1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Глас од мене за The Judge од до ре ми и исто за Birdman од Реин.
    Јас го предлагам Boyhood, номиниран за 5 Златни глобуса меѓу кој најдобар драма филм. Мене ми е на листата, планирам да го гледам и вака и онака следната недела.

    За Her сакам само да кажамсосема кратко, штета што не сте го изгласале, фантастичен филм, толку длабок и виситински знае да трогне. Најоригинално сценарио-оскар, не дека оскарите се репер ама овој сосема заслуженоси го доби тоа признание.
    Штета баш сакав да го елаборирам филмот со некој.
    Знам дека од многумина има многу погрешна интерпретација заради фантастичниот елемент и одма се класира како траш, ама ако длабоко се погледне што сака тоа да метафоризира мислам дека ќе дојдеме до Валдо.
     
    Последна измена: 11 јануари 2015
  2. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    1.495
    Пол:
    Женски
    Предлог хорор филм..
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Јас сум закржлавена годинава со филмови, поим немам ни што да предложам ама ми се свиѓа темава, што и да изгласате ќе гледам, една недела е и повеќе од доволно за да се изгледа било каков филм.
    Од предложениве гласам за Birdman и за Interstellar, само не знам дали има излезено асални торенти, последен пат кога сакав да ги гледам немаше.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Земете во предвид дека уште нема излезено добра снимка за Birdman и Interstellar.
    DVD SCR е подпросечен квалитет.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Јас го симнав Birdman, сосема watchable е снимката, не е лоша. А за Interstellar уште само cam има.
    Ако имате уште некој предлог, па да ставам една анкета. :)
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Конечно живна темава :D
    Јас гласам за The Judge од дадениве предлози,ми стои интересен.
    Moи предлози:
    The Imitation Game
    Theory of Everything
    Into the Woods
    Измешани жанрови,ама ако :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    А бе фино вака што си предложувате, ама торент нема за ниту еден. :D Сите се излезени крај на ноември-декември, ќе треба да почекаме уште малку. Инаку одма се залетав јас за The Imitation Game кога видов дека Benedict Cumberbatch е во главна улога и веќе 95% сум сигурна дека е оправдана високата оцена, ама за него уште минимум еден месец ќе чекаме за асален торент.
    Од предложениве The Judge има каква снимка сакате, па ако се согласите повеќето може тој да го гледаме.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Предлог број 2 - The theory of everything(2014)
    Има торент сни ката е супер ама има титл на кинески одоздола што не се трга, ако не ви смета тоа нека влезе во игра.
    https://kickass.so/the-theory-of-everything-2014-720p-webrip-900mb-shaanig-t9884142.html


    И Boyhood има торент од странава солидна снимка тотално watchable.

    Сите филмоци се претежно нови, па и сите удираме на нови зашто знаеме дека нема да има шанси некој да го има гледано. Можеме и да удриме и на постари не е забрането ;)
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Срам ми е да признам ама јас сум ја подзаборавила темава малку :tmi:. А скоро секоја вечер се мислам кој филм да си пуштам (facepalm). Бајаги ќе ми помогнат предлозиве :D. Доста има, јас не надополнувам за оваа недела, па @RainBow нека направи анкета со претходно споменатите и ќе бираме. ( Реин, сега на оваа платформа ќе може да менуваме анкети на една тема? )
    Аииии што убаво што живна темава пак :party:.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Да, може сега да се менуваат анкетите. :)
    Ајде ќе поставам сега една, па утре вечер може да се затвори. Ако мислите да стои подолго ќе ја оставам.
     
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    И јас ви се приклучувам овој пат. Сега додека сум на распуст имам повеќе слободно време па ќе ве дружам. Јас гласав за The Judge. Но како се договориме. :)
     
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Екстра! Да не мора да се бркаме и броиме со гласови... [​IMG]

    И уште да договориме кога ќе ни почне неделата. Од понеделник до понеделник?
    Би можеле да се организираме и во текот на викендот (т.е. последните неколку дена од една филмска недела) да се гласа паралелно за други филмови за да не замре атмосферата :angel:


    p.s. The Lazarus Effect - не е излезен уште (премиера е во февруари)
     
    Последна измена: 12 јануари 2015
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Јас се пишманив, за Судијата гласав. :D Мислам дека ќе биде подобар за коментирање. Може еве утре да одлучиме, до следниот понеделник да се гледа, како што предложи @Madam-A би било таман. :)
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Сменет е насловот, филмот за оваа недела е The Judge, ќе се гледа до понеделник, потоа се споделуваат импресиите. Во сабота и недела ќе се избира следниот филм за следната недела. :)
     
    На Marossa и Hipster им се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Девојки,јас го изгледав The Judge,па кога сакате може да дискутираме :)
     
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Пуцај Мароса, да не му ја мислиш 8)

    еве јас што имам да кажам:

    Искрено потајно се надевав на Nightcrawler и како што течеше овој така се повеќе и повеќе го жалев и оплакував несудениот...

    The Judge, ми траеше некако предолго. Имаше доста сцени што беа тотално беспотребни. Многу бавно ми се одвиваше дејството и морав да го гледам на два пати. Како и да е, се оправија работите во втората половина од филмот и живна малку работата.
    Првично мислев дека најмалиот син на судијата ја опљаскал работата, а дека татко му го прикрива
    (претерувам, знам :x )

    Е сега, дирлива драма во секој случај.
    Испадна дека праведноста стекната со професионална деформација е тврдокорна работа. Јасно беше што Судијата не можеше да издржи, а да не го дополни исказот кога го испитуваше обвинителот. Малку не ми корелираше праведноста на Судијата да ја одлежи казната со желбата да го прегази велосипедистот ама добро, тоа веројатно беше начин да се потенцира самокритичноста.
    Јас судирот и судењето ги сфаќам како бегство на Судијата од сценариото кое му го имаше напишано животот. Ја изгуби жената, стар е, болен ... од една страна сака да избега од таа реалност и од друга страна зашеметен од истата не расудува правилно, по што очајно сака да ја послужи правдата со идењето во затвор и несоработување со адвокатот. Во двата случаи Судијата се покорува на законите и се самоказнува, можеби и лут на себе затоа што првично бил прилично мек со убиениот велосипедист кога му пресудил.
    Комплицираниот однос помеѓу татко и син, веројатно требаше да посочи дека обајцата по крвна врска патеа од исти карактерни особини на тврдоглавост и желба за истакнување. Убав детал ми беше кога Судијата конечно го пофали синот, што очигледно длабоко допре до него па во последните сцени во тоалетот имавме приказ дека некогаш победата не е да го освоиш случајот туку да бидеш до некаде и правичен.
    Страшно ми се допадна моментот кога Роберт Дауни (забораив како се викаше во филмов), во негов стил си замина од локалот на таа плавата. Фала богу дека виден адвокат како него нема да се откаже од кариера и да остане ради неа .


    Океј филм, но не би го гледала уште еднаш. :angel:
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу разочарана од филмов.
    Кога го гледав трејлерот и кастингот,очекував многу,посебно поради Роберт Дауни и Винсент Д Онофрио,за кои имам високо мислење.
    Глумата беше одлична,немаше промашена емоција ниту потег.Роберт одлично го долови ликот на Хенк,создаден е за такви улоги,како онаа на бескруполозен адвокат,ама ниту тој не ми го подобри впечатокот.
    Она што не ми се допадна беше главната приказна,сценариото со сите бесмислено искажани реченици.
    Очекував некој главен пресврт.не дека Судијата е невин,ама нешто ептен кулминативно.Вака,филмот течеше во едно бавно,монотоно дејствие,да не кажам досадно.
    Па и 140 минути траеше беспотребно.,
    Можеби дека не сум фан на драми,не ми легна баш најдобро.
    Не ја разбрав примарната цел,што сакаше да прикаже.Семејната отуѓеност,колку крушата под круша паѓа, или?
    Зошто Судијата да убие некого кој веќе си ги „платил“ гревовите со 20 години затвор?
    Мотивот е јасен,ама нималку доволен.Зошто пак да го гледа криминалецот во очите на син му? Само заради една негова грешка,која иако не била мала,не е доволна причина да го третира син му како странец,а тој се борел да му докаже дека станал човек.
    Романсата пак,која секако мора да биде присутна |(,беше со еден збор-никаква.Толку веќе видено сценарио,со бившата девојка,стари искри,па уште се сакаме,е нема грешка..
    Не ме допре никако,едноставно бев рамнодушна преку цел филм,воопшто не почувствував поврзаност со ликовите.
    На имдб оцената е 7.5,од мене солидна 5ка и тоа само поради кастингот,кој навистина е одличен.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Нели од понеделник ќе се дискутираше филмов?
    Еве зошто треба да почекаме да измине неделата, па да се дискутира.

    Прво, сите кога ќе го изгледаат полесно ќе се одвива дискусијата отколку секој еден кога ќе го изгледа и ќе напише мислење, тешко така да има дискусија, само мислење за филмот.

    Второ, дискусијата е без спојлери, зашто сите би требало да го имаат изгледано филмот. А вака пред време ако изнесувате мислење тие што не го изгледале ќе се зафркнат. Нели треба за викендот да се бира нов филм, па сите што учествуваат во темава ќе мора да влезат тука и да се спојлерисаат за тековниот филм.
    Така што напишете си ги следниот пат импресиите настрана, па кога ќе се споделуваат сите заедно да дискутираме. :)
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    aууу епа јас не сум го сфатила договоров :tmi: Си мислев секој ќе пишува како ќе гледа и после ќе се надополнуваме :$ . Се извињавам.
    @RainBow , ако можеш да ги коригираш погорните мислења, стави ги во спојлери.
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас се извинувам,затоа и погоре прашав дали го изгледавте :wasntme:
    За следниот пат,ќе почекаме со критики.