Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    23 глас(а)
    4,7%
  2. 18-25

    297 глас(а)
    60,2%
  3. 26-30

    112 глас(а)
    22,7%
  4. Над 31

    61 глас(а)
    12,4%
  1. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки и Били:coffee:
    Како сте?

    Кај мене веќе е жустро, искочи сесија за пријавување сега реалноста is back. Почнувам со редовно учење иако ме фаќа некоја паника, некои дури и полагаа онлајн од другите смерови. :) Ке почнам да ја дружам јас @Dream-Girl во доцните ноќни часови:lol:

    @prominent мислам ти имаше пишано за апарат за кафе, да си го начекаш на делимано апаратот за кафе и да си го купиш ако веќе навистина сакаш, грешка нема 6500 на 50% попуст беше, со дм од нова година се мислевме, пред месец ипол мислам го зедовме, во карантинов за еспресо само жалев:rofl:

    Кои се вашите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    Пиење на кафе во потполна тишина наутро. Готвење, таа љубов од моите ја имам наследено. Уживање со дм и добар филм после напорен ден:inlove:

    Што порано ве плашело, а сега не?
    Не знам, не памтам нешто да ме плашело порано, не сум страшливка по природа.

    Кое е ваше омилено овошје?
    Зелени јаболка, јагоди, цреши и диња.

    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Си посветувам и повеќе од тоа што треба во последно време. Вежбам, испробувам маски чуда за коса, лице и тело. Купка во када со чаша вино:inlove:

    Дали играте игри на среќа во казино, обложувалница, лотарија и дали сакате тоа да го промените?

    Не, грепка знам да купам, и тоа обично пред некоја свадба, бидејќи секогаш им носам грепки на младоженците.

    Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?
    Излегував во средно многу, секој викенд. После факс, испитни, после учење сакам да одам на некој мини одмор искрено, не ми е нешто вау веќе одење по дискотеки, кафани итн. Излегувам со дм или друштво може два пати во месецот во недела во кафана или навечер. Порано со дм имавме datenight еднаш во месецот и си излегувавме само ние двајца, сега и тој ден повеќе преферираме дома заедно да готвиме и уживаме :inlove:

    Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    Штедлива сум. Не во крајности ама не трошам пари на непотребни глупости според мене, односно работи што не ми се потребни.

    Дали вие имате прекар даден од вашите родители?

    Имам, бев дебела во пубертет и тато секогаш ме викаше "торта" и му остана сега ке ми рече така, ама ке рече не личиш веќе на торта, сега си соленка:rofl:

    Кога ќе погледнете во минатото што највеќе ви недостига/што најмалку ви недостига?
    Ми недостига времето кога безгрижно трчавме по улици цел ден, не знаевме што е тага и најголемата болка ми беа изгребаните колена. Најмалку ми недостига времето кога татко ми не беше дома, туку во странство, тоа не би сакала никогаш да се врати.

    Дали сте размислувале да бидете донори?
    Да, и би сакала да бидам. Секако веќе не сум на овој свет, па зошто да не помогнам некому.


    Имајте убав ден:sun:
     
    На Regina.Phalange, Stephen Amell, Amellie13 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    43.495
    @Carolin. фала ти и тебе за предлогот, дефинитивно деновиве сериозно ќе се пуштам во потрага по кафемат. Штета ваков зависник од кафе да не е целосно опремен :lol:
     
    На Briar Rose, SeaMermaid, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски

    Заборавив да пишам, имаше дм и на капсули еден ама излегува поскапо, 16 капсули ги купувавме 300-350 денари и за три дена нема. И никој други не примаше освен таа марка што беше DolceGusto така беше излеа. А вака 800денари е кило мелено кафе да се заборавиш кога да купиш.
     
    На Briar Rose, christinnn, SeaMermaid и 2 други им се допаѓа ова.
  4. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    10.394
    Пол:
    Женски
    Не ви текна на никој да почасти за укинувањето на полицискиот час :D
    Еве од мене мартини, моето омилено :d::party:

    BestPracticesMartini_Internal.jpg

    И така немаше никаква корист од него, можеби на почетокот само. Градов беше лудница, собрани деца еден куп без маски, полиција нема... вака барем нема да сме ограничени и сите да се бутаме во маркети пред полициски час.

    Инаку, одамна сакам да купам апарат за кафе се мислев за Dolce gusto, но @Carolin. ме премисли. Не се исплаќа за цената на капсулите :shake:. Дали може на обичен апарат да се прави капучино или макијато, или стриктно е за еспресо? Каролин или Проминент ако знаете кажете :)

    Кога веќе се запнав за @Carolin. да те прашам уште нешто :wasntme:. На лактиве сум цела со синици од планк вежбине од Клои, а вежбам на душек. Дали и тебе ти се случува ова или дали има некој трик за да не ме болат? Денес 10 мин само планк вежби вежбав и после тоа бев без раце :sweat::rofl:
    Извини за замарањето, ама знам дека и ти вежбаш според Клои па затоа те прашав.

    Постигнав рекорд во вежбање, одев 3 месеци во теретана пред вирусов и 2 месеци вежбам дома. Ми фалат само тегчиња да купам, за да вежбам и раце.
    Причината за тоа да се активирам и да вежбам беше тоа што буквално по цел ден бев на факс и после дома лежев, за викенд само ако прошетав до Водно или Градски. Резултатот од таквиот седентарен живот беше тоа што не можев да се навалам со споени нозе и да си ги допрам прстите, а порано и со цели раце се потпирав на земја. Ко некоја баба бев. :x Тогаш сфатив дека мора да направам промена. И еве сега сум поеластична од било кога, не викаат за џабе дека е убаво да се вежба. Тоа ми е една од најдобрите одлуки.

    Добра ноќ, отидов да учам :hug:
     
    На theowndemon, Stephen Amell, christinnn и 17 други им се допаѓа ова.
  5. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    9.376
    Добар ден :hai:

    Ако легна порано и ако легнам покасно, исто на сабајле ми се спие (facepalm) Е не знам веќе кој ред да го фатам :D

    Неделава чекам многу битни вести, колку сум нетрпелива. Многу ми зависи одреден период од тие вести, се надевам јас на позитивно. Само таму ми е умот.

    @prominent @bicycle и јас одвај чекам да ги отворат библиотеките. За човек како мене шо е секој втор ден в библиотека почна дури и ова да ме нервира :D Јас не издржав пак и во петокот бев книга да купам, една овој пат :wasntme:не како предходно неколку. Па ми кажаа 10% имало попуст, wow и каков попуст си начекав :lol:И реков на продавачката барем со тие 10% ќе си купам две пакетчиња орбит :!:

    Инаку @prominent јас како не многу љубител на кафе :D Мислам дека има една година од кога не пијам :?: Сестра ми имаат кафемат од Нептун мислам дека му е земен и е за нескафе. Не е многу голем, баш е убав.

    Која ви била најголемата желба во животот и дали сте ја оствариле или уште работите на неа или пак останала некаде во неостварените желби?
    -
    Моментално работам на тоа да ми се исполни.

    Што најмногу ве привлекува на прв поглед и што ви задржува внимание?
    -
    Очи, ама темни сакам јас, не сини или зелени. Јас сум по темни луѓе.
    Став и однос.

    Ве напуштам сега
    Имајте убав ден :hug: :d:
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На theowndemon, Regina.Phalange, Stephen Amell и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    10.959
    Пол:
    Женски
    @f.girl можеш да правиш и макијато, има како цевче од страната, ставаш млеко во чашка и на оритисок и пареа млекото станува пена исто како во кафуле. Буквално кафемат од кафуле ама во мини домашна верзија.

    Инаку не знам за лактите што да ти кажам, пробај да ги поставуваш лактите во линија со рамениците агол од 90° да направиш ама буквално агол, знам дека е потршко ама се навикнуваш и така тежината е по распределена. Не е само на лакти и прсти. Ако ме свати што кажав. Зошто сите ние ги ставаме рацете понапред како за полесно ама страдаат многу лактите.
     
    На theowndemon, Regina.Phalange, Stephen Amell и 9 други им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    43.495
    Хелоу :sun:

    Како сте ми?
    Јас денеска сум слободна, цел ден, така што го искористив времето за спиење малку подолго, и после за шетање :toivo: Иако беше ,,малку'' ветровито и косата ми стана хаос, сепак не се жалам, убаво се размрдав сабајлечки :tmi:

    Сонував многу чуден и хаотичен сон, без каква било логика.
    Сум се нашла на некоја плажа во Мексико, и бидејќи не зборувам шпански, не сум можела да се разберам со никого, сум пробувала на англиски, на германски, на македонски, на српски... ништо :D После ми текнало дека и ако се вратам дома, ќе треба во самоизолација да седам...
    Како и да е... ретко кога соништата имаат логика :D Барем кај мене.

    @deskarada, ќе одам деновиве да разгледам што има по продавнициве за бела техника. Верувам дека ќе се најде нешто по мој вкус. Битно добро кафе да се прави, не мора да е нешто којзнае колку скапо, комплицирано. Се плашам дека на крај пак ќе си останам со рачното миксерче, зашто сум навикната на него :lol:

    Се радувам што од утре ќе можеме со либе да си го посетуваме нашето местенце... ни фали :) Кафето, колачињата и доручекот што редовно си ги консумиравме таму :) Ете, од утре... ова некако ми дава надеж и оптимизам за иднината, дека полека ќе си се враќаме на секојдневието како што си го знаевме :)

    Убав ден на сите:hug:

    [​IMG]
     
    На theowndemon, Regina.Phalange, Stephen Amell и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Carpe_Diem

    Carpe_Diem Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!

    Скроз тазе сум на форумов ама ептен ми се бендиса темава.

    Моментално си го пијам второто кафе за денот на тераса и се терам да почнам да работам. Самоизолацијата дома многу многуууу влијаеше на мојата продуктивност. Навикната сум да учам за факултет/работам само во библиотека или читална и навистина ми е тешко сега. Милион дистракции по дома, а и ми треба да си создадам некоја работна атмосфера за да ја сфатам сериозно работата. Еве веќе 2-3 месеци како сме во карантин и уште не се научив како. Но ајде, наскоро ќе биде се ок.

    Кои се вашите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    Тоа што го правам моментално. Кафенце и цигарче сама со себе и моите мисли. Потоа, обожавам да си скролам по онлајн продавниците и да си ставам облека во wish list и на крај ништо да не купам.:D Исто така ме радува кога пробувам некој нов рецепт, да си зготвам нешто ново и тоа да излезе превкусно. Да се разбереме, до пред една година готвев чисто за да преживеам, а сега готвам со мерак. Нова сум во тоа и затоа се радувам на се' што ќе ми успее.

    Што порано ве плашело, а сега не?
    КУЧИЊА! Имав страшна траума од детството, толку лоша што плачев кога ќе ми се доближеше некое куче. Но горда сум што успеав да го победам овој страв пред 3 години со кучето на дм. Сега дури некогаш и си спијам со него, а и воошто не се плашам од други кучиња. Ги галам и си играм со нив. Wow!

    Кое е ваше омилено овошје?
    Праски и јагоди!

    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Искрено, зависи од периодот. Има недели/месеци кога сум 100% посветена на себе, но за време на испити или стресни периоди се заборавам...

    Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    Кога почнав сама да заработувам одма почнав да се расфрлам и да трошам. Немв грижа на совест дека тоа се пари на моите родители и секогаш се водев со мислата дека мои пари се и можам да правам што сакам со нив. Но во последно време сфатив дека не оди така и почнав да тргам пари на страна секој месец. Мајка ми ме научи дека една жена никогаш не смее да се доведе во ситуацијата да биде на 0 и да зависи од некој друг.

    Која ви била најголемата желба во животот и дали сте ја оствариле или уште работите на неа или пак останала некаде во неостварените желби?
    Имам две најголеми желби. На едната работам, а другата за жал не е во мои раце.

    Мило ми е што ја открив темава. Ќе се читаме често од сега.

    Поздрав до сите, имајте убав ден!:inlove:
     
    На theowndemon, bicycle, Stephen Amell и 17 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    13.171
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :angel:

    Нов ден, нови сили, нови желби.:sun:

    Иако сум фан на вакво време почнав да се нервирам што не можам да ги носам фустанчињата што ги подготвив.:?:

    Денов планирам да го искористам со другарка ми и со едно лигле на чет. :inlove:
    А потоа готвење, чистење, малку работа и пак од почеток.
    И имам дејт со тв вечер во 22 часот, мојата омилена серија на тв.:sun:

    Ги нахранив и мачорите, ете ги, полегнаа и демнат територии да видат дали има некој непосакуван гостин.
    :D

    Колку е убаво да си мачор, нит се замараш за плаќање сметки, ниту за чистење, волим овај режим, само јадем и лежим. :D

    Јадам и бисквитки моментално и спрајт, а за кратко се договорив за ручек со другарка ми и трач кафе.

    Чувствувам ова ќе биде убав ден.


    Enjoy.:hug:
     
    На theowndemon, Regina.Phalange, Stephen Amell и 16 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.377
    Допаѓања:
    104.466
    Здраво! Како сте?

    Само што догледав Legends of Tomorrow и серијава секој пат со секоја измината епизода станва подобра. Имам браќа и сестри тука шо ја гледаат? Особено со епизодава навлегоја во 1984 територија и 1984 ми стои за најубо нешто кое го имам читано, можеби не најдобро нешто кое го имам гледано, ама дефинитивно најдобро нешто кое го имам читано. И толку скокаа од жарн во жарн на серија ... као ... импресионирана сум и уште немам избришано епизодата за да ја прегледам пак. Кога сум кај прегледвање серии, годете кој чека да дојди први Јуни за да ја прегледа Anne with an E? Прв пат ја изгледав Јануари и штом ја догледав имав потреба да ја гледам пак. Одма. И постојано се терам да помини барем малку време оти ако ја гледам одма ќе ми здосади. Не можам да дочекам да чукни први Јуни за да ја гледам пак. Притиснете play на сопствен ризик.


    Следно, секоја Среда си објавувам нешто ново на блог43то. Па кој е заинтересиран ова е само потестник дека темава оваа недела е диети! Еден од другарите ми е главен критичар и ми забележа дека темава ми била блиску до дома, се согласувам. Значи прво има за диети општо, зошто уствари слабееме на диета, зошто повраќаме килограми, зошто упорно одиме по рестриктивни и популарни диети и пореметувања во исхрана. Мислам дека ме знајте доволно за да знајте дека темава hits home hard. Ветувам следната недела пократок текст за да надохнадам тука неделава малку се занесов. Ок лажам. Многу се занесов. Ветувам дека вреди занесот. Барем така се тешам. И кога веќе ја отворив темава само сакам да кажам дека многу сум среќна. Има дел од мене шо уствари сакаше ова да го прај цел живот или во зборови на мојот најголем критичар, другар ми:
    upload_2020-5-27_21-4-1.png

    Си пуштив сега јутуб, и читам наслов, ќе го гледам видеово инаку не знам шо ќе кажи ќе шпекулирам сега, Why was Wormtail in Gryffindor? Да, влегов во Хари Потер територија. Ликов е еден од најгнасните ликови во цел серијал, после можда Долорес Амбич али за неа никој не прашва зошто е во Слидерин оти таму посекако се лОшИтЕ. Поентата ми е во сите куќи на Хогвортс има кретени, Грифиндор не е поштедена од кретени. Чувајте си го, ви личи. Доволна е Амбич во Слидерин. И да, не Амбрич, туку Амбич. Bitch, we have standards. Така да подобро нека е разумно видеово неќам да имаме проблеми со каналов.

    edit. Океј разумен е. Збора зошто го неќим-- ова зошто не припаѓа во Слидерин. Ми се допаѓа каналов. Ќе продолжам да го пратам.

    Денес има шанси да го шетав Пес со брат ми ама брат ми да се плаши да се доближи до Пес да не го извалкал и одеше зад мене и има шанси да се свртив кон него и да почнав да трчам со Пес по брат ми. И има шанси брат ми поќе да не иди да го шета Пес со мене. Само шпекулации, ништо сериозно.

    И то е то.

    Останете ми поздравени!
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На Regina.Phalange, k.frosina, senjorita-v и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    33.135
    Пол:
    Женски
    Хелоу, иц ми. ^_^

    Скоро еден месец немав отворено во ќошево, па имав повеќе страни за поминување. Времето не ми дозволува да читам се детално, па ве читнав згора напреку освен последните 2-3 страни што ги прочитав поубаво.

    Јас периодов терам некако, многу чувства ми се мешаат. Gonna blame it on PMS, друго не знам што можи да е. :lol:
    Туку ко го отворив прееска ќошево, ме врати назад кога поставив едно прашање и видов дека уште неколку дена потоа се одговарало што многу ме израдува. Ме израдуваа и вашите одговори, бидејќи во право бевте. Оттогаш се изменија некои работи што ме радува всушност. Прашањето беше некако дали би кажале нешто на некоја личност што мислите дека убаво би било да знае или сепак ќе преќутите. И мило ми е што повеќето кажавте дека сте искрени и директни ко ќе мислите нешто за некоја личност, па тоа и го кажувате. :)

    Па guess what, и јас тоа го направив, иако се плашев многу од реакцијата. Ама сфатив дека поголемиот дел од „проблемот“ е во мојата глава и што премногу мислам. Личноста мислам дека се изненади позитивно откако го кажав тоа што ми беше во мислите, и го поместив нашето пријателство на некст левел. Сега се чувствувам покомотно околу него, и кога се дружиме мислам дека можам да кажам она што ми е на ум. Нема да го заборавам она што ми го рече: „Ако сакаш да прашаш нешто а не знаеш како - прашај директно“. Ова дури ми стана како нешто што ќе ме води во животот.
    Човекот и онака е многу паметен и интелигентен, многу учам од него општо за животот и за се друго. :)
    He's like the older sibling I always wished I had, even though I've never said it like this because I think it would sound weird.
    Имате некој ваков во животот? :wasntme:

    Друго ново кај мене во изминатиов период е тоа што почнав малку по малку да работам на телото повторно, имам и смалено тежина малку. Битно ми е да оди бројката надолу, па колку брзо ќе биди е помалку битно. Се вратив на моето хоби цртањето и пронајдов ново - свирење на синтисајзер. Гледав туторијали на јутјуб од некои песни како полесно се свират и морам да си признаам дека брзо учам. Сакам да учам да свирам пијано општо, многу ме влечи. :)
    Сега се изнервирав што многу касно ни соопштија дека колоквиумите ќе се одржуваат од наредна недела па после испитите и не знам како ќе стигнам. :tmi: :doh: Имам уште 6 до крај, 2 од претходниот и 4 од тековниот семестар. На крајов баш мораше ова да се деси... :|

    Пред да почнам да одговарам на прашања, еве едно од мене:
    Дали кога се допишувате со пријател на социјални мрежи оставате простор другата личност да пиши прва бидејќи последните неколку пати вие сте биле први што сте почнале разговор, иако имате работи што сакате да ги кажите ИЛИ не гледате многу кој пишал последно и пишувате без разлика на се?
    Некако подолго испадна прашањево отколку што мислев, се надевам го сфативте. :lol:

    ----------------------------------------------------------------------------------
    Сега да одговорам на некои прашања од претходните страни:

    Дали нешто би било различно во универзумов доколку не би постоела човечката цивилизација? Дали сме ние тука со причина?
    Хм, и да и не. Конкретно на нашава планета се создале услови за живот со потребните состојки (атоми) и потребните услови во средината што го поттикнало создавањето на жив свет. И тоа е мислам најголемата причина за нашето постоење. Нашиот вид успеал да се прилагоди на промените и да еволуира во она што е денес, и ова не е нешто за фрлање. Секој вид што има еволуирано до овде е со причина. Иако нашиот вид знае да е суров, себичен, егоистичен, алчен, склон кон моќ, мислам дека сме нешто посебно бидејќи сме мал дел од еден бесконечен и прекрасен универзум. Потомци сме на ѕвездите што некогаш експлодирале. Сите не сме еден мал привремен, моментален универзум. И во нашиот вид има единки кои се заслужни за она што сме денес и такви кои го прават светот подобро место за живеење. Но сметајќи на целиот жив свет, сепак мислам дека ние сме најнебитни и дека природата совршено ќе функционира без нас тука.
    Океј, ова е единствено прашање што го одговарам нашироко оти ме интересира да зборувам на оваа тема. :lol:
    Прашање: Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?
    Има и слики и музика и мириси од некогаш. Најмногу ме допира музиката to be honest, најмногу ме навраќа на некој период порано и така најсилно ја чувствувам носталгијата.
    Прашање: Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    Поминување квалитетно време со луѓе што ми значат, шетање во природа, гледање во ноќното небо, слушање музика, јадење чоколадо.
    Што порано ве плашело, а сега не?
    Да си заминам од луѓе што не се добри за моето ментално здравје.
    Кое е ваше омилено овошје?
    Не можам да се одлучам меѓу малини, лубеница и цреши.
    За што мечтае детето во вас?
    Да ја видам нашата планета од вселената или од месечината со мои очи. :l:
    Прашање - Кога ќе погледнете во минатото што највеќе ви недостига/што најмалку ви недостига?
    Ми недостигаат дружбите со некои луѓе пред да си го покажат вистинското лице. Ми фали тој еден безгрижен период што го имав пред да пораснам. Не ми фалат деновите на училиште од основно и средно.
    Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?
    Па претежно излегувам на кафе шема, без разлика дали денски или навечер. Одам понекогаш и во ресторани, само не толку колку на кафе. Во кафани одам ретко, а во дискотека на прсти од една рака се брои колку пати сум била. Не обожавам гужви и гласна музика по полноќ воопшто. Сум излегувала често порано ко бев средно во сабота навечер во кафичот, но нели само до 1 часот. Така да, најмногу пари одат на кафиња.
    Прашање: Дали сте размислувале да бидете донори?
    Да, уште повеќе после настанот со донираното срце. Не знам дали можи да се потпиши некаде, ама ако умрам млада сакам да ми ги извадат органите и да му ги дадат на некој што треба. Мене секако нема да ми смени ништо, а подобро е така отколку да скапуваат под земја, кога можат да спасат нечиј живот.
    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    Љубов, здравје, среќа, пари и слава. (Слава воопшто не сакам, клајте на то место уште едни пари :D)
    Која ви била најголемата желба во животот и дали сте ја оствариле или уште работите на неа или пак останала некаде во неостварените желби?
    Најголема желба ми е да патувам и да креирам спомени со луѓе што ми значат. Моментално по малку се остварува, работам на тоа.
    Дали сакате нешто да промените во животот и ако да што?
    Да, ниската самодоверба и повеќе да се ценам себеси. Потоа и физичкиот изглед. Исто така и умствено повеќе да се надоградувам.
    Што мислите за контролирано општество каде што луѓето се ограничени на само едно дете поради последиците врз планетата што настануваат како резултат на пренаселеност? Кој начин за справување со овој проблем според вас би бил најефективен?
    Ова е тешко прашање и секој став што би се кажал има некоја поента. Ама ако ме прашува некој мене лично, јас сум за контролирање на популацијата, оти реалноста е дека сме пренаселени. Ресурсите се ограничени, колку повеќе луѓе толку побрзо се заканува нивно исчезнување. Башка што не се распределуваат правилно да има за секој, така некои живеат во луксуз а други страдаат за парче леб. Лично би немала повеќе од едно дете, ама не можиш ни да му забраниш на некој да има повеќе. Секој со својата свест.

    Ух конечно да го завршам постов. :D
    Ако го прочита некој цел, congratulations, have a cookie. :D

    Ќе пробам да сум поактивна, за да не се појавувам вака еднаш месечно со километарски постови и после да ме снема. :lol:

    Останете поздравени. :hug:
     
    На Peperutce1115, k.frosina, Carolin. и 16 други им се допаѓа ова.
  12. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    15.771
    Пол:
    Женски
    Здраво лутке мојее8):f:
    Два сати пролет надвор,еден сат лето:?: катастрофа времето:emo:
    Тегнам кафенце пред тв,си викам да чкртнам нешто во ќошево.Почнавме две смени на работа конечно,денес втора смена по кој знае колку време.
    Иако со скратено работно време сме и помал број на работни часа,се враќаме во нормала пополека.
    Два дена се бркам со дечкото од каргото,за пратката:rofl:никако да се најдиме(facepalm)се надевам ке се јави денес пред да одам на работа и да завршиме.:bandit:
    И денес отворија кафиќите :party:додека не дојде дечко ми не седнувам на кафе:rofl:ке го почекам,заедно да го испиеме првото кафе после короната во кафиќ:rofl::l:
    Ве поздравувам:hug:
    Имајте убав ден:d:
     
    На theowndemon, Peperutce1115, H.VAGA и 15 други им се допаѓа ова.
  13. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    13.171
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце.:sun:

    Завршив со обврски за денес, после ме чека убав омлет кој секако ќе го направам, ќе го изедам и за помалку од 10 минути повторно ќе бидам гладна.:wasntme:

    Вчера брат ми донесе две гајби јагоди, па додека ги исчистив и ги пакував чинам ми ја потекоа.(facepalm)

    Порачав некои шминки, не дека ќе ги користам но сакам да ги имам во колекција, додуша одамна се немам нашминкато, освен денес малку кармин и маскара па очекувам следното шминкање да се направам како кловн затоа што веќе имам заборавено, преферирам да бидам природна.:makeup:

    Утре сум во план да ги посетам баба ми и дедо ми, некако во последно време постојано одложувам, не дека немам време туку ете ќе најдам друга занимација и ќе заборавам.(lalala)

    Времето надвор, не ми е по вкус, само што ги здиплив дебелите алишта и алиштата кои се на долги ракави повторно морав да ги извадам од плакарот.
    Ех бе временце, ај нека изгрее сонце веќе иако не сум по оние горештини ама изненади не, израдувај не.:sun:

    Дали кога се допишувате со пријател на социјални мрежи оставате простор другата личност да пиши прва бидејќи последните неколку пати вие сте биле први што сте почнале разговор, иако имате работи што сакате да ги кажите ИЛИ не гледате многу кој пишал последно и пишувате без разлика на се?

    Oдлично прашање.
    Не гледам кој прв пишал но сепак не сакам да бидам таа која ќе се наметнува или да досадува.
    Сакам и да оставам место за да другата личност пишува некогаш прва. Секако, за да се оствари комуникација и за да не изгубиме контакт сакам да има труд и од двете страни.
    Ако желбата не е обострана или се почувствувам здодевна ако само јас пишувам, се тргам на страна.

    Бидејќи денес @prominent ја нема со кафе, јас ќе ве почастам.

    giphy.gif
     
    На theowndemon, Carolin., Peperutce1115 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    43.495
    Хелоу :sun:

    Видов дека @bicycle ме тагнала и знаев дека ме бара за да послужам кафе :mm: Ме претрка денеска, ама утре од мене ќе биде!:)
    Само што се прибирам од работа, ми тргна добро со прва смена, нек се угоде :wasntme: Многу подобро функционирам вака отколку попладне на работа. Успеав некако д се договорам со претпоставените да одам почесто прва смена и среќна сум што ме послушаа.
    Викаат дека ако сам не си каже човек што му пречи, другите не читаат мисли. Отсега нема да бидам толку молчалива и повлечена кога нешто не ми е по кејф. 8)

    Дали кога се допишувате со пријател на социјални мрежи оставате простор другата личност да пиши прва бидејќи последните неколку пати вие сте биле први што сте почнале разговор, иако имате работи што сакате да ги кажите ИЛИ не гледате многу кој пишал последно и пишувате без разлика на се?
    Секогаш се плашам да не им досаѓам на луѓето. Па признавам, некогаш не пишувам и покрај тоа што имам многу што да кажам. Знам дека не е правилно, но ете :) Ама во последно време собирам храброст и за тоа. Пак ќе кажам, не читаат мисли другите... Мора некогаш и ние да бидеме погласни, да си кажеме што ни лежи на душа или да си прашаме што имаме. Многу проблеми можат да се решат со комуникација, едноставно, а ние самите си го комплицираме тоа. :shake:

    Инаку, чекам да заврши либе со работа и на кафе ќе одиме на нашето место, конечно :inlove: Среќна сум, пресреќна :$

    Ајде отидов да се спремам, убав ден на сите :l:
     
    На Stephen Amell, Regina.Phalange, Carolin. и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    10.509
    Пол:
    Машки
    Здраво чупина :hai:

    Како сте? Јас, еве садеви миев по дома до сега. Се насобрале, полн судоперот и кој се чека да се разбуди и да ги мие? Се разбира, Били. Станав професионален садомијач дома. Кој што прави, Били садеви мие. |(
    Многу ми се допаѓаше едно правило на кое не научи една стара госпоѓа кога седевме кај неа како подстанари во Скопје. Таа ни направи таков ред што секој кога си јаде, си го зема тањирот од кога ќе заврши и ќе си го измие. Ем садеви немиени никогаш да нема, ем секој своето.
    Потоа кога отидов да живеам со другарите, истото правило го воспоставив и таму. Тие пак, додека ме немаше садеви миеа само кога ќе снемаа чисти. Ти вика, сакаш кафе? И оди шољата тогаш да ти ја измие, оти нема чиста. После, сите како попчиња се редеа по јадење да си го мијат својот дел. :devil:

    Инаку, кога сме веќе кај тоа, баш го правевме муабетов во друштво за хигиена помеѓу машки и женски. Нели, владее мислење дека машките држат многу помалку хигиена и се понеуредни од женските. Е јас на какви женски имам во животов сведочено... Прво од сестра ми дома која ги фрлаше алиштата по сред соба, кај ќе стигне, до такви што во вц го мочаат капакот и не го бришат, до такви што оставаат крвави улошки отворени во канта за ѓубре, небаре се уметничко дело па треба сите да ги видат. :envy:
    Но, најекстремен случај беше следниов...

    Во станот каде што живеевме, дојде на една седмица брачедата на другарот (газдата) додека станот не го користевме ние за време на зимската пауза.
    Се враќаме тројцата по таа една недела во станот онака насмеани, со торбите во раце. Отвораме и прво што осетивме е јак женски мирис кој ти ја дразни носната слузница и ти пече на очи. Влеговме внатре, и што да видиме? Како атомска бомба да беше фрлена. :o Кое кај паднало, таму останало. Плочките во кујна неизџогирани, а нешто се истурило на нив и лепи на чорапите како одиш. Креветот каде што спиела, како станала, така го оставила, виси јорганот, пола на под.
    Земав јас да отидам до бањата и што да видам таму... Тоалетната хартија се сролала по подот, а шампоните (нејзини) паднати во кадата, отворени и се растекле. А на кадата, оставен брич, употребен, отворен, цел со влакна заглавени меѓу жилетите. :envy:
    Газдава кога виде му се стежи...
    И така додека гледаме и се чудиме како е можно ова, иде третиов и го намирисува тој мирисот од шампоните од кокосово млеко измешано со мирис на еднорог, го гледа бричот таков полн со влакна, се сепна и рече "Аууу па шта је ово другари? Каков е ова мирис на п*чковина?" :rofl::rofl::rofl:

    Знам дека цел тој ден чистевме, и на крај најдовме една машка јакна закачена за која газдата не знаеше на кој е, а наша не беше. :D
    Ја праша после брачеда му да не е нејзина, ама и таа не знаела. Океј. :D
    Иначе уште стои јакната во станот и го чека тој мистериозен посетител ако некогаш пак се појави да си ја земи. :D

    Сте имале ли и вие овакви непријатни случки со нехигиена?

    Ви посакувам убав ден, и забавна ноќ. :P

    Се читаме во следна прилика. :hai:

    Ваш Били
     
    Последна измена: 28 мај 2020
    На Stephen Amell, Amellie13, Regina.Phalange и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.377
    Допаѓања:
    115.279
    Пол:
    Женски
    Здраво :)
    Како сте ми?
    Ќе излажам ако речам дека сум нешто ептен добра денеска. Не е лошо ама било и подобро.

    За жал денеска се случи тоа од што највеќе се плашев. Ама потајно знаев дека ќе е така и го дочекав и ова спремна.
    Цела сесија ќе ни скратат да полагаме двосеместрален предмет што ни е условен само затоа што ни останало делче за полагање од првиот семестар што е предмет кај нив у катедра. Со тоа ќе имам цели 500+ стр за август и во најдобар случај ако ги положам ќе запишам 2ра и тоа да ги поминам сите уште од прва.
    Ни го скратија правото што го имавме за да ги полагаме колоквиумите редовно, тоа право ни е платено, но тоа е што е.
    Ќе се потрудам, не се предавам до крај.
    Сепак надежта последна умира, па сепак нема да речам дека се е изгубено.
    Барем сум здрава, можеше и полошо да е од оваа можност на една година плус студирање. Кај 6, таму и 7, хм. :)

    Како и да е, си го пијам сега кафето, се тешиме со другарката, ако паѓаме, паѓаме заедно и не се предаваме. :)

    Сте имале ли и вие овакви непријатни случки со нехигиена?
    - Оф, леле, кога прочитав веднаш ми текна на една непријатна случка...
    Бевме 9то одд, на екскурзија во Охрид. И си бевме заедно со најдобрата другарка во соба и планиравме да сме само ние 2 сами. Ама сепак имало соба со 3ца една голема и некако не убеди класната, преубава беше собата и ај прифативме да сме со уште една од клас шо не ја поднесувавме ама немала со кој да е. Инаку девојчево постојано мирисаше лошо, во школо машките надимак и имаа дадено дури за тоа. :worried:
    Викаме за еден викенд ќе истрпиме.
    Леле луѓе, тоа беше хорор. :)
    Првата вечер ја болела главата и не одела демек у дискотека. Влегуваме после дискотеката, не удри една тешка миризба... Гаќите ги оставила у сред соба. :worried: И алиштата што цел ден ги носела и патувала со нив. Мислам ќе повратевме. Суптилно испрскавме со парфеми, отворивме прозори... :(
    Не миеше заби 2 дена, ни вртеше некој муабет како ја заборавила четката за заби дома, не се истушира воопшто, а бевме препотени од пат, само не шетаа и времето беше жешко...
    Само за спиење седевме у соба, со другарката цело време у ходници седевме. Не се трпеше миризбата... :puke:
    Ау, дур си отидовме дома, мислам вечност ми се виде...
    Се надевам сега бар сменила навиките, не сум ја видела со години. :tmi:

    Туку, ви смени ли нешто ова со полицискиот час што го нема?
    Мене не, исто ми е.
    Ниту ќе одам у кафич до крај на јуни, така се договоривме со дм, за негов роденден или годишнината наша ќе отидеме да прославиме. Не ми се ни оди сега, некако немам желба. Ниту па имам време да искачам, толку имам за учење, главата не знам кај ми е.
    Ја 3 месеци поштував правила, ќе почитувам и понатака. И за свое здравје и за здравјето дома. :)

    Вчера се слушнав со другар ми, мислев нешто лут ми е, деновиве го немаше никаде.
    Се шокирав шо ми кажа. :(
    На мисла ми е цел ден, оф, не се вклучил со саати, чекам да ми каже шо напраил. :(
    1 година колку ни ги смени животите, не сме веќе тоа што бевме.
    Иако ми рече вчера добро сум се држела, силна сум била, не знам баш, веќе ни сама не се препознавам.
    Друга бев порано. Некаде се изгубив...

    И така дечки.
    Се читаме! :hug: Се надевам подобро сте и подобро си проаѓате од мене. :sun::f:
     
    На Stephen Amell, Moon.Girl, MrenaRiba и 20 други им се допаѓа ова.
  17. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    9.376
    Здраво девојки и Били :beer:

    Деновиве на работа многу брзо ми поминуваат шо е добро :sun:
    Кога си идев од работа поминав ни центар, кафичи полни, настрана тоа, ништо не се почитува, ни една мерка. Не можи да се сфати дека првин е лично за себе, па после за тие околу, џабе.

    @Dream-Girl И мене не ми смени ништо полицискиот час. Јас дури мислам дека уште има :lol: И јас не планирам сега за сега да одам по кафичи, едноставно не ми се оди, немам желба.

    @Billy Idol има многу женски шо држат многу помалку хигиена. Нема врска полот, дека ако е женско, е кизне колку по хигиена.
    Посебно тоа кога ќе видам во кафич измочан капакот :puke: Не можам да верувам како можат така да ја остават и да не пуштат вода :!:
    Јас со цимерките немав ваков проблем за нехигиена, посебно за во вц и на факс и кога работев во друг град.
    А за порано не ми текнува искрено.
    Ама ми имаат кажувано, со каква нехигиена од страна на цимерка имаат живеено и расправано за истото.

    Дали кога се допишувате со пријател на социјални мрежи оставате простор другата личност да пиши прва бидејќи последните неколку пати вие сте биле први што сте почнале разговор, иако имате работи што сакате да ги кажите ИЛИ не гледате многу кој пишал последно и пишувате без разлика на се?
    -
    Не сум напорен тип, или да досадувам на секое, далеку од тоа.
    Ако на некој му пишам еве два пати со ред јас, нема да пишам пак, заради да ќе мислам да не излезам напорна, да не му досадувам.
    Ама ако имам нешто да кажам, ќе пишам и ќе го кажам. Порано многу повеќе се мислев и ако сакав да кажам нешто можев да не го кажам, сега не.

    Ќе одам да јадам сега, некој сендвич, многу се заиграв со тостерот, само сендвичи правам :wasntme:
    Па имам некои обврски :drunk:

    Имајте убава вечер :d:
     
    На Stephen Amell, Ambitious, Amellie13 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    1.628
    Пол:
    Женски
    Хелоу хелоу убави луѓенца!
    Подолго време ве читам во темава и многу ми е симпатично како фино функционирате (за разлика од другите теми кај што мора да има некое натегање и дежурни мрчатори) и интересен ми е концептот со прашањата, да се запознаеме поубаво. И така се решив конечно вечерва да пишам. Откако почна се со коронава, ме фатила некоја инсомниа па навечер не спијам и отворам Фемина и се инспирирам да шкртнам нешто.
    Можеби и заради фактот што пред мене стои многу голем момент од животот - треба да магистрирам во јуни па исчекувањето ме убива и не ме фаќа сон :lol: Морам да ви признаам нешто што не сум го признала на никој досега, ама мислам дека ќе ми фали студентскиот живот. За мене беше многу исполнет период - секогаш се трудев покрај висок просек, да имам и пракси и да одам на конференции и настани, па почнав и да работам.. На моменти беше многу напорно и не знаев главата кај ми е (и моментално не знам) ама никогаш не помислив да се откажам. Знам дека ќе вреди се ова, првенствено сама на себе ќе бидам горда, а потоа се надевам ќе доведе и до саглам работа. Ама не очекував дека последниве месец дена ќе ме фати жал што се ова завршува. Никогаш не сум сакала краеви....

    Ајде порасположено сега, да пробам да одговорам неколку прашања :D

    Дали кога се допишувате со пријател на социјални мрежи оставате простор другата личност да пиши прва бидејќи последните неколку пати вие сте биле први што сте почнале разговор, иако имате работи што сакате да ги кажите ИЛИ не гледате многу кој пишал последно и пишувате без разлика на се?
    Искрено, не ни памтам кој колку пати пишал и дали јас сум пишала последна или некој друг. Ако имам нешто да кажам, си пишувам слободно. И уште поискрено, мислам дека е детски да гледаш кој пишал колку пати, имам другарки што се уште го прават тоа па ќе го дигнат носот ако не пишеш, па драма... (facepalm) Не можам да сфатам да ти е толкаво егото и до толку да се замараш. Па утре може ќе ме нема, тогаш битно ли ќе биде кој последен пишал, кога порака во гроб не можам да примам...

    Што е тоа што најмногу ви буди носталгија? Слики, музика, мирис?

    По природа не сум носталгична личност ама има некои песни што ме враќаат во времето кога сум ги слушала и ми ги враќаат чувствата што сум ги имала во тој период.

    Кои се важите омилени ,,обични и мали'' задоволства?
    Да си го испијам утринското кафе на раат, сама, без никој да смета. Не сум пушач (бар не активен) ама си имам тајна резерва и кога ќе запалам една, тоа е еден од тие моменти. Чоколадо :inlove:

    Што порано ве плашело, а сега не?
    Неуспех. За мене личната среќа е врзана за моите успеси, ама како одминува времето, сфаќам дека што и да правам, тоа ќе е успешно. И не зашто сум најдобра или најпаметна или најталентирана (далеку од тоа), туку затоа што сум вредна и одговорна.

    Кое е ваше омилено овошје?
    Јагоди засекогаш :l:

    За што мечтае детето во вас?

    Барем еднаш да отидам во Дизниленд :lol:

    Прашање - Кога ќе погледнете во минатото што највеќе ви недостига/што најмалку ви недостига?

    Ми фали периодот кога работев во кафич, ми беше многу забавно и имаше многу дружби. Не ми фали средно.

    Колку често искачате и колку пари трошите по кафичи, ресторани, дискотеки, кафани?

    Па како растев, така се менуваше концептот. Во средно, секој петок и сабота одевме по журки по кафичи, ретко по дискотеки. Никогаш не сум ги сакала и не разбирам како им е интересно на луѓето да одат - прегласно и премногу е гужва и стално некој ве бутка или има проблем со резервацијата за коњопој или воопшто нема слободен коњопој |( Сега веќе не одам по дискотеки воопшто - I’m too old for that shit.
    Последниве години откако се запишав на факс, се префрливме на кафани и тоа ми е супер концепт. Ама факт е дека атмосферата зависи најмногу од друштвото и од музиката.

    Дали сте размислувале да бидете донори?
    Да, сега за сега сум донирала само крв, а би сакала и плазма, а и коскена срж. И секако после смртта, комплетно би го донирала секој неоштетен орган.

    Како би ги подредиле следниве поими среќа, пари, љубов, здравје, слава по важност?
    Здравје, среќа, љубов, пари, а слава ич не сакам, земете си ја слободно :lol:

    Која ви била најголемата желба во животот и дали сте ја оствариле или уште работите на неа или пак останала некаде во неостварените желби?

    Најголема желба ми беше да живеам во странство и ја остварив веќе. Сега работам на продолжение од таа желба - да се вратам во градот во кој се заљубив.

    Дали сакате нешто да промените во животот и ако да што?

    Пишав горе - да го променам местото на живеење и да стекнам навика да вежбам.

    Што мислите за контролирано општество каде што луѓето се ограничени на само едно дете поради последиците врз планетата што настануваат како резултат на пренаселеност? Кој начин за справување со овој проблем според вас би бил најефективен?

    Да бидеме реални, нашата планета веќе се соочува со сериозни последици од пренаселеноста, како што е загадувањето на воздухот и водата и глобалното затоплување. Затоа и сметам дека треба да има контрола над раѓањето, ама од друга страна, тоа е многу специфичен аспект, навлегуваме во приватниот и емотивниот живот на човекот. Можеби е најдобро да се работи на зголемена едукација и полесен пристап до контрацепција, за да се избегнат несакани бремености. А и би можело да има некој компромис - за секоја личност како мене што не сака да има деца, на една друга личност да и се дозволи да има две, доколку сака секако.

    Ви смени ли нешто со полицискиот час што го нема?
    Искрено не, зашто имам многу обврски периодов и немам баш време за шетање многу. А и се знам себе - прво, мерак ќе ми е да излезам два-три пати на кафе, па после кога ќе ги искркам сите протоколи таму, веќе нема да ми текне да седнам во кафич. Ич не сакам вака - или лезетски да си седнам како човек или ич не седнувам. Друга работа е што не излегувам многу навечер, денско дете сум, навечер само за кафана или коктели, иначе ретко. Така да, сеедно ми е, не ослободија од полициски час ама ич не се осеќам ослободено со сите обврски што ги имам и со сите протоколи што важат уште.

    Ајде мислам дека доста ве испозамарав како за прв пат, се читаме пак :inlove:
     
    На Stephen Amell, Ambitious, Carpe_Diem и 17 други им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    13.171
    Пол:
    Женски
    Хелоу, иц ми, аген. (tumbleweed)

    Излегов на балкон малку бидејќи го видов сонцето кое ме излажа и аш, го снема, се разочарав сабајлечки.
    Еве, јас денес ќе бидам сонце за вас. :D:sun:

    Вчера убаво ми заврши денот со пицата.:pizza:
    Ја изедев за 5 минути, па ја налеав малку душата со кока кола и сладолед.:D

    Од денес ќе се вратам на здравиот живот, тоа вчера ми беше еден вид cheat day. Не дека сум на диета кој знае каква туку сакам да имам барем колку толку нормална исхрана иако во план сум да направам малку тестенини.
    Подоцна сум во план да возам со велосипедот или да истрчам некој круг.
    Да беа отворени библиотеките после тренингот ќе си зедев една книга и ќе уживав со топло чоколадо или некој друг топол напиток ама среќа пак имам план Б.
    Битно е човек секогаш да има план Б доколку план А не му успее.

    Имав и чуден сон, ама со оглед на тоа какви сонови имам во последно време почнав да се навикнувам и сето тоа наскоро ќе ми биде нормално.;)


    Ви смени ли нешто со полицискиот час што го нема?
    Не, интроверт сум. Не сакам гужви, собиранки по кафичи, преферирам да останам во домашна атмосфера дружејки се со добра книга.
    И навечер немав некој обичај да шетам освен кога родителите беа во Мкд па ќе знаев по едно кругче да прошетам со нив.
    Сега ми недостига тишината.

    Прашања од мене.

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?

    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?


    Одам да си направам кафе, петок е, иде викенд.:inlove:
     
    На Stephen Amell, Peperutce1115, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    43.495
    Добар ден :sun:

    Како сте ми?
    Јас денеска сум слободна од работа, па го искористив претпладнето за шетање и релакс :mm: И пак - шопинг :lol: Не издржа срце јуначко :lol:
    Се надевам дека наскоро ќе ги отворат и библиотеките, се надевам... :)

    Ви смени ли нешто со полицискиот час што го нема?
    Па јас не излегувам многу навечер, како што и знаете повеќето. Интроверт сум и сакам да поминувам време сама со себе, но ова беше премногу и за мене, признавам. :) Повеќе ми пречеше помислата дека не смеам да излегувам, па од никаде мииам цигари, на пример... или дека не можам да прошетам онака, без причина, ако ме фати сафра дома :) Затоа, мислам дека ми смени повеќе од психолошки аспект.

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Секогаш се трудам да имам. Ако може и план Ц 8) Мислам дека сум зависник од планирање и не сакам да оставам ништо на случајноста.
    @bicycle не заборавам за ветеното кафе денеска :D Има и за останатите, секако :l:

    [​IMG]
     
    На Stephen Amell, christinnn, Ambitious и 14 други им се допаѓа ова.