1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Од кога ќе се дискутира Red lights? Го изгледав јас, па сакав да споделам впечатоци. :wasntme:
    Овој претходниот не го догледав и се согласувам со повеќето од феминките. :)
     
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    ^ пуцај Рејн :)
    Филмската недела нас уствари денес ни завршува ама по се изгледа најубаво е да ја продолжиме, дупла недела да добие филмов до наредна среда/петок зашо никако да ја отвориме дискусијата :tmi:
    Ајде ти скрши мраз ;)
    И јас никако да го изгледам :$ планирам вечер, па ќе ти се приклучам :wasntme:
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Океј тогаш. :)
    Морам да кажам дека не сум фан на вакви филмови, ама решив да сменам малку, ми даде темава мотив. :lol:
    Филмот е напнат и во целост ми го задржа вниманието. Иако не знаев кои се главните улоги, кога го видов Cillian Murphy ми се стужи малку, толку ми е одвратно човече некако, страшно ми е антипатичен. Не можам да го сварам никако. А и секогаш ме асоцира на негативец, па чудно ми дојде некако во филмов да го гледам од другата страна(делумно). Роберт де Ниро ја оправи малку работата, целосна спротивност ми е од првиов, има страшен шарм и огромна харизма. Старо шмекериште е. :rofl:
    Сигурни Вивер предобра, баш ми беше жал што втората половина течеше без неа и овој одвратниов беше во фокусот.
    Како и да е, да прејдам на содржината. Ми се допадна тоа што ги откриваа лажните видовити, откриваа такви превари. Морам да признаам дека не го сфатив целосно филмов до крај, беше малку збунувачки, не ми беше јасно како се разрешија работите. Сфатив дека всушност Бакли самиот имаше паранормални моќи, дека ѝ се придужил на професорката за да најде некој сличен на него, не ми беше јасна сцената со претставата кога го разоткри Силвер, зошто овој почна прво да вика Баклииии, демек да предизвикува земјотрес и се тоа, а потоа почна да му се дере How did you do that?
    Побарав после на гугл, си имаше red light explanation :rofl: и демек Силвер го почна земјотресот, а Бакли го запре, па затоа Силвер го прашуваше како го направи тоа.
    Мене тоа логично ми изгледа, иако малку лошо беше изведено во филмот.
    Така нешто нејасно што ми остана е следново:
    Зошто Бакли сам ги правел сите тие работи, мртвата птица, експлозијата во кабината на претставата на Силвер, зошто сè сам предизвикуваше? Сам ли го растури местото кај што спиеја со девојката? И зошто кога овој во вецето за малку ќе го убиеше не направи нешто да го запре? Мислам, да, ќе се откриеше предвреме дека има некакви моќи, ама па можеа и да не заскокоткаат малку, можеше да испадне уште понапнато.
    Се на се не беше лош филмов, крајот само малку можеле подобро да го изведат. :)
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Јас па за разлика од rainbow го сакам Cillian Murphy како актер па тоа му додаде плусче на филмов :) Што значи целата актерска екипа ми се допадна.Инаку лично јас сум љубител на вакви филмчиња и прилично задоволна сум од овој.Ми се допадна целата тема околу која што се вртеше филмот зошто и јас сум скептик за вакви работи и искрено не го очекував овој крај.

    Само и мене ми беше малку збунувачки крајот, и да што се случи со смртта на Маргарет, зошто не објаснија од што беше причината, дали беше природна смрт или едноставно со оваа сцена не оставија да мислиме дека демек Силвер ја предизвика? :?:

    Инаку јас колку што сфатив Силвер воопшто немаше никакви моќи, башка нели и на крај со паричката Бакли открива и дека не е слеп.

    Јас па таа сцена поинаку ја сфатив.Кога прво се дереше Силвер мислам дека се обидуваше да го уплаши Бакли и откако виде што направи Бакли, кажа -How did you do that?- зошто знае дека тој самиот нема никакви моќи.

    Не знам, можеби и не е вака ама јас вака си го сфатив :D Во главно ми се допадна филмот, солиден трилер.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    ^Ама нема логика тоа. Зашто би се обидувал да се дере и да го уплаши ако нема што да направи? Јас мислам дека Силвер беше спремен за неговото присуство, затоа го имаше исценирано тоа со кршење на светлата. И логично е Бакли сето тоа да го запре, па овој да се прашува како го направил тоа.
    А за смртта на докторката кажаа дека имала некаква васкуларна состојба, па од тоа умрела. Силвер сигурно не ја уби, зашто нели, немаше никакви моќи. Освен ако Бакли не направил нешто, ама не ми се верува тоа.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Филмов не беше што очекував, но ми се допадна генерално иако остави некои прашалници на крај,... одам по ред.

    Почнувам од трејлерот-ако Холивуд нешто знае да прави, тоа се catchy трејлери (ама нели тоа им е целта). И така, подведена од истиот очекував сосема поинаква приказна. Не ме разочара крајниот исход, само расплетот сметам дека остана недоволно разработен.

    Кастингот - солиден. На Сигурни Вивер ептен и´лежат вакви ликови, Де Ниро има ли промашена улога, а овој што го глумеше главниов лик ми е во групата актери што ги познаваш по фаца, знаеш во кои филмови си го гледал, но никогаш не си се потрудил да запамтиш како се вика (немој да ми се смеете, јас си имам ваква група актери:D ). И бидејќи сум навикната да го гледам ко негативец, очекував во еден момент и овде дејствието да се сврти и на крај пак да испадне (условно кажано) "лошиот".

    Сценариото - иако добро, не беше bulletproof, имаше доста пропусти (случајни или намерни), ама тоа е стандард за холивудски филм. На пример, кога го снимаа експериментот со Силвер (за кој до средина на филмот се загатнуваше дека можеби е нешто поразличен од стандардните преваранти), некој има логично објаснување за полароид фотографијата?! Сите останати "моќи" што ги изведе во експериментални услови, ај да кажеме, беа добро истренирани трикови, ама полароидот-не можев да си го објаснам. Имаше Том врска со ова?! Исто, мислам дека беше многу исфорсирана целата фама околу ликот на Силвер - го имаше на насловни, десетици репортери известуваа за неговото пристигање, го имаше на секој ТВ канал - небаре за папата стануваше збор. Претпоставувам и ова било со цел да се наведе публиката дека сепак во случајот на Силвер можеби има нешто повеќе, a и генерално да се насочи вниманието кон него. И стравот на професорката од Силвер додаваше дополнително сомнежи околу неговиот лик. И така, билдаа мистерија околу Сајмон, па сцената во кафетеријата со Том и Сали (која излезе дека е клучна за пресвртот што следуваше) некако ја занемарив, мислев се шегуваше иако погледот му беше доста сериозен и продорен. Ама ова на крај го разбрав.
    И друг пропуст - како бре на никој (па и на Маргарет) порано не му текна дека провери дали Сајмон навистина е слеп?!
    За мистериозната смрт на Маргарет, во остатокот од филмот мислев дека "ja среди" некој од антуражот на Силвер (независно од тоа што беше кажано како објаснување во филмот), ама на крај веќе не бев толку сигурна. И ова да не беше Том?!
    Сцената во театарот, си е приказна за себе. Малку повеќе театралност од страна на Силвер, ама пак и што избор имаше. Се најде во тесно. Иако останаа недоразјаснети детали, ефектот на изненадување беше постигнат.

    Темата е инаку прилично оригинална, неекплоатирана и задржува внимание.

    Наравоучението требаше да биде: You can't deny yourself forever?! :rofl: Да го повтореа барем уште неколку пати за поголем драмски ефект...

    Цитат:

    When I hear the drumming of hooves, I don't think unicorns, I think horses. :!:

    *И што студии се тоа кај што се изучуваат преваранти што симулираат паранормални појави?! Психологија, антропологија можеби?!
     
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Прво: добар предлог. Ме заинтересира филмов. Не ги ни сетив 2та часа :tmi:
    Второ, како почна филмов брате, така ме освои. Моментот во колата *you need some sleep margaret* :D win! и тоа со таа „фризерката“: мислиш јас фризерка сум? ...епа сум :rofl:
    Е сеа, морам да ви кажам дека јас пикот и го имав фрлено на таа малата, девојката на Бакли, зашо нели таа имаше пред куќата таков џип како тие што го пратеа Силвер, а и нели кога имаше кошмар овој, таа го чекаше надвор, а тоа (што и да беше) кај што спиеа, и после најдоа хаоси.
    Веројатно не гледав каде што требаше да гледам :lol:
    Малку чудна ми беше приказнава на филмов, сеа од толку негирања испадна дека сите тие надприродни појави се нормални?
    - И што беше тоа со саатот, правел овој намештаљки сега или не?
    - И многу ме занима што испадна дека тие од иневерзитет потпишаа?[/u] Како што сфатив јас по муабетот на тој проф со студентот, веројатно не го открија, па тоа ќе го изнесеа во јавност... :^) А и, ве молам, овие експерти со богати титули не скопчаа, пилиштариве го фатија Силвер |(
    Е ајде де... |(

    - Не ми е јасен моментот зошто Маргарет не кажала дека овој се бламира со духот што го гледал до неа и зошто мислеше дека е опасен?
    - А што беше фората со смртта на мајката на Бакли со тумор на желудник? Вистина делуваше тоа, а нема логика да не било така. Евентуално ако не збореше за своја приказна туку тој да бил видовитиот па така да и кажал на некоја жена, што и тоа не ми иде кога овој ни сам не знаеше..
    - Зошто тој поттрчкото не го уби во вецето бре? Се испотепаа и што? Драми без потреба..
    Мислам дека режисеров ептен играше на тоа да се изнеадат гледачите на крај што дури и нелогички цело време поентираше на Силвер. Буквално, напна. Толкав скептик беше физичаров, па сега по 2-3 бокса се вразуми? Не би рекла... :x

    Јас крајот го сфаќам како борба на Бакли меѓу самиот себе да се помири со тоа од што бегал и негирал цело време. Не сакам да мислам дека цела таа земјотресна драма беше вистинска, зашо не се наведува вистинитоста на моќите на Силвер па претпоставувам дека не е тоа толку важно, туку баш акцентот паѓа на соочувањето со самиот себе. Внатрешната бура која ја доживеа физичарот сретнувајќи го видовитиот, ни беше приложена како земјотрес. Евентуално да било некоја си борба измеѓу двете страни ( Силвер и Бакли), но не би рекла.

    А и некако многу штуро ја плеснаа поентава на филмов. Можеа да го дотераат како потежок психолошки, а вака се на ајнцер послужија и арривидерчи.
     
    На do-re-mi и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Епа, можеме да почнеме со предлози што да се гледа наредна недела... :wasntme:
    [​IMG]
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    ^Има добар торент? Да не е рано уште?
     
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    15.988
    Moжe, a се наоѓа веќе квалитетна снимка по нетов? Да не биде од камери во кино...Сепак, не е премногу нов филмов за dvd rip?

    Инаку, имам неколку предлози за следен филм, само чeкав и некој друг да се изјасни ... Може кога ќе приврши јунска сесија ќе живне и темава. ;)

    Еве во спојлер наслови:

    Noah
    Her
    Blue Jasmine
    6 Souls

    И претходно некој имаше споменато за менување на жанр со секој нов филм - што е супер идеа. Генерално, се сложувам со сé што ќе биде одбрано, само да не биде филм со Стивен Сегал... :)
     
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Медиумски е добро експониран па рачунав дека ќе има одзив и избрзав, си го предложив без да го проверам :tmi:
    Сега еве симнувам некои па ќе ви кажам дали се квалитетни ;)

    Ако не, можеме да бираме од овие на ДоРеМи,
    па тој за понатака.

    Ме изнасмеа со ова :lol:

    РЕДАКТИРАМ:
    Еве линк од кај jac најдов снимка. Но искрено можеме и да го почекаме. Не е нешто на завидно ниво. Проверете ја и кажете дали ви се свиѓа.
    http://extratorrent.cc/torrent_download/3627363/Maleficent 2014 TS XviD MP3 MiLLENiUM.torrent
    Ако не, кажете за кој од предлозите сте ;)
     
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам за каснењето,дури синоќа го изгледав филмот.

    За Red lights:
    Филмот беше солиден.Почна ептен интересно,ме освои со првата сцена како што рече Мадам.Сигурни Вивер има интересна улога и е одлична глумица,а и ликот на Бакли имаше доза мистериозност и крипи изглед :D
    Приказната ми беше интересна,целото тоа откривање на лажни Видовити,а и имаше малку страшна атмосфера.
    Мислам дека смртта на Маргарет ниту беше потребна ниту пак добро објаснета.И после тоа се ми изгуби смисла.Цел саат гледав како оној познатиот видовит Силвер го прогонува Бакли,па го истражуваа и докажаа дека е видовит,па по некоја случајност со она со часовниците испадна дека сепак е превара.И после на шоуто кога го разоткрија Силвер тој само го праша Бакли како направил се.
    Го исфорсираа Силвер,на крај Бакли испадна Видовитиот :D
    Океј беше,ама имаа пропусти како што рече некој погоре.

    За оваа недела,може Noah или Maleficent и двата ги немам гледано,а ми стојат интересни.
    Да резервирам место за иднина за The fault in our stars,овој мора да се дискутира,само да испадне убава снимка :lol:

    Предлог од мене за сега или за друга недела:
    The other woman
    Winter's Tale
    Jack Ryan Shadow Recruit
     
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Noah и Her веќе ми се листа на гледање така што може кој и да се одбере, и Maleficent секако ако се најде подобра снимка, ако не да си почекаме :) И thumbs up за Тhe fault in our stars :wasntme:
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас се токмам во кино да го гледам TFIOS, може за понатаму да се остави, исто и maleficient, кога ќе има добра снимка, да не се мачиме.
    Може или Noah или Her што е до мене. :)
     
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    eпа Тhe fault in our stars и maleficient ќе ги чекаме ;)
    Е сега, ајде ако не да бираме помеѓу NOAH и HER
    Јас гласам за Her, не ми фати око нешто Ноа, ама darren aronofsky е добар режисер така да можда и ќе пројде. Остали?

    Инаку Мароса, се важи коментирање додека не сме сменале наслов, така да, не касниш 8)
    Исто ми беше морничав на некои сцени, дури по трејлерот мислев дека е хорор :tmi:
    За смртта се сложувам. Со ваквиот крај беше сосем непотребна, ај да беше Силвер најопасние, ќе се вклопеше, ама вака ни мене ми немаше баш поента.
     
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Мене Her ми е гледан,ама ако сакате гледајте го,па јас само критика ќе напишам кога ќе дојде време :D А може и пак да го гледам,ништо чудно :D
     
  18. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Ќе ви се приклучувам и јас, се надевам ќе имам време да ве дружам повеќе инаку и јас сум за Her, а Maleficent ми е гледан, па кога ќе биде на ред ќе ви пишувам :*
    И да напоменам дека не гледам Хорор и некои ептен насилни, измачувачки филмови |( :D
     
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    За хорори барајте ме мене 8)
     
    На Kaylie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    (NOAH) 1 : 2 (HER)

    Ај уште некој глас да потсобереме и можеби ќе одлучиме :lol:



    -----------------------------------------------------------------------------------------------------
    Елиске тогаш јас ќе се повлечам и ти отстапувам мое место... [​IMG] (да не правиме многу гужва де :wasntme: )