Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    18 глас(а)
    4,2%
  2. 18-25

    259 глас(а)
    60,2%
  3. 26-30

    100 глас(а)
    23,3%
  4. Над 31

    53 глас(а)
    12,3%
  1. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Машки
    Здраво девојки :f:

    Како си го минете времето по дома?

    Јас може да речам за себе си како интроверт дека одлично ја поднесувам изолацијава и единствено што ми фали оваа недела е малку повеќе физичка активност и прошетки. Ќе гледам некако физички да се активирам повеќе од дома и ви благодарам на сите што споделувате вежби и начини како да се активираме. Прошетките за жал не можам да ги надополнам, ама затоа ги уживам благодетите на живеење високо и убав поглед од тераса. Често гледам дневното сонце да го искористам таму и седам со какао, сокче, некогаш во разговор со некој ближен, некогаш е тука Виберот и Месинџерот да ме поврзе со другарите и заедно да го минеме времето. А некогаш, едноставно сакам да се исклучам и час време да поминам само гледајќи во сето мое опкружување и радувајќи се како дрвјата цутат.
    Моите, кои веќе немаат избор и мора да го поминуваат поголемиот дел надвор од домот, посебно татко ми кој е во постојан контакт со повеќе луѓе гледам да ги советувам највеќе што можам и да ги заштитам колку што можам. Дома ги немаме погорните витамини кои ги набројала @theowndemon , ама имаме A-Z витамини, па верувам дека добро ќе му дојдат нему, да?

    Јас гледам да ги избегнам овој период. Минатата година ги пиев и повеќе од доволно па не сакам да вроди со некој контра ефект. Сега гледам да внесувам повеќе свежо овошје, најчесто јаболка, круши, банани, портокали, мандарини и чај од лимон. Имам кажано и претходно дека сум (скоро) вегетаријанец и не јадам месо (многу малку) како и риба и поради тоа сум имал проблем со внес на протеини, посебно од кога јајцата ми се забранети во исхраната. Се трудам да внесувам што повеќе зеленчук богат со истите и некои други продукти, но би ви бил благодарен ако и вие имате некоја сугестија по ова прашање и би ми помогнало за јакнење на имунитетот.

    Драго ми е што сте се распишале и што моите постови ви се нашле од помош на некои од вас. Верувајте, и вашите совети и предлози ги читам со задоволство и некои од нив веќе решив да применам.
    Драго ми е што ги навлеков @theowndemon и @sweet-cherry на Slowly , како и @Blue.Sky уште поодамна. Апликацијата е многу убава и ве навраќа во едно време со својот ретро стил каде што се пишуваа долги писма до непознати другарчиња. Дава одлична можност да запознаете предобри личности од цел свет, анонимно, како и можност да размените контакт со нив покасно, ама убавото е тоа што самата апликација не е irl комуникација, туку за истата се чека со часови во зависност од гео локацијата и колку вашето другарче е оддалечено од вас. Па така за блиското соседство треба да чекате за одговор од пола час до час, па се до 2 дена од Австралија и Океаниа. Ако ништо друго, ќе ве научи како да бидете трпеливи. :D

    Сте збореле горе и за филмови и серии поврзани со епидемии и катастрофи... Сакам да ви предложам една серија која ми ја предложи @MagsDestiny уште кога почна сета оваа епидемија во Кина, и нема да верувате колку само сличности има истата со денешнава ситуација во која се наоѓаме. Се разбира, серијата е сајнс фикшн па вирусот е далеку далеку пострашен од Covid-19 и смртноста од истиот е 100%.
    Малечка е, само една сезона има, мини серија, ќе ја смачкате за еден ден. Серијата се вика CONTAINEMENT.
    Друга оваква која опишува ситуации на тотална катастрофа е и ланската хит серија ЧЕРНОБИЛ која ми е мене една од најдобрите серии на сите времиња. Не за џабе држи толку висок рејтинг и толку беше и сеуште е популарна низ целиот свет. Исто е мини-серија и се смачкува за еден ден. Па ако некој ја испуштил, сега е најпогодно време да ја изгледа. Верувајте ми, имам добар вкус на серии, и се што сум препорачал до сега, било квалитетно и им се допаднало на другата страна. Еве девојките овде може да гарантираат за мојот вкус кога се во прашање серии. Сите ги заразив со OUTLANDER. :P Па они веќе се кажаа за истата овдека постови наназад. Сувишно е било што да надополнам, освен да кажам дека главниот лик е пресекси маж, кој и мене, како стрејт маж ме привлече толку многу што очи не тргнав од него. :D
    Иначе кога веќе ви ја предложив Чернобил, да ви ја предложам и книгата Чернобилска молитва од белоруската писателка Светлана Алексијевиќ. Во план ми е веќе некое време да почнам да ја читам, иако имам започнато неколку други книги и недовршено. Само си ги започнувам и наместо да ги довршам започнувам нови и така ми се трупаат. Не знам 1 книга само да читам. Морам напоредно неколку. Па затоа, сакам да ве прашам дали ја имате прочитано и како ви се допаднала?

    @nextredstyle , Честито мајчинство. Да се живи и здрави мачињата, па сподели слика овдека да ги видиме.

    @pdb123 , Поздрав и до тебе. Драго ми е што ти се свиѓале моите предлози. Мене ми е драго што гледам нови лица во ќошево и нова, свежа енергија. Се читаме и во иднина.

    Имајте убава вечер. :hai:

    И не заборавајте да се чувате.

    Ваш Били.
     
    На Anabelle.Amorette, SeaMermaid, bicycle и 18 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.114
    Допаѓања:
    99.051
    Да, да подобро нешто отколку ништо ама ми се чини во секоја куќа има витамин Ц, напијте се две од 500мг на ден.

    Мотивација за да гледате серијава:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Поентата ми е, серијата има многу уба приказна, ама не ја почнав за приказната. Мислам дека гифчињава зборуваат по себе. Мислам можеа да бидат многу, многу поексплицитни АМА ... форум е. Откривајте сами убавината на оваа серија. И приказната, и сексичов. И мислам дека можите сите да речите ФАЛА на Били зошто се грижи за нашето женско сексуално здравје. Ф а л а Б и л и. Ајде по мене. :D
     
    Последна измена: 19 март 2020
    На Anabelle.Amorette, SeaMermaid, bicycle и 16 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    25.487
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol , @theowndemon
    Фала другови. :l:
    Секако ќе постирам слики чим можам,кога ќе се смилува Килер да ми ги покаже. :^)
    Или кога ќе ѝ текне да ми ги внесе во соба и да ми ги тупоса ко што знае. :rofl::rofl::rofl:
    Били,цар си.Сите нè пазиш да не пукнеме од досада. :hug::hug:
     
    На Anabelle.Amorette, SeaMermaid, bicycle и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    7.008
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки,

    Епа конечно да се решам да пишам. Ве читам редовно ама де не ми е слободен лаптопот, де не ми се случува нешто посебно, па затоа и се откажав од пишување.

    Најпрвин да им честитам на сите кои редеа успеси периодов, мило ми е, честитки.:l::party:
    Гледам @JollyGirl се врати - Welcome back, се надевам си добро.:hug:

    Да не звучам клише, ќе кажам дека периодов ми е океј дома, искрено се чувствувам ко да имам колоквиумска недела бидејќи учам по малку. Сега од понеделник ќе го имаме првото онлајн предавање, а за полагање нешто се збори дека можеби само испити ќе има.:?: Стварно не знам како ќе можат да одржуваат колоквиуми периодов, но ќе чекаме да видиме што ќе соопштат.

    Мене денот ми започнува со пиење чај и спремање на доручек, па пиење кафе на тараса. Преубаво е времето.:$ Потоа ако имам домашна обврска веднаш ја сработувам, а ако не тогаш учам по малку.
    Вежбам и јас Insanity ко мојот workout buddy @Ambitious. Ако сакате онака баш да се размрдате, навистина ви ја препорачувам оваа програма и што е најбитно дава резултати, ова ви го кажува некој кој 5 години вежба по програмава:D.

    Повеќе се фокусирав на цртањето периодов, сакам покомплексни цртежи да почнам, па и портет да научам да цртам.

    Друго, еве ви препорака за онлајн курс - https://www.edx.org/ . Тука на курсов почнав да учам за временските услови, како и зошто настануваат.

    Играм игри и гледам филмови многу. Ако сакате препорака барајте ме;). Серии не гледам, до толку што Чернобил ја влечев два месеци додека ја изгледам цела:rofl:.

    Утре ќе одвојам време за да ја гледам онлајн претставата "Име" од Театар Комедија. Гледајте ја ако имате можност, многу добра претстава.

    @Peperutce1115 ние мислевме за свеж квасец:?:(fingers)

    Толку од мене, имајте пријатна ноќ.:l:
     
    На Anabelle.Amorette, MynameisHelen, JollyGirl и 17 други им се допаѓа ова.
  5. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    15.199
    Пол:
    Женски
    Хелоу дечки :)

    Периодов е навистина незгоден, напнат, стресен. Меѓутоа гледам себеси да се занимавам постојано и да одржам некоја продуктивност. Јас сум навикната дома секако доста да седам, меѓутоа не и со моите повеќето од времето :D Успеав деновиве да средам некои навики, си почнав редовна рутина за skin care сабајле и навечер, косата ја третирам со масла и што не, читам, гледам филмови, вежбам, комуницирам со friends како и редовно по социјални мрежи, можеби малку повеќе видео чатс. Чат пат одам некој круг низ населба да свртам зошто не се издржува, и тоа е тоа во главно. Вести одбегнувам да гледам редовно, не читам по порталите ниту пак тука по темите затоа што не сакам да си набивам анксиозност. Стресот и анксиозноста, напнатоста, водат кон намален имунитет.

    За slowly, прво фала му на @Billy Idol, се распишував периодов и запознав интересни луѓенца од сите краишта. Имаше еден од Романија што беше многу кул и ми пишуваше долги писма, и ме ghost-на бе ;(Сега зборам со еден тип што има мачка што се вика Cherry :D

    Инаку дојдов да пишам во темава за предлог и од мене некои активности ете што мислам дека би биле интересни.

    За вежбање имам две апликации во телефонов што не се многу тешки, а мислам дека ќе бидат ефективни и се погодни за по дома. Едната се вика 30 day butt и е challenge апликација со три степени, со workout buddy-то @Anabelle.Amorette ја правиме. На првиов степен сум до 10 ден стигната, не е премногу тешко, ама на почеток болат мускулите многу:wasntme: Другата апликација се вика Lose belly fat, исто има три степени по 30 дена, само што за разлика од првата во оваа има денови за одмор. Не се премногу напорни вежбите, а се доволно добри за резултати.

    Една од моите омилени активности, не само периодов е слушање на podcasts. Ги има на spotify, castbox(специјална апликација само за тоа) а дел од нив може да се најдат и на youtube. Јас најчесто слушам за мистерии, сериски убијци, некои podcast од омилените јутуберки, sci fi научни. Има огромен избор буквално за се и сешто, дури и за грчка митологија. И додека слушам секогаш си бојам боенки дома, многу ме смирува. Така да ако немате дома боенка, а имате принтер, на pinterest има огромен избор на free coloring books for adults за принтање, пуштете си podcast или музиче и пуштете го мозокот на пасење барем на некое време. Инаку препорака од мене за podcast: Mile higher, what we said и something scary.

    Друга апликација на која што често главам е TED talks, знаете инспиративни научни говори од познати научници, некои инфлуенсери, доктори на науки, буквално секој кој што има да каже нешто значајно. Гледам барем едно на ден да гледам затоа што не се многу долги, а се учи од нив многу. И таму има огромен избор за која тема сакате да гледате, мене од мојата област едно кое што многу ми се допадна и го препорачувам е the future of psychedelic-assisted psychotherapy.

    Ако сте креативни, сакате photo editing, препорака е за правење aesthetic photo collages. Саати можам да поминам во тоа. Некогаш за серии правам, некогаш за некое чувство што го имам, некогаш за мода. Ако немате photoshop, лесно се прават и на picsart. Еве ви туторијал.

    И да не биде постов долгометражен, ќе пишам другиве денови уште некоја идеа ако сакате :D Чувајте се, седете дома и останете смирени. Ќе помине и ова :):hug:
     
    На Anabelle.Amorette, MynameisHelen, SeaMermaid и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    8.070
    Пол:
    Женски
    Ја за време на изолацијава сфатив дека дефинитивно не сум интроверт :!:

    Не дека сум чоек со премногу пријатели, или такви ствари али ова дремењето дома и правење активности сам ич не ми одговара.
    Мислам, супер ми е, ама понекогаш, а не веќе 10 дена истото па истото :|

    Уште пострашно е што немам ниту концентрација ниту мотивација да вежбам или да читам. Се осеќам ко паразит. Се надевам ќе се навикнам. Стварно сум ви љубоморна на вас што ви е удобно вака. :(
     
    На Anabelle.Amorette, MynameisHelen, Elf и 20 други им се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    674
    Е па ај, гледам дека сите сакате да вежбате (баш би сакала да можев и јас ;(), па ќе ви кажам за Cassey со која вежбав и порано, а и прва прилика кога ќе можам да вежбам, планирам пак да ѝ се вратам (fingers).

    Пред едно 4 години ја открив Cassey Ho, која има јутјуб канал кој се вика blogilates и е еден од најпознатите фитнес јутјуб канали. Нејзиниот „фах“ е popilates, односно таа предава пилатес во ритамот на музиката. Сега, не знам, не сум била никогаш на пилатес час, ама претпоставувам дека повеќето пилатес часови се водат бавно, во сличен ритам на јога. Вака размислувам бидејќи Кеси имаше видео каде кажа дека кога го започнала каналот во 2009, била многу критикувана од останатите инструктори, затоа што пилатесот требало да е „бавен“ :^).

    Како и да е, има доста класични вежби кои ги имав сретнато и порано, а не сум знаела дека потекнуваат од пилатес. Мнозинството од видеа се без дополнителна опрема, значи и пред 2-3 години кога вежбав поинтензивно, си вежбав дома. Исто така, ако ви е лесно, секогаш можете да ги модифицирате вежбите и да ги направите потешки со додавање на тежина. Има доста разновидни видеа, од класични до challenges или серии, до видеа што вклучуваат малку танцување (poolparty).

    Во пилатесот, во центар се става „the core“ (како би рекле: срцевината, с'ржта?), сè што се наоѓа во радус од папокот, т.е. стомачните и мускулите на долната половина од грбот. И морам да кажам дека дефинитивно најдобрите и најтешките видеа ѝ се оние за стомачни мускули. А и за тие што се плашите од мускулите, пилатесот е спорт кој ги издолжува мускулите, исто како што тоа го прави танцот :dance:.

    Причината зошто многу ми се допаѓа Кеси е тоа што не морам да правам никакви планови, да истражувам и одбирам видеа и слично, а ќе ви кажам и зошто. Уште од поодамна си има сопствена веб страна (https://www.blogilates.com/), која воедно ѝ е и блог. Таму има и 30-дневни предизвици (дури и за тегнење, т.е. за зголемување на флексибилноста), ама исто така и секој месец без исклучок прави календар каде што буквално секој ден ти се одбрани кои видеа да ги вежбаш (вкупно фаќаат нешто помалку од 1 час). Единствено треба да се регистрираш (бесплатно е, прелесно е, само имејл адреса и nickname ви треба) :nod:.

    Е сега, морам малку disclaimer, свесна сум дека можеби за некого Кеси и нејзиниот канал ќе бидат малку „girly“ и Кеси зборува многу, ама дајте ѝ шанса. Зборува многу за да ви го одвлече вниманието од болката што ја чувствувате (и ќе се прашувате како воопшто може толку да зборува во тој момент :whew:), а некогаш зборува за прифаќање и развивање на позитивен однос кон своето тело. Самата таа цел живот се борела со body image и навистина, нема класично „фитнес-инструкторско“ тело, ама има многу силни мускули (ќе видите ако вежбате) и тоа ја прави истовремено и многу поrelatable.

    Можеби требаше да го напишам постот во фитнес, ама некако мислам дека тука повеќе ќе ме прочитате :rofl:.
     
    Последна измена: 19 март 2020
    На Dayanna, WarriorMind, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Xana1318

    Xana1318 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Епа хелло и од мене
    Со ова што го направија
    Да ти е страв да излагаш од дома
    До душа и во право се
    Можам да замислам шо ќе биде со македонија ако зеде голем замав короништево
    За разлика од др држави само недај боже
    Само седење јадење лежење
    Има да се изназборуваме за тоа како со седење дома го спасувавме човештвото
    И онака е мн нервозно
    Мене ми е за вас не знам
    Ама морав да се изнапишам
    Пошо ќе пукнам веќе
     
    На WarriorMind, Briar Rose, SeaMermaid и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    6.273
    Пол:
    Женски
    Ве читам со пуканки до мене. Се спремам да гледам еден филм и да видам пред тоа овде што има. :)
    Си нарачав едни патики од една страна. Стартки се, одамна барав такви и ги најдов. Црвени по боја.

    Црвена ми е омилена боја. Затоа сакам да е се што одбирам на црвенкасто.
    И црвена ми е косата фарбана. :D

    Ајде позз сега кратко.
     
    На WarriorMind, sweet-cherry, Briar Rose и 11 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.114
    Допаѓања:
    99.051
    Ќе те цитирав уште вчера ама еееептен мака ми беше. Блогилатес е одлична и на сите ви ја препорачувам од срце! Башка сега ради "карантински" живот има направено нов предизвик од 14 дена. Впрочем, ми се чини сите фитнес канали имаат свој 14 дневен предизвик ради ситуацијата.
    Screenshot_2020-03-20-10-26-11-407_com.google.android.youtube.jpg Screenshot_2020-03-20-10-26-27-659_com.google.android.youtube.jpg
    Инаку и за мој вкус збора многу и јас обично вака по листа на вежби вежбам ама неа си ја гледам како вежба да знам шо да скубнам. Сериозно предобра е.
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, nextredstyle и 13 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    38.522
    Добар ден:sun:

    Станав пред саат време, влегов под туш, го испив првото кафе набрзина и спремив доручек. Чекам да ,,дојде'' сонцево на тераса за да си се преместам заедно со лаптопов. Контакт со луѓе не ми е потребен ама сончева светлина ми е потребна и те како :) Мислам дека инстантно се полнам со енергија и волја за живот. Правам фотосинтеза:lol:
    Така што, тие што се чувствувате малку безволно деновиве, ви препорачувам ПОД ИТНО да излезете малку во двор/тераса (ако ви е страв да шетате, за сами зборувам, нормално:lol:) и да впиете некој сончев зрак. Природата се разбуди, почнува да цвета се' и жално е да сме затворени само меѓу четири ѕида.

    Инаку, само јас изгледа останав да не вежбам периодов :D Ама јас отсекогаш сум си мразела спорт, никој жив не може да ме натера. :) Среќа голема имам што не ми се одразува на килажата, деновиве откако не одам на работа сум симнала две кила пак:tmi: Изгледа од напнатост и стрес... Од денеска не уклучувам телевизор и не гледам никакви вести, нека биде што биде:D

    Јас се фрлам на работа и на сончање8)8-|
    Убав ден на сите:l: Stay happy:f:

    [​IMG]
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, MynameisHelen и 18 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    5.299
    Пол:
    Женски
    Хаааааааај :sun:

    Back in game.:makeup:
    Конечно ги наполнив батериите после труењето и настинката, толку многу енергија имам во себе што ми дојде да исчистам цела куќа.:D
    Е сега поради ситуацијава со короната, ортодонтката мораше да ми го откаже прегледот па јас морам во устата да се борам со жиците што ме бодат.:envy: Уште тоа ми фалеше, ама херојски ќе издржам.:muscle:

    Еве синко се лижи на кревет, во сите пози, најаден, напиен. Кој е како моиве мачори деновиве ? Добиваат се што сакаат и колку сакаат.
    @theowndemon дали се слушаме? како се твоите деца? Пес како е? :D

    Конечно ми се врати и апетитот, ќе изедам се што има дома...

    @pdb123 дарлинг, не знам уште што не ставив во уста пред да се разболам, преживар, јади бутај, гнети и после плачеме. :D

    Во следна прилика ќе пишувам повеќе.

    Cheers :beer::d:

    A и да @JollyGirl дарлинг, добредојде и овде.(poolparty):hug:
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, nextredstyle и 15 други им се допаѓа ова.
  13. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    11.828
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :D

    Се надевам дека сте добри, здрави и живи. Луѓе, дојде еден период каде што животот ни е ставен на stand by. Вирусот вака или онака, покрај загрозување на здравјето, ќе донесе и економска криза. Нема да ширам негативности. Само сакам да кажам дека како човек што не може да седи мирен, веќе активно се вклучува во изнаоѓање мерки кои ќе значат полесно надминување на состојбата, економски и правно. Специјалност :rofl:

    Инаку по дома. Почитувам изолација и се трудам да бидам максимално продуктивна. Имам обврски за на факултет, читам повеќе, гледам серии, филмови. Конечно време да се видам со моите :inlove: На балкон сум скоро цел ден, бидејќи пролетта се буди, и убаво е да се ужива во глетката и да се искористи сонцето :sun: На моменти се чувствувам и лошо. Ми недостигаат некои работи и личности. Ми недостига поглед, насмевка. Не можам да го издржам овој ураган во кој се вплеткавме. Кај срцето стега болка понекогаш, обично навечер пред да заспијам. Потсетува дека не е заборавено.

    И така, малку горе, малку долу, животот за време на пандемија. Бидете сигурни, среќни, ќе заврши и ова.

    Тема за дискусија: Егзотични дестинации...На која би сакале да отпатувате? Споделете впечатоци на некоја на која сте биле.
    Јас ќе споделам во наредниот пост.

    Имајте убав ден :hug:
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, marchi-cool и 19 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.114
    Допаѓања:
    99.051
    Синко малку немирен, мислам дека не ги сака пократките прошетки па морам со него нахнадно да играм в двор. Вечерва се што нашол изгризал и растурил па утрово морав по него да чистам. Адолфка на мајка најубата најстара, трудна ни е пак, колку е мила. Во глобала така со деците. Ахахаха.
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, Stephen Amell и 12 други им се допаѓа ова.
  15. simonna.a

    simonna.a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Карантин ден 11
    Порачав пица и ми дадоа Пела Роса гратис.Браво дечки(y)
    После се врлив на балкон и се глупирав,доказ?(n)
    IMG_20200320_135541_736.jpg
    После уклучив долго месечното паузираното дуолинго и си научив нешто ново турски и повторив шпански.
    Останете позитивни и смирени,
    #СедиСиДома #СлушајГоФилипче
    Со Верка сме здрави и дома седиме,подоцна можеби ќе учиме за факс или филм ќе гледаме,или двете работи.
    Љубениот такоџе како мене почнува да забегва од карантинов:rofl:
    Секако вечер Пријатели ќе ги гледаме јас и Верка(highfive)
    Ве сакаме(heidy)
     
    На WarriorMind, Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.048
    Допаѓања:
    102.417
    Пол:
    Женски
    Здраво :sun:
    Како сте ми?
    FB_IMG_1584720946046.jpg

    Денов лудило. Седам дома и па успеа да се деси шпанска серија 8-|. Да му помогнам на другар нешто, ме заплетка у глупости. Ама добро средив на крај...
    За памет за другпат ќе ми е ова. И стварно детска глупост беше. Причини зашо избегнувам луѓе е ова. Само драми и драми. :D
    Малку се разочарав од некого, таман а пофалам, се прикажува нешто друго ама ај. Веќе сум навикната на такви ситуации, па нема да замерам. :emo:

    Имам пак една задача што ни пратија дека треба да ја правиме и треба да ја почнам ама ич не ми се седнува да почнам. Ај ќе се убедам до после се надевам. :D

    Со денови излегувам само до тераса и сум единствена дома шо толку почитува правила за седење дома и не и смета дека е дома. Сега ми се восхитуваат што со години сум тренирала за оваа ситуација. :D Ете доказ колку досаден живот имав и пред карантинот. 8-|

    После ќе вежбам, тоа ми стана најинтересна активност у денот. Мило ми е што пак едвај чекам да вежбам. :sun: Сега ако не си го вратам телото, никад нема. :D
    Баш и видов 2 личности што ги знам колку ослабеле и колку се задоволни што и мене ми дојде мотивација. И мајка ми мо се приклучи, заедно да сме биле на диета, па ајде баш да видиме. :D

    Ми се патува некаде многу. Ми пропадна планот за месец април, тоа е. Само летово се надевам ќе може да се оди некаде... Само да не се затрупам со сесии и учење и ништо да не испадне... Првпат би било тоа во живот лето да не отидам некаде...
    Тоа ми е издувен вентил од се, цела година живеам за одморот на плажа... :| Што е тоа е, ќе се прилагодиме на се...

    До следно читање. :hug:
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, MrenaRiba и 17 други им се допаѓа ова.
  17. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки :D

    Денеска сум посебно расположена, одма ќе се пофалам! :!:
    Конечно после 2 недели си го вратив цвеќето во живот! :f:
    Овена жалното, не знам зашо, изгледа дека еднаш во денот го вадев. Сега фали уште лисјата да се обноват и преубаво ќе е :D

    20200320_174335.jpg
     
    На Sweetlove_0312, Anabelle.Amorette, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.
  18. MynameisHelen

    MynameisHelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    3.436
    Пол:
    Женски
    Ај добра вечер :)

    Од првичниот обид да ви пишам вчера, па синоќа, испадна да ви пишам сега :)

    Денеска беше убав ден. Воглавно се обидував да си наоѓам занимации за да пројде времето.
    Потрошив доста време во кујна, а и искористив ситуација и да се наспијам, зашто деновиве не ми се сите овци на број.

    И мене како и на сите вас ми е стресен периодов. Ниту јас не сум интроверт, иако уживам да поминувам време сама со себеси и дефинитивно ми треба одмор ако подолго време сум во/со гужви.
    Јас веќе имав еден таков период уште пред ситуацијава кај што си се изолирав малку и тоа траеше месец, два. Па затоа сега малку потешко ми паѓа зашто испадна како дупли одмор, што почнува да станува напорен, ама ако. Дупло повеќе сила и фокус на себеси :)

    Не ве исчитав убаво сите, ќе почнам после постираново. Нешто така површно разлистав, и ме фати мерак за да пишам кога видов дека сите сте постирале.

    Јас инаку зборувам неколку јазици, предавам исто така неколку.
    Два познавам како македонскиот, а другите три ми се Б2 ниво. Ако некој сака и ако му е здодевно, можам да ве поднаучам. :)

    Кога и да ја отворам темата за некаква храна се збори :D Дали е до мене не знам, оти знаете како викаат, на секого му се слуша/гледа тоа што го сака :D

    Омилено јадење е едно од најтешките прашања што може да ми ги постави човек, ама факт е дека без месо и млечни производи не можам. Исто како и без чоколадо.
    Ама ако морам да бирам, дефинитивно би биле некакви тестенини со некој кремаст сос и повеќе видови сирења :D

    Ми се допадна прашањево над мене, за егзотична дестинација :D
    Островчиња што сакам да ги посетам имам доста.
    Но.

    Отсекогаш сум сакала да посетам некоја јужноамериканска држава, да одам на вечерни собиранки со храна и да танцувам до зори.
    Порано и сама си организирав, кога живеев сама. Спремав храна и си канев гости и си правевме латино забави. Имам и другари танчери и се имаше случено, една група си седи и си мезе, а друга група танцува во дневната соба. Ептен беше интересно.
    На два пати дури се погоди да имам гости од Чиле и Аргентина.
    Ама тие па не знаеја да играат (facepalm)

    Сум била и во Португалија и тоа на фестивалот Sao Joao, ама друштвото не ми беше погодено и наместо да одиме на забава ние седевме дома. :|

    Да бев тогаш со овој ум, ќе заминев и сама, ама такви беа околностите, а и немаше смисла зашто не беше баш најбезбедно.

    Ви посакувам убава вечер дечки, убаво проаѓајте си ја.
    Јас ќе одам да го ѕирнам благото дали се стегна. Пак си направив Твикс.

    Ве поздравувам. :f:
     
    На Purplelilac, Sweetlove_0312, SeaMermaid и 15 други им се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    674
    Hola, луѓе :D

    Не знам што ми текна вечерва, си размислувам за фотографирање. Уште откако станав свесна за сопствениот изглед на слики (да речеме, некаде меѓу 5-то и 8-мо одделение), смрт ми беше да се сликам. Никако не ми се допаѓаше како излегувам на слики. В огледало гледам едно, на слика скроз друго :@. Јас сум од оние луѓе што треба да направат 100 пати по 100 слики за да одберат една слика на која ќе се допаднат :(. Профилната на фејсбук ја менувам еднаш годишно, инстаграм не ни имав до пред 1 година, а и имам 2 слики од мене.

    Не анализирав многу-многу што е „проблемот“, сè додека пред 2-3 години не ми текна да побарам зошто некои луѓе се нефотогенични. Одговорот беше дека на 2Д слика се истакнуваат сите несовршености на лицето, додека во живо, т.е. во 3Д мозокот не може толку брзо да ги перцепира тие работи, па се понезабележливи (освен ако не е нешто апла истакнато).

    И застанав, се гледам, се гледам, не можам да заклучам што е „несовршеноста“ кај мене 8-|. По некое време, кога носев наочари за сонце, забележав дека секојпат кога се смеам, со десниот образ ги допирам наочарите, а со левиот не. И така заклучив дека всушност десниот образ ми е „понапумпан“, т.е. подебел, а левиот „поспласнат“, т.е. послаб. Знаев дека секојпат кога се гледам во профил лево и десно сум различна, ама никако да сфатам кај е разликата. Ете, конечно открив зошто левата страна од лицето ми е „поубава“ и зошто кога се смеам устата ми се растегнува повеќе на левата страна, бидејќи има помалку „мевце“ кое ќе ја кочи :D.

    Е сега, зошто пишувам за ова кога го знам уште од порано? Е па, денес открив зошто сликањето „en face“ е лош агол за мене. Ете, разликата во дебелината на образите не се гледа, ама секогаш чудно сум изгледала во пределот околу устата. Да, брадата ми е исто така мааааааааааааааалку подолга на десната страна, ама тоа не ја објаснува „чудната“ уста. И денес ја сликав одблиску и конечно сфатив што е финтата.

    IMG_20200320_212129.jpg
    П.С. Ако се гледа од подалеку поубаво се забележува, одблиску изгледа поок :P

    Имено, устата ми е исто така крајно несиметрична, распределбата на масти е очигледно дијагонално поставена :rofl:. И сега некој ќе рече: „Еурека! Ти требале 24,5 години да сфатиш нешто толку просто!“, ама пак ќе кажам, воопшто не сум помислувала или размислувала на оваа тема. Едноставно си имав прифатено дека само во една поза изгледам somewhat убаво и тоа е тоа. И така не се сликам често, не си ги анализирам сликите и не се гледам блиску во огледало, а и кога се гледам, тоа е додека се шминкам, па фокусот не ми оди во таа насока :D.

    Што се однесува до тоа каде би сакала да одам, па, не знам за егзотични дестинации, ама би сакала да ги посетам Шпанија, Португалија, Јужна Америка, Кина (am I allowed to say that now :lol:?) и Јапонија. Сè некако повеќе размислувам за вакви дестинации, бидејќи иако се скапи (барем тие на другите континенти), пак мислам дека би ми биле парично подостижни (а со тоа и поверојатно да ги посетам во животот), отколку некои ептен егзотични острови или плажи :?:.

    Се надевам дека прашањата кои ќе ви ги поставам нема да се сфатени како негативни и дека се чисто информативни, без цел некој да се разочарува или депримира, бидејќи сите сме свесни дека никој не е совршен и it's no big deal :nod::

    1. Дали сметате дека сте фотогенични?
    2. Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?
    3. Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?


    За ова последното, мене конкретно, најмногу ми се допаѓаат лица во стилот на Dua Lipa, Hilary Duff, Shakira, Avril Lavigne, Ariana Grande, Cheryl Cole, Rihanna, Emma Watson, Alicia Keys, Vanessa Hudgens, Jennifer Lopez, Angelina Jolie, Charlize Theron, Margot Robbie... Ми се допаѓаат поголеми очи, подолга и подебела уста, среден нос (не тенок, не дебел, не чпртав и не кукаст) и генерално тркалезно лице (што е можно поеднакво во должина и ширина) :).

    П.С.:
    @Dream-Girl, во претходниот пост како животот да ми го опиша; учење исклучиво под притисок и во последен момент, со што е можно помалку спиење, и овие 2 седмици секој ден демек ќе станам порано, ама кога ќе си легнеш во 4, тешко да ќе станеш во 9 и пол ;(.
    @theowndemon, често пишувам и од мобилен и таму не покажува, па доста доцна ти го прочитав потписот; јас не знам дали постои исказ со кој повеќе сум се relate-нала во животот :rofl:.
     
    Последна измена: 20 март 2020
    На Sweetlove_0312, SeaMermaid, Ambitious и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.048
    Допаѓања:
    102.417
    Пол:
    Женски
    Пак јас. :D
    Досадно ми е, нешто учев, со брат ми се дружевме, си легна и ај малце да шкртнам нешто викам.

    Егзотични дестинации...На која би сакале да отпатувате? Споделете впечатоци на некоја на која сте биле.

    - Сакам на сите. Кај ми се укаже прилика таму. Сакам на Хаваи, Малдиви, Бали, Бора Бора... Не сум била за жал на овие дестинации... Се надевам во иднина. :)

    Дали сметате дека сте фотогенични?

    - Мислам дека да. Бар сите викаат дека убаво искачам на слики. Речиси секаде се свиѓам. Често пати ми имаат речено дека имам лице за модел. Ко мала имав и понуда за реклама да снимам и за манекенство ама моите ја одбиле. Којзнае може сега немаше да студирам медицина и да не бидам фит, ќе бев манекенка, ќе си рекламирав работи и ќе бев фит. Више срече у други живот. :D

    2. Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?

    - Мм, не знам... Целулит, стрии? :D На плажа само ми ги гледаат. :rofl:
    Сметам дека само телото ми е несовршено, на лик и немам баш некои неправилности... Баланс. :D Добро и забите не ми се совршени, ете. :) Не сакам да сум премногу критична кон себе, а и откако сум со дм се осеќам убава искрено, постојано ме опсипува со комплименти. Битно него да сум му убава, па така сум си супер и на себеси. :D:$ Ова ли му го прави љубовта на човекот? :) Ама да посамоуверена сум за разлика од порано ко помала кога бев.

    3. Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?

    - Правилни црти и природна убавина. Нежни луѓе со бел тен, светли веѓи и коса... Не ми е битна големината на очите или носот, устата ама онака да имаат убав правилен изглед.
    Една глумица од 20тиот век ми е пример за природна убавина и убав изглед за мое око. Многу ми имаат речено дека личиме ама не ми е убава ради тоа, онака убава ми беше кога го гледав филмот и баш по другарки го пофалив филмот и глумците, колку биле порано природно убави луѓето. Сите го изгледаа и ми рекоа дека главната глумица на мене им личела... Можно е, штознам... И на форумов кога ставив слика од најубави личности во светот ми рекоа сме си подзаликувале. :$ I will take that as a compliment... :$
    Adrienne La Russa
    800full-adrienne-larussa.jpg

    508729394 (1).jpg
    Monica Bellucci исто ми е пример за жена како сакам да изгледам кога ќе бидам во 5тата деценија од животот. За неа не сум информирана дали има правено корекции, но изгледа убаво. :)
    monica.jpg

    Интересни теми. Ми се допаднаа.

    Еве една од мене.
    Дали играте друштвени игри и кои?
    - Мене омилени ми се јамб, не лути се човече и сите видови игри со карти. Од мала картаџика бев. :D:D
    Така ме викаше дедо ми дека цело време го замарав кога ќе одев на гости да играме карти. :D:D:D

    Ајде доста се изнапишав. :lol:
     
    Последна измена: 21 март 2020
    На Sweetlove_0312, SeaMermaid, Ambitious и 16 други им се допаѓа ова.