Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    22 глас(а)
    4,6%
  2. 18-25

    291 глас(а)
    61,1%
  3. 26-30

    107 глас(а)
    22,5%
  4. Над 31

    56 глас(а)
    11,8%
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.003
    Допаѓања:
    111.051
    Пол:
    Женски
    Здраво :d:
    Како сте ми?

    Неделава подобро не можеше да ми почне. :sun:
    Се измерив денеска, вагата оди во минус. :rock:
    Честам една Цедевита со лед. :)
    20200518_172223.jpg
    Ова е само почеток и имам доста работа околу ова, но битно тргна работата. :dance:
    Ќе се пикнам па во xs и s работите и ќе бидам пак задоволна као ми стојат истите, чесен збор. :D Си ветив на себе т.е. :D Греота е такви фустанчиња и комбинезони да фаќаат место во плакарот и да не ги износам. 8)

    Чекор по чекор ќе средам се што периодов некако ми се излизга од раце.
    Мило ми е што еден доста тежок психички период оставив зад себе.
    Не знам за вас, но мене карантинов предобро ми дојде.
    Ваков одмор од се ми беше многу многу потребен.
    Сега сум одморена и спремна да се вратам на нормалниот живот, батериите наполнети, знам што сакам, знам кон што целам, имам планови, се наоружив со самодоверба, се ќе средам.
    И малку среќичка само да имам и да ми послужи, друго не ми треба. :D

    Понеделник некако ми е резервиран за брат ми. Сработуваме сите задачи што се за неделата и после ужива и он, уживам и ја. Дома денеска, па и на работа беа нашите и таман у тишина и мир попладнево си работевме. :)
    Додуша сам си работи, ја си учев ама ако некаде заглави да помогнам и објаснам сум тука.
    Ги завршивме сите 13 предмети, вика во тим подобро се работело. :angel:
    Уште неколку недели и нека одмара детето, заслужено, се измачи со куп домашни. :)
    Повеќе домашни вака имаат отколку кога одеа во школо и навистина некои работи ни им се објаснети, ни ништо.
    Вика среќа шо имал сестра поголема, другарчиња од класот се мачеле за многу работи, немало кој да им помогне... (waiting)
    А родителите поготово ако се од тие генерации што не учеле толку странски јазици и слично, кај ќе знаат програми да им прават и објаснат, есеи со 300 збора на странски јазик да им напишат.
    Пример кај нас ете, моиве знаат природни науки, математика ова она, но француски, програмирање, морам ја да помогнам. Они учеле српски, руски, програмирање па ич немале контакт со тоа... До некаде претеризам е што им се бара, баш и со дм дискутиравме, гледаше и он задачите математика пошо иден инженер е, па се разбира у такви работи и вика за деца од 12-13г колку бараат, стварно е премногу... :worried:
    Но, тоа е што е, ќе се снаоѓаме као знаеме. :)

    Сега да одморам малку, ми се собрале пораки од другаркиве, не сум отворила многу социјални мрежи денеска, само на тел со дм нешо шо зборевме, зафатена баш бев. Ми се "лутеше" другарка ми само сум учела, не сум ја рецкала у последно време ич, па да и обрнам и неа малку време, љубавни проблеми у прашање се. :D:tmi::tmi:

    И така луѓенца.
    Имајте убава недела. :sun:
     
    На sweet-cherry, KateKane, Moon.Girl и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    10.852
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки и Били:coffee:
    Како сте?


    Понеделнички можам да кажам дека сум расположена, станата од 7, трчав, направив доручек и имав предавања до 1ипол попладнево, малку напорно и досадно на моменти станува дека сама сум ваљда у соба, ја нема таа атмосфера од факс, ке ми фали тоа, а колку само кукам кога имам испити:rofl:
    Бев низ град, мама си купила панталони па ај друга боја да не биле тие, ги сменив, јас нешто да земам, ама не ме бендиса ништо или пак е над 1500денари некое летно фустанче и не ми се даваат толку пари, зошто ке го облечам се на се дали 5 пати, милион имам дома, не знам што сакам и јас(facepalm)

    @Billy Idol да одиш и да си го одмориш мозокот, ова дома седење лошо влијае на сите нас. Психички ке попушти човек.
    Сакам да читам како си отшол и ссе враќаш со позитивни мисли и убав помин:D

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Мислам дека сите сме сведоци на тоа како светов сопре преку ноќ и природата се врати назад, ни требаше таков удар во глава на сите.
    Дека сме тука со причина сме, а дека го уништуваме ова убаво место, го уништуваме. Ги соголевме сите планини, ги загадивме сите езера,мориња, реки... Природата се обновува ама дека би се вратила на старо никогаш со ова темпо на живот на сите нас. Колку оди технологијава напред, за едно 200-300 години ке бидеме заменети со нешто друго што ке ја ужива оваа убавина.

    Имајте убав ден:sun:
     
    На sweet-cherry, KateKane, pdb123 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.623
    Добро утро :sun:

    Со оглед дека од понеделнички денот ми почна супер, се надевам така ќе тера цела недела :D
    Денеска станав уште во 5 8-| Вежбав, туш, појадок па на работа. Не сум многу ранобуден тип,ама како иди жешково, така ќе спијам по многу малку.

    Конечно ќе си ги видам и внуците :inlove: По толку време редно беше. Преку камера ми иди да ги изгушкам. Нетрпеливо го чекам викендот да дојди.

    Инаку се нервирам зошто библиотеката не работи уште. Баш таа има најмала причина да не работи. Кај и да е можи јуни ќе почни да работи. Претеруваат за некои работи.

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    -
    Секако би било различно. Но, тука сме ние со причина. Иако ние сме уништувачи на Земјата, сепак многу придонесуваме.

    Заминав да си го испијам какаото. :coffee:
    Имајте убав ден :d:

     
    На sweet-cherry, KateKane, pdb123 и 20 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Добар ден :sun:

    Како сте ми?
    Јас, супер. Постот на @Dream-Girl ме потсети мене да се пожалам малку... и кај мене вагата отишла во минус, ама непосакувано :| Не знам дали има влијание тоа што деновиве сум навистина многу активна, пешачам многу и почнав и точак да возам, но тоа не го правам толку како физичка вежба, повеќе ми е одмор на умот од сите глупости периодов :| Ама знаејќи го мојов метаболизам со брзина на светлината, ништо не ме чуди веќе...

    И така, денеска доручкував двапати :lol: за да ја поправам штетата, и малку ќе одморам од физичка активност.
    Ќе се посветам на работата, и така денеска ја има на претек 8-|

    @deskarada, каков хит беше ова пред 15-тина години :tmi: Или како што знам јас да си кажам, во мое време :D
    Кога поминаа годиниве, како вчера да беше кога си ги праќавме пресниве по Bluetooth на телефоните на преклоп :D Ми текнува колку бев горда кога конечно добив дискмен за роденден... и mp3 плеер :D Носталгија на најјако ^_^

    Прашање: Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?

    Ајде кој е за кафе, денеска е од мене :coffee:

    Убав ден :l:

    [​IMG]
     
    На Принцезичка1, sweet-cherry, KateKane и 21 други им се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    10.852
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки и Били:coffee:
    Како сте?

    Денес ми е денов никаков, главата ми е казан, се чуствувам без енергија:( Дали од времево или настинувам, не знам навистина:worried:

    Јас можам да се пофалам дека на долги стази доброи напредувам со внесување на здрави навики, од фебруари до сега имам симнато 8кг. Ја држев ун еден месец сега, веќе месец и нешто сум повеќе да внесувам што е можно повеќе здрави јадења и здраво приготвени и имам физичка активност нормално. Мене метаболизмот ми е спор, ако не сум физички активна и ако не внимавам што јадам веднаш се поправам. *исповеди

    Најмногу носталгија ми буди мирис, кога ке почуствувам мирис за момент се враќам на тоа место и тој момент. Музика и старите добри хитчиња на кој денсавме со друагрките низ соба и првите искачања во дискотека.:dance: Слики кога сакам да си се потсетам на старитр добри времиња, и одвреме на време си разгледувам стари албуми.

    Имајте убав ден:sun:
     
    На Anna-Banana, sweet-cherry, KateKane и 21 други им се допаѓа ова.
  6. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Здраво. :wasntme:

    Излегов во 10 : 30 AM за контрола на протезите и се прибрав пред 1 саат.
    300 процедури, 86590 пациенти и погодете кој беше последен со закажано во 11 часот а почна во 12 часот?
    Па нормално дека јас, вечниот малер, животот ми отиде чекајќи нешто.:wasntme:
    Температурата ми беше измерена и ми кажаа дека е 36.9 , cold bitch.

    Подоцна отидов да ја посетам тетка ми, ја начекав нервозна па мрчеше нешто, налет одење и се, ми се одмили.:|

    Инаку денов е убав. Завршив многу работи и сега ќе почнам со готвење а подоцна ќе се почастам со благце и кафе.
    Денов за мене после 17 часот официјално ќе биде завршен, одбивам да функциунирам во остатокот од ова деноноќие.


    Прашање: Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?
    Се од наведеното.
    Слики од мирните денови, кога се беше во ред и живеевме сите среќно и убаво без стресови. Каква носталгија еј, посакувам да се вратам во тие времиња.
    Музиката и мирисот секогаш ме потсеќаат на некоја личност, дешавка, период.
    Понекогаш дури и одбегнувам да слушам некои одредени песни кои иако ги сакам немам намера да ги пуштам во блиска иднина.


    Толку од мене.
     
    На sweet-cherry, KateKane, Ambitious и 19 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    31.907
    Пол:
    Женски
    Hi,дечки.
    Денес бев да купам нешто за себе и нешто за мајка ми.
    Изгор топло :sweat:,ама мора да се трпи.
    Денес денов ми е посебно убав.
    И мачката Цуки се породи. :l:
    Едното маче е црно гламја,а другите се темносиви со шари како неа. :inlove:
    Госпоѓата одма ми ги покажа,што значи дека многу побрзо од Килер ќе ми каже „на ти ги,сега се твој проблемчич“,па ете со внука ми од утре ќе думаме имиња. :rofl:
    За 2 прашања...
    Музиката ми буди носталгија.Често си пуштам музика од 2009/2010 и „си се враќам“ во тогашните убави моменти.
    Не знам за универзумов,ама Земјава ќе беше поинаква без нас.Ќе имаше повеќе кислород.
    Ај,чао сега,идам за да не ми се напие Максимилијан од капучиното(јас бавно го пијам,ама мачорешките волови знаат да го начекаат и...). :rofl::rofl::rofl:
     
    На Peperutce1115, sweet-cherry, KateKane и 16 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    17.277
    Пол:
    Женски
    Добро утро луѓе :sun: , јас денес ранобудник , сум станала пред 07:00 часот ( обично станувам околу 10:00 ) , и не се чувствувам уморно воопшто , иако легнав во 02:15 часот . Еден куп обврски завршив од сабајле и сега чилам со кафенце :D . Врнеше ли во текот на ноќта кај вас ? Во Тетово се истури на едно половина час ( мислам , јас толку време бев будна , подоцна сум заспала :D и не знам дали врнело после тоа :D ) , ама баш убаво не освежи дождот . Требаше едно кратко освежување после оваа пеколно топла недела .

    За денес , немам многу обврски , ќе си чилам претежно :D . Во план сум да го терам мм да ја исчистиме колата ( што повеќе личи на автобус отколку на кола (facepalm) ) ама зависи колку ќе биде уморен :D . Ако има енергија после работа , се фрламе на чистење на колата :D . Редно е после толку стиропори и чуда пренесени во неа , заслужува едно добро перење и усисување :D .

    Ајде , останете ми со здравје и добро расположение :* .
     
    На Peperutce1115, sweet-cherry, smile:) и 17 други им се допаѓа ова.
  9. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.721
    Пол:
    Женски
    Врнело? Јас жива вода се разбудив. Не ми изгледа ко да врнело, бар малку да разладеше.:sweat:
    Добро утро дечки :sun:
    И јас денеска рано си станав, комшииве ме разбудија со кршење ѕид (facepalm)
    Ги свртев инста и фб, сега малку ќе си читнам па низ град некое кругче и на работа;(
    Значи а дојде лето мене одказ ми се дава :rofl:. Иако повеќе сакам зима, ама лето не е за раборање. Лето е за одење по базени, журки, коктели, кафулиња, одмор (poolparty) (poolparty)
    Ова коронава се зафркна :@
    [​IMG]
    Навали народе :d: од куќата е 8)
    Имајте убав ден, Ве сакам
    :hug: :*
     
    На Peperutce1115, sweet-cherry, smile:) и 17 други им се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    1.614
    Ола луѓе :D

    Некако чувствував дека ќе се распишам повеќе на темата за универзумот, па си реков ајде да го направам сега, додека нема многу прашања :D.

    Значи вака, прво, не сум експерт, ниту пак сум истражувала премногу на оваа тема, можеби тоа што ќе го кажам е бладање и има одговор на некои прашања, така што однапред извинете ме за мојата игнорантност. Давам одговор исклучиво на природните мисли што ми доаѓаат, без влијание од надворешен фактор :).
    Патем, темата ме потсетува на една поранешна тема што ја начекав од @Briar Rose: се вика No lives matter (или All lives matter беше?)

    Дали универзумот би бил ист без човечка цивилизација?
    И да и не. Мислам дека кога се гледа од аспект на ресурси и работење во наша корист, многу очигледно е дека светот не е ист со нас во него. Би рекла дека ова е изразено само на Земјата, но со оглед на нашите амбиции и идни походи (како на пример, наоѓање начини за живот на Марс), мислам дека може да се претпостави дека во иднина ќе се стремиме кон користење на што е можно повеќе ресурси од секаде.

    Сепак, кога размислувам малку подалеку, за да речам дека универзумот фундаментално би бил различен без нас, според мое лично мислење, би требало да имаме апсолутна контрола врз сè во универзумот и да можеме да ги менуваме процесите онака како што нѝ одговарам нам. На некој начин, да бидеме како еден вид на Бог. Да, можеби во иднина ќе можеме да ги дефинираме генетските карактеристики на бебињата и можеби можеме да ја модифицираме храната, но не можам да замислам на пример, да можеме да спречиме создавање на цунами, земјотрес, ветер, да ја контролираме топлината на сонцето, да го спречиме движењето на планетите, галаксиите, создавањето на ѕвездите, ширењето на универзумот, да создадеме нешто ново, не употребувајќи ништо од тоа што нѝ ги нуди природата, туку да е наша креација, комплетно нова во универзумот, како што универзумот настанал „сам од себе“.

    Не знам дали сум јасна, можеби забегувам со мислите и преминувам на повеќе теми. Поентата ми е дека ми е незамисливо да имаме апсолутна контрола врз сè и да можеме да ги „подесуваме“ сите работи по наша волја. Колку сме немоќни во однос на далеку понезначајни работи (како на пример, не можеме да го промениме фактот дека постои смрт), а камоли пак да можеме да го контролираме универзумот, кој едвај го познаваме и уште се мачиме со дефинирање на основни работи. Знам, може да се каже дека можеби во дааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааалечна иднина ќе дефинираме повеќе работи во овие области, ама не мислам дека имаме толкаво значење. На крај краева, ние сме немале контрола врз тоа дали воопшто да постоиме, а камоли да имаме контрола врз сè останато. Наречете ме ограничена, ама не можам да го замислам ова. Мислам дека во однос на универумот, сите ние заедно сме колку еден атом, ако не и помалку :D.

    Може да нè снема побрзо отколку што сме настанале и не верувам да ќе можеме да го спречиме тоа - не можеме да сме спремни за, т.е. да се заштитиме од сè што постои од проста причина што 99.99% не го знаеме универзумот, ниту знаеме што сè постои во него. Не мислам дека некогаш докрај ќе дознаеме; тогаш универзумот би бил конечен, а не бесконечен.

    Дали сме тука со причина?
    Кога ќе се земе предвид тоа што го напишав погоре, не можам да најдам причина поради која би постоеле и ние, ама и општо универзумот. Не велам дека ја нема, ама тврдењето дека постои причина ми е толку комплексна идеја што искрено не ни можам да ја сварам и не знам дали воопшто некој може. Тоа е така бидејќи на секој одговор можам одново и одново да ги поставам прашањата: „Зошто?“, „Како?“, „Кој?“, „Од каде?“.

    Еве да тргнеме од најпростото: пред толку и толку години се создале услови да настанат првите микроорганизми и по години еволуција настанал човекот. Зошто воопшто да се создадат услови за да настанат организми? Си постоела Земјата и без организми, што ѝ фалеле организми? Ако пак отсекогаш си постоела со организми, од кај дошле тие? Или ете, најприфатената теорија на настанување на универзумот е Биг Бенг. Зошто воопшто да настане Биг Бенг? Што фалело да нема ништо или пак да има промена од претходната состојба? Оттука и прашањата зошто да функционира светот вака како што функционира, а не поинаку, дали некој или нешто го контролира ова, кој или што го контролира ова, зошто воопшто да го контролира, од каде потекнува, што значи да има нешто почеток, што одредува каков почеток ќе е и зошто да е ваков, а не поинаков почеток, зошто да има или нема крај или промена во друга состојба, што значи да е нешто бесконечно, како може нешто воопшто да е бесконечно... Вака можеме да си поставуваме прашања до бескрај (pun intended :lol:).
    (Знам дека ми фалат информации и можеби некои работи звучат смешно, ама мислам дека сфаќате што сакам да кажам.)

    Поентата ми е, според мене, за да најдеме воопшто причина на нашето постоење, треба прво да одговориме на погоренаведените прашања (и повеќе), бидејќи тоа е фундаментално, ние сме, како што реков - едно атомче кое е последица од сите овие процеси (директно или индиректно). И без разлика колку сме интелигентни, не мислам дека е возможно да се даде целосен одговор за овие прашања, бидејќи ова е толку напредно за нашиот капацитет на восприемање и процесирање на информации, толку многу е поголемо од нас. Не е ич чудно што настанале религиите и има толку верници, бидејќи нѝ даваат причина и цел зошто постоиме, доволно објаснување за многу луѓе кое им дава closure за многу од прашањата.

    Доста е „философирање“ и „делење мудрости“ од мене и извинете ме сите вие кои сте поинформирани од мене на темите во случај да изнатрескав глупости :D.

    Останува уште ова: што најмногу ми буди носталгија?
    Сликите ми будат спомени на настани и личности, а музиката најчесто на детството (кога ќе слушнам било која песна од пред 2014 година (крајот на моето средно образование).

    Поздравче :l:
     
    На Amellie13, Bitter-Sweet, Peperutce1115 и 18 други им се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    324
    Допаѓања:
    1.614
    И @Billy Idol, ако не си пошол досега, да одиш, олабави се, ама на дистанца :lol:.
     
    На Peperutce1115, smile:), nextredstyle и 5 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Добар ден, драги мои :sun:

    Како сте ми?
    Јас се прибирам од претпладне поминато во природа, по долгите преговори, со либе се убедивме да си правиме пикник на ,,нашето место'' :) Ова место си го нарековме наше откако почна ситуацијава, знаете дека си имаме друго ,,наше место'' и чекаме да но го отворат.
    Мора човек да се снаоѓа :)

    @Billy Idol и мојот предлог ти е да одиш, ако се' уште важи прашањето/поканата. Ако не станува збор за голема концентрација на луѓе, тогаш не гледам зошто да се лишиш од задоволството :) Верувам дека се' ќе биде во ред.

    Денеска сум слободна од работа, исто и либе. Ни се погоди денот, па планираме да готвиме, да уживаме заедно во сонцето на тераса и да одмараме :inlove: Навидум обичен, но прекрасен ден :wasntme:

    Прашање: Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?

    Останете ми и вие добро расположени :hug:

    [​IMG]
     
    На marchi-cool, Peperutce1115, sweet-cherry и 20 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :inlove:

    Имам главоболка после вчерашното стегање на протези, ама у глобала се осеќам океј, супер, невр бетер.:sun:
    Завршив со денешните обврски, па се почастив со ролат и кафе и во позадина музика.:wasntme:

    Ми се допаѓа денеска овој дожд, ме разлади, ме опушти, се чувствувам живо после оние неподносливи горештини.:rain:

    Денес повторно добив пофалба, и искрено супер се чувствувам.

    Имав пред малку смешен разговор со брат ми, ѓубренцето знае како да ме заплаши, ама ќе му вратам за тоа.:D
    Ми вика другар, абе вие фамилијарно луди сте? ахам бејб, бегај додека можеш, такви во животот не ти требат.(facepalm)


    Некој период веќе немам социјални мрежи и искрено освен некои луѓе, ништо друго не ми фали.
    Се чувствувам како да сум се родила одново, повеќе време за себе и повеќе позитива имам соберено.

    Прашање: Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?

    Мало и обично задоволство за мене е кога ќе се почастам себе со нешто, дали благо, дали купен производ, нешто направено со кое се гордеам и сум усреќила друг, е тоа мене ме прави среќна, ситници.

    Прашање од мене - Што порано ве плашело, а сега не?

    Да го скршам мразот.
    Порано се плашев од губење на луѓе кои ми значат, сега воопшто не, ако сака некој да си замине ќе му посакам пријатен пат и ќе затворам врата.
    Сега знам на кои луѓе можам да сметам во секој момент и не се плашам дека ќе заминат зошто тие се тие вистинските кои ги имаш во животот.


    И така.
     
    На Peperutce1115, sweet-cherry, Cherry blossom89 и 17 други им се допаѓа ова.
  14. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    15.130
    Пол:
    Женски
    Здраво мили луѓенца :f:
    Кај заврна бе дожд кажете,тука нема никаков дожд:rofl::rain:буквално изгоревме,не се издржува ова:whew:
    Утрово станав препотена,жива вода бев целата:emo:.После утринското кафенце решив да излезам и да си си почастам со нешто(hollest)
    Кога не сум расположена шопинг ме опушта:rofl::*:.И така си купив некој парталчиња за секој ден,наминав со моето омилено место Дм,се разбира8-|таму сум како дома:bandit:
    И никој нека не ме тепа,пак купив книги:?::rofl:ама имаше саемски попуст се колнам:drunk:
    И така пак ке уживам со добра книга и ладно нескафе :coffee:.Повторно сум два дена фрај од работа :dance:
    На темата за универзумот,мислам дека ние луѓето со причина сме тука,ако не биле ние тука некои работи можеби не би постоеле,немало да биде вака.Светот без нас не би изгледал вака сигурно.
    Работи што ми причинуваат мали задоволства се добар шопинг и се разбира книга :inlove:
    Имајте убав ден :d:
     
    На Peperutce1115, Anna-Banana, sweet-cherry и 18 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    103.207
    [​IMG]
    Здраво. Дур го пишам мислењето, само шо завршив последната епизода на Batwoman ( пинг @KateKane ја гледаш, до кај си? Мислењево го почнав вчера ама ме смрзи, па утрово видов дека уствари Руби Роуз заминува од улогата и ќе ја заменуваат со друга лгбт актерка на нејзино место) и мислам дека она шо ме држи најмногу за серијата е ликов од гифчето, Алис. Длабоко препорачувам серијата, особено за ликов. Неверојатен. Морав да ја спомнам зошто плачев со неа заедно епизодава.

    Кога го трнав ова од патот, сакам да ве поканам на една веќе позната тема, ТУКА. Во друштво веќе почнаа да ми се смеат дека сум благо нервозна и кога ќе ме изнервира некој одбивам да комуницирам со тој некој оти ќе се донервирам. Ова можи го имам спомнато, ама некогаш кога сум била изнервирана едноставно сум си заминвала, проблемот е шо јас на ова не се сеќавам. Па сега ми играт мајтап дека ко ќе ме изнервират ќе напишам текст и ќе им го пуштам по мејл за да се разбериме. :D Кога веќе спомнав друштво, денес бев Кркардаш пошто нели во Март е и не можевме ради Корона па онака да ја добијам таа глетка од другиот агол на градот. Имам и слика, бујрумте. Ве отупев со слики ама јбг убај се. Сакав да сликам и манастирот, проблемот е шо премногу дуваше, а јас паметна на мајка ставив фустанче па сликав седната на клупа, а не можев испраена да сликам без да држам фустанот.
    IMG_20200520_122537.jpg
    Е сега проблемот е шо на најжешкото тргнавме, умрев ама битно вода земав овајпат за разлика од вчера кога шетав со мајка ми и та ќе земаше вода ама реши против то оти та не пие вода. И јас умрев оти нели, та требаше да земи. Ама зошто продолжвам да зборам за ова е дека после мееееесеци се видов со другар ми. Му борџев прегратка. Да речиме дека врвеше низ многу тежок период и му бев втор матичен психолог и не се каам цело време шо го врвев на чат со него место да зборам со други луѓе зошто душата ми се полни денес ко го видов насмеан. Поентата ми е пред мене доби коментар да проба без лекарства преѓе од една личност, со медитација, и пак ќе речам мило ми е паметен до толку да знај кога се мора нели. И од тука уствари почна мајтапот дека на таа личност по мејл јас ќе му пуштам текстови за читање и зошто то шо го зборат можи да наштети. Не знам дали спомнав кога прв пат пишев на ова тема зошто толку ми е блиска и зошто бев толку изреволтирана ама еве тука кажав. И ме боли преѓе ко ќе одеше до мене ко ќе видев како е со рани и низ шо врвел ама сум в крај среќна да видам и да осетам промена во него, многу позитивна промена. Накратко, сакам да кажам дека сум at peace. Исто така денес го извајв брат ми. Секогаш кога зборам со другарка ми викам како треба некој ден да го прошетам брат ми оти од дома не излегва. И ми вика таа дека сум зборала за брат ми како за кучето: „да извам да го прошетам“. :D

    Ако не можи да се види, не ми се случва многу во животот и зато поретко ме има на темава пошто се осеќам ко да се повторвам. Бев на планина. Сликав. Се видов со некој. Го прошетав брат ми, песот и се галев со мачките. Дур и кругот на пријатели не ми е нешто особено голем за да имам со шо да се пофалам.

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Не мислам дека сме есенцијални за било шо, пример планетата, универзумот. Дали работите би биле поразлични без нас? Дефинитивно. Планетата ќе беше поздрава, се околу ќе функционираше подобро без свесното суштество.

    Што порано ве плашело, а сега не?
    Сакам некогаш да можам да го одговорам ова прашање.

    И то е то.

    Останете ми поздравени! :hug:
     
    На Peperutce1115, sweet-cherry, Carolin. и 16 други им се допаѓа ова.
  16. KateKane

    KateKane Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    18.907
    Пол:
    Женски
    @theowndemon изгледав само една епизода и ја баталив искрено. Си останувам фан на стриповите, серијава некако не ми фати ич око. Некако Ruby Rose ми е на тенка линија секад, некогаш ми е симпатична, некад ич не можам да ја гледам како глуми. Не ме хејтај плеасе :wasntme:

    Прашање: Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?

    Искрено мислам дека моментално најмногу ми фали животот пред карантинов. Имав одличен социјален живот, си идев на работа, сабајле ми беше исполнет денот, па малку одмор, вечерта обавезно некој event и така ми врвеше времето. Сега се ми е испореметено, ама држам палци се да се доведе во некој нормален ред за кратко.

    Прашање: Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?

    Секогаш кога со либе се синхронизираме за нешто. Оган и мраз, масло и вода сме за вкусови и кога ќе си најдеме нешто заедничко ми се праи ептен ќеф. Повеќе од пола година се направи откако сме заедно и моментално уште сум во онаа фаза кога се ми е убаво. @prominent да ја пингам тука, мислам оти она најубаво ме разбира :D Сум се пронаоѓала у нејзини постови коа пишува баш за ова. Ептен долго време патев во неубави врски и сега ми е вистинско освежување ова.

    Што порано ве плашело, а сега не?

    Mуабети од луѓе. Што ќе речат, како ќе речат, отсекогаш сум си била бунтовник што си сака comic books, игрици на pc, sci fi stuff и никогаш не се вклопував во првите друштва затоа што освен Цеца ништо друго не знаеа (со сета должна почит кон фановите на споменатата). После отидов на факс и видов колку може убаво да ти е со луѓе со кои ќе си кликнеш.

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?

    За ова прашање ќе напишам едно цело ново мислење, имам што да кажам тука.

    Сеа да се фрлам да ве читам, бидете ми поздравени L E P O T I T S I (poolparty)(mooning)
     
    На Peperutce1115, Anna-Banana, x.Daisy.x и 17 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    103.207
    Ах воопшто, јас сум многу среќна дека ја менуваат. :D Серијата вреди ради Алис јас сезонава ради неа ја протуркав. Феноменален лик. АМА сега без Руби во следна сезона ќе видам можи конечно ќе тргни подобро серијата. Шо искрено се надевав. Кога коментираме серијава со еден другар, секогаш со стегнати заби зборам. Има сцени каде што љубов искажува и онака со стегнати заби, не знајш дали љубов искажува, дали ќе скокни да натепа вака нешто: :punch:

    Другар ми вика лошо шо ја менуваат, немаат материјали за флешбек јада јада ама јас имам надеж дека следна сезона подобра ќе биди со промена на Руби.
     
    На Peperutce1115, Carolin., Stephen Amell и 6 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    31.907
    Пол:
    Женски
    Што правите?
    Конечно Скопјево виде дожд и сега е посвежо.
    Само грмењево ауф... :worried:
    Преѓе ги ѕирнав мацушите на Цуки Дајмонд и видов дека уствари 2 се баш ко неа,а од другите,едно е црно со шари,а другото црно без шари.Битно,све на све,4 срценца се. :l:
    @Billy Idol Билич,шетај само биди внимателен,а за дома пробај да игнорираш.Стај слушалки,пушти си музика или филм/серија(комедија некоја за најлесно да пуштиш мозок на пасење),а можеш и овде да пишеш. :hug:
    И толку сега,одам да гледам Турска серија. :rofl:
     
    На Peperutce1115, sweet-cherry, Carolin. и 14 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    9.773
    Пол:
    Машки
    Хелоу девојки,

    Како си ја минете ноќва?

    Јас решив да излезам на тераса. Дома ми е премногу жешко, дури и за седење само по маица (горниот дел на пижамата веќе одамна го заборавив во плакар), додека надвор е свежичко и пријатно. Некому можеби би му било ладно, ама јас имам hot blood и сум доста топол, па не сум толку зимурлив. Дури и во зима, кога е ладно, знаат дланките да ми се топли. За ладни знам тие што имале значело дека имаат топло срце, а за топли? Ладно? Санта мраз? :D

    Имам преубав поглед од тераса на градот кој веќе одамна е потонат во сон и единствено што се слуша е пеењето на славејот и по некој лаеж од кучињата. Тивко, мирно, баш пријатно, како што обожавам.
    Гледам ветрето пред мене благо ја навалува црешата која е преполна со цреши. За скоро ќе станат зрели, а по нив и вишните. Имам и кајсија, праска...
    Сите ги обожавам да ги јадам, посебно сум ги сакал кајсиите. Се сеќавам како мајка ми правеше природен калоричен сок од нив. Една чаша и се чувствуваш најадено. Вишните и црешите пак, стално сме ги ставале на уши, како минџуши. Деца. :D
    Но, од сите овошја омилени ми се праските. И тоа најомилени ми се онакви голи, презреани, juicy, кога ќе загризаш цели да потечат капките надоле по рака и да ги излижеш цели со јазикот, ништо да не капни. :P
    Кое е ваше омилено овошје?
    Сакав неќни јагоди да купам, немам пробано годинава. Ама кога видов цената колку им е висока, не ми се оставаше бубрег за нив. Ќе се задржам уште некој период на јаболка и банани. Сега за сега тие ни се секогаш достапни на маса. Воглавно кај нас во куќа нема ден да нема некое овошје. Фиоката за грицки, чипсови и чоколади секогаш стои празна и ретко се купува, додека овошје секогаш има на претек и секогаш се јаде. Многу ми е драго за таа здрава навика што ми ја имаат направено моите уште од мал хранејќи ме со овошје, наместо нездрава храна и газирани сокови. :)

    За одење на викендица, се решив да одам. И што се случи? Го продолжија полицискиот час викендов и пропадна планот. :rofl::rofl::rofl:
    Кој баксуз сум, не е можно. Другар ми стално ме зеза... Ти да искочиш, ќе заврне. Ќе чекаме следна прилика. :D


    Прашање: Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?
    - Места, настани, случки.

    Прашање: Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    - Овакво седење на тераса до изгрејсонце ми е право задоволство.

    Што порано ве плашело, а сега не?
    - Заболекар. Мада и сега ме плаши. :worried:

    За што мечтае детето во вас?
    -
    За играње фудбал на улица. Јеп, уште сум дете. Изгледа ние мажите никогаш не пораснуваме. :D

    Дали мислите дека песимистот може да стане оптимист и обратно, или мислите дека е ова црта што е врежаа во карактерот и не се менува?
    - Може, ако на него влијае некој настан или личност која ќе го извади од комфорт зона.
     
    На Peperutce1115, smile:), marija1907 и 23 други им се допаѓа ова.
  20. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    9.244
    Пол:
    Женски
    Ах Били, Били....:$:rofl:
     
    На Peperutce1115, smile:), marija1907 и 14 други им се допаѓа ова.