1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Searching ли ќе го гледаме, екипо?

    Јас вчера го гледав Unsane (предлогот на @zhap4e) и морам да кажам дека не беше воопшто лош. :)

    За утре веќе го испланирав Searching, па може да се фрлиме на коментирање кога ќе завршиме сите. :party:
    Надежно, до крајот на неделата, не по два месеци. :D
     
    На boomsleng, Madam-A, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Searching

    Кога го предложив филмов сѐ уште не ми беше догледан, ама и откако го изгледав можам да кажам дека позитивниот впечаток воопшто не ми се смени.

    Searching е филм кој обединува многу теми, некои карактеристични за денешницава – како животот во времето на социјалните мрежи, некои безвременски – како предизвиците на родителството и справувањето со загуба на блиска личност. И сето тоа го прави прилично добро, фино спакувано во облик на тензичен трилер.

    Несекојдневната перспектива на филмов – моментот на прикажување на целото дејствие преку компјутерски екран – можеби на прв поглед делува како gimmick, но мене искрено не ми сметаше. Интересно беше да се види како нечиј цел живот може да биде сумиран преку неговиот електронски печат на социјалните мрежи – конкретно оној на мајката, т.е. сопругата.

    Со исчезнувањето на Марго се покренуваат многу прашања – Дали заминала по своја волја или е грабната? Каде отишла? Дали нешто ѝ се случило? Дејвид се обидува да го дознае ова, а неговата потрага, која го води на многу погрешни заклучоци пред конечниот расплет, успева да открие целосно непозната страна од својата ќерка.

    Мислам дека она што го прави филмов да биде добар е тоа што обработува повеќе теми во својата приказна во кои може да се пронајдат најразлични луѓе: сеприсутноста на социјалните мрежи во нашите животи и позитивните и негативните страни на тоа, најголемиот родителски страв – исчезнување на сопственото дете и можеби вториот најголем родителски страв – недоволно познавање на своето дете и што тоа прави во своето слободно време, негативните ефекти на потиснување на емоциите и болката по починување на некој близок. А да не ги спомнувам сите моменти кога развојот на настаните и приказната упорно нѐ тераат да носиме погрешни заклучоци за што тоа уствари се случило. И сето тоа on a budget.

    Да се сними оригинален филм во 2018-та е тежок потфат и сѐ поголема реткост, ама Searching некако успева во тоа, без да запаѓа во претерано многу клишеа.

    Единствената out-of-place работа ми беа претерано емоционалните реакции на детективката кога му соопштуваше ствари на таткото – си викам, Добро бе, што е оваа толку потресена, ко прв случај у кариерата да ѝ е ова? Ама тоа го припишав на лоша глума на актерката или лошо сценарио. Кој би рекол дека и тоа на крајот ќе си има своја поента? :D

    У врска со крајот имав малце измешани чувства, ама добрите начелно надвладеаја. Некако ми беше клише и нереално тоа што девојчево го најдоа живо и здраво, после толку денови поминати во провалија, искршена и без храна и вода. Од друга страна, да ја најдеа мртва, филмов малце ќе ја загубеше поентата на целата потрага, а да не спомнувам и дека ќе беше мрачен as fuck. Така што, иако у генерала сум против happy ending клишеа на све можно, мислам дека у случајов направиле добар избор.

    И како и секогаш кога ќе видам олку добар филм направен со минимален буџет, не можам, а да не си помислам, Зашто и ние у земјава не можеме да снимиме нешто вакво, наместо да правиме тугаљиви жалопојки и несфатени филмови, како некој тинејџер? :?:
     
    На Madam-A, sweet-cherry, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Што да се каже кога Бендер све ќе напише :D
    Прво да кажам дека од што имав голема желба да го гледам филмов, го гледав со руски превод на сите апликации и телевизори и телефони и лаптопи и све што имаше на филмов :tmi: Ама вредеше.
    Филм што изгледа како да е со толку малку направен, а толку многу реален. Животот го нудиме на тацна на социјалните мрежи, на децата им правиме и посебни профили, ги споделуваме сите настани, се чекираме на сите локации, всушност живееме на интернет. И тоа е одлично прикажано во овој филм.
    Од аспект на темата, одлично спроведена и до крај ме држеше во неизвесност за тоа што всушност се случило.
    Е сеа, мене ме занима кога детето на брат ти исчезнува без трага, зошто по ѓаволите не кажеш дека си се гледал со него па и сте уживале во рекреативни дроги??? Мислам втф. :fubar:
    Друга ствар што многу ми се допадна во филмот е кога сите скокаат на возот, у превод, кога нешто ќе се деси некому па наеднаш сите се пријатели или она, да се биде во центар на внимание за било што. Нешто што и самите го правиме. И сите сомнежи и сите коментари и обвинувања што излегуваат од социјалните мрежи кога нешто ќе се случи, и колку истите тие се далеку од помош. Затоа што сме први да судиме за некого, некој што не го познаваме, за некој што нешто сме слушнале, ама претпоставки ќе извадиме милион.
    Мислам дека филмов изобилува со многу вакви елементи што ептен реално ни го осликуваат секојдневието. И забавен е. Не стои во место, се движи и дејствието и филмот воопшто.
    Не би го ставила во категорија на, не знам, брилијантни, феноменални..филмови, ама си има своја тежина, и одлично ја презентира целата идеја.
    Да ми беше по-тазе гледан, може и повеќе ќе напишев :)
     
    На Madam-A, sweet-cherry, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Женски
    Филмов го изгледав пред месец дена, така што ќе направам некоја кратка анализа од она што ми текнува од дејствието.

    Интересно ми беше тоа што се одвиваше како „прво лице“ на некој начин од страна на компјутерите. Ни ја пресликува реалноста во која живееме и колку малце всушност се познаваме меѓусебно. Ме потсети малку на „Perfect strangers“ но само во делот каде што технологијата и малата комуникација доведува до одалеченост меѓу луѓето.

    Следен предлог филм за гледање од мене:
     
    На zhap4e, boomsleng, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Ќе напишам, па потоа ќе ве читам.
    Не знам колку ми се допадна тоа што, значаен дел од филмот се случуваше на екранот од лаптоп - во прозорчињата за чат. Макар што јасен ми е обидот да се долови 'животот' на денешницата. Ама па, не знам дал ми фалеа други елементи, сцени надвор од екранот и дал тоа ќе го направеше филмот подобар или полош.
    Инаку, добро што не беа многу комплицирани муабетите што се типкаа :worried: оти, она што јас го гледав беше на руски, побогу:D Сакав да дојдам да видам трејлерот каков е, шо врска има рускиов..али, стандард, ме мрзеше. И сеуште не прогуглав и не го видов трејлерот. Битно филмот го изгледав цел. :))))
    Генерално ми се допадна. :) Ми се допаднаа пресвртите, особено оти на крајот,за мене бар, не излезе дека главно прашање е 'колку добро си го познавате детето?' туку, колку може да им верувате на другите, на приказните кои ги 'ткаат' за вашето дете или било кој друг. :) Во филмот видовме две екстремни ситуации во кои може да се развие родителската љубов. И двете се развиваат во паника и чувство дека нивното дете е во опасност. Едната, родителот кој помислува на најлошото бидејќи ќерка му исчезнува и почнува да се сомнева во секој, вклучително и својот брат..почнува да е насилен и да ја презема на некој начин истрагата и правдата во свои раце. :) Not nice but, не можам да го обвинам, искрено. Плус, ми се допадна што, во сето лудило, кога 'авторитет“ му ги сервираше информациите за ќерка му... продолжи да чепка, си го одржа колку толку здравиот разум, остана да се води/биде воден од она, што тој знае, чувствува за ќерка му (каква е, што е, колку сето она што му се сервираше може да е вистина). И тоа е одлично бидејќи, знаеме сите за обратни ситуации кога, родителот ги смета за 'оче наш' муабетите на некоја си фигура која ја перцепира како авторитет и не му верува на детето. Океј, тоа е веќе психологија па, не секој ќе реагира вака или онака, мене ми се допадна што овој лик го имаше тој немир и не прифаќаше здраво за готово. Другата ситуација на ..како ги викаа:wasntme: leo мајчичка?:D Која цел живот го чува детето под стаклено ѕвоно, го штити од светот и последно го штити син и' убиец од правдата. Дури и да било несреќен случај, женичката избира да ја одалечи цела истрага од местото на злосторот, не се ни обидува да дознае дали туѓото дете е мртво или живо, дал има шанси да преживее :) битно и е да го спаси синот. Морници ме лазат од ситуацииве оти, кујзнае колкав број луѓе би го сториле истото кога би биле во слична ситуација и би ја имале истата таа моќ да ја диригираат истрагата :)
    Другото важно во филмот ми беше.. колку сме голи и лесно достапни за секој и секого во тој онлајн свет. :) Толку е лесно да не пронајдат, да дознаат многу интимни работи за нас (и без два реда муабет да сврзат со нас)..да дознаат каде сме биле, со кого сме биле...кои ни се пријатели, каде се движиме.. бљак. И трето...колку лесно може некој со кого си чатаме да се самосоздаде 'специјално' за нас, т.е за своја намена.
    Тоа али, си го знаеме. Не ни треба филмот.:D
     
    На Madam-A, kravce, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Давајте предлози дур сме загреани. :))
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
     
    На boomsleng, kravce и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.741
    Пол:
    Женски
    Јас вчера го изгледав Searching, не мислев дека толку ќе ми се допадне. Пресвртот на крајот воопшто не го очекував и ради тоа од мене има (y), бидејќи јас си обожавам да предвидувам што ќе се случи. Солидно трилерче, почнува полека, и си се развиваат добро дејствата и приказната. Таткото ми глумеше одлично, јас си се соживеав со емоциите. И се согласувам со Бендер, ако направеја на крајот дека девојчето е мртво, ептен дарк ќе беше, и ќе те мавне некое депре чувство уште толку.

    Ми се допадна и од психолошки аспект, влијанието на социјалните мрежи, колку впечатливо беше прикажано како Маргот немала блиски пријатели, а кога се откри дека е исчезната, сите почнаа да постираат за внимание. И од аспектот на тоа колку можат родителите да мислат дека ги познаваат децата, но во позадина може да се случуваат илјада и една работа за кои воопшто немаат идеа. Добра поента и порака си има, посебно во Америка каде неинтеракциите со децата се каде каде повеќе изразени.

    И гледано во смисла на перспективата на филмот, преку технологијата и социјални мрежи, можам да кажам дека конечно еден добар филм направиле. Имам гледано неколку хорор филмови од овој тип, и биле благо ужасни, така што ова беше навистина позитивно изненадување.
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Не знам јас тоа новите правила што и како се со времетраење на дискусија ама мене еве ме. Ептен у незгодното на предновогодишни и постновогодишни забави ме фати изгласувањето па морав да се одложам за филмов. Додека нема нов, да дојдам јас да си подобелувам образ малку.

    Прво да ви кажам, дека го симнав три пати зашто додека местев превод кога ќе рипнев сцени за да проверам дали е добар ми искачаa тоа прозорците и мислев дека некој си го шерувал својот екран кога го аплоадирал филмов, за на крај да сфатам дека уствари таков е филмот. Греота. Башка од толку симнување последниот ми беше руски и не можев више да го чекам на ново и го гледав така. Гледам и други така се зезнале, ок. полесно ми е.

    Е сеа,
    се на се, ми се допадна. Мислам дека сакав да заврши без да ја најдат девојката ама ајде добро, нека не бидеме мрачни.

    Мислам дека може да се гледа од повеќе аспекти. Но според мене филмов е една фамилијарна драма што ја обработува родителската љубов.
    Загубата на мајката. Исчезнувањето на детето. Грешката на детето.

    Убаво ми беше тоа прикажување како социјалните мрежи се огледало на нас, колку многу им даваме и колку всушност споделуваме и дека некогаш таму има повеќе отколку што навидум изгледа, треба само човек да му ја намисли и да почне психопатски да поврзува што сака да каже јузерот. Но повпечатливо ми беше тоа што уствари многу јасно беше нагласено дека дома најмалку си се знаеме. Се согласувам. Пријателите подобро ме познаваат него родителите, и те како.

    Жално но вистинито е тоа што сака и филмов да ни го покаже дека некогаш треба да се случи голема трагедија за да се гушнеме.

    Јас ова го преболев со тоа што си замислив дека сакаа да покажат дека дури и тогаш кога дефинитивно му беше кажано на таткото дека нема чаре, он си најде сламка да се фати и пак не се откажа за на крај да се исплати секоја верба и истрајаност.

    Ние се занимаваме со други побитни работи. Знаеш она сеопшти експерти што имаат нови и уникатни мислења на преобработени теми, а не дај боже да смисли некој нешто сам па да го спреми за пофалба и да го исецка ко млад кромид за запршка. Не се очекува дека ние би смислиле нешто кога ние се водиме само од тоа дека не врне под стреа. а забораваме дека под стреа ни сонце не грее.


    Да. И мене ова многу многу ми се допадна. Кога го видов видеото на таа „другарката“ на Марго како плаче и се корне за нејзината бфф, а претходно му кажа на татко и дека не биле блиски, ми беше пресладок детал. Марго пустата се изнаручавала сама, ама сеа на сите им е блиска. Жално. Жално колку е најточно.
    Уште едно да за втората цитирана реченица.
    Многу убаво си го напишала целиот тој Бум и еве јас немам што да додадам.

    Што мислам и дека беше главната поента на филмот - безграничноста на родителската љубов.
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Од 17ти гледам ќе го даваат по кината...тамам дур се соземеме, да нафрлиме после по некој предлог и гледаме/коментираме. Ако излезе и на торент, нек биде. Јас, ил у кино ќе го гледам (сто години не сум била) или на торент.

    ping @Lady Phoenix :wasntme:
     
    На Lady Phoenix, Madam-A, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се нацртам во кино, со душа го чекам филмов. Баш ме занима што забибериле, дали ќе го биде или не.

    Иначе, се осеќам како прав провокатор кога доаѓам во темава. Како оние од средно што го буцкаа цел клас да избега од час, а на крај они први се враќаа во училната. :worried:
    Доаѓам, ви викам ај бе да коментираме одамна не сме коментирале, да се активираме и на крај филмот одминува а јас заборавам да напишам рецензија. (facepalm)

    Го гледав Searching, ми се допадна, ама ќе треба да се потсетам малку повеќе за да дадам рецензија без да употребам „оној, онаа, таа со таквото, овие, оваа што му беше на овој“ и така. :tmi:
    Опростите мојој младости. :D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    6.094
    Пол:
    Женски
    Се примаат уште предлози? :wasntme: Налетав на филмов, веќе почнав да го симнувам за да го гледам па да го ставам и тука на предлог.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    @zhap4e како му се оштрам да знаеш. Уффф!!! Инаку, бидејќи е дел од трилогија, предлагам да го изгледате и првиот дел, Unbreakable. Филмот е од пред 19 години и мислев дека ќе биде малку тапа, ама излезе доста интересен. Во Glass ќе се појават главните ликови од Unbreakable, па можеби е добро да се биде во тек.
     
    На boomsleng, blackpanter, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    треба можда. Ништо од филмот не памтам,треба да ѕирнам пред да го гледам овој.
    Хелоу на тебе :)
     
    На boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Уште еден предлог од мене за некоја наредна анкета - новиот филм на Luca Guadagnino - римејкот на Suspiria.

    Нема да кажувам ништо за филмов затоа што ми е веќе гледан, ама затоа еве трејлер :D:

     
    На boomsleng, Mishela, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Усвоен е Glass? Мадамче го гледаше :makeup: . Ќе го почнуваме?
    А во меѓувреме нека се прави анкета за следен. Нека биде од мене предлог: А quiet place.
     
    На plava.90, boomsleng, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Па ако е океј, нека да го гледаме Glass :wasntme: па да преминеме на другиве предлози, јас секако сакам сите предлози што се сега дадени да ги изгледам.
    Оној на blackpanter (y) Бендер.. страшно ми делува али, ми се свиѓа што кореографката ме потсети у пар сцени на Пина Бауч па...уште повеќе сум за.(y)
     
    На boomsleng, blackpanter и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Глас го доживувам како феноменално крунисување на трилогијава.
    Секој филм засебно ми бил одличен, па така и последниов дел. Поврзува, разврзува, одврзува и обелоденува. Премногу е јасен за мој вкус, за разлика од Анбрејкабал и Сплит, ама можеби тоа е тоа што и треба на една завршница.
    Прикажана е моќта на вербата и волјата. Во центрот се ставени човечките емоции, со посебен осврт на умот, љубовта и потребата за правичност.
    Секој од ликовите си има свое on и off копче. Секој си има патоказ кој го води и кочница која го запира. Не само што секој човек општо си има нешто такво и сето тоа дава да се соживееме, туку и назначен е интензитетот на самата сила што може да ја даде некоја емоција. Зачудувачки е колку само може да не однесат до крајности некои чувства.
    При крајот више доаѓа до некоја интересна понуда на гледачот да одлучи дали ќе го гледа филмов како суперхеројски и ќе му даде да заврши како што завршува или ќе го перцепира како хиперболизација на траумтите од детството.
    Јас бирам да го гледам филмов како суперхеројски. Па така се насочувам кон тоа да сметам дека момците имале реални моќи. Тоа од една страна го поставува прањашањето што кога некој ќе успее некого да убеди или разубеди во нешто. Што кога ќе не срушат и демотивираат? Сепак, ништо не останува од нас ако не натераат да се негираме. Од друга страна, со овој мој суперхеројски поглед на филмот би рекла дека последните сцени со излагањето на докторката му дадоа друга интересна насока за размислување во однос на тоа дека на светот не му требаат херои и лоши момци, дека таа борба нема крај и нема поента. Дали е така? Ова веројатно се коси со сите стриповски учења и религии, ама дали навистина нам луѓето ни треба некој кој ќе не чува додека спиеме? Дали сме очајни да секогаш веруваме дека некој ќе дојде да не спасува?
    И морам да напоменам дека сум заборавила тоа што пред извесно време имав жешки фантазии за Џејмс и ете ме потсети малиот. Многу ми е секси што порасна во вака зрел глумец.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав Glass. :)
    Првата половина на филмот ми беше тотално без врска, онака, си поцркав од досада и чекав да се случи некое чудо.
    Втората половина и особено таму при крајот, не знаев главата кај ми е од plot twists. И тоа е тоа што ми се допадна, многу сакам вакви пресврти кај филмови и книги.
    Ама исто како кај Инфинити вор - ова ми беше филм кој во еден момент го пцуеш и решен си да му залепиш еден сочен кец на imdb, a секунда потоа си викаш, па ова беше еден freaking good филм.

    Не ми се допадна последната сцена, мислам, ја сфаќам поентата, но сметам дека можело подобро, ама не ми сметаше па ќе прогледам низ прсти во име на солидните пресврти кои ги вметнаа и кои ни малку не беа за потценување. Многу ми се допадна како умешно го пикнаа Кевин во целата таа приказна која почна со Анбрејкабл. Многу логично, а скроз ненаметливо, баш природно.
    Џејмс МекАвој е извонреден актер, секоја чест како повторно се снајде со толку различни ликови. Филмов го гледав првенствено за него, ама мислам дека Сплит ќе ми остане бр.1 од целата трилогија, иако последниов дел беше убава завршница.
    Од мене некаде помеѓу 8.5 и 9, вреди да се погледне.

    А језивко како на оние видео-инсертите делуваа баш како куп луѓе избегани од установа. :tmi:
    Си го гледаш, он си зема залет и наглавечки ја руши вратата, па трча како прв пат да гледа бел ден, зема челична греда и ја витка како пластелин околу вратите на камионот...маестрално. :D
    Штом самата слика те тера да ги доживееш така, значи дека негативците имале успешна пропаганда.
    Стварно беше интересно тоа што им го „пропагираа“ и што бесплатното перење на мозок им успеа до некаде.
    Ама многу, значи многу се изнервирав кога така ладнокрвно ги убија Ѕверкото и Силниот. :envy:
    Особено Ѕверкото, ми идеше да го превртам столчето, да опцујам сочно и да си одам. Е до толку. :|
    Ми го скршија срцето со крајот, ама сепак и за мене си остануваат откачени супер-херои, секој на свој начин. :)
     
    На Madam-A, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Glass

    Кога Брус Вилис се појави на крајот од Split и кога прочитав дека Шамалајан изјавил дека уствари планирал трилогија со Unbreakable уште пред дваесет години, не можев, а да не си помислам „Дали ова е стварно вистина или човеков ова си го извади од газот?“ И некако бев сѐ поубеден во второво.

    Unbreakable е, кратко и јасно, суперхеројски филм. Поинаков од она што сме навикнати денес да го гледаме во овој жанр од Marvel и DC, дефинитивно, но без разлика на тоа, сепак е филм за суперхерои.

    Split, од друга страна, за мене беше филм за огромниот потенцијал и моќта на нашиот ум и за тоа како некоја траума (и справувањето со неа) може да има несогледливи последици врз нечиј живот.

    Субјективно, Split можеби за нијанса повеќе ми се свиѓаше од Unbreakable, пред сѐ поради одличната глума на Мекавој, и поради тоа што филмов е далеку подинамичен. И речиси и да не беше supernatural, со исклучок на крајот, секако.

    Во секој случај, за мене ова се два прилично неспоиви приказни и со нетрпение чекав да видам како Шамалајан ќе успее (или фејлне :D) да ги обедини во заеднички филм. И на мое изненадување, прилично успешно го направи тоа.

    Што е она што ми се допадна у филмов?

    За почеток, приказната беше прилично солидно осмислена, како и начинот на кој се споија сите три главни ликови. Ми се свиѓаше и обидот на докторката да даде некакво рационално објаснување за стварите од претходните два филма и да ги претстави нивните суперхеројски способности како delusions кои постојат само во нивните глави. Ми се свиѓаше (до некаде) и крајот. Некако слатко-горчлив, не беше ни клише хепиенд, не беше ни нешто мрачно и депресивно, но мислам дека даде задоволителна завршница и најважно од сѐ, не остави простор за нови продолженија. :D

    Што не ми се свиѓаше толку?

    Па, иако приказната изгледа солидно, ако малку се задлабочите во деталите, лесно се откриваат дупки и нелогичности. На пример, како синот на Брус ја најде локацијата на Ѕверот – „Го гледаш триаголников у кој се случуваат убиствата? Е па, он е на оваа рандом локација надвор од него, со лесен пристап до тука!“ Филмов сака да веруваме дека или полицијата у градов е ретардирана штом не се сетила на истово (ако е веќе толку логично) или дека супермоќта на синот на Брус е гаѓање на тепка. Друга ствар со докторката – ѝ дале 3 дена за да се обиде да ги излечи нашиве суперхерои од нивните заблуди. Три дена!!! Дали некој на светов се излечил од ментално заболување за 3 дена?

    Ама океј, сфаќам дека ваквите филмови бараат одредена доза на suspension of disbelief додека ги гледате. Сепак, зашто воопшто мораа да спомнат колку денови ќе трае лечењето и зошто мораше да има толку детално објаснување за тоа како ја нашле локацијата на Ѕверот?

    Како и да е.

    Ќе се сложам со @Madam-A дека во филмов, за разлика од претходните два, фалеше моментот на мистерија, хорор и незнаење. Во текот на Unbreakable на пример, цел филм над глава ни виси прашањето дали е Сем Џексон луд ко струја или Брусчо е стварно со натчовечки моќи? За време на Split, цело време сме во исчекување на Ѕверот, во напната и тензична атмосфера.

    Во Glass веќе знаеме дека Брус Вилис е суперхерој, а Ѕверот го гледаме на секои 5 минути, како ползи као лебарка по плафони сред бел ден и све тоа е некако антиклимактично. Тајното здружение кое се бори против суперхероите (Illuminati confirmed!) беше класичен шамалајански plot twist (еден од помрзливите) кој искрено не ми се допадна премногу. Од друга страна, искрено немам идеја како би се поврзало сѐ на некој поинаков и посоодветен начин.

    Сѐ на сѐ, изненадувачки добар филм и соодветен крај на трилогијава.
     
    На Madam-A, tace73, blackpanter и 4 други им се допаѓа ова.