Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    58.223
    Пол:
    Женски
    Свесни за големата потреба од катче во кое ќе се собираат тинејџерите и младите од форумов на кафе-муабет, Фемина форум дозволува отварање на една таква тема.

    Добредојдени се сите оние кои се сингл, во врска или во комплицирани односи, сите оние кои го водат секојдневието на младината во земјава, а некои и надвор од неа.

    Како ви минал денот, дали ви било напорно на училиште, факултет или можеби на работа... Каде планирате да излезете за викендов или што планирате да правите... Споделете ги случките и дружете се.

    Ова ќе биде ќоше за младите од форумов и сите оние кои се чувствуваат млади. :)

    Бидете свесни дека и претходно постоеле вакви теми и се затвориле. Овој пат се изборивте за такво нешто и не си дозволувајте, занемарувајќи ги останатите теми на форумов, оваа повторно да ја доживее истата судбина. Само почитувајте ги правилата, не се карајте и навредувате и ова ќе биде супер место за дружба.

    Како што е ред:

    Напомена: Прашања за кои си има соодветни теми да се поставуваат таму или за пообемни дискусии да се отвори посебна тема ако не постои таква. Темата да биде исклучиво за кафе-муабети. Ве замолуваме да ја почитувате напомената за да не дојде до заклучување на темата.


    Ајде форумџики и форумџии, нека ви е со среќа новата тема! Навалете! (И не ги заборавајте и другите теми!) (highfive)
     
    Последна измена: 21 април 2016
    На Harper, kikkki, Love...music и 77 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    10.443
    Пол:
    Женски
    Добро утро феминки :D
    Добро ни почна денот, се изборивме за нашите права :D
     
    На kuc, Crna Dama, DVAANGELA и 22 други им се допаѓа ова.
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    42.349
    Пол:
    Женски
    Добар јутааар!

    Баш ми е мило за темава. Ве молам не пишувајте премногу денес, имам нешо работа и не можам да ве читам, ок?

    Среќа што нема анкета за години, не сум баш од младинците па ќе испаднеше дека не припаѓам ни ваму ни таму. :D Ама она - се чувствуваат млади - дава простор за муабет. :P

    И, како што е ред.

    [​IMG]
     
    На Dream-Girl, JuLleE, DVAANGELA и 28 други им се допаѓа ова.
  4. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.856
    Пол:
    Женски
    Добро утро !
    Пред тоа некој да ме разбудеше во осум часот јас ќе урлав цела ден :D спанка голема бев.
    А денес сум станата уште во 7:20 ете што ти се вика навика ^_^

    Мило ми е што и за нас се отвори ваква тема, сега имаме свое ќоше (mooning)
     
    На zivo, DVAANGELA, Eli23 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    46.466
    Добро утро и од мене. Зомби сум како и секој ден ова време|(. Има една што вика: ''Сите од црква, прдла на црква''. Е таа е за мене и моето работно време.
    Браво за темава, се надевам ќе постои долго време и во неа ќе се испишат многу страници од нашето убаво, па и не баш така секогаш убаво секојдневие.

    Кафе си е кафе, ама за блага да биде темава да турам јас по едно слатко:D.
    2013-05-18_17-23-56_1067x800.jpg
    Ај кафето да грабнам, па пак ќе се влечам во банка. Ми одмилеа веќе тие меретни пари:envy:.
     
    На DVAANGELA, Doozy, mimiiiii и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене :) Браво за темава, се надевам дека ќе се собереме убаво друштво и паметно ќе ја користиме :)

    Јас сега станувам, ме чекаат обврски на факултет, па потоа кафенце и прошетка низ градов, ќе биде убав ден и сонцето ветува :sun:

    Ајде на кафе
    coffees.jpg
     
    На DVAANGELA, Eli23, kjukli и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    26.034
    Пол:
    Женски
    Ај да не ја претеруваме до толку и во 40 се прашувало за некои работи и не е тоа поголем проблем од рчки кавги и вреѓање.Важно тоа да го нема, за некое прашање не е проблемот.
    Јас ако не прашав во 40 за електричната цедалка и сега со Рефка за фен во другите соодветни теми немаше никаков одговор да добиеме.ц:(
    Прашав во апарати за домаќинство никој не ми одговори.
    Сакам да кажам да се ПОСЕТУВАТ тие теми повеќе за да не мораме да поставуваме овде прашања.
    Е така, малку мрчам, ама уште сум од вчера таква. бесна на животот, револтирана :devil: :@
    Добро утро, и се надевам темата ќе успее. :D
    Мене грло пак ме боли, кој пие сокови со лед, така му е. 8)
     
    На DVAANGELA, kjukli, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.246
    Допаѓања:
    72.594
    Пол:
    Женски
    Драго ми е за темата, иако очекував дека Џони или Деми ќе го имаат воведниот пост со оглед на сé што беше почнато и дискутирано... се одвиваше меѓу нас тројца и продолжи со останатите..спонтано. Затоа и сум изненадена што сте ја избрале Лејди за постот...не многу весело и надежно отварање.:) Но, како сте одлучиле така нека биде де. Да видиме до кога ќе ни трае „забавата“ и „привилегијава“...е како мене ми звучи ова.:) Нека дискусијата за ова заврши тука, да не се продолжува, мене ми е битно да го кажам, но не би сакала да се затвори темата заради излевање на истата повеќе и подалеку од ова.

    Уште кафе немам пиено. Времево изгледа фино. Пар работи за завршување. Пар работи за купување.
    Јанѕа ме јаде заради нешто на кое се понадевав, а повратен одговор не добив, еве..уште малку пак недела ќе се стори. Си велам, доволно се чекаше. You win some you lose some!
     
    На DVAANGELA, Salome, Marossa и 18 други им се допаѓа ова.
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    15.472
    Пол:
    Женски
    Утро! :party:

    Чуствував ете уште кога се разбудив некоја убавина во воздухов, сега сфаќам зошто сум подобро. Ок, барем делумно. ;(

    @LivingGlam си го погодила и кафево и кроасанчето, таманка за разгалување. :D

    Што се однесува до мене, немам којзнае какви планови за денес освен да не кукам. Периодов некако не ми е баш добар, човек баш кога ќе си помисли како е среќен и ќе му тргне на убаво се случуваат глупости ама нејсе. Ќе оставам неколку дена, да се издуваме и оладиме... Па ќе видам што како. :tmi:

    Ми снемало кафе по дома, само турско има а такво не пијам. Ќе морам да се симнам до маркет набрзинка, за денес имам неколку обврски ама онака лабаво ќе си ги терам.

    Сфатив дека вежбањето го почнав како начин како да изградам поцврсто и подобро тело, а со тек на време ми стана пасија и страст. Не сум некој не знам каков сељачки gymaholic, ама едноставно таму си го пронаоѓам мирот на некој начин. Се олабавувам и исфрлам негативна енергија од секојдневните обврски, од друга страна целата позитивна енергија пак си ја вадам таму и сум пресреќна!

    Не сме паднале и овде на тема вежбање. Знам дека има посебни теми ама практикувате ли вака пролетно нешто? :muscle::angel:
     
    На Ana Chio, DVAANGELA, Salome и 14 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    42.349
    Пол:
    Женски
    За Јипи Крипи: Жабата веќе те покани од друга тема, ама еве и официјално овде да те повикам затоа што од прееска намислив. Да си дојдеш на муабет, да оладиш малку од политики.
    @Yipman2
     
    На JuLleE, DVAANGELA, Yipman2 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    16.278
    Пол:
    Женски
    :bandit:
    Hello. Ме примате овде?
    УбАв ден на сВите :)
     
    На DVAANGELA, cresa-jagoda, Deemy и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.050
    Пол:
    Женски
    Ooooo, aj airlija nova tema ! :party:


    anigif_enhanced-4848-1404506068-54.gif

    Iskreno, 80 % od temive tuka ne mi se otvoreni, mnogu gi ima, ama vakva falese za pomladite.
    Neka se mnozat stranici ispolneti so zabava i ubava konverzacija. (highfive)
     
    На DVAANGELA, Salome, Sunshine.Sunshine и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    33.665
    Пол:
    Машки
    Дoбрo утрo и oд мене! :coffee:
    Кaкo и секoе утрo. Кaфе и музикa зa убaв стaрт нa денoт. Вo хoрoскoп ми пишувa декa Четвртoк ми е среќен ден, пa aјде дa видиме. :lol:

    Еве oд мене еднa песнa. See yo!
     
    На kikkki, DVAANGELA, ceca-1 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    42.349
    Пол:
    Женски
    За вежбањето почна муабет @sofijanoka... без тоа не сум јас. Ме смирува, ми дава енергија, и со секој нов ден поместувам нови граници. Си докажуваш дека можеш уште, можеш подобро. Малку е тешко да влезеш во дневна рутина зашто умот прави замки: намам време, ај утре ќе вежбам дупло, денес некако ме мрзи, ме боли нешто. Ама после две недели секојдневно вежбање, веќе спонтано застануваш на простирка и не можеш без тоа. И пола час е доволно кога немаш време, а реално барем толку можеме сите да најдеме. Ако не можеме ни толку - проблем е.
     
    На DVAANGELA, Jordanovska-K, Eli23 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    16.278
    Пол:
    Женски

    Деновиве од глава не ми излезе песнава.
    Туку ептен мрза сум за вежбанjе, почнав и оставив, ама секогаш сум за добра и долга прошетка.
     
    На DVAANGELA, Sunshine.Sunshine, Deemy и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    7.772
    Добро утро и од мене. Наздравје тема.


    Немам ништо посебно да пишам, само пусти мерак да налепам коментар на првава страна :muscle:
     
    На DVAANGELA, Eli23, LollySky и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    10.273
    Пол:
    Женски
    И јас да ви посакам добро утро. Мило ми е што конечно се отвори темава.:)
    Цел ден ќе го поминам денес над книга, за натпревар државен во сабота. :D:D
     
    На DVAANGELA, LollySky, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.580
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене дечки. :)
    @Lady Phoenix едно големо браво од мене за темата. (y)
     
    На DVAANGELA, Eli23, LollySky и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.349
    Допаѓања:
    33.665
    Пол:
    Машки
    Кoгa сме веќе кaј вежбaњетo. Дoдекa бев првa сменa вo шкoлo убaвo си фaтив ритaмoт, секoј ден пo мaлку. Сегa дoдекa сум втoрa, нaсaбaјле немaм желбa буквaлнo ништo дa прaвaм, oсвен дa лежaм, a кoгa ќе се врaтaм oд шкoлo, мислaм декa oкo дa зaтвoрaм, oдмa ќе зaспијaм. Ич не јa сaкaм втoрaтa сменa, мнoгу ме измoрувa, пoсебнo нa oвие темперaтури. Oд следнaтa сум првa кoнечнo, пa уште oд сегa се дoгoвoривме сo другaркa декa секoј втoр ден oдиме нa кеј. :P
     
    На kikkki, DVAANGELA, Sunshine.Sunshine и 13 други им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    3.556
    Допаѓања:
    87.494
    Пол:
    Женски
    Оооо,тема ко за мене.8-|
    Добро утро.
     
    На sofijanoka, DVAANGELA, mareane и 21 други им се допаѓа ова.