Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    22 глас(а)
    4,6%
  2. 18-25

    291 глас(а)
    61,1%
  3. 26-30

    107 глас(а)
    22,5%
  4. Над 31

    56 глас(а)
    11,8%
  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Здраво :sun:

    Како сте ми денеска?
    Јас го пијам второто кафе за денеска, јадам тост и ве читам 8-|
    Бев да пешачам, ми стана веќе рутина и денот не ми е тоа тоа ако не поминам барем некој километар пеш :toivo:Луѓево изгледаат расположени, раздвижени, што ме радува :sun:

    За денеска немам работа, од следната недела се враќам на работното место. Знаете дека едвај чекам, нели :) Чувствувам дека за сите нас доаѓа поубав период! Знаете дека имам силна интуиција така што бидете сигурни дека е така :angel:

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?

    Многу интересна тема за размислување. Сепак, за мене не е тешк ода одлучам
    Љубовта е на прво место. Јас не би била јас ако не е така. Мислам дека знаете... дека за љубов буквално живот давам ако треба :inlove: За мене тоа е смислата, есенцијата на животот :lol:
    После тоа, би одело вака: здравје (ништо без него, нели)
    Пари, бидејќи недостигот на материјални средства е поврзано со лошо здравје, стрес, депресија...
    Среќата за мене е збир од љубов, здравје и пари :lol: па затоа е на четврто место.
    И за крај, славата не ми е важна. Напротив, сакам да имам што е можно повеќе приватност :wasntme:

    Убав викенд ви посакувам :hug:

    [​IMG]
     
    На KateKane, marchi-cool, marija1907 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.003
    Допаѓања:
    111.051
    Пол:
    Женски
    Здраво :*::*:
    Како сте ми? :sun:

    Пак касно станав ама имав време за да напраам едно смути у блендер за доручек, па еве уште не сум го допила.
    Правам план шо ќе се прави денеска, што ќе се јаде, кој предмет да се учи и така.
    Завршив 2 предмети овие 2 дена, се надевам у јуни само ќе ги повторам и ќе ми се спремни. :drunk:

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    Мислам дека сега ќе ве изненадам, зашо многу ме мислат за романтичарка на форумов ама грешат. :D
    Најпрво среќа, сметам ако имам среќа, дека ќе имам и љубов и слава и здравје и пари. Нели како беше она роди ме мајко со ксмет и фрли ме на буниште. :D
    Потоа здравје, бидејќи без него џабе ќе ми е се, нема да може да уживам у животот.
    После пари, не сум материјалистка, но од љубов не се живее и затоа ова го избирам на 3то место. Со празен стомак не се живее. И си сакам патувања на егзотични места, шопинзи и слично, сметам дека ќе ми требаат пари у животот за тоа. :rofl: Имам речено дека ја на мои децата има и пари и љубов да им овозможам. Не зборам за милиони ама доволно пари за да можам да им овозможам се шо имам замислено. И на себеси. Иако сум задоволна од моментално материјалната состојба, сепак нема цел живот од парите на моите да живеам.
    После ова љубов, битна ми е секако, но без љубов (партнер) на пример се живее, а без здравје, пари и среќа не се живее. :wasntme: А и ако имаш среќа рековме ќе имаш среќа и во тоа да си најдеш партнер, така да, најбитно е да си роден под среќна ѕвезда. :$
    И секако на крај слава, иако да имаше други работи за избор, може немаше да е на последно место. Сакам да оставам белег во животот некаков и да бидам препознатлива за голем дел од луѓето. Би сакала и слава зашо да не. :rofl: Иако мислам дека во нашата земја и нема нешо славни личности и слава, така да, веројатно сум родена на погрешно место. :rofl:

    Денес ми е една година од матура. Брзо лета времево луѓенца.
    Ми фали да има и на форумов потсетници шо сме објавиле пред година две ко на другите социјални мрежи, интересно ќе беше, ќе се потсетевме као сме се осеќале.:D

    Одам да си напраам едно Нескафе и да започнам со денешните планирани активности.
    Имајте убав викенд! :l:
    cup-coffee-view-vesuvius-mount-naples-fresh-espresso-cafe-campania-southern-italy-106880102.jpg
     
    На KateKane, Moon.Girl, marija1907 и 25 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :sun:

    Се спремам за терапија за половината, за неполн саат дека ја презакажав.
    Среќа братучед ми работи таму, па ќе заврши работа за мене. 8)
    Потоа ме очекува шетање со другар, ме чекало изненадување.
    Едвај чекам да видам за што се работи, I love surprises.:inlove:

    Mајка ми ме нарече стисната зошто не ми се даваат пари за јагоди, и пресметав дека со тие 120 денари ќе купам нешто салати.:D
    А татко ми пак, иста сум на него, пљукната, штедиме и двајцата. :D

    Си пуштив музика да се опуштам, си пијам смути и јадам сладолед, на болно грло и плус газирано, а вечерва ме очекува кашлање x2.

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?

    Здравјето ми е секогаш на прво место. Без здравјето не можам ништо, нема да бидам способна за ништо.
    Здравјето на мене и на најблиските ми е нешто најважно.

    Среќа , имам заборавено како изгледа а се помалку се тие ситници на кои можам да се израдувам и да се опуштам вистински.
    Ми треба среќа во животот за многу работи.

    Потоа следи љубовта, ах љубов. :inlove::inlove::inlove: Одамна сум сингл и признавам дека некогаш се чувствувам осамено и ми е потребна личност покрај себе, да ме прифати со сите маани и доблести, со мојата лудост, со се што можам да дадам а очекувам и возврат.

    Пари... не сум материјалист. Често штедам, не лакомам по пари, дури како мала имам одбивано добра сума на пари од баба ми како подарок.

    Слава.
    Го делам мислењето на @prominent немам што да додадам повеќе.

    Имајте убав ден. :emo:
     
    На KateKane, Carolin., SeaMermaid и 19 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    31.907
    Пол:
    Женски
    Здраво,дечки.
    Јас си терам стандардно,пред тв и со мачорешко друштво.
    Подредување на поими:
    здравје+љубов+слава+пари=среќа
    Нема среќа без овие нешта.
    Мајка ми пак ми збореше дека сум била дива,дека со мажот ќе се карам за далечинското. ]:):rofl::rofl::rofl:
    Јас ѝ реков дека ќе направам компромис,да има 2 телевизора во домот и раат ќе сме јас и тој.Тој ќе си гледа фудбал во дневната,а јас серија во спалната соба.
    За многу нешта можам да направам „разумен компромис“,ама не за едно нешто.
    Не можам да бидам со тип кој не сака животни,поготово мачки.
    Пак ѝ го реков она на мајка ми дека типот мора да сака мачки.
    Идам во пакет со маче. :lol:
    Не за џабе зборот маче бил меѓу првите кои сум ги изговорила.
    Љубовта кон мачињата е дел од мојот идентитет and I'm proud of it. ]:):inlove::rofl:
    Одох да правам капучино. :rofl:


    #МачкаркаодЛулкадоГроб8)
     
    На sweet-cherry, KateKane, marchi-cool и 19 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.433
    Допаѓања:
    46.689
    Пол:
    Женски
    Здраво ќоше.

    Некако, во последно време, слабо имам волја за пишување на форумов. Се чувствувам како сето ова да го надраснав, како да се заситив и од дискусии, објаснувања и образложување мислења, закачки и читање како некој се расправа. :D Најголем мерак ми е да ги гледам сликите од позитивни тестови за бременост. :tmi: :D
    Месецов правам 10 години членство на форумов и многу нешта се изменија низ овие години.

    На прашањето Како би ги подредиле поимите среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност, би рекла дека на прво место ми е здравјето, за нијанса понапред од љубовта. Без љубов животот ми нема смисла. Потоа среќа, пари и на крајот слава. Славата не ми е воопшто важна.

    Додека го напишам ова, веќе си го испив кафето и сега е време да завршам некои работи кои го одложував минативе денови.

    И уште нешто. Сега кога температуриве толку нагло скокнаа, имам ужасна потреба за слободно движење и излегување навечер, затоа што преку ден е пеколно. :sweat: Па и маски на ова време. :| Ништо не ми фали толку колку слободното движење.

    Убав ден. :f:
     
    На sweet-cherry, KateKane, marija1907 и 19 други им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Хелоу :sun:

    Како сте ми?
    Јас се враќам од долго возење точак :D Конечно другарка ми успеа да ме натера :) Мислев дека сум заборавила да возам ама убаво викаат дека тоа не се заборава, заедно со пливањето :)

    Пак како да изгорев малку ама либе ме гледа и ми вика дека сум фатила боја 8) И тоа повеќе отколку кога одиме на одмор...

    Чекам либе да заврши со работа, па ќе излеземе веројатно до парк :) Воопшто не сум уморна, баш напротив. Мислам дека колку повеќе се движам толку повеќе енергија добивам :D Мислам дека е до сонцево, се чувствувам како некој да ме ставил на полнач :lol:

    Одам да се туширам и да се спремам :toivo: Се читаме покасно, уживајте во викендот :l:

    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Хај друштвенце. :l:

    Ноќеска едвај некако заспав, или ме мислел некој или нешто, не знам.
    Веројатно сметките што ќе ги плаќам утре. :inlove:
    Или пат тоа што не знам по кој пат бев гладна, па некаде во 2 3 по полноќ јадев чоко бисквит.

    Само што заспав, мачорот го будел брат ми во другата соба, па дошол кај мене сиротиот мртов гладен вратен од клецање, па морав да му ја исполнам желбата на господичниот мачор.:wasntme:

    Направив и пица, толку вкусна што ќе се запросам сама себе за некој ден.

    Другарка ми еднаш ме праша какво запросување сакам? Брзо го знаев одговорот, со баклава.:Dкрцкава, со ореви и лешник.:makeup:
    Не сакам прстени и такви ствари, туку баклава, хехехе.:party: Да ми дојде со баклава во дрес од мојот омилен тим и да ме праша - Will you marry me? :$

    Си мислам колку убав однос имам со касиерките и вработените во маркет, сонце ги огрева кога одам таму, па ќе кажам некоја глупост и сите заедно се смееме. :rofl:
    Ќе ми рече некоја - лепото, дојди ваму ти чувам ред да наплатиш.
    А јас далеку од лепота утрово, ко да имам преживеано електрошок.:inlove:

    Чекам да дојде и другар ми на гости, со моите омилени крофни кои одамна ги барав.
    Мислам дека денес од толку тесто изедено ќе качам некое килце.

    И така.
    Пријатно попладне.:hug:
     
    На sweet-cherry, KateKane, Peperutce1115 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    Здравоо на сите!

    Јас еве после незнам колку канење да напишам, а си ве читкарам баш сте ми кул ,денес се решив и јас да пишаам. :D

    Денес бев спанка толку многу ми се спиеше што ми идеше да станам со перница, ама нејсе така ми е кога главам до сабајле скоро.
    Ммм си направив кафенце и да ви кажам некако се радувам што чувствувам summer вибрации... :sun::sun:

    Да се надоврзам и јас
    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    Здравјеееее на прво и незаменливо место, за мене е неизмерно најбитно зошто во животот ако немаш здравје немаш ништо, ниту можеш да работиш ниту да си среќен.Болен човек има само една желба ,а тоа е да оздрави.
    Затоа за мене е најбитно нешто.
    Среќичкааа на второ место. :angel:Луѓето на Титаник биле богати, дури пребогати амааа немале среќа...
    Пари не сум материјалиста ни јас меѓутоа битни се за барем еден човек да може да има нормален живот и да може да си пружи себеси одредени работи за живеачка.
    По природа сум скромна уште од мала и штедлива личност, зошто сметам дека ако го имам целото богатство на светот, а не сум здрава и среќна нема да можам да го купам тоа зошто не се купува со пари и длабоко во себе ако си празен и мизерен и сета најлуксузна гардероба и све нај ќе ти пружат краткотрајно задоволство и после тоа пак ќе си бидеш истиот, до мајнсетот е исто.
    Како и да е битни се ама не и по секоја цена да се изгубиш себеси.
    Љубов ,љубов без неа неможеме да дишеме, а уствари во секој од нас во себе ја има во изобилие само не сме така научени да гледаме на работите.
    Сметам дека најпрво човек треба да се сака себеси на прво место зошто ако имаш љубов кон себе ќе можеш да ја имаш кон сите.:inlove:
    Вчера баш размислував на оваа тема ех ја имам во себе ама ете сакам да ја споделам со некој да ја сплотам, како јас така и тој со мене.
    На моменти ми фали допир, нежност, гушкање, сплотување со некоја душа ама ете ќе биде и тоа се надевам.
    Слава небитна ствар баш е тешко на моменти да си славен и да немаш мир и приватност кај и да појдеш ...не сум сакала да бидам славна ама главна по малку да:lol:

    И такааа огладнев пишувајќи, останете ми убави и позитивни девојки :hug:па се читаме пак :$ одам да си направам нешто за појадок.:hai:
     
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 21 други им се допаѓа ова.
  9. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    15.130
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки8)
    Надвор е пекол:whew: Сахара во превод:rofl:
    Бев излезена малку,жив човек нема надвор:drunk:сега ке се ладам со сладолед:*:
    Почнувам да читам нова книга па ке си направам и едно ладно кафенце:coffee:неделно уживање :inlove:
    Ми фали дм,едвај чекам да дојде да правиме нешто заедно:rock:
    И да одговорам на прашањето како би ги подредила по важност овие работи:љубов,здравје,среќа,пари,слава?
    Епа пред се ми е најбитно здравјето,ако го немам тоа се друго би ми било безвредно.Љубовта мие на второ место,па после среќата. Здравје плус љубов за мене е среќа.
    Парите би ги ставила на место број четири.На последно место слава,која и не ми треба:rofl::bandit:
    Имајте убав ден:d:
     
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 20 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    31.907
    Пол:
    Женски
    Ууу,ама е топло...
    Ако е ваков мајов,кој знае што ќе припреми јуни или јули.
    Дома почнавме да ги чуваме сите сокови во фрижидер.
    И кафе со мраз ќе се пие и вентилаторите ќе се пуштат кај и да е.
    Ама,нека се стопли уште повеќе,повеќе кила ќе се симнат. :rofl::rofl::rofl:
     
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    10.976
    Пол:
    Женски
    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    -Среќа, здравје, пари, љубов.
    Најбитно ми е да сум среќна и да се чувствувам убаво, сеедно ради што. Љубов... мех. Нема да се осмелам на такво нешто у блиска иднина.

    Денес цел ден у природа го поминав, бев низ Североисточна Македонија. F986D145-0C66-4379-9796-4D4A503EAF93.jpeg 98DD31EF-C23F-4B11-B400-60E25A5F7C7A.jpeg
    Проаѓање време у природа ми е... океј. Не сум некој огромен љубител на природа и надворешност, единствен плус е тоа шо има чист воздух најчесто, а и убаво е за сликање.
    Сеа ќе отворам бело винtse пошо стварно неам друга работа.
     
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.623
    Здраво :sun:

    Како сте ?
    ЈАс после долго очекуваниот викенд поминат со либето после карантин, се чуствувам прекрасно :inlove:
    Колку ми фалеа тие очи, појадок заедно :l:

    Седам на тераса и некој комшија пуштил песни на цел глас, слушам "Дојди Лено на перниче бело" :rofl: :rofl:
    Денеска и си посветив време и нега, долг туш, маска на лице, пилинг, сега и една масажа на лице, за утре спремна за на работа, таман и ќе одморам.

    @nextredstyle исто за времево :D Мај некако се збудали нешто со температуриве, се мисли нешто шо не е :D Ќе ме читате кај шо хејтам пеколно време периодот шо иди, шо да правам кога ми смета, пеколно време :wasntme: Не можам да функционирам како нормален човек. :drunk:

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?

    - Првин здравје, пред се. Здравје кога се има после се ќе биди.
    -Потоа љубов. Мене љубовта ми е една од најбитните работи во животот.
    - Би одела трето пари. Љубовта ми е пред парите. Точно да не се живее од воздух, ама џабе би ги имала сите пари на свет, ако немам љубов.
    - Среќа како четврто. Јас ја сакам среќата, ама таа мене некако слабо :D ЈАс и среќа две различни поими.
    - И слава. Па да и на петто не би ја ставила. Слава не сакам ама воопшто. Сакам приватност и пред се мир.


    Имајте убава вечер :hug:
     
    Последна измена: 17 мај 2020
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    9.244
    Пол:
    Женски
    Хај :hai:

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    - За мене редоследот е ваков: здравје, љубов, среќа, пари и слава на крај.

    Денот го искористив максимално. Уште сабајлето, заедно со моите отидовме во викендичката за да направиме генералка. Рацеве не си ги чувствувам :D, одамна немам толку чистено. Сите прозорци ги светнав, а најмногу мразам да бришам прозори и една флека да има се познава. После чистењето, татко ми направи скара и така фамилијарно ручавме во дворот. Најубави ми се оние моменти кои ги поминувам со семејството, благодарение на вирусов повеќе време поминуваме заедно.:inlove:
    Сега се истуширав и се одмарам додека читам на форумов. Едвај чекам да си легнам, немам енергија за ништо.

    Синоќа останав будна до покасно благодарение на разговорот што го имав со една другарка. Темата беше "смртта" на универзумот. Малку е чудно кога ќе сфатиш дека се што постои досега еден ден ќе го нема. Имено постои теорија наречена The Big RIP која ни кажува, односно предвидува како би завршил универзумот. Познато е дека тој сè повеќе и повеќе се шири, па во одреден момент толку многу би се раширил што и самите атоми и нуклеони ќе се раздвојат. Секако ова нема да се случи во скоро време, пред тоа треба Сонцето да стане црвен џин и да ја проголта Земјава. Но, и тоа за среќа нема да се случи за брзо. Самата помисла на тоа колку сме мали и незначајни во универзумов е застрашувачка. Всушност не знам дали човештвото или секој од нас како поединец е назначаен. Можеби сите имаме некоја цел зошто сме тука.

    Еве едно прашање:
    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?

    Одговорот најверојатно никогаш нема да го дознаеме, но ме интересира што мислите вие за ова.

    Доста беше од мене :D.
    Имајте убава вечер :l::hug:
     
    На sweet-cherry, KateKane, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
  14. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Добро утро драги, саат ипол читам и пак не дочитав се8-| Мора поредовно да следам, многу активно е ќошето.
    Да не се распишувам, сакав да се пофалам еве 3та недела како си се вратив на старо, тајната била по минимум саат надвор, за мене:*
    Ќе ми гори сеа под нозе, јуни е испитна али верувам ќе научам:lol:
    Ете, кратко и слатко од мене, имајте супер недела и праќајте чат пат сликички од кученца:wasntme:
     
    Последна измена: 18 мај 2020
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    17.142
    Добар ден :f:

    Силно светнал денот, убав понеделник, барем судејќи по утрото и самиот почеток! :)
    Станав, истрчав, се искапив, смути си направавив, сега го пијам и чачкам низ интернет.
    Трчањето дава резултати, чувствувам иако последниот пат кога се мерев, тежината ми беше иста. Сега одлучив некое време да не се мерам, само да не се откажам од рутината. И верувам дека нема. Неколку пати до сега, сабајле во 7ч ми беше претешко да станам од креветот, да земам велосипедот и тркнам на трчање, ама станав и отидов и всушност тоа се деновите кога постигнував најмногу :*:.

    Инаку не знам зошто не ви се допадна мојата тема за дискусија и зошто не привлече толку големо внимание. Баш мислев дека ќошето е идеално место за дискусија на истото. Како и да е, стварно очекував повеќе :).

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    Апсолутно нема простор за никаква дилема. Прво и основно, најважно ми е ЗДРАВЈЕТО. Џабе ти е и богатство и слава, ако немаш здравје. На второ место ми е ЉУБОВТА. Ах љубов, вечна инспирација и мотивација, муза на најголемите и основен двигател на се' што ни се случува, најголема движечка сила и смисла на животот. Постои во многу облици, па дури и најголемите успеси се должат на љубовта и посветеноста кон целта кон која се стремите. Потоа следува среќата (you create happiness; you don't find a happy life, you just make it), па парите (you create money; the more you learn, the more you earn!) и славата (fame is not gifted, you have to earn it).

    Значи, remember, life is 10% of what happens and 90% of how you do it!

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Се' би било различно. Секако дека сме тука со причина, а таа причината е да еволуираме. Да растеме и цветаме, исто како цвеќињата и да станеме најдобрата верзија од нас самите. Со откривањето на огнот, развојот на телекомуникациите, па и стапнувањето на месечината, човештвото го прави светот подобро место за живот. И покрај бројните улоги кои ги уживаме, се се' сведува на постоењето и свесноста за истото.

    И мојот пост не може да помине без музички поздрав во ќошево :lol:. Една песна со одлична порака за вас.
     
    Последна измена: 18 мај 2020
    На sweet-cherry, KateKane, Cherry blossom89 и 18 други им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :sun:

    Почнав со работа, сега го спремам и материјалот за утре па... решив и да ве читнам на кратко и да продолжам да нервирам една личност. :rofl:
    Тоа во крвта ми е деновиве, да ги нервирам луѓето.|(
    Уаууууууууууууу, со што имам да се фалам.:inlove:

    Јадев и крофни и чоколаден шејк, се погалив со мачорите, па ќе почнам и со ручекот.
    Си пуштив и стари песни на репертоар.:dance:
    Секогаш сум викала дека старите песни се нешто најдобро, македонски евергрини од Владо Јаневски, Тоше, Каролина па и Дуле и Коки, Куку Леле и Самарџиев, секогаш ме опуштаат, па се до странски олд скул песни од типот на Макарена и Ламбада.:sun:
    Уште да бев на плажа и да играв одбојка ко во старите добри времиња.:wasntme:
    Ништо оваа година од тоа.

    Ако веќе прашувате дали сум наспиена одговорот секогаш ќе биде едно големо огромно НЕ.





    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Кога студирав имав тема за есеј зошто сме на земјата, поради што, дали имаме цел во животот и слични прашања кои се интересни за размислување.
    Има многу теории околу ова но да, се би било различно, верувам дека овде сме со причина само што ретко некој се замара околу тоа, а е доста вредно за размислување.

    Хев а најс деј.
     
    На sweet-cherry, KateKane, pdb123 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Добар ден :sun:

    Понеделник, мојот омилен ден :f: Отсекогаш и засекогаш :l:
    И да сакав, немаше да најдам подобар почеток на работната недела. Освен можеби на некоја егзотична плажа, далеку од се'. :mm:

    Со либе бевме на кеј сабајлево, си земавме coffee to go по пат и уживавме во утринските сончеви зраци. :sun:
    Па јас си дозволив и мал шопинг после. Навистина ми требаше малку да си ја подновам гардеробата, време беше :wasntme:

    Па туш, кафенце и доручек дома... Добро, доручек што веќе преминува во ручек, но сеедно :)
    Сега ме чека работа, многу работа, мејлови за одговарање еден куп, не отворав мејл викендов воопшто, одмарав, па сега не знам од каде да почнам :tmi:

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Не знам дали има причина, но дефинитивно не би било исто :) Колку и да се тврди дека човекот ја уништува Земјата и дека таа би функционирала и без него, сепак мислам дека човековите достигнувања се и повеќе од значајни.
    А причината за нашето постоење... уф, малку тешка тема за понеделник :D

    Ви посакувам успешна работна недела :f:
     
    На sweet-cherry, KateKane, pdb123 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    7.869
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце :f:

    Најпрво да им кажам Добредојде на новите членови или на оние кои поретко пишувале. Се надевам повеќе ќе се дружиме. :hug:

    Со оглед на тоа што конечно донесоа одлука за полаѓање на нашиот факултет, ќе треба посериозно да го загреам столчето. Сеуште се чека да видиме дали сепак ќе бидат колоквиуми или испити. Искрено не знам што да очекувам, јас сакав барем и во Јули да се полага, колку да има простор измеѓу.

    Денес сум во план да правам десерт во чаша, за потоа да ги истрошам калориите со вежбање. Мило ми е што конечно си најдов план по кој вежбам континуирано. Ефективни вежби, доволни за да ме размрдаат и секако најбитното е дека уживам додека вежбам.

    needy people/attention seekers!
    Како вие се справувате со нив? Какво е вашето мислење за ваквите персони и дали ги имате во вашата околина? Дали ги препознавате од километар и дали бегате од нив? Што би ги советувале?
    Ги имав во мојата околина, така да можам да кажам дека такви луѓе не ми одговараат, додуша на кого би им одговарале?! Таквите луѓе постојано се зависни од социјализација, нешто кое јас не можам да го поднесам бидејќи јас сакам да сум дома, сама, во мир. Врз основа на ова добивав префрлања од типот на: антисоцијална личност, не спонтана, личност која нема живот, досадна...од страна на нив.
    Со вакви навреди, можам да кажам само дека жал ми е за нив бидејќи за да постигнат нешто тоа го прават така што навредуваат. Многу погрешен начин и искрено бесмислен.
    За оние кои сакаат да се истакнуваат пред сите можам само да кажам дека имаат ниска самодоверба и потреба да се во центарот на вниманието.
    "Наоѓаат некој кој што е инфериорен и од него бараат посебен третман, восхит, константно се желни за убави зборови и комплименти и на тој начин веројатно добиваат лажно чувство на сигурност" - оваа реченица од @Peperutce1115 мислам кажува се.

    За што мечтае детето во вас?
    За пикник во природа, за гушкањата од мајка ми, за безгрижни денови.

    Дали мислите дека песимистот може да стане оптимист и обратно, или мислите дека е ова црта што е врежаа во карактерот и не се менува?
    Не дека е невозможно, туку е ретко. Да не се пофторувам горе - долу сите исто сте одговориле така да го делам мислењето со вас.

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    Здравје, без тоа ништо друго не е важно.
    Љубов > Пари > Среќа > Слава.

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Дефинитивно би било поразлично. Изворот е Земјата но, без човечката рака не би постоеле голем дел од работите.

    Толку од мене, ви посакувам пријатен ден.:l:
     
    На sweet-cherry, KateKane, pdb123 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    9.771
    Пол:
    Машки
    Здраво девојки,

    Како сте ова жешко попладне? :inlove:

    Овде е толку жешко што буквално и кога е се затемнето и затворено, уште се потиш. Сега само што излегов од под ладен туш и иако ги оставив капките на мене, ја чувствувам жештината на телото... Што ќе се прави преку лето ако уште сега е овака жешко?

    Викендов би можел да го поделам во два дена. Едниот, преубав. Прошетавме малку во природа, наполнивме батерии гледајќи во зеленило и синило. :$
    Другиот, демек, фамилијарен ден, сите дома... цел ден кавги, расправии, тензија и негативна енергија по дома. :(
    Никако не може да се разбере оваа мисла меѓу моите, а уште помалце и примени:

    “Raise your words, not voice. It is rain that grows flowers, not thunder.”

    Поради тоа се размислував, дали да ја прифатам понудата од друштвото кое поголемиот дел од кризава реши воопшто да не се изолира, туку да си шетка насекаде и да се гледа со секоја можна личност со која може да се види.
    По не знам кој пат се прави договор да се замине во викендица на планина. Тие веќе неколку пати беа. Јас пак, секогаш одбивав, но поради тензичнава ситуација дома, а и товарот кој го носам со себе овие месеци поминат претежно затворен ме ставија во мислење што да одговорам. До сега, знам дека го посакував истото, но колку и да сакав да заминам, да ставам се на страна и да "удрам бригу на весеље" одбирав да го слушам разумот и да не се изложувам на ризик. Но, сега гледам дека некако стивнува веќе се и народот е послободен, па можеби треба и јас? Што би ме советувале вие?

    Да одговорам и на некои прашања. За жал, не можам на сите. Ќе ги оставам за следен пат. Ќе излезе постот преголем

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?

    Ве читав претходниве страни околу прашањата и сакав да видам како ќе ги подредите поимите и дали ќе се совпаднам со некого во размислувањето. И воопшто не се изненадив дека со @Peperutce1115 делиме исто мислење и по ова прашање. Се што сакав да напишам, напишала таа и детално објаснила. И со @f.girl и @Carolin. делам ист одговор.

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?

    Има две размислувања како одговор на ова прашање, и истите зависат од тоа дали ние сме единствен интелегентен живот во нашиот универзум или само еден, од многуте.
    Едното размислување е многу self-centered кое открива за тоа какви сме ние, ставајќи не како единствено интелегентно битие кое постои во нашиот универзум (сеуште не знаеме дали има друго), давајќи си самите себе некоја причина за нашето постоење, правејќи се самите посебни и егоцентрични, над се останато.
    Од друга страна пак, е тврдењето дека веројатно нашето постоење нема да смени ништо во универзумот и не сме единствените интелегентни суштества, ниту сме овде со некоја посебна причина, ниту може нашето постоење да смени или влијае низ текот на универзумот. Ние сме само една безначајна искра која се има појавено во еден безначаен, краток период во ова бесконечно пространство.
     
    На sweet-cherry, KateKane, pdb123 и 19 други им се допаѓа ова.
  20. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.721
    Пол:
    Женски
    Здраво женски :makeup:
    Одамна ме немало овде :tmi: Како сте?
    Јас одлично се журкам по дома со Summer mix 2020 deep house 8) (летото почна за мене) :d:дур си подвежбувам по малце :!: мора да се вратам у форма, доста беше јадење само :lol:
    Си најдов нов тип :inlove: (што би рекол Слаткар ни малку сличен на бившото лигле :rofl:). Дечкото не се одкажува па ајде реков да попуштами да пробаме :D . Уште не сме ништо, другарски ни е односот скроз :!: али и тоа е нешто :D (сакам кажам не знам речам работава е, ама ме разбравте мислам :lol: )

    Ми се оди на плажа, со некое коктелче, ова deep house-ов што го слушам, оптегната на лежалка 8) со другарки (може и со типов) :D и мозокот на пасење пуштен. Не барам многу нели? :?:

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    -Здравје
    -среќа
    -љубов
    -пари
    -слава
    [​IMG]

    Aјде на журка (poolparty) :d: :dance:
    Имајте убав ден
    Бакнежи и прегратки до сите
    :* :hug:
     
    На sweet-cherry, KateKane, prominent и 19 други им се допаѓа ова.