, станува зезнато не само кај книгава, туку кај многу други книги од комерцијална фикција. :)

    Класично дуал-тајмлајн раскажување имаше од три перспективи - Керолајн, Елиза и Нела.
    Од сите три, Нела ми беше некако најдобро изградена, ма да без Елиза во сликата имам чувство нешто ко да ми фали кога ги спомнувам нив две посебно, ептен беа уиграна двојка и криво ми е што Елиза направи толкава жртва. Кутро девојче, многу ми беше жал за неа, ама толку беа замрсени тие поглавја, што мислам дека она само сакаше да го исчисти теренот за Нела да продолжи да им помага на жените кои имаат потреба. Иако некогаш имам чувство дека добрината на Нела беше злоупотребена од жениве, ама како инаку ќе имаше причина за заплет во книгава. И со тоа бев океј. :)

    Пишувањево беше фино, ни нешто многу накитено со епитети и украси, ни блуткаво. Ама имаше некои делови кои тоооооолку ми немаа логика, се изнасмеав на глас. И повеќето од нив беа во поглавјата на Керолајн, секако дека да. :D

    1. Оди во Лондон, се шета и опалааа - го наоѓа шишенцево од аптека во реката. Патем, се работи за скриена аптека која не постои со векови, значи затворена беше и сокриена така што не знам како се нашло шишево таму. Секако дека постои причина дека можеби деца играле таму па расфрлиле нешто, но што знам, јас како Неверен Тома со тапија, решив да се сомневам во ова. :D

    2. Сопругов на Керолајн се напи нели масло од еукалиптус и се обиде да се самоубие, а полицијава кога дојде да истражи, одма ја приведе Керолајн - пази леба ми, у тетратката имала напишано, но и подвлечено за отровиве. Одма у ќорка, трујачка на мажи. :wasntme:

    3. Се запиша нели на студии/мастер, го расветли случајов до најситниот детаљ и магично реши да фрли сè во воздух, односно да не ги објави баш сите детали. Сериозно? Девет месеци потрошени, практично за ништо. Па сите пронајдоци беа толку интересни, можеа да послужат ете како информативен материјал за доближување до цели генерации жени кои биле спасени од лоши бракови и насилни сопрузи, а она реши да се тргне затоа што премногу се споила со приказната на Нела и Елиза, па се задржала само на „безбедниот“ дел.

    На крај, барем се оддалечи од браков кој ѝ ствараше преголема фрустрација. Си почна нов живот, се собра, се среди и стана среќна и задоволна жена сама со себе, без да зависи од некој друг. Е таа порака ми беше убава како за промена, зашто жениве во овие книги ги прават навистина премногу зависни од нивните партнери и на крај кога ќе им свирнат некое тешко клише дека се смириле, си простиле и си живееле среќно со пет дечиња...добивам вртоглавица од вртење со очите накај тилот.
    Не дека не е клише и ова за силни ненадмашливи жени, ама навистина - секоја жена треба да си се почитува себе си и да не дозволи да зависи од одобрувањата на кој било.

    Ете, отприлика тоа е мојот впечаток и со душа чекам да прочитам што мислите вие. Иако кај мене доби просечна оценка, ми беше интересна книгава, без да навлегувам во деталиве нели што ми штрчеа цело време. Мислам дека беше супер за загревање во клубов, па еве го мојот предлог, на многу, многу интересна тема.

    Firekeeper's Daughter
    [​IMG]

    Жанрот е young adult, ама нека не ве обесхрабрува тоа, ве молам. :)
    Темава е многу интересна и мислам дека ќе ни даде многу теми за дискусија - индијанци, корупција, криминал, расизам.

    Во моментов ја читаат во клубот на Рис Витерспун и јас морам да признаам дека се зачитав „само прологот“, па првото поглавје, па самооо уште едно и си реков ајде доста, ќе ја предложам овде за да ја збориме. :D
     
    На ane.bella, sweet-cherry и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Ja zavrshiv i jas denes.
    Da si priznaam deka voopshto ne me biduva za pisuvanje recenzii :|

    Interesna kniga, prikaznata ne nekoja koj znae kakva zapletkana ili ne predvidliva, ama interesna i shto mi beshe naj vazno zadrzuva vnimanie i brzo se chita, jas navistina uzhivav dodeka chitav. Od mene 4:*:
    Likovite na Nella i Eliza mi bea dobro osmisleni, i uzhivav vo nivnite pogjavja.

    Mozebi ke i dadev i 5 zvezdi no poglavjata so Caroline mi bea malku dosadni.
    Iskreno, mislam nejzinata prikazna ne dodade neshto plus na knigata, mozhebi ke beshe po ubavo ako celo dejstvo se odvivashe vo 1791 :?:

    Sepak knigata ispadna da e historical fiction bez kapka fantasy :)

    @Mishela Bravo za opshirnoto i slikovito review, moevo pokraj tvoeto se gubi go nema :tmi:

    Bravo i za knigata shto ja imash predlozheno za April, deka sega nova na booktube chesto se spomnuva. Pokraj interesnata tema, i koricata odma paga v ochi. I love beautiful book covers :inlove:

    I od mene predlog edna YA, The Grace Year od Kim Liggett
    163408702_252966813203124_756493866197154796_n.jpg
     
    На sweet-cherry, CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    @ane.bella јас нешто ептен жолчно ѝ влегов на книгава, ја обработив малтене како лектира. :D
    Не се замарајте како или што ќе биде напишано, битно е само да ни биде забавно и да си муабетиме.

    Да, ист впечаток имам за поглавјата на Керолајн. Буквално ништо не сменија во квалитетот на книгата и дури и ако ја немаше неа како лик, книгава ќе беше можеби и поубава. Премногу е интересен тој период што беше опишан и навистина не се споредуваше со ова што се случуваше во модерново време, чисто така ставено колку да се случува нешто нели.

    И да, баш сакав да спомнам за жанровите што беа изнапишани. Ова беше баш историска фикција, ниту фантазија, никаков трилер исто така. Не знам што им е на луѓево што ја ставиле во ваков жанр, малку утнале.
    Десет пати се спомна зборчето магија, се спомнаа вештерки, чудни напивки и одма ја сместиле книгава во фантазија а не е таква. Во последно време ептен вака цепидлачат со жанровите, не ми е јасно зошто. :)

    The Grace Year лани ја читав и ме бендиса. Многу добра книга и супер избор, ептен сакам дистопии.
     
    На ane.bella, sweet-cherry и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    И јас како ane.bella не знам баш рецензии да пишувам, па обично само ѕвездички ставам :)

    Сега, се согласувам со вас. Дури приказнава на Керолајн ми е вишок во приказнава. Не можам да ја поврзам, не можам да ја доживеам нејзината возбуда... мислам, откриваш место речиси 300 години неоткриено, и тоа е тоа? Што рече Мишела, најзабавното за себе го задржа.

    Нејзината паралелна приказна со маж и' ми беше предосадна, веќе и ја заборавив од што беше толку предвидлива. Делот со еукалиптусот... вишок. Барем делот со нејзиното апсење.

    Во приказната на Нела и Елиза уживав многу, само би сакала да имаше малку повеќе разработка на карактерот на Нела, Елиза е наивно дете и така е прикажана, но Нела е жена со многу тежини во себе и сакав да знам повеќе за неа.

    Сепак од мене 4/5, затоа што половина книга беше навистина интересна и необична :)

    За следна книга која сакате одберете од предложениве, па после ќе предложам и јас следниот пат :)
     
    На ane.bella, sweet-cherry и Mishela им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Дај пресечи ти ако не со некој предлог @CameliaMiller. Ќе почекаме деновиве таман да се искаже @sweet-cherry и некоја друга ако ја почнала во меѓувреме и може одма да ставиме нова. Може црешка ќе даде уште некој предлог. :)
    The Grace Year мене ми е читана, а другава не знам ќе може ли @ane.bella да ја симне од тука без да ѝ стигне некоја казна дома. :worried:
    Сакаш ли да ти ја пратиме преку порака во пдф потпишана со некое друго име? Мислам дека не би требало да прави проблем вака, па ќе ја ставиш за читање.
     
    На CameliaMiller, ane.bella и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  9. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Јас пак си симнувам книги од пдф темата без око да ми трепне и без да размислам дека можам дебело да си платам (facepalm)
    Не, ако ја одбереме таа да биде ќе си ја купам и така ми е ставена за купување.

    Пошто the Grace year отпаѓа од игра имам и друг предлог на книга, да кажувам или да си ја чувам за нареден месец? :D

    Кога сме кај Пдф книги имам прашање: Дали постои начин пдф книга да се стави да се чита на киндле? Имам околу 20тина на компјутер ама не ми се седи да читам пред компјутер а не знам како да си ги ставам на киндле
     
    На CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Кажувај што ти падне на памет друго :D, секако имаме време па ќе најдеме нешто интересно за читање и коментирање.
    Мене многу ми е интересно да си имам друштво за читање. :)
    Од блискиве никој не чита на Киндл, па доживљај ми е кога вака се собираме, макар и виртуелно.

    Мислам дека вака нема да ти стигне казна, не е страшно се додека не симнуваш директно од пиратски сајт. Барем така мислам. Исто и од симнати на мејл или во порака тука на форумов. На мејл и испраќам книги долго време на другарка во странство, досега немало проблем, а исто и преку пораки тука.

    Зависи каков модел на Киндл имаш, мојов е 10та генерација и не ми прифаќа ниту пдф, ниту epub не знам зошто, па си ги конвертирам во mobi или azw. Има онлајн конвертер и може бесплатно да си ги конвертираш книгите. Ако ти е шубе, стави му на фајлот некое безвеза име таму со бројки и после смени си го откако ќе си ја симнеш книгата. Јас обично преку кабелчето си ги префрлам книгите и така ми е најлесно. Ги барам или веднаш во моби или со конвертеров бркам работа, ќе ставам линк од него.
    https://www.online-convert.com/
     
    На ane.bella и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Јас пдф си ги праќам на Киндл преку маил, со тоа што во наслов на маилот пишувам Convert и сам ја конвертира во моби :)

    Околу книги, од мене може предлог The Children's Blizzard што ја читам моментално, до пола сум и ми е доста интересна, следна на листа ми е A Million Reasons Why од Jessica Strawser па ете и таа нека биде предлог :)
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    Воглавно горе доле се сте кажале. И јас мислев дека ќе има некаков fantasy елемент зошто многу како fantasy книга ја рекламираа. Приказната од минатото, односна на Нела и Елиза ми беше полн погодок, и стварно уживав во тие делови. Невиноста на Елиза во комбинција со измачениот карактер на Нела, навистина солидно дуо. Ми се допадна и расплетот на крајот, не очекував дека сепак Елиза ќе преживее.

    Делот на Керолајн на моменти екстра досаден. Делот каде што полицајците и ја забележаа тетратката со натписот толку многу ролав очи :D Као сигурно во тој момент ќе гледаат рандом некоја тетратка фрлена на земја. И дека маж и се напи свесно масло за надворешна употреба од еукалиптус демек да го спаси бракот, о боже. Многу глупав начин да се поврзе со приказната од минатото.

    Ама книгата е читлива, сепак приказната го задржува вниманието, брзо оди. Посакувам карактерот на Керолајн да беше обработен повеќе, иако на крајот мислам дека имаше солиден прогрес на нејзината приказна во однос на бракот и себеси. Од мене 3.5/5

    Предлог за наредна книга: The invisible life of Addie LaRue или можеби Тhe ones we are meant to find
     
    На CameliaMiller, ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Да @sweet-cherry тотално се согласувам. Мислам дека авторката сакала ликов на Керолајн да го воздигне малку и да покаже дека еве научила од сопствените грешки и се потрудила да ги поправи заради себе. Навистина ми се допадна што не беше класичен хепи енд, а пак до некаде заврши среќно.
    Имаше баш интересни пресврти и тоа ептен ме израдува и мене.

    И многу ми се свиѓа Addie LaRue леле со месеци ја гледам, ја ставив за читање и никако да ја почнам. Туку и' се мислам. Другава сега ќе ја проучам. :bandit:
    Давајте предлози, дочитувајте која што си има почнато, секако ќе одбереме нешто.

    Ако ја има The invisible life of Addie LaRue @ane.bella да ја фаќаме неа следна ако сте за. :party:
     
    На sweet-cherry, CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  14. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    @Mishela и @CameliaMiller ај ќе пробам да видам дали ќе ми успее да префрлам, ептен сум слаба со современава технологија :|

    И мојот киндел е пејпервајт 10та генерација.


    Ако сакате нема проблем нека биде The invisible life of addie larue, ја имам.

    Другата книга што ја мислев е Black Sun https://www.goodreads.com/book/show/50892360-black-sun?ac=1&from_search=true&qid=OJpeuB45YY&rank=1 но сеедно која и да ја одбереме таа важно да се дружиме (highfive)
     
    На sweet-cherry, Mishela и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    И јас сакам да ви се придружам :angel: Исто не ме бива за рецензии пишување, ама ми се допаѓа дружбата на темава. Немам никој што чита страствено книги како мене да можам да дискутирам.
    Годинава сум во читачка фаза, нека ме држи само. (fingers)
    Моментално ја читам Firefly lane od Kristin Hannah
     
    На sweet-cherry, Mishela, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Супер, колку повеќе не има толку по интересно ќе биде, се надевам дека ќе ни се придружат уште членки (fingers)
     
    На sweet-cherry, CameliaMiller и Skyfall им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    @ane.bella ако не можеш да најдеш некоја книга, слободно кажи, ние ќе ја најдеме и со кирилица наслов ќе ти ја пратам :lol: сега ќе пробам да ја најдам Addie LaRue, мене ми е ок предлогот :)

    Иначе и мојот Киндл е Paperwhite 10та генерација, 2018та мислам го купив.
     
    На ane.bella и Mishela им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.878
    Допаѓања:
    81.140
    Пол:
    Женски
    Ајде нека биде Addie LaRue тогаш. Сега ќе ја ставам да си ја симне кој ја нема.

    Читате нешто во моментов? Јас имам една за довршување па потоа ќе ја почнам книгава, најдоцна до вторник-среда.

    Инаку @ane.bella ако не се снајдеш со префрлањето пишувај слободно, ќе најдеме решение.
     

    Прикачени фајлови:

    На CameliaMiller и ane.bella им се допаѓа ова.
  19. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    TILOALR (кратенка на името, оти многу долго ми е за пишување) :) ја имам. Значи за овој месец сум ок, а во иднина за други книги ќе помагате женски :$

    Сношти почнав нова книга Infinite country, мала книга ама доста напната. Одма после оваа ја почнувам Ади.

    Имате други книги читано од Victoria Schwab? Јас Не, оваа ќе ми е прва.
     
    На CameliaMiller и Mishela им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Invisible life... е новата? Или за април ќе биде? За една месечно е одлуката?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.