Феминско младинско ќоше

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lady Phoenix, 21 април 2016.

?

Колку години имате?

  1. Под 17

    23 глас(а)
    4,7%
  2. 18-25

    297 глас(а)
    60,2%
  3. 26-30

    112 глас(а)
    22,7%
  4. Над 31

    61 глас(а)
    12,4%
  1. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    607
    Пол:
    Женски
    Здраво :sun:
    значи некој од вас имаат таков талент за пишување, цела ситуација ја доловувате, така комедично, ме изнасмеавте.

    Јас да се пофалам, учам:clap::clap::clap: конечно мрднав од сакам до правам.
    Времево башка ми се погоди. Вторникот се тепав да возам точак и на дожд и ветер, 5 до 7 секој ден дома. Е сеа ми го тргнаа полицискиот, изгубив мотивација, а гледам и не сум единствена. Надвор еднакво е тивко и пусто како пред недела дена:?::nod:

    @theowndemon како горд Slytherin, чуствувам потреба да објаснам:!:
    Роулинг лошо не има претставено, не сме толку лоши само по амбициозни, сами свои лидери и до негде традиционални. Wormtail е следбеник, нема свое јас, има некоја амбициозност, ама повеќе му е да си го спаси газот. По интересно прашање е како успева да влезе во Griffindor, бидејќи поминува мислам 12 години како глушец и "домашно" милениче.:lol:
    Ама ќе го гледам видеото, ми привлече внимание.

    Ќе ставам одговори во спојлер, за кој сака да чита, другите имајте ми убав ден:l::l:
    Дали сте тип што штеди пари или се расфрла со луксуз?
    Штедам од најмала возраст. Си собирав за патување, но не потрошив колку што очекував и имам добра заштеда за секој случај. Не сум по материјалните работи, сакам искуства повеќе
    Дали и колку си посветувате време лично за вас?
    Си се обожавам себе си, малку како нарцис звучам али јас како што си се третирам, па никој не може да ми се мери хахаха. Шала на страна, кога посветувам внимание ми помага да се чуствувам поубаво, посреќно а и ми крева самодоверба:$
    Дали сте размислувале да бидете донори?
    Да. Во средно пробав да донирам крв, не ми дозволија бидејќи бев премногу тенка, требала да сум 55кг. Тешко мене:envy: јас најмногу сум стигнала до 52кг
    Секако кога ќе умрам, се надевам дека некои органи ќе можат да помогнат на некого.
    Дали вие имате прекар даден од вашите родители?
    Маче мое:lol: така сум им пишана и на мобилен, а брат ми душичка со име. Знаеме кој е омилен :angel:
    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Не само Б, имам планови за цела азбука. Толку сум по планирање, секогаш знам што ми е најважно за наредните 5 години.
    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Ситуации каде луѓе околу моја возраст ќе почнат да зборуваат за брак и деца.
    Луѓе имам 21, не ме чепкајте:punch:
    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Ми се има случено да ми повторат по 3ти пат и уште да не разберам за што зборуваме али веќе станува претеризам да прашувам па се правам дека укапирав. Бев сигурна дека имам проблем со слухот и бев на доктор, али изгледа ми здосадува и исклучувам луѓе по желба. :rofl:
     
    Последна измена: 29 мај 2020
    На Stephen Amell, Elf, Peperutce1115 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    1.628
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, втор ден денес на темава :party:
    Добар си беше денов додека не излегоа на вести со идејата да затворат некои општини. Се изнервирав, ако мерката полициски час не ми смени ништо во животов, затворањето само во една општина ќе ми смени многу. И сега што со одбраната на тезата... (facepalm)

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Во принцип имам план Б за секоја ситуација зашто анализирам премногу и ги гледам ситуациите од многу различни аспекти. Сепак, се фокусирам најмногу на првиот план (лоша особина, знам) и досега, најчесто ми се остварувал, можеби и баш заради тоа што вложувам најмногу труд во него.

    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?

    Да се надоврзам на муабетот на @Regina.Phalange (само што јас сум малце постара па претпоставувам дека таа ситуација кај мене е уште почеста) - абе 70% од паровите околу мене се верија. Еден дел се венчаа, а неколку имаат и дете. На страна фактот дека не сакам да имам деца генерално и не верувам баш во институцијата брак, дечки бе аман, 23 год имаме (плус минус некоја година), ние требаше да бидеме напредни генерации. Требаше да бидеме револуционерни, да ги искористиме информациите што ни се дадени на тацна со компјутерите и интернетот, за да го промениме светот. Да не ме сфати некој погрешно, не дека не можеш да го смениш светот и ако си во брак и со деца, ама ќе биде многу многу потешко. Ама ние одма прстенот и тоа е... кога ќе видам слика She said yes, сфаќам дека си тече времето или па нашиве генерации се вратија назад на потрадиционални размислувања. :?:

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Не, почесто ми се случува да се исклучам додека некој зборува и после само климам со глава, иако не сум чула ништо :lol: Ако не разберам нешто, прашувам да ми се разјасни.
     
    На Stephen Amell, Elf, Peperutce1115 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    13.183
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Hello, my beautiful roses! :f::f::f::f::f:

    Се надевам дека сите сте здрави и среќни :l: Мислам дека променливото време навистина негативно ми влијае врз здравјето, со чести вртоглавици и повремени главоболки. И само кога помислив дека спиењето почна да ми се нормализира последниве денови, утрово повторно се разбудив пред изгрејсонце и веќе не можев повторно да заспијам, слушајќи неколку автомобили и звучни мотори надвор низ улицата.
    Станав, си направив една шолја топло чоколадо (сеуште не можам да се навикнам да пијам кафе) и така по ноќница и наметка
    излегов на тераса за да го гледам изгрејсонцето. Ѕвездите скоро се избледуваа на небото и во тој момент се запрашав колку често имам прилика да уживам во вакви мали, но преубави мигови поминати во мир и спокој за време на овој хаотичен период.

    Кое е најинтересното откритие за вас?
    Најинтересното научно откритие за мене беше кога започнав за учам за астрономијата и прочитав за фактот дека кога го гледаме ноќното небо, ние всушност го гледаме минатото, а причината за ова е времето на патувањето на брзината на светлината, односно, поради конечната брзина на светлината, кога ќе погледнеме кон ноќното небо, гледаме во минатото. На пример, светлата ѕвезда Sirius е оддалечена 8,6 светлосни години. Тоа значи дека светлината која ние ја гледаме навечер, всушност патува веќе 8,6 години. На тој начин, кога ние навечер ќе ја погледнеме ѕвездата Sirius, ние всушност ја гледаме како изгледала пред 8,6 светлосни години :*:

    Која ви била најголемата желба во животот и дали сте ја оствариле или уште работите на неа или пак останала некаде во неостварените желби?
    Уште од кога се сеќавам за себеси, знам дека секогаш сум била фасцинирана од интелигенцијата на татко ми, кој патем цел живот се занимава во областа на една од најтешките научни гранки и поради тоа најголемата желба во животот ми била да бидам научник како него и да го достигнам неговото ниво на висока интелигенција. И покрај тоа што од тинејџерските години сум класифицирана како млад научник и моментално сум потенцијален член на позната вселенска агенција, сепак верувам дека ова е само почетокот и дека можам да остварам многу повеќе научни постигнувања во иднина, но најважно од се, да можам да го заштитам космосот и да придонесам за планетата Земја да биде подобро место за живеење.

    Што најмногу ве привлекува на прв поглед и што ви задржува внимание?

    Мислам дека и претходно сум се изјаснила дека сум сапиосексуалец, па така сметам дека висок коефициент на интелигенција е нешто кое веднаш би ми привлекло внимание, по начинот на зборување и размислување. Но кога станува збор за физички изглед, не сум многу пребирлива за боја на коса или очи, но би ме привлекло високо и слабо тело, со бујна но средена коса, и класичен стил на облекување (мантил, одело, кошула, панталони, вратоврска, кожни чевли итн), а по можност и лабораториски мантил со логото на NASA... :lol:

    Дали сакате нешто да промените во животот и ако да што?
    Би сакала понекогаш луѓето да престанат да ме осудуваат врз основа на физичкиот изглед и да претпоставуваат дека сум глупава поради убавината. За жал, ова исто така се случува, иако не толку често, и на научни настани и тоа од личности кои се сметаат за интелигентни. Исто така, би сакала да престане или барем да се намали сексуалното вознемирување и коментирање кое го искусувам скоро секогаш кога ќе излезам, без разлика дали е тоа на улица од страна на некој рандом минувач, таксистот кој ме вози, некој студент на кампус и слично. Сум била повеќепати жртва на сексуално вознемирување и обид за силување, па така секогаш кога ќе слушнам таков одвратен коментар, секогаш чувствувам мала паника и страв дека истиот тој одвратен коментар може одеднаш да премине во физичко дејствување.

    Што мислите за контролирано општество каде што луѓето се ограничени на само едно дете поради последиците врз планетата што настануваат како резултат на пренаселеност? Кој начин за справување со овој проблем според вас би бил најефективен?


    Знам дека т.н. "one-child policy" е прогласен за "misnomer", особено во Кина, бидејќи при најголемиот дел од постоењето на оваа политика, на скоро половина од сите родители во Кина им било дозволено да имаат второ дете, како што се сметаше дека истата ги загрозувала човековите права и положбата на припадничките на женскиот пол. Меѓутоа, според последните статистики, глобалното население се зголемило од 1 милијарда во 1800 година на 7,777 милијарди во 2020 година. Ова, секако, има мошне негативно влијание како што многу држави кои искусуваат брз раст на населението имаат низок животен стандард, и обратно, многу нации со ниски стапки на раст на населението имаат високи стандарди на живеење, што креира драстичен дисбаланс во светот и во меѓународните односи, идентичен на т.н. "North-South Gap". Сметам дека концептот за "human overpopulation" претставува вистински проблем кој треба да се сфати сериозно бидејќи истата не мора да настане само на универзално ниво, туку и на ниво на еден специфичен регион, како што истиот може да предизвика еден куп негативни последици од различни сфери (сиромаштија, еколошки катастрофи, уништување на природни ресурси итн). Лично сметам дека еден од најефективните начини за справување со овој потенцијален проблем би бил ископување на вонземски ресурси содржани во оние небесни тела кои ни се на реалистичен дофат, согласно нашата технологија.


    Дали кога се допишувате со пријател на социјални мрежи оставате простор другата личност да пиши прва бидејќи последните неколку пати вие сте биле први што сте почнале разговор, иако имате работи што сакате да ги кажите ИЛИ не гледате многу кој пишал последно и пишувате без разлика на се?
    Искрено, не ми е толку важно дали и колку пати ќе сум иницијатор на разговорите со пријатели и блиски роднини бидејќи тоа не ни игра некаква улога. Скоро секогаш сме во контакт, особено кога имаме нешто важно што сакаме да споделиме меѓу себе. Ова е особено изразено кога престојувам во МК, каде најголемиот дел од моите пријатели буквално се наоѓаат на другиот крај од планетата...

    Сте имале ли и вие овакви непријатни случки со нехигиена?
    Се сметам себеси за личност која одржува хигиена на мошне високо ниво и за жал, можам да кажам дека сум се соочила со непријатни случки поврзани со нехигиена, особено додека привремено работев во стриптиз клубот, и покрај тоа што истиот беше прогласен за еден од најдобрите клубови во градот.
    Би рекла дека секоја ноќ за време на и по завршувањето на работните часови на клубот, имаше т.н. "cleaning crew" кој ги чистеше тоалетите, барот/шанкот, масите, дел од бината и огледалата, но тоа секако не гарантира целосна хигиена. Бидејќи првично работев како cocktail waitress, секогаш сум се грижела чашите и приборот да бидат чисти и истите ги миев со топла вода и детергент, како и самата површина на шанкот каде служев. Сепак, самите муштерии, па и танчарките не водеа честа хигиена кога доаѓаат да порачуваат пијалоци, вклучувајќи ги и нивните пари. Исто така, познато е дека скоро во секој стриптиз клуб има посебна просторија, слично како dressing/makeup room, наменета специјално за танчарките каде можат да се пресоблекуваат и да ја средуваат косата и шминката со прибор кој веќе е обезбеден од клубот, но и девојките оставаат дел од нивните лични работи таму. Мислам дека нема потреба да објаснувам дека овие простории се многу нехигиенски и не би можела да замислам како некоја девојка воопшто би помислила да го користи тој прибор на себе. Кога привремено започнав да танцувам, се што ми требаше го носев во посебна торба која ја чував во моја близина при шанкот и не се пресоблекував многу. За среќа, не ни работев во клубот долго време...


    Ви смени ли нешто ова со полицискиот час што го нема?
    Единственото нешто кое се промени кај мене со укинувањето на полицискиот час е зголемената омраза, недоверба и разочараност која ја чувствувам кон човештвото и неговата неспособност сериозно да ја сфати моменталната закана со која се бориме, како и нивната себичност и апатија кон зголемениот број на заразени лица со кои треба да се справуваат медицинските лица.

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Имам навика скоро се да планирам и ретко се препуштам на спонтаност бидејќи постои зголемен ризик од околностите да не бидат во моја корист. Сепак, дури и кога планираме нешто, не постои гаранција дека она што го планираме секогаш ќе се оствари според нашата замисла. Поради тоа, секогаш имам plan B, па дури и plan C, доколку сметам дека е потребно.

    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Кога скоро сите мои другарки почнаа да објавуваат дека се верени и омажени, додека јас сеуште не сум ни имала ни дечко во вистинска смисла на зборот. Да не бидам погрешно разбрана, јас сум навистина пресреќна за нив, но понекогаш се прашувам дали нешто пропуштам во мојот живот, и покрај тоа што сеуште не се чувствувам доволно подготвена ни да размислувам за брак. Но потоа сфаќам дека најважните приоритети во мојот живот се науката и образованието и само на тоа моментално сакам да се фокусирам.

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Зависи за што станува збор. Доколку се работи за одредена научна тема, никогаш не се преправам дека не разбирам, туку ако нешто не ми е јасно, секогаш прашувам и се трудам да научам. Но, доколку станува збор за нерелевантна или површна тема, понекогаш само кимам со главата за зборувачот да заврши што побрзо со раскажувањето.

    За крај, само би сакала да кажам дека навистина ми е мило што забележувам дека имаме повеќе нови членови кои ни пишуваат се почесто во ќошево и се надевам дека почесто ќе ги читаме @Carpe_Diem & @CharmedGirl - Welcome to the club, ladies! :l:
    [​IMG]
    Поздрав, :l::l::l:
     
    На Stephen Amell, Carolin., Dream-Girl и 21 други им се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    22.447
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, како сте? :sun:

    Не сум пишала некое време, но навистина немав нешто ново за кажување. Ја следам темава, барем на тоа поле не запоставив.

    Полека и со ситуацијата сè се враќа во нормала но мене сè уште не ми е сеедно слободно да излегувам. Во центар последно не паметам кога сум била, последно бев до банка и назад. Се движам на помалку метежни места, најчесто во природа, подалеку од сите.
    Ми недостига и братучед ми, долго го немам видено, не е тоа тоа само онлајн комуникација или слушање на телефон. Спомнавме да се видиме викендов, некаде надвор од градскиот метеж, па ќе видиме како ќе бидне тој план.

    Деновиве преживеав сто moods, пмс on its way. Затоа се честам сладолед, барем ме утешува колку-толку. :D
    И топла бања ме релаксира, баш така мрзеливо ги преживувам овие денови.

    Сè уште не се знае кога ќе почнеме да одиме на работа. Планот беше од први но сè уште не биле доволно организирани. Позитивното е што и кога ќе почнеме секој ќе има можност да одлучи дали сака да продолжи да работи од дома. Ми се допаѓа таа одлука и фино така што решиле.

    Прашањата можеби следен пат ќе се обидам да ги одговорам, одам да спуштам филм и покасно вечерва да го гледам. Тоа е мојата perfect Friday night, помината со добро друштво. :mm:

    Убава вечер дечки и убав викенд.

    :hug:
     
    На Stephen Amell, Carolin., Dream-Girl и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    7.265
    Пол:
    Женски
    Здравооооо! :l: :D

    Од денес јас со ново телефонче. Се радувам како детенце. Многу сум возбудена. Сум и задоволна.

    Ќе се посветам сега на прашањата да ги одговорам.
    Кое е најинтересно мое откритие - Па има доста откритија кои ги имам слушнато. А најинтересно ми е за откритието како настанале ѕвездите, планетите , Месечината и сонцето. Мене многу ме инспирира галаксијата и сакам што можам повеќе да научам за неа.
    Интересно ми е откритието што се сетив сега за песокта по плажите како настанала.
    Песокта по плажите настанала од рушени карпи од планините и се спуштале надолу и дошле до тука кај што почнува охридското езеро. И така тркалајќи се надолу тие се распаѓање на поситни камчиња и така настанала таа песок што ја имаме на плажите. :o

    Најголема желба - да сме сите здрави, среќни, весели, да немат тешки денови. Немам никоја поголема желба. Секако дека нема тешкотии во остварување на таа желба само што треба е да имаме сила во нас. :l: :muscle: we are champions.

    На прв поглед - забележувам згодни момци од соништата , за такви какви што сакам да се покрај мене, за такви какви што заслужува да има секоја добра,примерна и послушна женска. И таков пак очекувам да е тука ама го нема за жал. :u:
    Уживам и сама. Не се предавам и покрај сѐ. Јас пак ќе речам дека можам и сама, без никакви идиоти.

    Дали сакам да променам нешто во животот - да,сакам да сменам време, да се врати некако времето за да попрам грешки за кои се каам. Бидејќи имав шанса да си го разубавам тој дел кој ми беше мрачен во животот и делот кога не бев среќна. А сега јас сум најсреќна од причина што си имам се што ми е доволно: семејството, домот, облека, храна.. Се што ме бодри. И сѐ што е охрабрува.

    За дали гледам кој пишал прв -
    Не гледам кој пишал прв гледам само јас да си го кажам она што мислам и на тоа што сум решена да кажам. Она што го сметам за помалку важно чекам тогаш да е достапен/а за да ѝ/му пишам.
    Така да си сум начисто кога си имам да кажам нешто да си го смислам отпрвин како да го почнам па така како да завршам. Ама повеќе практикувам да му кажам во лице дека секогаш така личноста ја откривам како реагира и размислува на тоа што го кажувам.

    Дали смени нешто полицискиот час кајмене - Не ми влијае многу ама тоа што промени е моето расположение е подобро. Сите си работат како што ќе можат.
    Малку ми е неубаво кога ги гледам некои што им пропаднал бизнисот од овај карантин.
    Ми овозможи повеќе време за пешачење и ми дозволи навечер да си излегувам како што и секогаш ми беше најубаво време за шетање.


    Толку сега ќе одговорам. Останатите за нареден пат.
    Адиос сега. Чао. :l::l::l:
     
    На marija1907, Stephen Amell, Carolin. и 16 други им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    43.495
    Хелоу :sun:

    Како сте ми?
    Јас имав прекрасен почеток на денот, а со тоа и на викендот :) Отидовме со либе на кафе, па пешачевме малку, купивме нешто од маркет и сега ќе се фрлиме на готвење :)
    Друго не знам што да ви кажам. Денов ветува дека ќе биде лабав :lol:

    @Sweetlove_0312 честитки за телефонот, со здравје да си го користиш и да ни пишуваш тука од него почесто :) Јас дефинитивно ќе земам нов следниов месец. Не сакам ништо посебно, скапо, само да функционира како што треба зашто овој сега почнува да си игра со моите нерви :lol:

    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Обично матури, апсолвентски, родендени и слични денови ми даваат ,,сигнал'' дека деновите си летаат, незабележливо но неповратно. Но и кога ќе слушнам некоја постара песна и кога ќе видам дека е издадена пред, да речеме, десет-петнаесет години, а јас тогаш сум била веќе тинејџерка... Е тоа ме тера да се чувствувам и ,,старо''.

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Да. Проблемот е ако некој ми постави прашање :D

    Останете ми поздравени :l:
     
    На marija1907, Stephen Amell, H.VAGA и 19 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    13.171
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :l:

    Си потпивнувам кафе лате и си подработувам со музика во позадина.:emo:

    Сакам да изразам незадоволство затоа што плановите за цела година ми пропаднаа поради срањево наречено ковид.|(
    Имено планирав зимава да отидам на Алпите, арно ама ова лајно вмеша прсти и се ми пропадна како кула од карти, догодина одам здрава и жива.:D

    Знаете какво будење имав? Експресно будење кога ја погледнав астрономската сметка за струја. Не знам како ги вадат тие бројки од ракав кога ниту готвам на струја ниту се греам на струја, срање ЕВН, цицајте.:$
    И се извинувам за вулгарните зборови ама посилно од мене беше.:tmi:

    Ги посетив и баба и дедо и братучед ми, на гости му беше и девојка му па се запознав со нејзе, пријатна и мила личност.:inlove:

    Се слушнав и со моите родители, толку многу ми недостигаат, почнав да ги бројам и деновиве за нивното враќање, ех.. се надевам наскоро ќе летнат тие денови.

    Денес во план за готвење беше да поховам зденки, кашкавал, пилешко ама оставив за утре.
    Имам во план да правам нешто печено.:P

    Инаку се подновив и со препарати за коса, масла и шампони па денес планирам да си посветам повеќе време на нега.

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Не секогаш ама често имам, ако немам реагирам во моментот и носам брзи одлуки кои на крајот испаднале подобри од предвиденото.

    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Муабет со другарка која работи на мојата улица. Кога ја прашав колку години прави нејзиното најстаро дете, кога ми кажа 6 се плеснав по лице, кога се омажи, кога ги роди двете деца, кога направи најстарото 6.

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Да, и најчесто климам со глава и ако не знам што да кажам ќе ја сменам темата или ќе кажам некоја анегдота. :D


    @Sweetlove_0312 честитки за мобилниот, со здравје да го користиш.:l:
     
    На Peperutce1115, Sweetlove_0312, prominent и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    12.021
    Пол:
    Женски
    Zdr kuklinja
    Имав некои планови за денес ама ми се срушија, па денов испадна со покакана атмосфера некако АМА имам за частење - ми се породи мачката. 3 бебиња. 3 кумови и би ги повикала - @Nigredo Odor @John Snow @Elf, и @Tan4ence пошто ме смируваа дур паничев бидејќи немав искуство со мачки родилки. Еве мекици за сите as promised : E1CC9ED4-DBFD-45F1-A2C8-278D8693FE7B.jpeg 344059CD-B6BD-451C-A7DD-FCAED6780AA8.jpeg

    5CC51278-2285-4654-88D5-851EF25E0662.jpeg
     
    На x.Daisy.x, tirkenbal, Stephen Amell и 29 други им се допаѓа ова.
  9. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    15.771
    Пол:
    Женски
    Здраво лутке мојее :f:
    Тегнам второ кафе пред ком.:coffee:Денес сум фрај,не сум на работа :ninja:
    Либетоо ми дојде вчера,какво изненадување му подготвив за роденден:^::d:
    Сабајле заедно си го испивме првото кафе:coffee:на Широк Сокак:rofl:
    Денес сум изнакупила еден куп овошје,уште да го средам и таман.Се мислев дали да готвам денес,ама сепак се одлучив да порачам пица за ручек:pizza::beer::rofl:
    Времево пак е во сто расположенија :tmi:
    Си се подновив со нова маска на тел. и ново стакло,кефој сум особено за маската,бојата ми е прејака8-|
    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Стално имам однапред смислено се:rofl:јас сум човек што сака да планира однапред,не оставам ништо на случајност.
    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Пред некое време,една познаничка ме праша: Колку долго сум вработена?
    Одговорот на тоа прашање ме уплаши8-|Времето навистина лета.
    Ви смени ли нешто ова со полицискиот час што го нема?
    Искрено,не многу.Мислам дека уште има полициски:rofl:
    Чудно мие сега кога гледам толку луѓе надвор8-|:?:
    Имајте убав ден и викенд :hug::d:
     
    На tirkenbal, Stephen Amell, H.VAGA и 19 други им се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    9.376
    Хај :sun:

    Како сте?
    Јас се спремам полека за да се видам со либето :inlove: @k.frosina и јас му спремив изненадување за роденденот, не можи ни да замисли :lol:
    Ама утре ќе биди тоа т.е вечер после 00:00 :^: :D

    Од сабајле цела рутина на нега ја поминав и се навежбав и за вчера надокнадив, оти сум мраза некогаш кога ми е мака од работа, затоа ќе надокнадам.

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    -
    ЈАс одам дирек на план А, ако нешто замислам да биди така, верувам дека ќе ми се оствари.
    Ако почнам да правам план Б тоа значи дека не сум сигурно во првиот.
    Затоа одам директно.

    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    -
    Кога гледам колкави пораснале внуците, посебно поголемиот 8-|
    Какво вчера да беше кога станав тетка :inlove:

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    -
    Некогаш кога некој ме замара да. Можам само да потврдувам со главата демек слушам аха така :wasntme:

    @Sweetlove_0312 со здравје да си го користиш мобилниот :hug:

    Имајте убав викенд :d:
    Јас заминав :hug:
     
    На Anabelle.Amorette, Stephen Amell, Peperutce1115 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Хелоууу друштвенце!
    Што си правите? :hai:

    Јас само што си го испив кафенцево и уште едно би си сфарила оти ме фати некоја мрза белосветска, и некако си седам мераклиски и си читкарам на мобилниов, не ми се мрда. :lol:

    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Па немам секогаш план Б, обично ако не ми успее план А излудувам до даска и врти сучи некако ќе успеам да излезе приближно на А ама малку наопаку.
    Некогаш кога не е во моја контрола нештото( пошо некогаш има работи што не се во наша контрола воопшто) план Б ми е да се олабавам.
    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Па сите што ги знам стапија во брак родија деца дури и нашколо ќе им тргнат, а мене уште ми лета паметот, ама пааа млада сум што се средни дваесети !! :D
    Ги гледам децава од маало што ги знам од пилиња, пораснале мажи, жени се сториле, и така на тој начин перцепирам дека времето си минува, а јас па ко за чудо уште малецко се чувствувам :rofl:

    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Да, да се случувало тоа често едноставно некој што зборува многу без престан и рипа од една тема на друга и нормално ќе се изгуби човек и ќе климаш шо ќе праиш ..

    И да не заборавам видов убава вест
    @Sejfullai честитки милаа :inlove:
    Твојата маца станала мамаа, многу се убави бебињааата цуцки :l: знаев дека ќе ги роди здрави и живи.
    Мекициве за мерак, крцкави мх ! :D:D

    И така друштвенце останете ми со здравје до скоро читање. :hug:
    Убав и спокоен викенд!
    :f:
     
    На Anabelle.Amorette, Stephen Amell, Peperutce1115 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    10.377
    Допаѓања:
    115.281
    Пол:
    Женски
    Хелоу :hai:
    Како сте ми? :sun:

    Леле времево ама е прекрасно денеска. :inlove: Си седнав на тераса со ќејф и на раат да си го испијам нескафето. :inlove:

    Некои цвеќиња многу убаво расцветале, сега ги гледав саксиите што ми се на оваа тераса, на другата се постарите, а овие се понови, ептен ми се свиѓа ова, не знам од кога ни е ама преубаво е. :inlove:
    20200530_161725.jpg

    Вчера конечно распоред за испитна сесија излезе. :rofl:
    Денеска официјално завршив и со тоа пријавување и избрав роковите и се. :D
    Имам точно 10 предмети и ги пријавив сите. :party: :D
    По некои имам само мало делче уште да ги завршам од првиот семестар, за 50-70стр не ми е проблем, некои се прелесни, а некаде според новиот план за полагање е многу олеснето, па ќе си пробам среќа, што да не. Си поделив убаво, распоредот не е лош освен една недела така шо ќе ми е понатрупана. :D
    Што не положам, останува за август. Ама супер ми испадна, по 2-3 предмети имам во недела, ваква шанса никад нема да имам. :D Среќа скоро се ќе е писмено, а ја писмено обожавам, а нешто ќе е и онлајн, па мислам дека удобноста од дома да полагам е незаменлива. :party:
    Имам претчувство за успешна сесија овојпат. :D
    Ви посакувам успешна сесија и на сите студенти тука. :inlove::party:

    Следна недела веројатно по 3 месеци ќе се видиме со дм. :sun::whew:
    Се надевам ќе оди се по план. :lol:
    На кратко ама барем да се видиме. :lol:

    Сега ќе го пратам тато до Џамбо да ми земе нешто и така му било досадно, па со точак ќе се возел. :lol:
    Пак ги потрошив маркерите, владата ко пакет мерки за Коронава да додели бесплатни маркери за студенти ако може... :rofl:

    А, сега да се вратам на учење. :hai:
    На прашањата друг ден ќе одговарам. (waiting)
    Имајте убав ден. :hug:
     
    На MrenaRiba, BlackMistery, Moon.Girl и 21 други им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    15.771
    Пол:
    Женски
    @deskarada
    Честитки за роденденот:party::d:
    Убаво да си поминете:dance:
    Мојов остана подзинат од изненадувањето,ама ако:rofl::rofl::bandit:
     
    На Sweetlove_0312, Carolin., deskarada и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.939
    Допаѓања:
    33.135
    Пол:
    Женски
    Добра вечер ќошенце. :hai:

    Јас пред некое време се прибрав дома и сега лежам в кревет со слушалките, а во позадина тера мојата омилена плејлиста. :D
    Бевме излезени в кафич со дм, само ние двајцата, на отворено. Тој си пиеше пиво, јас сајдер. :D Морам да признаам ми годи многу вакво седење после толку време. Што е до нас си се придржуваме до мерките. :)

    Денов ми е многу долг денес бидејќи сабајлето станав многу порано од обично, мораше така.
    Цел ден ми помина во чепкање на материјалот за учење, да си одмалам нешто. И нормално секогаш кога имам обврска за учење ми текнуваат илјадници идеи, ми се прави нешто сосема трето. :lol: А поинаку некогаш не знам што да правам од досада. :D
    Најмногу што ми се прави е ми се свири на синтисајзерот и ми се вози велосипед. Ама ќе мора да си почека тоа, месец дена. (waiting)
    Евентуално ако најдам слободно време малку, ќе го пополнам.

    Утрово ми текна една необична идеја со што можам да ги израдувам луѓето кои ми значат. Нацртав во MS Paint и напишав нешто кратко, ама значајно.
    received_187649455828206.png
    Обожавам да им докажувам на луѓето преку различни, необични и интересни начини колку ми се значајни. Онака како што само јас знам. :)
    Малку се разочарав од реакцијата од една личност само, мислам дека премногу беше, или само ми се причинува. Нејсе, пишав СДК за тоа, да не се повторувам...
    Тоа ме потсетува.....

    Дали обожавате на различни начини да им докажувате на блиските луѓе колку ви значат? Ако да, како?

    Генерално се стремам да сум добра личност и добар пријател, и битно ми е мислењето на оние кои ги сметам за блиски. Работам на себеси да се подобрам, да ја кренам самодовербата и повеќе да се ценам. А во тоа најмногу можат да ми помогнат тие луѓе, со тоа што ќе бидат тука за мене. :)

    Да одговорам на темите кои сте ги поставиле во меѓувреме:
    Сте имале ли и вие овакви непријатни случки со нехигиена?
    - Да, сум имала. Во средно се дружев со едно девојче што го знаев уште од основно, но бевме во различно средно школо и се среќававме по автобуси. Сестра ѝ нејзина многу гадно мирисаше, како два пати месечно да се капи. :puke: Исто и алиштата истите ги носеше секогаш непрани. Секогаш кога таа ќе беше тука ми се одмилуваше, ама трпев ради учтивост.
    Ви смени ли нешто ова со полицискиот час што го нема?
    - Ми смени, да. Со дм пред карантинот претежно навечер се гледавме, така и сега продолживме. Тој преку денот скоро секогаш е зафатен, па дури беше полицискиот час едвај успеваше време да најди барем на саат два да се видиме.
    Некни ко излеговме прв пат чудно ни беше што ни е дозволено после толку време. :lol:
    Дали секогаш имате план Б доколку план А не ви успее?
    Да, секогаш имам план Б, особено кога се работи за големи животни одлуки.
    Каква случка посебно ве натерала да сфатите дека времето лета?
    Најмногу сфаќам кога си правам throwback на како биле работите на пример лани, пред две или три години и какви се сега. Секогаш се менуваат многу работи. Исто така и оние што ги сметав за деца до вчера гледам матурираат сега. :lol: Исто и многу мои врсници од генерацијата веќе имаат створено фамилии и чудно ми е дури, јер само факинг 23 имам. Ама кој како си ја наредил, не го сфаќа секој исто животот.
    Дали некогаш се преправате дека знаете за што ви зборуваат и ги гледате со разбирање а всушност немате поим ?
    Да, ми се случило многу пати низ годините. Ако не сакам да го тормозам човекот што ми зборува само ќе кимнам со главата како да знам што ми зборува и то е то.

    П.С. Од ко го почнав постов досега поминаа 10тина песни. :rofl:

    Имајте добра ноќ. :hug:
     
    На Sweetlove_0312, Carolin., deskarada и 14 други им се допаѓа ова.
  15. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    10.394
    Пол:
    Женски
    Здраво :*:

    На праг сум да потпаднам под искушение од мирисот на тортата, цела куќа е облеана со мирис, а јас на intermittent fasting :worried: Ќе морам да се стрпам до утре, едвај чекам да се разбудам. За да го мамам мозоков решив да напишам нешто овде.

    Денес цел ден го поминав со внуците. Обожавам да сум со нив, ме враќаат 18 години назад. Толку се искрени и невини и знаат да се радуваат и на најмала ситница, камо и јас да бев таква сеуште. Нема ништо помелодично од слатка детска смеа. Добро некогаш се и напорни, посебно кога треба да си одат, мајка му едвај ги измами за сладолед. Им рече ќе се вратат вечер, тие си имаа земено и пижами :rofl:. Се изнасликавме со филтерине на инста, потоа отидовме надвор да играме, па го галевме кучето и збиравме јаготки. Мачката бегаше, не сака изгледа деца, многу ја замараат.
    Вечерта се видов и со дм, па цел ден го поминав во добро расположение.

    За да ве поздравам и расположам малку за секоја од вас во спојлер ќе ставам слики од цвеќиња. Некои се мои слики, а некои од интернет. Се надевам ќе ви се допаднат. :$:f:

    @Amellie13
    Одбрав камилица за тебе. Ме асоцира на нежност и елеганција. Таква и те замислувам :hug: 20200418_154419.jpg

    @Dream-Girl
    Цвеќето што го постира погоре се нарекува оче, поради изгледот. Разнолични се, ме асоцираат на среќа и позитивност. Тоа го мислам и за тебе :l: zenski-magazin-cvece-kome-zima-ne-smeta (1).jpg
     
    На Sweetlove_0312, Carolin., Amellie13 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. f.girl

    f.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    10.394
    Пол:
    Женски
    Ќе продолжам тука.

    @k.frosina
    Не те имам заприметено во други теми и не те познавам многу. Затоа го одбрав ова цвеќе, не знам како се вика, но е интересно и убаво. Се надевам ќе те запознаам подобро :inlove: Flower_I_IMG_8330.jpg

    @prominent
    Ме асоцираш на сончоглед. Првите мислења во денот се твои и зрачат со топлина и позитива. Продолжи да си таква, на секој му е потребно позитивна енергија :sun: 8bd466d05e3bb1a8de284592538c2a97.jpg

    @Briar Rose
    Претпоставувам дека омилени ти се розите. Интересна, фина, дружељубива и паметна членка. Секогаш со задоволство ги читам твоите мислења :l: 20200530_134445.jpg

    @theowndemon
    За тебе сукуленти, видов колку прекрасно ги црташ. Ме асоцираш на нив, необични, но многу посебни и уникатни. :inlove: tumblr_p45vjeXljf1qzcapfo3_500-1.jpg

    @bicycle
    За точаче орхидеи. Едни од омилените цвеќиња. Ги одбрав за тебе бидејќи и тие како тебе се независни (претпоставувам далеку си од семејатвото) и силни и полни со good vibes. Знаат дека после дождот секогаш доаѓа сонце :sun: 101006mx.jpg

    @pdb123
    За тебе хидрангеа. Не знам зошто те замислувам со плави очи и затоа за тебе плаво цвеќе. Не знам дали го има во Мк, но дм секогаш ми праќаше слики од него. И ете ме потсетува на убави времиња. Си ми една од поинтересните членки :l:
    UDEKNGCKWRAXNJGCAZFPJR6LJE.jpg

    Ќе завршам со @Billy Idol но утре ќе додадам и други членки.
    За тебе изборот беше тежок, цвеќињата се подаруваат на женски, но ете решив и за тебе едно цвеќе. Night sky petunia, никогаш го немам сретнато, но веднаш ми привлече внимание. Уникатна е и се дели од толпата. Баш како тебе. Мило ми е што има добро воспитани, паметни машки и со добар вкус за музика, да не заборавам :music::rofl:. 9000800140.jpg

    Имајте убава ноќ :hug:
     
    На Sweetlove_0312, Carolin., Regina.Phalange и 16 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    13.171
    Пол:
    Женски
    Здраво ќошенце. :angel:

    Прво да и заблагодарам на нашата мила @f.girl за цвеќињата и поздравот. :hug:
    Ми измами насмевка вака. :l:
    Инаку да, далеку сум од родителите но здрави и живи наскоро би требало да се вратат.:sun:

    Си пијам смути и веќе правам план за тековниот ден, се надевам дека расположението како сега ќе ме држи цел ден. :D
    Расположена сум за генералка, готвење и гледање сериски маратон од омилената серија.
    Денов максимално ќе го искористам.:$

    Може да се каже дека се наспав иако се разбудив ноќта во 3 за да гледам Бул на телефон па и еден овертинг, мх мх.

    Се изгушкав и вака со мачорот и ми дојде убаво на душичкава.:inlove:
    Мачешките прегратки секогаш ме креваат кога сум даун или мрзоволна.:sun:

    И така..
    Да го завршам постот со позитив на денов.
    105.jpg
     
    На Sweetlove_0312, Carolin., Regina.Phalange и 15 други им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    43.495
    Добар ден :sun:

    Како сте ми?
    Јас си уживам свежо избањата, намирисана, исфенирана, налакирана (hollest)8) Подработувам нешто за утре и мислите по малку ми летаат, но се' е под контрола додека има многу, многу кафе :coffee:
    Си правам и планови за следнава недела т. е. планов повеќе личи на распоред, ама сакам кога ми е се' вака средено :) Се чувствувам како да сум си го средила животот :lol:

    @f.girl морам да признаам дека ептен ме израдува споредбата :D и убавите зборови :wasntme: Се разнежнив малку и се засрамив, но мило ми е што така ти дејствувам. И сигурно знаете сите колку го сакам сонцето и колку сакам да се излежувам на сонце, буквално живеам за лето, па ете, сончогледот е добра споредба :wasntme:

    Кога сме веќе кај летото, утре ни доаѓа јуни :sun: Еден од моите омилени месеци, заедно со јули и август (poolparty)

    Сте имале ли и вие овакви непријатни случки со нехигиена?
    Не сум била лично засегната, за среќа:lol: Но во автобус, на јавни места каде што има гужва, затворен простор... дефинитивно сум се соочила со некои не толку пријатни миризби и глетки :( Штета, мислам дека нема оправдување за тоа човек да не одржува основна лична хигиена. Едно сапунче, дезодоранс по туширање и свежо испрани алишта се доволни за да не мирисаш лошо. Никој не бара скапи парфеми да се ставаат... а најстрашно е што некои се обидуваат да ја прикријат лошата миризба со нив :|

    Инаку, сакам да и' посакам успешна испитна сесија на @Dream-Girl, знам дека ќе растуриш :muscle:

    @Sejfullai, честитки, преслатки се :l::wasntme::l: Иако јас сум поголем љубител на кучиња, но навистина ме растопи сликата :)

    И како што е редот, послужете се :coffee::hug:

    [​IMG]
     
    На Sweetlove_0312, Carolin., Peperutce1115 и 17 други им се допаѓа ова.
  19. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    15.771
    Пол:
    Женски
    :f:
    Кафето испиено,доручек му правев на либе:inlove:заедно појадувавме,мераци:l:
    Времето денес пак е никакво:rain: и плус многу е ладно.
    Денес ми соопштија дека повторно ке имаме ново работно време,пак намален број на работни часови(facepalm)ситуацијава воопшто не ми се допаѓа8-|.На крај ке почнат на даваат откази:xситуацијава не уништи сите.
    @f.girl
    Ти благодарам за поздравот,цвеќето е прекрасно:f:
    Се надевамм дека ке се запознаеме подобро:hug:
    Девојки,имајте убава недела,поминав во ќошево накратко само да ве поздравам:hug:
     
    На Carolin., Peperutce1115, Billy Idol и 15 други им се допаѓа ова.
  20. pdb123

    pdb123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.773
    Ола луѓе :D

    Најпрво сакам да ѝ се заблагодарам на @f.girl, навистина прекрасно изненадување :inlove:! Нѝ направи по еден confidence boost, а богами, јас не се сметам за интересна :D. Инаку ме погоди, имам сиво-сини очи :P. Ич не се разбирам од цвеќиња, ама прекрасни се, не само „моите“, туку „на сите“ :l:.

    Јас би го почнала постот со едно прашање:
    Дали екстровертите имаат поголеми шанси за успех од интровертите?

    Да образложам:
    Знаеме сите дека (професионалниот) успех зависи од многу фактори, како знаење/квалитет, добра проценка, преземање на ризици, среќа (колку произволно и нереално да звучи ова, сепак факт е дека треба да „ти се погодат коцките“ некогаш, односно работите што се надвор од наша контрола да нѝ одат во прилог) итн. Јас би сакала да зборувам за социјалниот фактор, односно влијанието на врските со останатите луѓе врз нашиот успех.

    Според моето (а верувам и на многу други) искуство, сум забележала дека не секогаш личноста со најмногу знаење и која нуди најмногу квалитет била таа што ги добила најдобрите можности, што станала еден вид на go-to person за другите, која била прашана или послушана за некои работи или општо, на која ѝ обрнале најмногу внимание. Знам дека би рекле дека живееме во таква држава каде што не се цени квалитет и е вистина, ама сепак мислам дека дури и во другите држави големо влијание има mingling/networking, т.е. колку се експонираш (ова можеме да го забележиме и за шоу-бизнисот).

    Тргнувам од најобичната ситуација на факултет: не дека професорите не ги забележуваат повлечените студенти кои вадат добри резултати, ама мислам дека „повеќе ги сакаат“ студентите кои покажуваат повеќе интерес и повеќе се истакнуваат (некои знаеме да ги наречеме и „лижачи“), па дури и кога не се најдобри им даваат можности за учество во проекти или им нудат да бидат демонстратори итн, само затоа што се чувствуваат поблиски до нив.

    Можеби ова е екстремен случај, особено дека, ќе повторам: Е одлика на нашата држава, ама да сте на место на професор или работодавач, на кого ќе помислите попрво: на дружељубивиот/зборлестиот или на повлечениот/молчаливиот студент/работник, во случаи кога нема голем јаз меѓу способностите на двајцата?

    Мислам и дека интервјуата за работа (кога се спроведени ко што треба) ја имаат таа цел, меѓу мноштвото кандидати со слични способности да го одвојат тој што се истакнува најмногу, било во поглед на карактер
    или харизма, кој најверојатно ќе биде најпрофитабилен за фирмата, односно кој ќе знае да биде добар репрезент/да претставува добар маркетинг на фирмата. Ако гледаме пак од аспект на отворање на сопствен бизнис, пак поверојатно да успеат (барем во мои очи) се луѓето кои имаат повеќе контакти, кои или ќе им бидат клиенти или еден вид на маркетинг, преку устен збор.

    Како што кажав, темата ми дојде од работи што ги гледам во секојдневниот живот. Знам дека ќе звучи како генерализација ова што ќе го кажам, ама треба многу да иситничарам вметнувајќи уште милион работи за да бидам целосно „правилна“, па се надевам дека ќе ме сфатите што сакам да кажам:

    Екстровертите ги гледам како луѓе кои кај и да ги фрлиш ќе знаат да се снајдат и ќе успеат од обичен разговор со непозната личност веднаш да направат врска преку нивната прилагодливост и исполнување на потребите на луѓето, односно преку нивната умешност да најдат точка на поврзување со секој. Немаат проблем да се истакнат, всушност, така оставаат и поголем впечаток.

    Од друга страна (се надевам нема да ме сфатите погрешно, бидејќи и јас повеќе се пронаоѓам во оваа група), интровертите повеќе се свртени кон нивниот „внатрешен“ свет, во своите мисли, најмногу уживаат во сопствено друштво и не сакаат да привлекуваат внимание, сакаат да се оставени „на раат“, потешко им одат социјалните интеракции и вклопувањето во големи групи на луѓе итн.

    Ама бизнисот е суров, не го интересираат твоите преференци, стравови итн, туку колку ги истакнуваш твоите способности, а покрај квалитетот и колку им го привлекуваш вниманието на луѓето. Heck, сите знаеме по барем еден професор кој е експерт, но предосадно го пренесува знаењето и најчесто омилени професори нѝ се оние кои знаат да нѝ го зграпчат вниманието, макар не се „квалификувани“ до тој степен како претходно споменатиот професор.

    Што мислите вие?

    А сега, да ги одговорам прашањата (ќе се обидам да сум пократка):

    Кои се моите омилени обични и мали задоволства?
    Гледањето на серија или филм, дружењето со најблиските, купувањето на производи за нега на кожа, стекнувањето на нови знаења од области неповрзани со мојата професионална област итн.

    Што порано ме плашело, а сега не?
    Полагањето на испити, бидејќи веќе ги немам :devil:.

    Омилено овошје?
    Лубеница (максимум зрела, т.е. црвена) и големи, црни, сочни (не бидете одма перверзни) цреши :inlove:.

    Дали играм игри на среќа?
    Не и воопшто не ме привлекува.

    Колку често излегувам и колку трошам?
    Не знам како да разграничам меѓу некои кафуле, лаунџ бар и ресторан, па ќе речам вака: на смути/чај и храна (секако, не скапи оброци ко на пример, ребра или риба или пак јадење со 5 оброци :D) 15-тина пати месечно (повеќе заради дм, мене ми е сеедно), а во дискотека зависи од период. Има периоди кај што сум partaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaay и одам 5-6 пати месечно, ама во глобала на годишно ниво ретко одам, можеби 15-20 пати максимум. Во кафани одам кога сум приморана, собирање со клас и сл.

    Дали штедам или се расфрлам?
    Претежно штедам, но знам да се почастам со нешто поскапо кога имам многу ќеф за тоа.

    Дали и колку време си посветувам време себеси?
    Голем дел од денот, како @Peperutce1115, бидејќи сè уште немам многу обврски. Инаку, дури и да имам, секогаш посветувам 1 час дневно за нега на кожа (повеќе дека сум бавна и си уживам додека го правам, а не дека правам којзнае што).

    Дали имам прекар од моите родители?
    Не.

    Што намногу/најмалку ми недостига од минатото?
    Најмногу ми недостига дружењето во средно, а најмалку ограниченоста за излегување што ја имав тогаш :D.

    Дали сакам да сум донор?
    ДА. Се сеќавам кога бев во средно дека едвај чекав да наполнам 18 години, бидејќи си имав зацртано план дека редовно ќе дарувам крв. После дознав дека не можам, бидејќи сум анемична :envy:, па ми останува да сум барем донор на органи ако можам.

    Кое ми е најинтересното откритие?
    Искрено, не можам да се сетам сега на ништо што некогаш ме воодушевило, па ќе го „украдам“ она на @Briar Rose: кога бев во средно, ја читав „Светот на Софија“ и бев mindblown кога прочитав дека гледаме „стара светлина“ од ѕвездите и дека можеби гледаме некоја ѕвезда која повеќе ја нема :o. Тоа, и можеби релативноста на времето. Нели имаше експеримент каде што се еден близнак останал на Земјата, а останатиот бил во вселената. Кога се вратил, бил помлад од близнакот што останал на Земјата.

    Која ми е најголемата желба и дали сум ја остварила?
    Најголема желба ми е да сум генерално среќна и задоволна со себеси и со мојот живот. Сè уште работам на тоа.

    Што најмногу ме привлекува на прв поглед и ми задржува внимание?
    Ликот (ако зборуваме за скроз прв поглед).

    Дали и што сакам да променам во животот?
    Мајндсетот.

    @prominent, би ти ја препорачала SIMS :inlove:. Не се разбирам во кафемати :shake:.

    Што мислам околу контролирањето на создавање на потомство?
    Уф, најмногу мразам вакви прашања на кои не можам да дадам добар одговор. Од една страна сме пренаселени и има милион гладни деца, а од друга страна сакаме слобода да одлучуваме сами за нашите животи. Искрено, не знам кое е етички поправилно. Можеби е најдобро да се оди со опции како таа на @CharmedGirl и @Briar Rose: барање начини за населување на други планети, а во меѓувреме зголемена едукација за контрацепција преку воведување на предмет за сексуално образование (особено во позаостанати земји и рурални средини). Иако, мислам дека населувањето на нови планети би довело до нови проблеми од типот дискриминација/привилегираност („Зошто тој да оди на подобрата планета, а јас не?“, „Немам пари, па морам да останам и да трпам тука.“, кој ќе биде одговорен за соодветната планета и многу други работи на кои не можам да се сетам во моментот, треба да размислам подобро).

    Дали на социјалните мрежи оставам простор другата личност да ми пише прва кога сакам да кажам нешто или не се замарам со тоа?
    Кога се работи за блиски личности, не се замарам бидејќи сум сигурна како се чувствуваат во врска со мене. Кога се работи за личности кои не ми се блиски, на почеток не се замарам и пишувам и прва и вложувам време и труд. Ама ако постојано продолжува тоа, почнувам да мислам дека досадувам и дека другата личност нема толку желба да комуницираме, во најдобар случај сеедно ѝ е. Не може постојано само ти да имаш што да кажеш за да отвориш муабет, а другата страна да нема. Ова го поистоветувам со она: ако сака да се дружиме, ќе ме бара и тој/таа, а не само јас да го/ја барам.

    Дали сум имала случки со нехигиена?
    Да, неколку:

    - Во средно, околу 15-тина души со 2-3 професори бевме на размена во друга држава и патувавме со комбе. Кога дојде вечер, едно девојче реши да ги извади патиките. Јас седев спроти неа. Сепак, бидејќи е комбе, миризбата се чувствуваше насекаде. Толку бевме очајни сите што почнавме назад во комбето неколку души да си пишуваме поема за нашите маки :rofl:. Не знам како заспав после на моето место, ама мислам дека дури и се менувавме, а и среќа девојчето носеше ќебе со кое се покри, па помалку се чувствуваше...

    - На крајот од средно бевме повеќе луѓе (машки и женски) заедно на одмор и делевме ВЦ. Еден од машките не пушташе вода после одењето во ВЦ (не можам да си поверувам колку луѓе забораваат), а една од женските оставаше црни, виткани влакна на земја после бањање. Немам ништо против црна, виткана коса кога е на глава, ама кога ќе видам такви влакна на земја, едноставно не можам да ги гледам :sweat:. Ве молам не се навредувајте вие што сте со таква коса :worried:.

    - Пред неколку месеци, живеев со 5 цимери. Кујната беше хаос, лушпи од кромид на земја, на некој му капнало на плочки или му прскало на шпорет па не бришел, упорно, ама УПОРНО во мијалникот некој истураше храна (иако имав напишано знак) која не поминува низ него, па кога миеш чинии, се полни мијалникот и треба да чекаш да истече водата (НЕ, не сакав јас да ја вадам таа храна од мијалник, грозно ми беше) и сл. Needless to say, мило ми е што немам повеќе цимери.

    Дали ми менува нешто тоа што го нема полицискиот час?
    Повеќе ми менува од аспект на чувство, фактот што можам да излезам кога сакам, отколку што одам некаде посебно навечер.

    Дали секогаш имам план Б?
    Кога се работи за големи, животни прашања да, бидејќи не сум човек кој радо игра на ризик за сериозни работи. Инаку, не сум човек кој планира (особено не ситници), сакам спонтаност, досадно ми е да знам што ќе правам секој момент. Го сметам за моја лоша особина, бидејќи повеќе можеш да успееш кога си организиран и ти е испланирано времето.

    Што посебно ме натерало да сфатам дека времето лета?
    Секојпат кога ќе ми текне колку години имам чувствувам притисок дека животот ми тече побрзо во реалноста, отколку во мојот ум.

    Дали некогаш се преправам дека знам што ми зборуваат?
    Сакам секогаш да ги разбирам работите кои ми ги кажува некој, па често препрашувам до детали. Меѓутоа, кога личноста е непристапна или арогантна, со тенденција да те исмее, кога сум во група со повеќе луѓе или на пример, кога се наоѓам во друштво на авторитетни личности пред кои не би сакала да се прикажам во игнорантно светло, се правам дека разбирам.

    Дали обожавам на различни начини да им покажувам на луѓето дека ми значат и како?
    Да, сакам да им покажувам преку давање на уникатни поклони. Сакам да мислам дека им подарувам работи кои никој не се сетил да им ги подари. Во средно, сакав доста да создавам работи со свои раце, сега сакам да им купам нешто невообичаено, што би било карактеристично само за таа личност.

    Уф, готово. Вечно го пишувам постов :drunk:.

    :l:
     
    Последна измена: 31 мај 2020
    На Sweetlove_0312, Stephen Amell, Anabelle.Amorette и 16 други им се допаѓа ова.