Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    20 глас(а)
    4,5%
  2. 18-25

    266 глас(а)
    60,3%
  3. 26-30

    101 глас(а)
    22,9%
  4. Над 31

    54 глас(а)
    12,2%
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    103.372
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:
    Како сте ми?
    cbae6d1f53194dab70a8447c16fb6264.jpg

    Сабајле почнав да ви пишувам и некако остана на пола се, а сега гледам и не се ни зачувало тоа, па нема врска и така немаше нешто битно. :)

    Денов и неделава ми поминаа многу брзо. Неприметно. :D
    Вчера си завршив 2 семинарски што ми беа за следната недела, денеска одмарам. Баланс. :D
    Сега нешто вечерва може да поучам и така ми е поубаво ноќе кога учам.
    Еве едно прашање од мене.
    Вие кога учите, кога ви е поубаво? Навечер или пак на денска светлина?
    - Јас некако сакам навечер кога сите спијат и никој не ми одвлекува внимание. Дома тишина, на фб нема никој. Совршено за учење. :)

    Да одговарам сега на некои други :)
    Кое диво животно би сакале да го чувате?
    - Лав, слатки ми се тие животни. :D

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    - Питома сум и дива сум, сега ќе кажам и зашто. Не се расправам, можеби и тука сте ме приметиле, игнор мавам на било каков напад и слично. Едноставно не ми е достојно да се расправам и објаснувам. Поубаво ми е да преќутам и игнорирам.
    Дива сум зашо имам bitch resting face и people are scared of me. Реално и антисоцијална сум и дивтарче, шо помалце контакт, тоа подобро. Ме заморуваат луѓето. :D
    Мислам дека не сум многу по опасноста, но ризикувам ако веќе шансата да изгубам е тука, па ако може само да добијам, пробувам. Се смета за опасен предизвик кога врска немате и идете на усно полагање, веќе знаете дека сте паднати ако не отидете, па си викате бар ќе се појавам, гајле ми е ако се обрукам, еднаш се живее? :rofl::rofl: Некад сум добила и некад сум изгубила. Битно сум пробала. 8)

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомиелно?
    - Сакам цвеќиња ама не чувам јас, мајка ми ги чува. :D Порано колку цвеќиња имавме, сите си ги донесе што ги имала од пред да се земе со тато. :D Дека биологија студирала, какви не цвеќиња одгледуваше. Е, сега пола и ги испокршивме и уништивме ко деца со брат ми... :| Ама пак имаме цвеќиња, дел имам сликано и постирано во темата за цвеќиња.
    Моментално, најомилено од сите дома ми е ова, име не му знам. :D
    20191109_110638.jpg
    Иначе онака општо сакам ружи, лалиња, кала, буквално се...
    :f::f::f:

    Заборавив шо друго сакав да пишам. Нешто сум расеана денеска и на сите страни сакам да постигнам, па заборавам шо сакам да кажам...

    Имајте убава вечер. :f::hug:
     
    На Carolin., SeaMermaid, Brunhilde и 19 други им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    38.975
    Добар ден :l:

    Како сте ми?

    Со оглед на тоа дека сум прва, се подразбира дека ќе послужам кафе:coffee:

    [​IMG]

    Малку ме изненади глетката низ прозор сабајлево. Иако не е првпат март да не' изненади со мала снежна идила. А таман се навикнав да си се печам секој ден на тераса, но ок. Има време(poolparty)

    Завршив со средување на скоро цел плакар, а и на шкафот со книги.
    Потоа лежев во када половина час, се чувствував како да сум истрчала маратон :tmi: Сепак, топлата вода ми ги опушти мускулите.

    Потоа пиевме ,,виртуелно кафе'' на скајп со колешки од работа:D Нема друг избор, мора вака. Искрено, се равеселив кога ги видов. Сите едвај чекаме да се вратиме на работа.

    Кое диво животно би сакале да го чувате?
    Пантер, мојата омилена дива мачка:)

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?

    На прв поглед изгледам секогаш смирено, но во мене редовно има бура од емоции. Некако, сметам дека не знам да ги искажам. Или не можам. Како да имам кочница и така си вријам во себе. И за лоши и за добри работи, најчесто имам poker face.
    Ни дива ни питома, ме сметаат за многу ладнокрвна. Всушност сум емотивна, но си живеам во мојот внатрешен свет.
    Инаку, прифаќам предизвици и ризици, секогаш го слушам срцето, дури и тогаш кога, објективно гледано, не треба.
     
    На Carolin., Peperutce1115, SeaMermaid и 19 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    5.745
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце...

    Еве јас дома, со музика, чај, си гејмам игрички со коли и уживам.
    Ми се допаѓа снегот надвор. :angel:
    Конечно и мене да ми се погоди нешто со оглед на тоа колку сум терсене лик.

    Нешто ќе напишев ама изумив а и не ми е лесно со толку глупости во глава периодов.:whew:
    Мозоков се врати од пасење и со себе донесе многу работи, ама во ред е, ќе помине и тоа.

    Со родителите мемиња си праќаме, мило ми е што тие се од тие кул луѓе кои не се штрекнуваат од се и сешто на интернет и разбираат секаква шала.:D

    Кафе немам пиено 2 недели. И искрено, не ми недостига, добро се чувствувам и не полудувам ако не примам една доза дневно.
    Ќе размислам дали ќе продолжам со ова, за сега ми се допаѓа.:)

    (highfive)
     
    На Carolin., Brunhilde, SeaMermaid и 11 други им се допаѓа ова.
  4. *Amethyst*

    *Amethyst* Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    5.946
    Пол:
    Женски
    Добар ден убави :l:
    Денов стандард ама уште од 8и30 ми почна, брат ми не може да издржи а да не ми се протне у кревет иако креветите ни се еден до друг па така ме расони :doh:
    Вие кога учите, кога ви е поубаво? Навечер или пак на денска светлина?
    Додека студирав сфатив дека највеќе ми одговара повеќе после пладне да учам, така да навечер би кажала дека ми одговара највеќе.
    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте?
    Повеќе за див карактер се чувствувам, не сакам да се зближувам многу ниту пак со многу луѓе. Покажувам емпатија ама се држам далеку од зближување, не сакам да зборам многу за себе со луѓе што не ги знам добро и долго време.
    дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    Во принцип сакам се што крева адреналин, и сакам нови неистражени работи. Сакам предизвици, ме движи тоа.
    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомиелно?
    Премногу сакам цвеќиња и дрвја. Не знам дали лиандерот спаѓа во цвеќе или дрво јер расте како грмушка нешто, барем тука така е проширено, ама го обожавам, тоа цвеќенца кога ке ми протера абе рај на душава ми е.
    Сакам и кактуси и алое многу сакам.
    Све што е повржано со природа сакам:inlove::f:

    Ве оставам во убаво здравје :hug:
    :hug:
     
    На Carolin., Brunhilde, SeaMermaid и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    103.372
    Пол:
    Женски
    Здраво :f:
    Како сте ми?
    original.jpg

    Сабајле кога станав и видов снег се запрашав колку долго спијам што пак зима дошла. Во шок бев што гледам. :)
    Се осетив ко заспаната убавица. :rofl:

    Некако денеска сакам да направам некакви промени во животот, шознам така ми дојде. :D
    Земав да бришам од фб пријатели, преку 1000 ми се собраа дека од факултет упознав многу луѓе и баш тоа си викам, зошто не оставам 400-500максимум што се знам и бар некој контакт сум имала.
    И супер стигнав до 650, фб ми вика сум надминала лимит за бришење луѓе денеска, таман утре ќе продолжам. :sun:
    Колку луѓе сум имала што не ги ни знам и првпат ги гледам. :o Страшно, да не беше карантинот немаше да ми текне чистка да направам. :D
    Еве ви уште една идеја шо да правите у карантин. :rofl::rofl:

    Возачката може да ми е готова ама некако не ми се оди никаде деновиве...
    А, дома ме убедуваат да сум си ја земала... Таман и малку да сум возела, откако положив немам возено... Сега е празен градот, сигурно е уживанција по улици да возиш. :)
    Ќе видам до петок ај, тато вика и до маркет да сме оделе сакал, нешо веќе се потрошило, па ако одиме по возачка успат и тоа, 2 работи да сме завршеле... А и немам 2 недели никаде отидено, може не е лошо малку воздух да ме фати и така со кола ќе отидам.... Којзнае колку ќе трае ситуацијава, сепак некои обврски мора да се извршат. :| Дали до маркет ќе идеш или да си земеш возачка, па мора да искочиш... :|

    Па и здравственото осигурување ми го прекинале претходната недела, ми се јавија од кај тато на работа, за да си средам, а за до октомври ми важеше инаку, не знам зашо така напраиле... Цел ден вртам по институции и на крај една лута се јави дека 100 пати сме и вртеле, шо толку сме сакале... (facepalm) Па ми среди одма, нивна грешка било :|. Да не му кажеа на тато, немаше ни да знам дека без здравствено сум... :|:|:| А, недај боже каков период е сега, уште да ми затребаше... Хаос се институциите значи... :|:|:| Ама добро е битно средив на крај..

    Се заразив со песнава. Многу е чил, за сите љубители на ваква музика. :D


    И така...
    Бидете ми поздравени :hug:
     
    На Carolin., Nightwish11, MynameisHelen и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    6.574
    Пол:
    Женски
    Добро вечер! :)

    Денеска со нови вежби за телово наменети за задникот и нозете дека е “најопасната“ дебелина која се ствара од спиење и излежување дома по кревети. И за време на карантинот е најубаво нешто да се прави е да се има физичка активност и што е можно помалку седење на кауч, фотеља. Што повеќе да се работи нешто, да се готви, да се чисти, да се играат игри за мозокот како шах, крстозбори, судоку, да се вежба редовно.
    Јас деновиве баш од досада си почнав да готвам што ми фати окото по рецептиве на интернет што ги најдов и сакав многу да испробувам нови рецепти, а и по нешто калорично и нешто помалку калорично само за да го исполнувам времето во нешто. И од готвењето јас не јадев баш многу, само повеќе сакам да стекнам искуство во готвење барем за моите омилени јадења и некои секојдневно што се прават.

    Вие кога учите, кога ви е поубаво? Навечер или пак на денска светлина?
    Дефинитивно навечер ми е најдобро. Од причина што во денот само ќе ми текне нешто да јадам, да поручам, да ручам и ќе ме бара другарка за пешачење, ако не ќе имам други обврски по дома и не успевам да најдам време, значи и денски учам само ако е врнежливо времето.


    Денес и снег дочекавме... Се наврати малку зимата, како да не сака да си замине.
    :?:
     
    На Carolin., Brunhilde, Dayanna и 13 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    38.975
    Добар ден :sun:

    Како сте ми? Се надевам дека и здравјето и расположението добро ве служат.
    И дека не полудувате веќе од карантинов:D Јас морам да се пофалам дека одлично се држам и секој ден станувам се' покреативна од аспект на исполнување на слободното време.
    И онака сакам да поминувам време дома, сега гледам дека имало навистина многу начини да се пополни времето.

    Инаку, ова јас сабајле го поминав работно, времето ми летна, сега сум на заслужена пауза во Фемина и кафе:coffee: Повелете и вие:*

    [​IMG]

    Да одговорам на прашањата што сум ги пропуштила вчера:

    Вие кога учите, кога ви е поубаво? Навечер или пак на денска светлина?

    Секогаш учев на дневна светлина. Едноставно навечер концентрацијата ми е непостоечка. Попладнето и вечерта ми се време за одмор, време за себе, а сакам обврските да ги завршувам во првата половина на денот за да не ми ,,висат'' над глава. Не можам да понесам одложувања. И отсекогаш ми биле чудни луѓето што учат само навечер8-| Сепак, на крај, секој си знае што најдобро функционира за него лично и треба да си се придржува до тоа и да не експериментира многу :lol:

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомиелно?

    Кала, орхидеа и гербера. Тие ми се омилени, ако морам да бидам, инаку не сум некој фан:D

    Прашање од мене: Порака или телефонски повик? Што преферирате и во која ситуација?

    Останете ми поздравени и весели :l:
     
    На Carolin., Brunhilde, bicycle и 15 други им се допаѓа ова.
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    5.946
    Пол:
    Женски
    Добро утро убави :f:
    Јас пред малку станав и како да сум станала од кома, ми треба психички одмор...
    Вчера, решив да го скинам ланецот кој доста долго (скоро 3г) ме држеше привржана за една личност(дм). До сега колку и да сум се трудела да ја прекинам врскава сум паѓала на тоа како он ке се чувствува, па ке му биде тешко па ке плаче, па како можам јас да сум толку себична? :fubar:
    Ама не, вчера детево ме праша убаво за моите чувства спрема него и му одговорив искрено...
    Може не требаше баш сега до овој момент да дојде зашто имам работи кај него во стан па страв ми е да не ги исфрли :doh: али не можев да го лажам и да му давам надеж која не постои...

    Извинете за постов ама тука само се чувствувам сигурно да го споделам ова.

    Ако е за краток разговор сакам пораки, ама ако веќе имам тема со другата страна секогаш практикувам повик, имам личности со кои и до два саати се оставам на телефон искрено таквите многу ги сакам, радо би да се видам со нив да не ме сфатите погрешно ама луѓево со кои сум блиска се секогаш физички далеку:!: па некако долгите повици затоа ни надокнадуваат :sun:

    Бидете ми убави, се читкаме :l::l:
     
    На Carolin., Nigredo Odor, Anabelle.Amorette и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    6.574
    Пол:
    Женски

    Добро утро. :sun:
    Сега јас допрва ќе го пијам кафето како што и ми е распоредот да го пијам во 12 саатот и пијам после ручекот второ, во 5 саатот или 5 и пол.

    Порака или телефонски повик? Што преферирате и во која ситуација?

    Телефонски повик ми е најдобро. во секакви ситуации . Преку порака само ако неможам да добијам на телефонски повик. И повеќе ќе се задржам на порака пишување отколку на повик. Посигурен начин ми е.
     
    На Carolin., Anabelle.Amorette, Brunhilde и 14 други им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    852
    Hola, луѓе :)

    Немам што посебно да ви кажам, па директно ќе одам со одговарање :D.

    Друштвени игри?
    И јас бев картаџика како @Dream-Girl. Ама бев. За жал сега не се сеќавам на голем дел од игрите, да ме прашате Џандар збира или Табланет како се играше нема точно да ми текнат правилата :worried:. Инаку играв и монопол и не лути се човече и оние игрите што беа да стигнеш до целта прв, ама попатно на некои полиња да имаш скали за да се искачиш побрзо или лизганица за да се вратиш назад :D

    Виртуелен vs. физички контакт?
    Секогаш физички, ама кога не ти е дојдено до други, а сепак не сакаш да си сам, виртуелниот добро доаѓа.
    Кога сме веќе на темава: @*Amethyst*, и мене ми доаѓа сè да избришам, да имав подобар начин за информирање за настани и да не беа подалечни луѓе со кои повремено таму контактирам, без двоумење би избришала сè.

    Диво животно како милениче?
    Преочигледно е, лав. Читав дека лавовите доста спиеле и се одмарале, а лавиците ја ловат храната и им ја носат. Исто како и јас, да ме рани некој :rofl:.

    Дали сум дива или питома личност? Дали сакам опасни предизвици?
    Скроз спротивно на @Sweetlove_0312 сум. Имам моменти кога сум дива, ама тоа е многу ретко. И најчесто се случува околу луѓе кои ми се блиски. Не сум ни по опасни предизвици :).
    Едит: Ќе додадам дека и јас сум таква во ПМС како @Stephen Amell :D.

    Дали сум љубител на цвеќиња?
    Се восхитувам на природа, особено кога некој ќе знае да направи „градина“ од својот дом, ама јас лично не сум по тоа.

    Учење наутро vs. навечер?
    Дефинитивно не сум morning person, па најчесто почнувам во попладневните часови и продолжувам до кај 12-1, освен ако немам испит, тогаш дефинитивно цела вечер :D.

    Порака или телефонски повик? И за што?
    Ми се допаѓа и едното и другото. Ако се работи за обичен муабет, дискусија или карање, ми се допаѓа повеќе да пишувам, имам време поубаво да размислам што ќе одговорам и подобро се контролирам во тензични ситуации. Кога се работи за договарање, дефинитивно телефонски повик, бидејќи некогаш му текнува на некого да го снема сред муабет :@.

    Еве едно прашање и од мене: Дали сте самодисциплинирани? Јас дефинитивно НЕ (facepalm).
     
    Последна измена: 24 март 2020
    На Carolin., Peperutce1115, Anabelle.Amorette и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    7.724
    Пол:
    Женски
    Хај.:hai:
    Како сте?

    Јас со чајче и книга.:inlove: Сакам да ги завршам книгите од мојата домашна библиотека овие денови. Па сакам да тркнам до книжарница, нови да купам. Знае некој дали работат книжарите? Собирав пари за саемот на книгата, шансите да се одложи се многу големи.:( Така да.. ќе морам по повисока цена да ги купам.

    Дали се сметате за фотогенични?
    Не. Затоа и немам слики на Инстаграм.:rofl: Некој ќе помисли фејк профил сум.

    Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа,но вие знаете дека ги имате?
    Имам многу несовршености. Најпрво забите! Толку многу ми беа криви, што не знам зошто не ставив протеза порано. Кога ми рече Ортодонтот дека треба 3 заби да вадам за да се наместат забите, сфатив дека ситуацијата е лоша. Е сега ко ми се наместија забите, имам простор меѓу нив.:worried: Уште две години со железа не ми бегаат. Па и прегледите се откажани.(facepalm)
    Друга несовршеност ми е што сум премногу слаба. Повеќе од 40 килограми не можам да качам.:|
    И капаците на очите ми се спуштени. Тој дел највеќе го мразам кај мене. А имам убави зелени очи.:makeup:

    Дали играте друштвени игри и кои?
    Карти и не лути се човече. Посебно деновиве од што ни е досадно дома и нема што да се прави.:D

    Кое диво животно би сакале да го чувате?
    Би сакала да чувам мајмун.:rofl: Ем паметни се, ќе го научам да зборува.

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?
    За некој што ме познава кратко време би кажал дека сум питома. А за оние што ме познаваат подолго време, знаат каква сум, посебно кога сум под ПМС.:devil:

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да,кое цвеќе ви е најомиелно?
    Омилено ми е ружа. Тато ми купи за 8-ми Март, ама јас ја ставив саксијата на сонце и изгореа ружите.;( Нека почиваат во мир. Не сум јас за чување цвеќиња.:shake:

    Се читаме.:hug:
     
    На Carolin., Peperutce1115, Anabelle.Amorette и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Jane.Birkin

    Jane.Birkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    1.678
    Пол:
    Женски
    Добар ден девојки :*

    Сабајле станав уште во 9 часот поради онлајн предавање со еден професор, а легнав во 5 поради La Casa de Papel, jaка серија:l:
    Не знам до кога вака ама едвај чекам да се врати се во нормална. Ми недостига факултетот, другарите, кафиња и диско.
    И дечко ми исто така ;( И нему откажан му е летот од Германија, јас не отидов поради вирусот и така. Сите планови ми ги уништи овој вирус. Бројот се зголемува и зголемува секојдневно и сите се во неизвесност:|
    Дај Боже да помине ова лудило што е можно побрзо |(
     
    На Carolin., Brunhilde, Blue.Sky и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    103.372
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :hai:
    Како сте денеска? :*:
    tumblr_ox7e7gwXNX1wykjojo1_400.jpeg

    Ми се допаѓа снежново време искрено. Секогаш сум викала снегот е одличен ако седиш дома и ја гледаш снежнава идила од прозор. Конечно да имам таква шанса. Имам трауми од одење во школо на снег, памтам како со друштвото за рака се влечевме на големи одмори до продавница и назад до школо или до автобуски. Секогаш се лизгав, немав поим да одам на снег.
    И тогаш наша омилена реплика беше "снегот и кашава се убави, но само ако нема потреба да одиш во школо и да си втора смена". :)
    Се осеќам старо кога зборам за школото ко да било многу одамна... :)

    Денеска многу бев пријатно изненадена. ^_^ Конечно некој да ми врати на mail. Не ја ни знам професорката лично, но веднаш ми се допадна :D. Случајно неа баш и пишав, беа неколку mail адреси напишани, па да пишеме на некого и да се договориме за семинарски, па и пишав неа. Ми рече дека многу интересна тема сум одбрала и дека слободно можам да и пишам што и да ми треба околу темата, во било кое време. Ептен се изненадив, позитивна енергија од сабајле, убаво ми дојде. :f:

    Порака или телефонски повик? Што преферирате и во која ситуација?
    - Пораки. Мразам да зборам на телефон затоа што не сакам некој да ми го слуша разговорот дома или надвор некаде. Едноставно по порака ми е поубаво. И ретко кревам на телефон, цел живот ми е на нечујно.

    Сега ќе одам да извежбам. :f:
    3 дена јадам полесна и здрава храна и веднаш се чувствувам полесно некако. :$

    Имајте убав остаток од денот. :hug:
     
    На Carolin., Peperutce1115, Anabelle.Amorette и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    6.574
    Пол:
    Женски
    Хеј. :hug:

    И јас не го сакам многу снегот кога треба да излегувам некаде или пак нашколо да одам по снегот . Па @Dream-Girl не се сеќирај и јас ги имам доживувано тие лизгави авантури по патиштава. :doh: Ама среќа што не одиме сега никаде надвор. Така да седам дома и да гледам ми е прекрасно чувство.




    Корона вирус ми ги донесе и моите детски спомени, омилените мои цртани што ги гледав како мала Бушава азбука денеска имаше на МРТ1 за да не ни е досадно. Патем и не е толку лошо да се гледаат тие, ако не сум дете само се потсетив а и си гледав , многу интересна програма. :lol:


    Ќе извежбам сега па ќе вечерам. И така.
     
    На Carolin., bicycle, Anabelle.Amorette и 12 други им се допаѓа ова.
  15. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    38.975
    Добар ден :rain:

    Како сте ми?
    Јас уживам со кафе, млеко со бисквити и книга:inlove: Нема поубав начин да се почне денот. Иако спиев малку немирно... и сонував глупости, само нелогични работи, толку неповрзани што ми е тешко и да ги опишам со зборови. Како и да е.
    Морам да признаам дека и мене ми се допаѓа тоа што имаме малку снег, иако е многу, многу задоцнет годинава:lol: Сепак, и јас не морам никаде да излегувам па некако се губам во времето. Кога ќе погледнам низ прозорец како да ни се вратил јануари:tmi:

    Од прашањето што ви го поставив вчера, гледам дека има доста што преферираат телефонски повик:) Јас порано бев по пораките повеќе, ама сега повеќе сакам да се јавам, и тоа од две причини: Помала е шансата да те игнорира некој и да каже дека ,,не ја видел пораката''. Нема толку чекање. Се слушате и завршувате работа.
    И второ, што е за мене и поважно, ако е некоја драга личности, неспоредливо поубаво е да и' го слушнете гласот... ако веќе не можете да се видите.

    Кафе од мене:coffee: Уживајте во денот:hug:

    [​IMG]
     
    На Carolin., MynameisHelen, Peperutce1115 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.167
    Допаѓања:
    100.232
    Добро утро! Денес денот рано ми почна, и некако цел однаопаку ми е ради то. |(

    Туку вчера станвам и прво провервам Инстаграм, Месенџер, па апликацијава за псима. И немав писмо од Дариус. :| И денес ми стигна, со реченицата: „I am so sorry I didn't send you a letter yesterday. I'm double sorry, because I don't have any solid excuse“. И си прам ај океј е, греота е, не сум толку лоша да се лутам. :D И ептен интересно ми го заврши писмото, очигледно е во добро расположение, се думам дали моето лошо расположение денес, ради недостаток на спиење, пак, ќе се одрази во писмото. Неќам да ширам негативна енергија.
    upload_2020-3-25_11-44-17.png

    Туку брат ми денес почнаа со онлајн часови, само го гледам и се кикотам. Зошто ем зборуваат децата со наставничката на микрофон, ем децава во групен чат оговараат наставничката само слушам титкање од телефон. Да не ми се полнеше телефонот ќе го сликав за да пуштам на брачеда ми како седи пред лаптоп, со една рака пиши, а со друга тапка на телефон. И сега 10 минути имаа одмор после 4ти час, а 7 часа ќе имале по 15 минтуи ахаха. Последен - физичко. А јас па го чекам да заврши за да можам да си пуштам некои видеа да повежбам малку, редно е ептен се залегнав вака карантински. Ама активно пробвам да не прам бучава па ете до сега на писма враќав, сега тука пишам. Обично на форумов пишам покасно и на писма враќам покасно ама сега утринските рутини си ги поместив за покасно на сметка на тоа да бидам скроз тивка. Последен час имаат физичко, многу, о многу ме интересира како ќе го изведат ова. Еј, можда ќе ме измотивира моите вежби да ги почнам. Еј, можи ќе имаме здружен физичко со мене.

    Пес ми е збеснат, сака поќе играње, а јас немам желба за живеење. До толку шо упорно и упорно се сили на Адолф колку за да си игра и јади ќотек, шо од неа, шо татко ми го збркал сабајлево дур сум спиела да не досадва на мачките. Истиот татко кој, неќи мачки. Истиот татко кој, мрази мачки. Истиот татко кој, постојано ми пушта видеа со мачки. Адолф е сеуште, многу трудна. Знам дека малку утнав имињата на мачките зошто кога ќе ме прашаат уз писма како ми се викаат, само им викам дека им давам имиња на диктатори. Некако не ми иди да кажам дека Адолф ми е галеничето, башка другите. Не знам ни Пес да објаснам како се вика.

    Туку дали спомнав дека мојата омилена игра сега ја има и на телефон? Мојата омилена TFT. Од кога си ја симнав на телефон и ја играм од таму партија немам изгубено. 8) Спремна сум ранкед да играм пак да растурам. Додуша ланса сезона само до сребро стигнав, годинава надежно до злато.

    Имате убави прашања поставувано, ама во некоја наредна прилика, некако не ми се одговараат прашања. Сакав да си кажам шо ми се случва во мојот uneventful живот, дури и досаден, карантински. Едино нешто кое ми створа среќа е одењето на пазар еднаш неделно и исчекувањето на мачиња кое треба да биди за недела дена, максимум две.

    Инаку со другарка ми откривме екстензија netflix sharing, каде кога си споделваме линк на избран филм или стерија, ако јас паузирам се паузира и кај неа и гледаме истовремено и имаме чат од околу. Еве два дена со ред користиме, денес пак. Од кога откривме ова нема прекин, прејако е. Линк тука. Ние двете имаме Нетфликс, па пробајте со некој шо нема, тој шо шернува нека има само акаунт, видете дали можи. Ако можи известете ме пошто засега само ние двете гледаме, а двете си имаме профил така да ...

    И то е то.

    Останете ми поздравени!
     
    На Carolin., Amellie13, Peperutce1115 и 15 други им се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.157
    Допаѓања:
    38.975
    Каде сте, друштво? :sun:

    Од вчера нема никој, чудно. :) Јас малку паузирам со работа, па помислив ќе наидам на куп постови, а тука штама. :mm:

    АКо не сте расонети, ако не сте расположени или ако немате енергија, стигнува дозата кафе, да за размуабетите:tmi:

    [​IMG]

    Па во обид да го ,,живнам'' ќошето, од мене неколку прашања:

    Ако во моментов имате право на три желби, што ќе посакате?

    Кој ви е најубав а кој најлош аспект од изолацијава? Дали има нешто без кое што сфаќате дека животот не е убав, и обратно - нешто за кое сфативте дека може да се живее и без?

    Што е првото што ќе го направите откако ќе излезете од карантин? :)
     
    На Carolin., Bitter-Sweet, bicycle и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    9.125
    Допаѓања:
    103.372
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :sun:
    Како сте ми денеска?
    [​IMG]


    Кај мене ништо ново, освен дека се вратив на „претседателската“ работа од средно. Само сега малку поизменето, студентски. :D Прекршив ветувањето од 4та, дека кога завршив со организирање и чуда после 3г, веќе никад нема да се приклучам на нешто такво. :tmi:
    Кога се пријавуваа за координатори и за студентско собрание, не се пријавив. :whew:
    Ама ко шо вика дм у крв ми било да бидам лидер, па сега јас организирам на групата се што се собира, презентации, задачи, чуда и препраќам кај шо треба, малце незгодно ми е кога цело време пишувам потсетници пошо роковите пристигнуваат. :lol:
    Според логиката на дм, се било до датумот на раѓање. Ја на 30август, Грујо бил на 31ви август, веројатно ради тоа сме имале толкава желба за владеење. :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Летово, некој си на фб шернал за роденденот на Грујо, дм приметил и од тогаш he is roasting me. :D:D:D
    Али не, немам желби да бидам криминалец. :rofl::rofl:

    Ако во моментов имате право на три желби, што ќе посакате?
    1. Да заврши ова со Корона и да нема веќе жртви...
    2. Сите испити да ги положам.
    3. Дечко ми да се пресели во моја близина и повеќе да не сме во врска на далечина.

    Кој ви е најубав а кој најлош аспект од изолацијава? Дали има нешто без кое што сфаќате дека животот не е убав, и обратно - нешто за кое сфативте дека може да се живее и без?
    Најубаво ми е тоа што не мора да одам на факултет искрено, што конечно се наспав и одморив и конечно живот без полагање секоја 3-4та недела, многу бев изморена и супер ми дојде ова... Најлошиот дел ми е што се е толку морбидно, сите се испаничени, луѓе загубија животи, се се поремети, не можам да си го видам дм, пријателите...

    Што е првото што ќе го направите откако ќе излезете од карантин?
    - Да си го изгушкам дм. Многу ми фали, 3 недели не сме се виделе и дур заврши се ова нема да се видиме, не е безбедно да патува сега со автобуси... Што е тоа е..

    Ќе одам да поучам сега. Утре некој квиз ќе праат за материјалов, па да не сум ко некоја шо 2 и 2 не знае. :tmi::tmi::tmi::tmi:
    Имаје убав ден. :hug:
     
    На Carolin., Peperutce1115, MrenaRiba и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    12.521
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Hello, my beautiful roses! :f::f::f::f::f:

    Во последно време почнав да експериментирам со нова шминка и комбинација на бои. Го усовршив познатиот "no makeup makeup" и со новата палета научив да направам толку гламурозен "purple smokey eye" со црвен кармин, што дури и Jessica Rabbit би ми љубоморела кога би ме видела :*: :*::*:
    Инаку, не знам за вас, ама јас за шминка често пронаоѓам инспирација и во цртани ликови. Особено ми изгледа интересна шминката на Holli Would од филмот Cool World (1992), но не можам да најдам многу youtube туторијали за нејзината шминка бидејќи не е толку популарна како лик, иако има доста cosplay од неа во последно време, но повеќето од нив и не ми се допаѓаат...

    [​IMG]


    Можам да видам дека има светло сина сенка за очи и nude кармин. Доста често носам nude или mauve кармин, ама не сум сигурна како ќе испадне овој изглед комплетно бидејќи, лично, никогаш не сум сакала да носам сина сенка за очи. Мислам дека пробав еднаш кога бев помлада и не ми се допадна, но можеби тоа било до нијансата или поради фактот што тогаш сеуште учев како правилно да се шминкам. Во секој случај, мислам дека би било доста забавно и интересно да пробам...

    Што мислете вие? Дали сина сенка за очи и nude кармин е добра комбинација или не?


    Тема за дискусија: Егзотични дестинации...На која би сакале да отпатувате? Споделете впечатоци на некоја на која сте биле.

    И покрај тоа што многу повеќе ме привлекуваат познати метрополи и историски знаменитости, сепак постојат многу егзотични дестинации каде би сакала да одам некој ден: Бора Бора, Мадагаскар, Велигденските острови, Египет, Карибите...
    Меѓутоа, потсвесно, една од омилените дестинации ми е Хаваи откако тетка ми од Америка ми ја раскажа романтичната приказна за тоа како таму се запознала и се заљубила во чичко ми (кој патем е Американец), додека и двајцата биле таму на одмор. Знам дека е мала веројатноста токму во Хаваи да ја најдете љубовта на вашиот живот, but a girl can dream... :inlove:

    1. Дали сметате дека сте фотогенични?

    [​IMG]

    2. Кои се вашите (физички) несовршености, особено оние кои реално никој не ги гледа, но вие знаете дека ги имате?

    Претпоставувам дека ова се однесува исклучиво за лицето, меѓутоа се обидувам одредени карактеристики да не ги идентификувам како "несовршености" бидејќи не се согласувам дека тоа е така. Денешните стандарди за убавина се доста ограничени и строги, кои не дозволуваат девојките да изгледаат различно и притоа да мислат дека тоа е во ред. Но, од личен аспект, не би рекла дека имам изразителни несовршености, освен што понекогаш мислам дека насмевката ми е "чудна" и дека едната страна од лицето ми е малку поширока од другата...

    3. Кои особини на лицето за вас се идеални (може и примери од познати (женски) личности)?

    Големи очи, полни усни, мал нос, добро обликувани веѓи се најчестите особини за кои сметам дека се идеални и истите ги имам. Сигурно веќе сум споменала и порано како многу луѓе ми велат дека личам на млада Brigitte Bardot, која патем е една од моите најголеми идоли и сметам дека е совршена :l:

    [​IMG]


    Што мислите вие? Дали виртуелниот контакт може да се спореди со реалниот?

    Зависи од кој аспект се врши споредба. И виртуелниот и реалниот контакт си имаат одредени предности, но и недостатоци. Со постојаниот напредок на технологијата, луѓето се во можност да остварат контакт со бизнис клиенти или пријатели и роднини кои се оддалечени од нас и тоа е мошне практично и олеснително.
    Освен тоа, една од карактеристиките која најмногу ми се допаѓа кај виртуелниот контакт, е тоа што придонесува кон намалувањето на нашиот carbon footprint со тоа што луѓето не мора да патуваат со автомобил или авион.

    Од друга страна, кај реалниот односно face-tо-face контакт, сметам дека луѓето од физички аспект се многу послободни да се изразат бидејќи во нивната комуникација се вклучени мимики, гестови и body language. Ова е особено изразено кога сме во контакт со личности кои ни значат и за разлика од виртуелниот контакт, може веднаш да добиеме feedback.
    Во секој случај, сметам дека сме навистина среќни што живееме во временски период каде што face-to-face контакт не ни претставува единствениот начин на комуникација.


    Дали играте друштвени игри и кои?

    Да, често играм друштвени игри и тоа Spin the Bottle, Go Fish, Scrabble, Poker, Truth or Dare, Roulette, Snakes and Ladders, итн. Дел од овие игри се всушност игри кои се играат во казино и најчесто сум ги играла при казиното во мојот град.

    Кое диво животно би сакале да го чувате дома?

    Никогаш не сум чувала милениче, па така не верувам дека ни диво животно би сакала да чувам дома. Единствениот исклучок од ова правило би било кога би имала лабораторија во домот, па би вршела научни експерименти врз животните. Знам дека ова не е популарно мислење ама...

    Дали се осеќате вие самите за дива личност или питоми сте? И дали прифаќате опасни предизвици, ама не опасни по живот?

    Би рекла дека како помлада сум се сметала за дива личност, особено додека работев како егзотична танчарка. Едноставно бев спонтана и сакав да одам или да го правам она што во моментот ќе ми дојдеше на ум. Неретко сум се наоѓала во опасни ситуации, познавајќи го ноќниот живот во Канада/Америка, особено во стриптиз клуб. Сега кога тој дел од животот е зад мене, би рекла дека сум питома каде скоро за се имам план А и план Б, но тоа не значи дека во одредени моменти не знам да се опуштам и да бидам дива. Двете карактеристики се екстремни и сметам дека е потребно да се има баланс меѓу двете во соодветните ситуации.

    Вие кога учите, кога ви е поубаво? Навечер или пак на денска светлина?

    Не ми е многу важно. Подеднакво добро учам и преку ден и навечер. Доста сум флексибилна и лесно се прилагодувам. Освен тоа, не ми е потребно многу време за да го сфатам и научам материјалот...

    Дали има овде љубители на цвеќиња? Ако да, кое цвеќе ви е најомилено?

    Да, обожавам цвеќиња и таа љубов сум ја наследила од баба ми која имаше цела градина со рози и други уникатни цвеќиња и растенија. Кога и да ја посетував баба ми преку летото, ќе се грижевме заедно за градината, а кога требаше да се вратам дома, таа секогаш ќе ми подареше мала саксија со цвеќе, најчесто во розова или виолетова боја. Што се однесува до омилено цвеќе, можеби не е најубаво или најпознато, но многу сум приврзана за цвеќето Briar Rose :f::f::f:

    Порака или телефонски повик? Што преферирате и во која ситуација?


    За понезначајни прашања каде е потребен краток одговор, преферирам порака, но за разговор на посериозна тема или разговор со пријатели или роднини, секогаш преферирам телефонски повик :mp:

    Ако во моментов имате право на три желби, што ќе посакате?

    :*: Планетата Земја да биде Коронавирус-free.
    :*: Моите истражувања да постигнат значителен успех во научната заедница.
    :*: Да се вратам во Канада/Америка кога ќе можам.


    Кој ви е најубав а кој најлош аспект од изолацијава? Дали има нешто без кое што сфаќате дека животот не е убав, и обратно - нешто за кое сфативте дека може да се живее и без?

    Бидејќи сум доста флексибилна, а и онака имам еден куп обврски, не ми претставува проблем да се прилагодам на изолација. Можеби малку се разочарав што не можев да се вратам дома ама знам дека немам никаква влијание врз таа околност.

    Што е првото што ќе го направите откако ќе излезете од карантин?


    Ќе купам авионска карта за дома :l:


    :l::l::l:Поздрав :l::l::l:
     
    Последна измена: 26 март 2020
    На Carolin., Peperutce1115, marchi-cool и 14 други им се допаѓа ова.
  20. *Amethyst*

    *Amethyst* Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    5.946
    Пол:
    Женски
    Каде да го пријавам брат ми што ме буди у 6 сабајле за да ми објасни како функционирал детски кларинет. Мислам сериозно? :^)
    Има среќа што сестра му увек го слуша макар тоа било и 6 саат сабајле или не знам кое време у ден/ноќ...
    Душа не ми дава да му се лутам ама милост бре да имаше? :( Станавме после објаснувањето, пуштивме цртани... детево гајле нема :D

    Ако во моментов имате право на три желби, што ќе посакате?
    1. Да заврши ситуацијава и да може да се изгушкаме сите.
    2. Да положам возачка.
    3. Да бидам сингл. :tmi:


    Кој ви е најубав а кој најлош аспект од изолацијава? Дали има нешто без кое што сфаќате дека животот не е убав, и обратно - нешто за кое сфативте дека може да се живее и без?
    1. Најубав аспект ми е што сум со брат ми, зашто порано се случувало и по две/три години да не се гледаме :doh:
    2. Да бидам искрена за најлош аспект е тоа што сум со мајка ми и што мора да ги трпам нејзините хистерии, викања, негативна енергија.

    Што е првото што ќе го направите откако ќе излезете од карантин? :)
    Прво нешто би расчистила со врскава...

    П.с. знам дека отупев тука за нефункционалнава врска, и веројатно доста превртуваат очиња и се прашуваат што сум чекала до сега и остали прашања.
    Ама во периодов кога сме оддалечени, и како што имам време за себе се повеќе сфаќам колку вредам и колку всушност безпотреба шанси сум му давала а не вредело и на крај се што добив е само изгубени години.

    Дали вие во врскиве што ги имате и што сте ги имале сте давале и давате шанси повеќе од потребно? На крај кога сте дошле до тој заклучок како сте постапувале? Како сте се чувствувале? Како прекинавте одеднаш да давате шанси?

    Ве гушкам сите, и останете ми убави :hug::hug::hug:
     
    На Carolin., Peperutce1115, Billy Idol и 14 други им се допаѓа ова.