Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    18 глас(а)
    4,2%
  2. 18-25

    259 глас(а)
    60,2%
  3. 26-30

    100 глас(а)
    23,3%
  4. Над 31

    53 глас(а)
    12,3%
  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    38.525
    Добар ден:sun:

    Како сте ми? АЈде кој е за милкшејк:l::wasntme:

    [​IMG]

    Ако нешто сфатив деновиве, тоа е дека ништо, ама баш ништо не го заменува вистинскиот, реален човечки контакт. Никаква онлајн платформа:) Привремено може да биде океј, но дефинитивно не е нешто што треба да продолжи да се практикува во нормални околности. Наречете ме старомодна ако треба :tmi:

    Што мислите вие? Дали виртуелниот контакт може да се спореди со реалниот?

    А за другиве прашања, сега следат одговори:)

    Дали играте друштвени игри и кои?

    Порано играв и карти, и монопол, и Не лути се... Таа ја играв и онлајн кога бев во средно, цело друштво играше Лудо секое попладне. Сега ништо од тоа. Не сум некој голем обожавател.

    Егзотични дестинации...На која би сакале да отпатувате? Споделете впечатоци на некоја на која сте биле

    Не сум била на егзотични дестинации. Сум ги посетила скоро сите грчки острови ама знам дека тоа не се рачуна. Иако не сум некоја што обожава да патува, би патувала (а и би живеела) секаде каде што е вечно лето... или пролет. Само да нема зима, снегови. Да можам секој ден да го започнам со прошетка покррај море, топли сончеви зраци и кафе и појадок на плажа. :sun:

    Вториот дел од интервјуто следува малку подоцна. Морам да се фрлам на работа:D
    Убав ден на сите:sun::sun::sun:
     
    На WarriorMind, sweet-cherry, Peperutce1115 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    2.946
    Допаѓања:
    25.490
    Пол:
    Женски
    Здраво,девојки(и почесната Билјана). :rofl::rofl:
    Килер моја се смилува да ги спушти мачињата.И реши да ги скрие во едниот ходник позади еден килим и тракатанци.Сега останува да се убедуваме да ми ги покаже.Е,знаејќи ја мачкицата,ќе попушти за 2-3 дена.
    И после некое време,ќе ми ги тупоса ставајќи ја фацата "they are your problem now",ко што знае итрицата.
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    1.Виртуелниот контакт не може да се спореди со реалниот,ама во ситуацијава е единствено чаре за човек да не полуди.
    2.Да,играм Не Лути Се Човече,Монопол и Таблонет,ама почесто сама ги играм оние кои се достапни во компјутер и/или онлајн,а од нив најчесто Солитер.
    3.Не мора да се егзотични дестинации,ама би сакала во иднина да имам можност да мрднам од Скопјево,макар и на 2 дена само.
     
    На WarriorMind, sweet-cherry, Peperutce1115 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    5.303
    Пол:
    Женски
    Добар ден ќошенце :sun:

    Гледам сте поставувале прашања па ќе одговорам следен пат.:)
    Јас денес малку подобра, уште се лекувам, ама добро е.

    Се слушнав и со родителите и тие се добро.
    Денес е роденден на мојот дедо.
    Вчера му испратив подарок по мојот братучед а денес му честитав и телефонски.:party:

    Изгледа дека денес не можам да спијам.
    Таман ќе потонам во сон или еден од синковци ќе бара храна или ќе звони телефон. |(

    На тв има убави филмчиња па сега ќе го гледам стариот добар Џуно. 8) Го гледав предмалку и Мис Даутфаер, умирам од смеење секогаш кога го гледам тој филм но Робин Вилијамс ми недостига како актер бидејќи ми беше еден од омилените.

    Што да ви кажам друго освен :hai:
     
    На WarriorMind, Anabelle.Amorette, ku4ence и 14 други им се допаѓа ова.
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.361
    Допаѓања:
    12.101
    Обично не пишувам многу, ама твојот пост баш ме испровоцира. :D
    Ова е грешката што сите ја правиме.
    Без оглед на тоа дали е слика на Шакира, Џеј Ло, Ријана или не знам таму кој, ако фатиш да анализираш, сите имаат мани.
    Несиметричноста е нормална. Двете раце да си ги споредиш, па не ти се исти. Не знам дали имаш видено слики што ги фотошопирал некој да една половина на лицето ја преслика и на другата страна. Многу полошо изгледа кога е се под конец и симетрично. Дури, чудно.
    Ако сакам, и запнам и на најубавата моделка ќе и најдам нешто што „не е убаво“.

    Верувам дека кога гледаш слики од нив, не гледаш слики без шминка, сликани во HD резолуција, од сите агли, без никакви фотошоп измазнувања.
    Впрочем, сигурно не ни обрнуваш толку внимание на нивните лица и дали тие се или не се симетрични.

    Затоа, чил аут, и не дозволувај тие мисли да ти ја уништат сликата за себе.

    Јас сум човек што верува дека сите луѓе се убави на свој начин, и пробувам да ги гледам сите како такви.
    Крај краева, сите имаме работи што ги сакаме/не сакаме на нас. Тоа не прави луѓе, а не кукли или роботи.
     
    На sierra, WarriorMind, Anabelle.Amorette и 11 други им се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    676
    Грешно ме сфати, не мислев дека некој е совршен и знам дека сите сме несиметрични, кој повеќе, кој помалку, а сум и многу свесна дека скоро и да не постои слика од познати, па и од обични луѓе, која не е фотошопирана или без филтри. Далеку од тоа да се споредувам со било кој, едноставно сите имаат различни преференци, различна претстава за убавина, па затоа и прашав од тој аспект. А тоа дека кај секого може да се најде и убавина и маана целосно се согласувам :).

    Не се потресувам воопшто за тоа, едноставно од информативен карактер сакав да знам, исто како што си ги анализираме некогаш сопствените карактерни маани. Не се оптеретувам, ниту пак би постигнала нешто со тоа, туку го прифаќам како факт, исто како што некој прифаќа дека е почувствителен, интроверт или екстроверт, појак или послаб во математика или јазици итн.

    Во таа насока ми одеше муабетот, затоа и нагласив дека целта на прашањата не ми е некој да се разочара или да биде депримиран. На еден начин, како што спомнуваш, прашањето ми беше што не ви се допаѓа во вашиот физички излед, само баш заради ова што ми го напиша, не сакав да биде сфатено на тој начин, бидејќи нема потреба.

    Не е наменето да создава омраза кај себеси и мислам дека не изразив никаде дека „не чинам како човек“ дека сум заприметила каде и во што сум несиметрична, туку само дека сум свесна за тоа и знам нешто повеќе за себеси, макар е од физички аспект :nod:.

    Се надевам дека ме сфати што сакав да кажам со постот :).
     
    На bicycle, Anabelle.Amorette, sweet-cherry и 8 други им се допаѓа ова.
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    715
    Допаѓања:
    5.752
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :l:
    Денес не сум во расположение да пишувам. Дилитнав и фејсбук јер премногу работи на куп, премногу информации а ми треба мир...
    Туку, предложете некоја игра за луфтирање мозок, ја симнав онаа за боење ама ме напна дека нора по бројки да боиш некако не ти дава слобода па ја тргнав, а не сум била никогаш по игри сега сакам да можам мозоков да си го излуфтирам.
    Медитација и слични техники само одкако брат ми ке заспие во спротивно немам баш мир од него што е и нормално за 9г дете...
    Убава ми е аплилацијата slowly да ви ја пофалам :sun:
     
    На Brunhilde, bicycle, Blue.Sky и 13 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    38.525
    Добро вечер:*:

    Јас денеска сум многу вредна:tmi: Чистев малку, па бирото го средував и ја средив и терасата после тоа. Работев и пред компјутер неколку часа. Ама компензирав и со физичката активност (чистење:lol:) од претходно. Знам дека не е вежбање ама и тоа се брои. Битно да немам болки во грбот, што се' почесто ми се случува откако го поминувам поголем дел од денот пред компјутер.

    Дали сметате дека сте фотогенични?

    Не сум, и тоа воопшто. Ретко, многу ретко да имам некоја слика на која навистина си се допаѓам. Имам слушнато дека нефотогеничните луѓе се убави во живо^_^ па со тоа си се тешам. Нема врска, знам. Ама се фрустрирам некогаш кога ќе се сликам 30 пати, а успешна ми е едвај една слика.

    Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?

    Доста сум слабичка, но тоа може да е и повеќе предност отколку недостаток, зависи од која гледна точка.
    Имам криви заби, иако пред да ја носам фиксната ми беа ептен криви, сега се подобри. Но, далеку од идеални.

    Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?
    Не знам да дадам точни примери ама ми се допаѓаат жени со природен изглед, не мора да важат за класично убави. Преферирам помалку шминка, светол нежен тен и чиста кожа, бојата на очите не ми е воопшто важна. Не сакам ,,напумпани'' усти. Преферирам потенки усни ако треба да сум искрена.

    Отидов да продолжам со работа:rock: Убава вечер на сите:hug:
     
    На MynameisHelen, Brunhilde, bicycle и 15 други им се допаѓа ова.
  8. simonna.a

    simonna.a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    18.667
    Пол:
    Женски
    Карантин ден 12
    Станав во 6 и 10 и се чудам шо е она вертикално светло на ѕидо до сликата?
    И така 1 минута зјапам нерасонета и се чудам,после ми светна дека то било одраз на сонцето.И се вратив да спијам. Ко гојдо оптегнато до 3 сато спиев.
    И наместо доручек-ручек.
    После си почнав со дипломската,6 страни преведив од материјалите шо ми се на англиски.Абе за на Оксфорд сум не овдеќи:rofl:
    После квиско на РТС свртив,со љубенио се забавувавме преку инста за да не забегаме заради ситуацијава.
    Иначе дечки од Битолата,да ве прашам...
    Го сетивте земјотресо сабајлето?
    Јас ко рипнав и одам кај балконо си реков леле овие несалам се,се фрли некој се џитна и барам глеам долу нема чоек.После ми текна земјотрес е бе ула,кој ќе се фрли стари луѓе имаш во влезо:fubar:
    Па со другарките споделвавме спомени преку слики и видеа од архивата на месинџер.Останете позитивни!
    #СЕДИСИДОМА
    #СлушајГоФилипче
    (heidy)
     
    На *Amethyst*, pdb123, theowndemon и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    6.273
    Пол:
    Женски
    Хелоууу! :l:



    Дали сметате дека сте фотогенични?

    Само кога сум нашминкана и дотерана :makeup: . А кога не сум не ми се сакам воопшто. Не сум тогаш фотогенична.

    Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?

    Да. Имам големо чело и ми викаат да носам шишки ама јас одамна не ги носам дека ми правеа мозолчиња на челото и несакав повеќе да ги чувам, а гледам сега се модерни. Подобро ќе беше мало чело.




    Еве некои мои омилени песни на кои сега се потсетив да ги слушам.


     
    На Ambitious, *Amethyst*, pdb123 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    15.445
    Добровечер младино.

    Слободно време на располагање. Денес и помагав на мајка во чистењето. Генераралка правевме. Се сме дезинфицирале, се сме исчистиле. Малку учев, ама од понеделник планирам поинтензивно. Ќе спремам испити, со оглед на тоа што не знам воопшто што ќе се случи со колоквиумските.

    Ништо немам да се пофалам. Да одговорам на некое прашање :).

    Дали сметате дека сте фотогенични?
    Не сметам дека сум фотогенична. Реалноста е таа. Кога сум со намера да се сликам, зад "убавото селфи" на инстаграм постојат многу неуспешни обиди за селфи претходно :D. Од друга страна, најубавите слики ми се направени случајно. Ама некогаш, кога не те сака камерата, не те сака. И тоа е тоа |(.

    Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?
    Вишокот на кг кој јас си го гледам а другите не го забележувале. Како да не |(. Друга несовршеност ми се прстите на стапалата :(. Воопшто не си го сакам палецот, бидејќи ми е поголем од показалецот :tmi:. Ретко носам сандали и било какви други отворени чевли. Комплекс ми е тоа искрено :(. Стрии? Нема потреба тоа да го коментирам, секоја жена и девојка сигурно се соочила со ваков проблем. Стриите се одраз на нагло растегнување на кожата, што е особено интензивно во периодот на пубертетот, како резултат на брзиот раст и развој. Ако не сте се соочиле, жалам, ама ќе се соочите ;).

    Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?
    За мене идеални особини на лицето се широка насмевка и сјај во очите. И ништо друго. Искрените емоции и најружниот човек го прават да биде поубав.

    Поздрав голем :l:.
     
    На Ambitious, *Amethyst*, pdb123 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.114
    Допаѓања:
    99.057
    1. Дали сметате дека сте фотогенични?
    - Сакам да вервам дека да. :D Имам доста убај слики, без прееемногу напор.

    2. Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?
    - Од каде да почнам ... носот ми е голем, едниот капак на окото ми е паднат, кога се шминкав некни забележав дека на горната уста средината не ми е баш в средина. Имам вишок килограми и едната цицка ми благо нагоре, другата надолу пошто ако има линија за кога цицка е мала, и кога почнува да е нормална, е едната ми енад граница, едната под. Знам дека не треба да се исти, ама нека бидат различни над или под таа линија.

    3. Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?
    Сакам големи усни и големи ама закосени очи, кога гледам жена. Кај маж оштар jawline кога би го допрел крв да ти протечи на прстот.
     
    На nextredstyle, bicycle, Ambitious и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.277
    Допаѓања:
    45.353
    Пол:
    Женски
    Здраво ќоше.

    Имав недела која психички ме истошти. И ме промени. На полошо. Сега додека да се составам и вратам во нормала...
    Добро е што барем на работа одам во овој период, оти ќе збеснев ако не одев. Ќе излезам сега малку на сонце, можеби ќе ми биде подобро. Па ќе седнам со кафе да гледам филм.

    Има една ,,финта" што помага кога некој се чувствува лошо. Читајќи книга ми падна на памет ова, прочитав нешто при што ова ми дојде како асоцијација. Кога не сте расположени, земете лист хартија и пенкало и напишете се' што не сте. На пример, не сте болни, не се наоѓате во болница, не сте гладни, не сте надвор без кров над глава итн. И кога ќе видите колку работи не сте, ќе сфатите што сте. И би требало да се почувствувате благодарно и посреќно поради тоа. Неодамна се сетив на ова и се уште го немам испробано, денес ќе биде тој ден.

    Одам да фатам воздух. Пролет е веќе. :f:
     
    На marchi-cool, sweet-cherry, MynameisHelen и 10 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.114
    Допаѓања:
    99.057
    Леле ќе си починам од смеење со песот. Му турам јадење и научен е дека ја сака храната за мачките а не неговата и два дена веќе во неговата храна му ставам неколку зрна од храната на мачките и песот наеднаш се превозбудва и почнува да јади како да нема утре, сериозно не можам пак да му обирам храна, ми претпрна носот од мирисање да му ја земам најсмрдливата зошто мислев дека ја сака оваа за мачки пошто смрди. И денес му турам за јадење, на башка место му давам, и оди седнува пред џам кај шо јадат мачките (имам еден прозор многу висок каде ни мачките не можат сами да се качати јас ги качвам и таму јадат, таму имаат чинивчиња, им имам оставено награди, то е нивно место) и чека Пес точно седнат и гледа нагоре, а храна јас него му турив, и одам таму, му изронив малку во храната и одма почнува да јади многу брзо, многу со сласт. Ти се чини зачинот најважен го турив.

    И сега утре ќе го излажам дека клавам од храна на мачките да видам дали уствари повкусна му е та храна или ја сака само зошто е на мачките. Додуша мислам дека подобро му мириса секогаш кога ќе направев две купчиња со храна за да тестирам одеше по неа. Ама сега и зрно да клам ја јади цела негова храна, па зато мислам дека уствари сака од храната на мачки само зошто мачките јадат од неа. На мачките да им дам од неговата храна и после да им ја земам и да му ја дам него, мислам дека пак со сласт ќе ја јади.

    Жими се како дете е, онака му клавам неколку зрна и му мешам и му давам и се превозбудва зошто го лажнувам. Не е прв пат шо велам дека кучињата се како мали деца, секој ден ми се докажва то.

    Туку кога веќе затерав со животните еднаш да завршам со нив. Вчера го играв песот, беше здивен, се боревме в двор, трчавме. И иди комшивката со внуката и ми вика да го пуштам, му прам знајш дека ќе ѝ скокни, мала е, песот е поголем од неа и ми прај ми бега постојано нека ѝ скокни еднаш да ја гушни да се уплаши и да не иди поќе. Прво, зошто да ја уплаши? Второ, дур ојдов назад во дворот по играчките, оваа го викнала песко мој и песко мој скокна да се гушка. Поголем е од девојчето и сега се плаши од него. И вечерта му јави на мајка ми среќна дека поќе внукава не бега ради песко. Мене лично ситуацијава ме изнервира, зошто да се плаши детето од песот? Јас никогаш сама не оставам девојчето со кучето оти кога велам дека кога ќе се испрај е поголем од неа - не е мајтап. Поголем е од неа. И кога иди таа кај мене в двор за да игра со кучето јас цело време го контролирам, врзан ми е и цело време се борам со него за да нели, не се превозбуди и да скокни да ја уплаши или да ја удри или најлошо - можи да ја гребни со шепите. Не мали нокти има.

    [​IMG]

    Туку гледам сега тв дур пишам мислењево и пијам кафе со мајка ми и добив најголемо дежа ву каде пишам мислењево, добив известување и гледам тв со мајка ми на тема: „зголемен ризикот за појава на семејно насилство“ и ми кажва колку младо е девојчето кое зборува. Би ви препорачала да пуштите МРТ1 да видите и вие ама додека допишам мислењево и пуштам ќе заврши. Ама добро е да се видат статистиките. Колку жени страдаат. Колку жени се тепани. Колку жени се малтретирани.

    [​IMG]
    Туку Дариус вчера ми прати слика. Не е нешто особено убав, ама дефинитивно е сладок so I give him that. Му пратив и јас па забележа дека сум била убава, сум наликувала на аватарот само не претпоставил дека имам, негови зборови, многу големи и многу убави очи. Среќен е дека не му пуштив слика каде ми се скроз отворени оти сериозно се многу големи. Многу. Како аниме лик големи ако би ги отворила скроз. Како и да е, ми пиша уште едно убаво писмо и утрото ми почна со Дариус, пак. Сега да си допијам кафето и ќе почнам дел по дел да му пишувам, како што си пишуваме. Ви кажав дека ми напрај и плејлиста? Многу убава плејлиста. И така.

    Од друга страна, моето второ омилено пел пен - Ајлин, конечно прекинавме да збораме за храна и се фативме за теории на заговор и можам да признаам Ајлин да ми беше во близина ќе пиевме кафе и ќе ругавме рамноземци заедно. Шансите се дека Дариус би го дејтала ако ми беше во близина. Еј, не го кријам! Знам како би било ако би ми биле овие два во близина. Од друга страна, имам уште неколку со кои пишам секојдневно ама не ми земаат многу многу внимание. Ама Марк, исто од Англија, пишам веќе неколку дена ама турбо. Ми пушта порака - му враќам. Само шо му стига - ми враќа. Кратки пораки. Тој ако ми беше во близина би ми бил како моментално најдобриот другар шо го имам. Пораката шо ја добив од него, првата, беше: „кој би победил во борба, ајкула или мечка?“ и толку. И после неколку напред- назад со писма, испаднав јас во право дека ќе победи мечката во било кои услови зошто и можи да плива и да се движи на земја, а ајкулата само да плива.

    [​IMG]
    Ако има една работа на апликацијава за писма е, оние кои пишуваат поеми и ништо друго. Не ми дава можност да вратам сем да дам комплимент на поемата. Е сега првиот кој вака ми пиша - го избришав. Вториот само сролав очи и решив да вратам соодветно. Да напоменам, немам слика никаде постирано од мене зошто сите имаме аватари. Да пишевме, да ме видеше, и после неколку писма да решеше дека е океј да ми пиши поема - сфаќам. Ама вака, ми затвора раце и јас НЕМАМ шо да вратам на ваква порака.

    Тој:
    It is not your conversation
    That keeps me entertained
    But rather the way you look at me
    That makes me feel sustained
    It's the curve of your lips
    And the curl of your hair
    T'is all of the little things
    That make me stop and stare

    Јас:
    I don't know
    What to reply
    On letters
    Like yours, oh my.

    Poetry is not a strong side
    I don't even like it - don't mind.

    Така да ако некогаш решите да одите на оваа апликација, најдобронамерен совет - немојте со поема.

    [​IMG]
    И то е то.

    Останете ми поздравени!
     
    На sweet-cherry, senjorita-v, MynameisHelen и 13 други им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    38.525
    Добар ден, друштво:sun:

    Како сте ми на ден не-знам-кој од карантинот? :D Се држите ли?
    Мене почнаа да ми фалат многу секојдневни нешта што претходно си ги земав здраво за готово. Ми се оди некаде на пица:pizza: Надвор, на некоја летна тераса, со куп луѓе околу мене, да се смеат, да бидат гласни дури :D Нешто што во нормални околности не го сакам.
    Дури и колегите од работа почнаа да ми фалат, работам од дома ама не е тоа, тоа.
    Колку и да е човек интроверт, сепак сме создадени за физички контакт, очи во очи и ниедна технологија нема да го замени тоа.
    Лошо е кога тоа ни е единствениот избор.

    Како и да е...
    Важното е што деновиве сум наспана како никогаш досега:D

    За денеска немам посебни планови. Веројатно нема ништо посебно да правам, освен ручек :D и читање на тераса, додека не се расипало времево:(

    Едно песниче што го слушнав случајно и почна да ми се допаѓа премногу :l:



    Послужете се... и имајте убав ден :hug:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, senjorita-v, MynameisHelen и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    6.273
    Пол:
    Женски
    Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?

    Женска со сини очи. Виткана коса. Кај маж сакам репче на косата да има и сакам да има брадичка, ама мала.


    Што мислите вие? Дали виртуелниот контакт може да се спореди со реалниот?

    Ништо неможе да го замени реалниот контакт со најмилите личности. Затоа јас со некого гледам да имаме заеднички контакт. И тоа да е добар и не барам ништо повеќе.


    c04987fd2dedd8fb96380e40e41a3027.jpg

    Да ѕирнам и јас малку овде. :bandit:
    Седам и јадам житарки.
    Со диеталната исхрана не сум баш во тек, ама претежно се исхранувам како што ми кажува таа. Со некои исклучоци. И сега сум некое килце ослабена и ќе бидам за некој месец дена уште повеќе

    Јас немам ни куче ни маче дома дека немам место баш за нив. А премногу сакам животни и сакам во иднина да имам коњ. Јас сакам да чувам и змија и леопард ама малечко некое. Од дете сум го сакала ова па можда и некој ден ќе ми се оствари оваа желба. :lol: :wasntme:
    Кое диво животно би сакале да го чувате дома ?


    А еве и уште едно малку поразлично прашање. И малку weird.
    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте?И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    Јас себеси се сметам за дива личност и прифаќам да имам други околу мене што се диви.:drunk: Некаде имам и граници на мојата дивина. Прифаќам понуди само ако ми се интересни и возбудливи за мене. Прифаќам и секакви предизвици. Ама само ако ми се допаѓаат и навистина да сакам да прифатам такво нешто. Не дека несакам питоми - во смисла мирни луѓе, да прифаќаат се и сешто и одговорот на се што им е понудено да одговорат со ДА. Само што со питомите не би знаела што да комуницирам со нив. Па не се осеќам себе си дека припаѓам околу такви луѓе.
    Прифаќам предизвици и да давам такви што ќе ме направат злобна личност, ама мене ми е сепак за забава. :devil: :D


    Утрово го видов моето нерасцутено цвеќенце како си процвета откако почнавме да го вадиме редовно со вода. Поточно купено беше така со малку цутчиња рацветани и сега е многу расцветано и дотерано. Да заличи на нешто.

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да, кое цвеќе ви е најомилено?

    Јас сум преголем љубител на цвеќињата и општо на сите растенија и мое омилено цвеќе се ружите црвени. Убави ми се и зумбулите и трендафилите. И орхидејата. :inlove:
     
    На pdb123, sweet-cherry, Stephen Amell и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Brunhilde

    Brunhilde Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    16.986
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво :D

    Јас наминав само на прашањата да одговорам :D.

    Дали се сметате за фотогенични?
    Не се сметам за толку фотогенична, во живо изгледам друго а на сликите сосема друго.

    Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа,но вие знаете дека ги имате?
    Од физички несовршености имам стрии и целулит порано многу ми сметаше тоа ама со текот на времето тоа го прифатив и тоа е дел од мене.

    Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности?
    Кај женските ми се допаѓа природна убавина бел тен, сини очи или зелени очи, а косата светло кафеава или плава. Кај машките ми се допаѓа темна боја на коса, брада и зелени очи.

    Дали играте друштвени игри и кои?
    Ги сакам сите игри со карти, порано играв не лути се човече и монопол исто така.

    Што мислите вие?Дали виртуелниот контакт може да се спореди со реалниот?
    Реалниот контакт неможе ништо да го замени.

    Кое диво животно би сакале да го чувате?
    Имам многу омилени животни најмногу би сакала да чувам коала,тигар,или панда.

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    Не се сметам до толку за питома личност прифаќам предизвици ама не се опасни по живот и дм не е до толку питом па така да тоа ни е заедничко нешто. :D

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомилено?
    Не сум љубител на цвеќиња, дома имаме различни цвеќиња затоа што мајка ми е голем љубител на цвеќиња.

    Останете ми поздравени
    :hug::*
     
    На pdb123, Anabelle.Amorette, Sweetlove_0312 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    5.303
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво. :wasntme: :си-ги-крши-прстите:

    Ми мириса на дожд денес.:rain: Што убаво, а брат ми го испратив да купи некои лекови за мојата настинка.
    На раат не го оставив деновиве, ама гајле ми е, нели е за тоа брат? :D

    Се слушнав со братучедов, на дедо ми му се допаднал подарокот за роденден, со сласт го јадел џемот од јагоди.:inlove:
    А со оглед на тоа што дедо ми е малку терсене со подароци, мило ми е што му го погодив,

    Деновиве почнав да учам да плетам, мислам дека одам во добра насока, а фала богу и на туторијалите на youtube мислам ќе завршам добра работа. :D
    Родителите се смеат, на татко ми не му се верува што уште може да ме натера да правам кога ми е досадно.

    Синковците ги нахрани вујко им, то ест брат ми. Секогаш велам - мирни мачки, нахранети мачки.:rofl:

    Сонував и безобразен сон, два пати во иста вечер.
    Е што прави тоа немање сексуален живот и партнер.:D


    Дали се сметате за фотогенични?
    Ќе морам да направам 100 слики за да излезам убаво, и ја знаете таа, ќе избришаш 99 а последната 100тата ќе ја гледаш додека не ти биде грда и ќе ја избришаш.:?:
    Но ми имаат кажано дека во живо изгледам многу поубаво.

    Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа,но вие знаете дека ги имате?
    Пори на лицето, среќа не се приметуваат многу освен ако некој не ме погледне од поблиску но ми иде на нерви.

    Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности?
    Зелени очи, убаво формирани веги, убави усни.
    Кај коса ми се допаѓа истрижена до рамења и искршена, планирам да си ја направам така во иднина.

    Дали играте друштвени игри и кои?
    Карти, монопол, не лути се човече (често знам да се налутам ако ме турнат кога сум пред куќичката)

    Што мислите вие?Дали виртуелниот контакт може да се спореди со реалниот?
    Зависи од кој аспект.
    Би зборувала нашироко за оваа тема но сметам дека секој контакт си има свои предности и недостатоци.

    Кое диво животно би сакале да го чувате?
    Тигар, како Џасмин од Аладин.:sun:

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    Зависи од ситуација, но често знам да бидам дива личност и тоа искрено почнува да ми пречи и работам на тоа да го променам.:)

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомилено?
    Мајка ми е голем љубител на цвеќиња, од љубичици, каранфили, рози... нема што немала во градина но додека јас сум сосема спротивно од нејзе во тој поглед.


    Aј чао.:makeup:
     
    На pdb123, Anabelle.Amorette, Ambitious и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Dayanna

    Dayanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    Здраво друштво. :hai:

    Мене одамна ме немаше по форумов, некако го подзаборавив со оглед на тоа дека доста работи ми се случија кои направија да не се чувствувам убаво. Како и да е, се помина и сега сум спремна за многу поубави работи. Ве читам вака некое време и конечно се решив да пишам. :lol:
    Ја симнав апликацијата Slowy бидејќи премногу сакам да се допишувам преку писма, дури и сакам да не е на телефон или компјутер, туку на лист хартија. Денес ми стигнаа првите писма и сум многу среќна зашо мислев дека нема толку брзо да врати или пише некој. По дома инаку се занимавам со сите работи со кои сите вие се занимавате, освен шо немам миленичња. Јас не сум човек за дома па затоа ми беше доста тешко да се навикнам на ситуацијава, но сепак сум со осет и ги припазувам мерките.
    Ми фали излевањето, ми фалат прошетките, ми фали кафето со друштво, ми фалат најмногу журките до сабајле. Муабетот дома со твоите и со другарки не е ист, не дека не сум блиска со мајка ми, знае се, добро скоро се. Ама уште не сум спремна на чекорот да се отворам за апсолутно се, мислам дека не ни треба, едноставно некои работи е убаво да ги чуваш за себе.

    Се припазувам со јадење, сакам да ослабнам некое кило, затоа ФИ многу ретко отварам дека сум стрвен газ за се, апсолутно се!
    А сега, бидејќи касно станав, ручекот е веќе при крај, па додека чекам да одговорам на некои од прашањата.

    Дали играте друштвени игри и кои?
    Да, секогаш сум за кога станува збор за такви игри. Карти, табла, јамб, монопол, не лути се човечи и сите игри со пиенки. :lol:

    Кое диво животно би сакале да го чувате?
    Слон, ги сакам премногу иако нема смисла да се чува дома :D

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    Мислам дека спаѓам во дивите личности, постојано сакам нови работи и прифаќам нови предизвици.

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомиелно?
    Јас имам само кактуси, друг вид на цвеќе немам. Не ми текнало до сеа да купам, ако имам можеби ке се изненадам од тоа колку внимание би му посветувала. Мајка ми е голем љубител, терасата ни е полна со цвеќиња.

    Поздрав :f::f::f:
     
    На pdb123, Anabelle.Amorette, Ambitious и 11 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    2.946
    Допаѓања:
    25.490
    Пол:
    Женски
    Хеј,дечки.
    Јас денес кулирам.
    И плус моја Килер денес ми се смилува и ми ги покажа мацушите,4 срценца се. :l::inlove:
    @Billy Idol , @theowndemon
    Специјално за вас другови. :l:
    20200322_183713.jpg

    Сега ми е поубав денов.:inlove:
     
    На Peperutce1115, *Amethyst*, Anabelle.Amorette и 10 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.114
    Допаѓања:
    99.057
    Леле бебиња преслатки! Гушни ги од мене!
     
    На Peperutce1115, *Amethyst*, Anabelle.Amorette и 7 други им се допаѓа ова.