Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    22 глас(а)
    4,6%
  2. 18-25

    291 глас(а)
    61,1%
  3. 26-30

    107 глас(а)
    22,5%
  4. Над 31

    56 глас(а)
    11,8%
  1. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    9.773
    Пол:
    Машки
    Леле :o Хахахаха :$ :angel:
     
    На smile:) и f.girl им се допаѓа ова.
  2. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.623
    Хало :hai:

    Вчера цел ден чекав дожд, ама само ме излага така малку врнеше и толку беше, битно сношти се спиеше убаво. Се радувам денеска шо се диши, не е пекол :clap:

    @Billy Idol јас имам ладни раце, камен ладни :rofl: Ама не сум зиморлива, баш сакам ладно време :D

    Во лето кога е пекол, мене телото ми е толку топло шо дм во лето често бега од мене :rofl:Жешка сум била, па нормално :rofl: Секогаш го најдувам на другата страна на креветот кога сме на одмор некаде, ама нема кај да бега ]:)

    Кое е ваше омилено овошје?
    -
    Хм баш она омилено омилено немам. Ама сакам јагоди, киви и банана. Најчесто по нив сум.

    Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?
    -
    Песни, одредени места и мирис.

    Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    -
    Книга. Седење во тишина и пиење пиво :beer: И седење со либето :inlove:

    Што порано ве плашело, а сега не?
    -
    Дека би останала без другарки, да немам со кога да излеам едно кафе да се напијам.
    Сега радо една би имала отколку 20 околу мене лицемерни.
    Имам неколку, се бројат на прсти, ама вистински.

    Имајте убав ден :hug:
     
    Последна измена: 21 мај 2020
    На Amellie13, SeaMermaid, Peperutce1115 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    103.209
    Се знај кое е омилено овошје. Овошје на кое можиш да ја тргниш кожинката за да стигниш до слаткото задоволство одејќи со овошката длабоко во устата, дур ти се лизга на јазикот и ти ги активира рецепторите.

    Имам предлог игра, да играме бесилка. Ама секогаш да годиме овошје кое ќе биди опишано на нечесен начин.
     
    На SeaMermaid, Peperutce1115, smile:) и 14 други им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Хелоу :rain:

    Како сте ми?
    Јас денеска го срушив рекордот во спиење, ама толку беше убаво и пријатно, а и немав нешто посебно работа, не ми се ни излегуваше никаде на времево. :)
    Ех, кога ќе ми текне дека некогаш мислев дека спиењето е само губење време :rofl:

    Видов дека lepotitsata @KateKane ме тагнала :l: Секогаш ме радува кога ќе викам таква нотификација, а посебно ме радува тоа што ти е убаво ... Кога е човек исполнет на љубовен план, другите работи се чинат споредни. Колку и да се сериозни, големи, опасни, стануваат нешто ништожно, мало... И љубовта е таа што ти го диктира секојдневието.
    Сакам да кажам, колку и да е човек разочаран во љубовта, верувам дека секогаш се појавува личноста што ги лечи раните :l: И човек е како нов, како прероден. И светот е како нов :l::wasntme:

    Што порано ве плашело, а сега не?
    Оси :) Ама тоа откако си направив мала exposure therapy сама на себе. Седев во соба со огромна оса... Ми идеше да викам на цел глас ама издржав. Сега сум посмирена околу нив :D Среќа и не сум алергична, така што се' е во ред.
    Порано и повеќе се плашев (условно речено) од гужви... Не беше страв туку избегнување и чувство на непријатност во друштво на многу луѓе. Ама по овој период, имам вежба за повеќе дружење, излегување, преполни места со весели и гласни луѓе :)

    Одам да поработам јас, време е 8-| Убав ден на сите :hug:

    [​IMG]
     
    На Amellie13, SeaMermaid, Ambitious и 21 други им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :sun:

    Надвор грмотевици и дожд а јас дома подработувам припремајќи го утрешниот материјал за работа со музика во позадина.:music:

    Не знам дали ви спомнав но скоро имаше принова на една од девојките на моите мачори, 3 мали маченца, едно шарено, едно црно друго жолто со бело.:inlove:
    За жал бидејќи немам услови да ги чувам и покрај огромниот двор морав да ги дадам на една моја пријателка за која сум сигурна дека ќе се грижи добро.
    Мака ми е што морав да се разделам од нив, но така налага ситуацијата, не се прашувам само јас.

    Исто така ме накисна дождот, пред малку бидејќи ме фати неспремна додека бев во двор наеднаш истури, па очекувам следните денови да настинам, за жал.
    Таква сум, кревка, ми фали малку за да настинам.|(

    Вчера цел ден мислев дека сме четврток а денес петок, па дури и се расправав со брат ми за деновиве, уште еден типичен карантински ден кај што го изгубивме чувството за време.:D

    Се слушнав и со моите, ми фалат, едвај чекам да ги видам и сето ова да заврши.

    И јас како @prominent се плашам од оси, и ден денес се плашам. Како мала ме нападнаа многу оси, бев цела отечена по лице и раце, и уште се чудам како дојде до тоа, сега кога и да видам летечко суштество бегам.

    За омилено овошје, имам многу, од смокви, до банани и кајсии и праски, потоа следат и јагодите и кивите и ананасот.
    Ма всушност секое овошје го сакам.
    Моментално ми фалат највеќе праските и смоквите.:inlove:

    Имајте убав ден.
     
    На Amellie13, SeaMermaid, Ambitious и 21 други им се допаѓа ова.
  6. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    15.130
    Пол:
    Женски
    :f:
    Врнежливо утро,конечно:f:малце да се разладиме:whew:
    Тегнам кафенце и уживам да слушам како си паѓа дождец надвор:coffee::rain::inlove:.Бев до пекара сабајлево,душичкава ми присака нешто такво:bandit::tmi:.Пак ке се фрлам на книгата попосле,треба да ја завршам денес.
    Денес мие ден за разубавување,си ги обожавам тие денови(hollest):makeup:цела процедура на работи во кои уживам да ги правам:inlove:
    Еве едно прашање за вас:Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Да се надоврзам за муабетот за ладни раце од погоре,моите не да се ладни како мртовец сум стално,исто и стапалата од нозете ми се стално мразче :D:bandit:
    Инаку @Billy Idol за луѓето што имаат ладни раце велат дека се жешки во кревет :D:rofl:само да си кажам јас :bandit:
    Имајте убав ден :d:
     
    На Amellie13, SeaMermaid, Ambitious и 22 други им се допаѓа ова.
  7. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Нон стоп си викам ајде денес ќе пишам во фмќ, и така си се канам секој ден, и после сфаќам дека немам ништо посебно да кажам, и ништо не пишувам. И ова преминува во недели тишина од моја страна. И сфаќам дека го имам некако одраснато форумов, сепак долг стаж имам тука :D Ама доаѓам за луѓето кои ги сакам и сакам да ги читам, и гледам чат пат да пишам некое мислење да не ме заборавите скроз:wasntme:

    Времево конечно залади, и го обожавам вакво, свежо, со ветерче и повремен дожд. Не можам да поднесам жешко, воопшто. И не функционирам летните периоди, само гледам да преживеам :D Ама ме плаши што не чека летово, ако сега вакво беше.

    Инаку последниов месец од карантин ми е all over the place, имав многу ups and downs. Кучето кое го чувам 15 години ми е многу болно, има тумор и треба да подлегне на операција и не се знае дали ќе ја преживее, другата опција ќе е да се успие. Јас со него пораснав, толкава љубов си пружаме еден на друг, и тешко ми е. Кога првично кажаа за успивање се чувствував како срцето да ми се скрши. Сега следат еден куп анализи на туморот и крвта и одлуки што понатаму.

    Ама од друга страна, во карантинов си фатив дечко :rofl: Кога им споделував на блиските многу ми се смееа, кај го најде во карантин :D Ама живее во близина, си шеткаме во природа, сфативме дека сме многу компатабилни, и решивме да пробаме врска иако двајцата апсолутно не го баравме тоа. Буквално пред да го запознаам зборев како сакам да сум сама одреден период, и дека не планирам да се гледам со некој, and well the universe had some other plans for me. И сега малце црвенеам дека споделувам тука со вас :$:D

    Друга позитива од карантинов е што ептен некоја инспирација имам за фотографија, и проаѓам саати во едитирање слики, и гледање видеа околу тоа, и пробување најразлични апликации and what not. Конечно после месеци се чувствувам како да му се навраќам на моето омилено хоби и среќна сум околу тоа. Искрено се надевам ќе потрае ова чувство. My instagram is thriving :rofl: Се испофалив сеа. Океј не сакам да сум нарцисот во темава, затоа ќе си се испратам. Гушки до сите :hug:
     
    На Amellie13, SeaMermaid, Bitter-Sweet и 27 други им се допаѓа ова.
  8. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    9.246
    Пол:
    Женски
    Ајде, може да играме :D

    Хм, претпоставувам банана? :wasntme::rofl:

    Омилено овошје...имам многу, но ќе одвојам едно. Ги сакам скинати зрели, црвени од градината, најмногу одговараат со чоколадо и ми се омилена предигра. Со врвот ги потопувам во чоколадото, додека уште не се стврднало, нежно со јазикот го лижам чоколадниот врв. Потоа полека загризувам, мирисот и вкусот се вистински афродизијак, уживам во нивната сочност. Посебно задоволство е да го гледам него додека нежно ги бакнува со усните.:inlove:
     
    На SeaMermaid, Carolin., Peperutce1115 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.291
    Допаѓања:
    103.209
    Погоди направо :о

    Пиши сега ти.
     
    На SeaMermaid, Carolin., Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    9.246
    Пол:
    Женски
    Пишав погоре во постот.:rofl:
     
    На SeaMermaid, Carolin., smile:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Принцезичка1

    Принцезичка1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.323
    Пол:
    Женски
    Здраво авиони:D
    Сега сигурно се прашувате зошто авиони, прочитав мислење дека 80% од членовите на форумов изгледале ко авиони.:rofl:
    Гледам редовни сте со поставувања прашања и одговори.Па ајде да бидам и јас во шема бидејќи редовно пишувам во темава.
    Што е тоа што најмногу ви буди носталгија?Слики, музика, мирис?
    -Од убавите денови слики, а од моменти со личности дефинитивно музика.
    Кое е ваше омилено овошје?
    -Банани.Не знам зошто од малечка кога ќе ме прашала мајка ми што да ти купам овошје сум викала банани ( :rofl: ) така и си остана, и сега знам да речам ми фалат витамини ќе си купам банани.:rofl:
    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    -Здравје-без него ништо, среќа-каков и да ми е живот да сум среќна, пари-да можам да си дозволам луксуз за себе и моите деца во иднина, слава-би сакала да ме знаат луѓето по име и презиме тоа и ми е желба од детството, љубов-на последно место бидејќи знаете тоа не е за мене, не можам да се заљубам никако.

    Случајно пред некој ден со еден дечко започнав дискусија за нешто и ни се разви интересен муабет, па еве и вас ќе ве прашам нешто од тоа.
    Прашање:Дали играте игри на среќа во казино, обложувалница, лотарија и дали сакате тоа да го промените?

    Прашање:Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?

    Прашање:Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?

    Би ми било мило доколку одвоите време и ги одговорите прашањата.:$
    Инаку месецов ми е стандардно по дома, само што почнав и да искачам малку со другарки, ќе ви кажувам кога ќе дојде ред на месечниот дневник.:D
    А до тогаш пишувајте тука почесто и редете убави моменти за пишување.:lol:
     
    Последна измена: 21 мај 2020
    На Amellie13, Regina.Phalange, SeaMermaid и 18 други им се допаѓа ова.
  12. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    768
    Допаѓања:
    2.721
    Пол:
    Женски
    Добро е. Помислив само мене ми забега паметот :rofl:
    Hola amigos :hai:
    Како сте? Јас одлично, дождов супер ми дојде. Само што сега не можам summer deep house да слушам, не ми иде некако :lol:
    @sweet-cherry за дечкото и мене ме зезаат, Се наопаку сум правела :rofl: и стварно така изгледа. Јануари и февруари се убив од одење по журки, родендени, прослави и не најдов ни еден :lol:. Игледа требало некој да ме застане и да сака казна да ми пише (за не носење маска) :lol: ама ме пушти као опомена да било :D

    Карантинов позитивно влијаеше на мене. Се изначитав книги, се изнаспав (конечно може да кажам дека сум одморена), се изнагледав серии :D Тоа што качив некое килце не се важи :tmi:

    Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?
    -слики и места.
    Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    -читање книга, гледање омилена серија (повеќе пати) :!:, соло концерти по дома :dance:
    За што мечтае детето во вас?
    -за родителска љубов
    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    -секоја вечер пред спиење, и за време на туширање. По 15-20 минути одприлика, зависи и од слободното време :D

    Имајте убав ден дечки
    :* :hug:
     
    На SeaMermaid, Ambitious, Stephen Amell и 20 други им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Хај :sun:

    Како сте ми?
    Јас од сабајле со обврски, наваму натаму, нема каде не поминав денеска низ градов. Битно, обврските за денеска се завршени. Скопје е прилично раздвижено, се чувствува некоја весела енергија кај луѓето, се надевам дека тоа не е само моја погрешна перцепција :wasntme: Како и да е...

    Либе на работа, јас ќе одам уште малку. Деновиве работиме скратено ама важно се вративме во канцеларија и искрено, многу подобро се чувствувам вака. Дел од работатата го правиме дома, но од јуни и тоа и работното време целосно ќе ни се нормализира. Барем така не' известија.

    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Секој ден и од секој аспект. Барем еден час во денот го правам тоа што навистина го сакам, што и да е тоа. Кога имам потреба од тишина, седам во тишина... Некогаш сакам да пуштам музика најгласно и да играм. Некогаш да пишувам... Некогаш имам потреба од шопинг. Што и да е тоа, гледам да не си кратам од ништо. Човек секогаш ќе се има самиот себе, и клучно е да се грижиме за својата благосостојба :) Нема тука ништо погрешно или претерано.

    Прашање:Дали играте игри на среќа во казино, обложувалница, лотарија и дали сакате тоа да го промените?
    Не играм. Порано играв Бинго и Лото, и имав неколку мали добивки :tmi: но толку беше. Обложувалница исто така неколку пати, но не се разбирам од спорт и беше неуспешно. :) Така што се откажав.

    Прашање:Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?
    Дискотеки ретко, кафани понекогаш :lol: во ресторан сакам да отидам со либе :l: или со некоја блиска другарка. Храна и добро друштво се незаменлива комбинација. На кафе исто така, но повеќе сакам денски отколку вечерни излегувања.

    Прашање:Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    На периоди. Ама генерално не трошам премногу. Знам кога и точно што ми е потребно и правам план...
    Сакам да трошам на убава храна :D На пример, деликатесно сирење, убаво вино и чоколадо :inlove: Значи, од овој аспект сум вистински хедонист (или гурман :wasntme:)

    Отидов јас, бидете ми поздравени :hug:
     
    На Amellie13, KateKane, SeaMermaid и 22 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :l:

    Со денешните обврски завршив, пијам моментално смути и си правам планови.:sun:

    Треба за кратко да го спремам и ручекот а потоа ако не ме фати мрзата да направам палачинки, одамна немам правено, ме настрвија сликите по нет.:wasntme:

    Подоцна сум во план да изгледам маратон неколку епизоди од Бул, совршена серија, по моја мерка, крими, драма, трилер со примеси на комедија.:)

    Од мали нозе, родителите ми ставија прекар, и ден денес ме викаат така, а мене ми годи, не се лутам, дури и смеа ме фаќа.

    Дали вие имате прекар даден од вашите родители? :D

    Во план бев да возам и велосипед, но со оглед на неубавото време надвор сум принудена да го направам тоа некој нареден пат, барем кога ќе биде подобро времето.
    Возењето велосипед ме опушта.

    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Да, често си посветувам време на себе, без разлика кој период од денот е, ќе го правам она што го сакам и ме опушта, готвење, пилинзи, маски за коси, пеење, гушкање со мачорите, гледање серии..

    Дали играте игри на среќа во казино, обложувалница, лотарија и дали сакате тоа да го промените?
    Играм спортска, заедно со брат ми но јас ретко, еднаш во 4 5 месеца дали. И сум добивала.

    Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?
    Интроверт сум, преферирам домашна атмосфера, да си нарачам и да јадам дома, сама или со друштво.
    Кога бев тинејџерка често одев по дискотеки но со текот на времето ми помина меракот.

    Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    Штедам, не ја оставам целата плата по бутици, парфимерии или нарачки онлајн.
    Мајка ми често ме вика дека сум стисната, економик и ептен штедлива и дека некогаш треба да си дозволам себе да си купам нешто квалитетно.
    Јас сум тој тип на човек кој не сака да фрли пари на оригинал патики над 3000 денари туку за тие пари ќе си купи 2 3 пара плус.
    А и јас како @prominent сум гурман, е кога се работи за храна, само тогаш не штедам.

    Хев а најс деј бичез.
     
    На Amellie13, Алисија, Stephen Amell и 21 други им се допаѓа ова.
  15. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.623
    Хај :hai:

    Пред полициски не можи човек да се прибери, коли еден куп, толку гужва, добро е шо бев без кола, намерно така излегов, абе ќе те изгазат ни пешак не гледаат ни ништо. Преполно од коли, градот е бетар од ск направен од гужви. Нервата ми се крева во гужви. Почнав многу во гужви кога сум да пцујам :wasntme: Кој вика дека жена не пцује :?:

    Другиот викенд му е на либето роденденот :^: Каква идеја имам :inlove: Се сум испланирала и поклон и се :D :sun:

    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    - Пред некој месец бев толку преполна со обврски немам време на гз да седнам. Ама сега колку и да имам обврски, првин јас, па после другите. Сега секој ден си посветував време за себе. Секој ден вежбам, јога обавезно, читам книги или стурчна литература. Два пати неделно правам пилинг на тело и маска на лце ставам. Музика слушам, дури готвам играм. Нега на коса обевезно.
    Сакам да се средам со алишта, само шо на работа носам униформа, така да за шопинг сега не ни ми е битно толку, ни пак сум била. Освен повеќе козметика, кремови, гелови за лице, не шминки. Навечер пред спиење обавезно малку мир, без нет.

    Дали играте игри на среќа во казино, обложувалница, лотарија и дали сакате тоа да го промените?
    -
    Не играм, ни пак сакам да играм такви работи.

    Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?
    -
    Излегувам во ресторани често некогаш и по кафани. КАфичи најчесто денски. На забава еднаш месечно, можи и во два месеци еднаш. Трошам нормално, не се расфрлам.

    Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    -
    Повеќе штедам. Не она претерано да штедам само, ама не купувам некои без врска работи или колку да се купи нешто. Во последно време гледам повеќе здрава храна да јадам, за тоа не штедам пари. ЗА пиво нормално 8) и за вино :D Чоколада сега не јадам многу, порано бев зависник од благо ,сега одбегнувам колку можам, освен во пмс :lol:

    Дали вие имате прекар даден од вашите родители?
    - Имам да. Мајка ми ме вика поинаку, татко ми поинаку :tmi: :rofl:




    Нашто секси.
    Јас се одјавувам, ќе си кулирам со пиво еве и чипс :tmi: и некој филм. Пмс дозволува и најнездравата храна некогаш да се касни :lol:

    Убава вечер :d:
     
    Последна измена: 22 мај 2020
    На Amellie13, Carolin., smile:) и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    17.142
    Добровечер :f:

    Лежам во кревет и ви пишувам од телефон. Во последно време се навикнав да ви пишувам од лап топ, ама сега сакам да лежам...и слушам музика :music:.

    Под стрес сум деновиве. Не само што треба да добијам, туку се нервирам што не знам на што сум. Буквално не можам да планирам, не можам да се организирам и се чувствувам како рацете и нозете да ми се врзани и не можам ништо да постигнам. Од друга страна се мотивирам и се обидувам вишокот енергија да го истрошам преку утринското трчање. И секако, папагалот ми е мелем за душа :inlove:. Јас стварно не можам да си замислам колку ми бил здодевен животот без него порано. Иако го имам само три недели, толку се зближивме и приврзавме сите со него, што не можам да си го замислам денот без него никако. Го пуштам и да лета, доаѓа кај мене, застанува на рамо, на рака, ме грицка по малку....пресладок е :angel:. Имам еден куп фотографии од него во телефонот. Секој ден фотосесија му правам :inlove:.

    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Реално многу. Поголемиот дел од времето го поминувам сама (добро сега веќе не сама, со папагалот сум), ама си посветувам доволно време. Ич не сум за жалење :makeup:.

    Дали играте игри на среќа во казино, обложувалница, лотарија и дали сакате тоа да го промените?
    Не. Иако за мене можам да кажам дека сум девојка која има среќа во ваквите работи. Банален пример. Мајка ми и татко ми редовно купуваат кафе "браво", ниту еднаш не му се паднала награда, јас кога и да купам нешто добивам :D. Веќе имам цел сервис шољи, па дури и почнав да подарувам. Имам и тава и послужавник :D.
    Еднаш ми се сони дека ќе добијам на бинго. Играв и добив 500 денари :$.
    А и на една лотарија, од околу 300 души, добив награден ваучер за козметичко студио (ама за жал никогаш не го искористив) :D.

    Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?
    Сега нели не искачаме, некако многу парички ми залегнаа на сметката. Ама му купувам храна на уличните кучиња.
    Инаку кога излегувам, зависи од друштвото и расположението. Некогаш може да поминам со една пијачка само, некогаш се повеќе, па мезенце, па ово, па оно... А тоа колку често... од секој викенд во средно и на почетокот од факултетските денови, сега е сведено на два пати во еден месец. Зборувам нели за кафичи и ресторани и кафни. Во дискотеки не одам.

    Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    Не сум тип што се расфрла со парите и се луксузира. Да речиме дека не ги трошам сите пари наеднаш. Секогаш имам нешто кај мене, ама ако најдам нешто што навистина ми се допаѓа, си го купувам :).

    Дали вие имате прекар даден од вашите родители?
    Немам прекари :).

    Интервјуто заврши, јас веќе двоцифрен број на минути потрошив за да го напишам ова на телефонов. Ви посакувам добра ноќ, чувајте се :l:.

    П.С многу ми се допаѓаат некои муслимански имиња.... Азра, Лејла, Селма..... :inlove:
     
    Последна измена: 22 мај 2020
    На Amellie13, Carolin., smile:) и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    10.976
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Хммм што имам да кажам. А, не знам кај терам со животов. И ради тоа се осеќам чуУуУУуУдничко ама сѐ е океј, сѐ е океј хаха :)

    Во последно време ми е многу тешко да ставам во зборови што чувствувам. И плус знам дека звучи лудо, ама приметувам некој pattern во работите кои ми се случуваат, како некој циклус, и тоа сѐ ги предизвикуваат надворешни фактори кои не се ни во моја конторла. Ок, би биле у моја контрола да се затворам и не излезам од соба и да го фрлам и телефонот и лаптопот. Па, го претпочитам овој начин на страдање. :D
    Пробувам сѐ можно за да го исполнам времето со што повеќе активности, океј најчесто интеракција со блиски луѓе јер сепак Корона е уште тука, ама за да правам сама работи концентрацијата ми е на нула.

    Вчера на пример ја чував внука ми, и леле, страшно е колку искрени се децата. Прво ми рече дека сум ѝ досадна, после дека “сум ѝ го украла животот” (ова го слушнала сигурно дури била пуштена Сител или Канал 5), па ме црташе: 0376F0F5-121D-461F-B7B1-81B7BF30DFBC.jpeg
    Ми вика “Сѐ супер те направив, ама имаш messy bun и јас до сега не сум цртала messy buns па затоа е чуден. И веѓите ти ги утнав ама добра си. Можеби ќе одам во средно уметничко”

    Е тоа е детскиот дух и ентузијазам кој ми се свиѓа.

    После ќе идам да се видам со најдобрата другарка после 3 месеца скоро, конечно.

    И така. Не знам шо друго да ви кажам освен останете добри и не се замарајте за глупости и особено не за безвредни луѓе.
     
    На Amellie13, Carolin., smile:) и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.433
    Допаѓања:
    46.689
    Пол:
    Женски
    Здраво ќоше.

    Си го пијам кафето (кај мене нема утринско, вакво, онакво, едно на ден пијам, некогаш и ниедно, најчесто го пијам претпладне но некогаш се случува и подоцна да си го направам) и еве да наминам тука.

    Денес е посебен ден, наш ден. :inlove: Напредува врскава. :angel:
    Пред некој ден си мислев, колку интересна појава е тоа кога љубовта се претвора во нешто одбивно. Конкретно, мислам на тоа како некогаш некои личности сме ги сакале толку многу, а денес дури и самите на себе си велиме Како можев да бидам со него/неа, Што видов во него... Скоро за сите мои бивши имам такво мислење. Само со еден од нив се' уште сум во комуникација, после прекинот на врската не сме се виделе затоа што сме од различен град, единствено се допишуваме, но одамна му должам чај, му ветив дека со првата плата ќе го честам. Немавме прилика за тоа досега. А бидејќи се работи за чај, треба да е есен/зима. :D Едноставно, сега сме пријатели, без никакви други намери, и гледам не е толку страшно она кога ќе се спомне дружба со бивш/а. Иако сегашниот партнер за тоа триста филмови би свртел во глава. А реално, во таква позиција, и јас би. :$ Некој ќе рече, со бивши воопшто не треба да се продолжи контакт, но се' зависи од тоа каква била врската и која била причината за ставање крај. Некогаш, сфаќаме дека со некој подобро функционираме само како пријатели, не повеќе од тоа.

    Една од колешките со кои бев најблиска, буквално преку ноќ се сврте против мене и не можам да разберам зошто. :| Постојано се зезавме, бевме расположени, си помагавме една на друга, баш два или три дена пред ,,предавството" нешто ми излезе во пресрет... Не ме погоди толку зборувањето и кодошењето, колку што ми стои во глава прашањето Зошто? Штом се дрзнала да зборува против мене, значи има нешто против мене. Никој не би издал личност која ја почитува и сака. Од тогаш, ни здраво ни добар ден немаме. Јас си молчам и само следам реакција, а гледам и таа е ладна. Океј. Мислам дека причината е љубомора од нејзина страна и знам и за што. Оти, друго стварно не гледам што би можало да биде, кога се' беше на место. И тоа љубомора за нешто приватно, не поврзано со работното место. Но пак, не можам да бидам сосема сигурна, само ми стои како можна причина. А да разговарам и прашам отворено, немам намера да се замарам дотолку.

    Денес во план малку доза љубов, книга, Friends и средување по дома.

    Убав ден. :f:
     
    На Amellie13, Carolin., smile:) и 19 други им се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.461
    Допаѓања:
    42.446
    Добар ден :sun:

    Како ви почна викендов?

    Јас само што се враќам од парк, бев да се видам со другарка, таа пиво, јас кафенце за носење, како и секогаш :) Денеска таа го зема и кучето :toivo:
    Дефинитивно сум сериозна во намерата да вдомам кученце и тоа ќе го остварам во најбрз можен рок. Толку љубов има во тие очи, толку добрина :inlove: И либе сака, па верувам дека ќе си го чуваме во хармонија :)

    Вчера добив една многу убава вест и ме држи радоста и денеска :wasntme: Полна сум со енергија дури и еуфорија, мислам дека имам сила за се' :mm: Се надевам дека денеска ќе успеам да ја насочам таа енергија и во работата, да бидам попродуктивна... Ќе средувам низ дома, ќе направам убав ручек и ќе пишувам :inlove:

    Дали вие имате прекар даден од вашите родители?
    Не. Имам нагалена форма од името, ама тоа не го рачувам за прекар :) Инаку, отсекогаш повеќе ги сакам целосните имиња на луѓето, какви и да се, мислам дека поубаво звучат од скратените форми.

    Отидов да си направам кафе :coffee: Убав викенд на сите :f:
     
    На Carolin., smile:), Stephen Amell и 16 други им се допаѓа ова.
  20. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    15.130
    Пол:
    Женски
    Здравоо :f:
    Викендашки пред лаптоп со кафето во рака и по пижами :rofl::coffee: Една слободна недела ни дадоа од работа,така дури другата недела ке се вратам на работа:ninja:
    Никогаш не сум била послободна во смисла со работата:^)ова полека и почнуува да ме нервира8-|
    И така,јас една недела слободна си дојдов дома,на село кај моите:inlove: значи ке уживам некој ден :beer:
    Ми дадоа задача да зачистам нешто по дома:rofl: па треба и некој салати да спремам,ручек да направам,ама јас прво на фемина со кафето да ви чкртнам нешто:rofl::angel::bandit:
    Заборавив,треба и машина да пуштам8-|
    Вечерта ми е резервирана за книга и релаксација:inlove:
    Дали вие имате прекар даден од вашите родители?
    Немам.И мило мие што немам:rofl:
    Имајте убав ден и викенд:f:
     
    На Carolin., smile:), Stephen Amell и 16 други им се допаѓа ова.