1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Нели требаше да бираме нов филм за викенд што ќе го гледаме од понеделник натака, додека коментираме за Судијата?

    Или грешно сум разбрала?
    Судијата изгледан денес, малку каснев со симнување, се заборавав дека го неам симнато.

    Предлог за следната недела ми е The Grand Budapest hotel. Може на многумина им е гледан, не знам знам дека е во тесна трка за оскарот. Мене мо е следен на листа.
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    И јас планирам да ги гледам овие номинираните за Оскари,па кој и да било од нив ми одговара.
    Инаку овој The Grand Budapest Hotel многу глуп ми изгледа,ама штом толку го фалат,можеби јака комедија е :D
    Може и The Theory of Everything, а може и некој анимиран,пример How to train your dragon 2 :D
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    A може да просиме за претходни предлози кои поминале или поминат воз не се важи?
    Ако може јас сум за Nightcrawler пак, ако не од новите Gone girl го предлагам.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Јас Gone girl и тој со хотелот(што ми беше прилично глуп) ги имам гледано. Исто и со змејчето. Ама сум за The theory of everything. Нека даде уште некој предлог па да се постави пак една анкета утре и да избереме филм.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Абе сеедно, стави анкета со тие филмови од претходната недела плус некои нови. Ова недела да ја протуркаме така, од следнатаќе бидеме поорганизирани.

    Не знам зашто Судијата на Мароса и на Мадам не им се допаднал мене баш ми беше супер. Мене Родерд Дауни Џуниор ич ама ич не ми е по мерак ама во филмов ми се допадна.
    Баш се согласувам со оцената од имдб, не ми се верува дури, и јас ги го ценила со 7.5

    Онака накратко да почнам дискусија, топол ми беше филмот, имаше некоја семејна вредност.
    Плус пејсажите беа сон, навистина рефреширачка локација.
    Приказната не е нова, или не е нешто којзнае колку иновативно, ама допира, мене ме допре. Пред се глумата беше солидна, ми се допаѓа ккао ја изведоа улогата татко и син. Прилично уверливо.
    Убаво филмче јас го препорачувам.
     
  6. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    The Judge...

    Не знам зошто вакви филмови ги прават да траат по два ипол саата, ама тоа е некој тренд во последно време во Холивуд, да траат филмовите подолго, нешто како целовечерна забава за американското семејство, да отиде во кино и да го гледа. Како и да е, тие два ипол часа го задржуваат целосно вниманието, што дефинитивно придонесуваат за одлична генерална оценка.

    Ми се допаднаа некои режисерски решенија на одредени сцени, како и работата на камерата. Вообичаено сакам нетипични режисери и аспекти на камера, но тука имаше само неколку моменти кои беа убави и интересни кадри, можеби бидејќи филмот се базира на приказната која не нуди многу можност за „зафрканции“.

    Роберт Дауни и Дејвид Гамбино се одлични во своите улоги иако мислам дека кастингот можел да понуди подобра опција од Роберт, додека Гамбино во улогата на судијата едноставно е совршен за да го понуди тој баланс меѓу строг татко и судија и нежен, мил и болен дедо на кој му треба љубов и внимание.

    Сепак, сценариото мора да се признае дека е прекрасно, поентата која ја доловува е одлична, цврстото држење до моралните вредности и принципите на судијата ме импресионираа бидејќи човештвото се наоѓа на граница каде веќе не може да разграничи што всушност значи зборувањето на суровата вистина и колку е таа важна.
    Исто така, втората поента која паралелно се раскажува, односно љубовта за семејството која не умира и покрај сè е одлично прикажана. За момент може гледачот да се згрози од сцената во тоалетот каде синот се грижи за болниот татко, но тоа е реалноста во многу семејства и тоа е најдобар пример за она што може да се нарече безусловна љубов, бидејќи и покрај децении одвоеност и лутина, родителите и децата секогаш ќе ја чувствуваат љубовта едни кон други.

    Сè на сè, одличен филм.
     
    На Elena69221 и Hipster им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Ајде, отворена е пак анкетата до вечер.

    И мене ми се допадна ептен филмот. Не ни ги осетив два ипол саати.
    Со ова ептен се согласувам, поготово местото каде што умре Судијата, е тоа е прекрасно место да си замине човек од овој свет.
    Јас па баш добив впечаток дека ќе остане таму. Нели кога отиде во судницата и го заврте столчето на судијата... Мислам дека ќе стане он Судија, како татко му, а и врската со плавата остана неизвесна.
    Па, поради тоа што се чувствувал крив за сопствениот син што го пратил во малолетнички затвор(или како и да е) му попуштил на овој криминалецот, сакал да се искупи и поради тоа чувствувал грижа на совест.
    Јас мислев дека ќе испадне судијата невин, дека некој сака да го намести, ама мило ми е што не испадна такво клише. Одлична беше приказната, глумата уште подобра, има солидна осмица од мене филмов. :)
     
    На Marossa и Hipster им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Капетане, една забелешка, Родерт Дувал беше судијата не Дејвид Гамбино.
    Гамбино е продуцентот.


    И јас ја добив истатта забелешка, со погледот на последната сцена дека после тоа тој планира да го пополни празното столче на судијата.

    За должината сега приметувам дека е бил 2ипол часа скоро.
    Можеле да го направат пократок ама од друга страна не ми беше досаден да речам, еј претерале.
    Убава екипа собрале многу.
    Винсент ди Онорфио. Абе што му станало на човекот бетер од дедо изгледаше.
    Одличен во вака ситна и споредна улога, иаку он ми е мене само за фронт мен.
    Саманта ми беше антипатична, може да кажам еден од ретките делови кои сметам дека сосема можеле да ги озостават.
     
    Последна измена: 19 јануари 2015
    На Marossa и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Што немав спомнато а сакав да кажам, судијава е баш одличен приказ на тоа како професијата некогаш премногу влијание на приватниот живот.

    Неговиот ужасен однос со Хенк го препишувам на неговата престрогост што е правопропорционално со неговата професија.
    Приметивте како сите секаде го викаа господине судија? И надвор од судницата он беше судија, строг, ладен и сериозен.
    Не се согласувам со одлуката 17 годишно дете да го пратиш во поравен дом, кога има друга солуција.
    Плус тоа му било прв прекршок, малолетен.
    Тоа е таа суета која ми смета во оваа професија, го видовте и на крај не сакаше да признае дека е болен за да не му ги поништат пресудите.
    Мене судијата ми беше маркатен лик, она баш убав портет на правичен, дури и престрог службеник на правото и државата. Од една страна одличен во својата професија, судија за пример, но не би го рекла истото за улогата на татко.

    Мене онака баш ме замисли филмчево, ми размрда многу мозочни виуги. И без разлика на некои недостатоци, утки и не знам што не, баш е филм за препорака. Остава простор за многу дебати. Одличен избор направивме според мене.
     
    Последна измена: 19 јануари 2015
    На Captain-Omni и RainBow им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Boyhood е следен за гледање. Инаку, мислам дека е подобро да даваме цела недела предлози, додека се гледа филмот, па таман на време да се одбере следниот. :)
     
    На Hipster и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Мислам дека сосем на место е предлогот да се дава предлози цела недела, вака викендски нема многу време кога да се предложи, кога да се гласа... еве предлози од мене: Lucy, Interstellar, Edge of Tomorrow...

    он топик:
    Не дека мене не ме допре филмов, ама мислам дека мааната му ја видов во должината и ме утепа бавноста на одвивањето на дејствието па затоа целокумниот впечаток не ми е на високо ниво. Баш како што рече @Hipster , топол филм со семејна вредност.

    Јас Роберт (ради остаанати слични улоги во Ајронмен и остали филмови) замислувам дека и приватно е дигнат шупак ( :$ ), па баш и оваа првично препотентна улога мислам дека му легна, барем според мојата слика на неговата целокупна глумачка дејност :D . Се согласувам и со забелешката на @Captain-Omni за улогата на судијата дека е совршен сплет кој го балансира односот меѓу строг татко и судија и нежен, мил и болен дедо


    Во однос за овој коментар од Хипстер, потполно се согласувам. (y) Преубаво кажано.
    И јас добив впечаток дека Судијата претрпил професионална деформација во својот карактер. Претерал во моментот кога сакал да го научи сина си на правда и не знаел тоа да го реши татковски туку повикувајќи се на Правото. Е сега човек како човек, и тој подлегна на емоциите и дозволи да му ги компромитираат пресудите, но Судијата во него упорно идеше против него и бараше правда, па така надвор од афект тој се изјасна дека веројатно сакал да му пресуди на бившиот затвореник, а потоа и себеси за истата таа пресуда.
    Убава е сликата што ја добивме за самокритичен лик кој до срж ја сака и спроведува својата улога во општеството :wasntme:. Многу ми се допадна деталот што сите, па дури и неговите деца го викаа Судија. Тоа е таа љубов во професијата која зрачи наоколу и остава впечаток дека звањето не останува само во канцеларија туку Судијата си го носи и дома и на улица.

    Се согласувам и со Капетанот. Ми се допаѓа како ги одвоил и истакнал ударните моменти на филмот. Навистина веќе станува проблем тоа што луѓето негуваат двојни стандарди, и убаво е да гледаме како не треба да се прави тоа. Правилното треба да биде правилно.


    Очекувано ќе беше таков крај но таков е баш филмски и според мене не е многу реален. Он зауздан. Се враќа на старите корени, по стапките на татко му со жена со која си има историја и недовршена работа. Хенк преку 30 години живеел инаков живот, не е малото мирно градче за него. Баш затоа пишам плус што усогласиле карактерот на ликот на Хенк да не подлегне на филмската романтика.

    И јас мислев дека судијата е невин. Но дека мати нешто дека го покрива најмалиот син, а не дека го местат. Во секој случај, нашето сценарио не би било нешто длабоко, па среќа што јас и ти не бевме во право :lol: .
     
    Последна измена: 20 јануари 2015
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    И јас се вклучувам, Судијата не го гледав, ако го изгледам во меѓувреме ќе коментирам за него.
    Сакав да напишам предлог:
    No good deed (2014) Ѕирнете терјлер.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Еве нова анкета со новите предлози и некои од старите кои имаа гласови на претходната анкета. За Interstellar има излезено screener, би требало да е добра снимката, така што јас за тој си гласам. :)
    Ако имате во меѓувреме некој предлог може да се дополни анкетата, па во вторник ќе го ставиме новиот филм.
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Го изгледавте ли Boyhood?
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    @Marossa , баш си експедитивна. :clap:
    Јас да најавам дека не го глеав :$ . Не бев во mood за лежерни филмови некако па ако во меѓувреме го гледам ќе се приклучам :angel:, ако не, ви посакувам убава дискусија :D .
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за филмови,прва сум :D
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ја видов само трејлер и не ме привлече така да најверојатно нема да го гледам.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    И јас не го изгледав, ама планирам денес или утре, па ќе напишам мислење. Вие што го изгледавте пишете си критика, со оглед на тоа што помина времето.
    Сменет е насловот, ставен е новиот филм со најмногу гласови. :)
     
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Епа ајде од старт, да го изгледаме сите шо не го глеавме, и да прокоментираме....Денес сум баш за лежерни, така да јас ќе го глеам вечерва :)
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Еми јас ќе си почнам..
    Немам многу за коментирање бидејќи филмот нема некој заплет и специфичност,освен фактот дека е сниман 12 години што му додава на автентичноста.
    Должината му е преголема,искрено 3 вечери по ред го гледав,не од што е досаден,ама нема никаков елемент на изненадување ниту нешто да ме влече без да трепнам,што се вика и до ВЦ да нејкам да отидам :D :D
    Како екранизација на животот на едно дете како станува маж,доста реално се претставени сите емоции,сите семејни проблеми,сите успеси и падови,баш како што вообичаено се случува (барем така мислам).
    Шон како главен лик не ми беше многу интересен,многу млитав и женствен во одредени моменти,нималку впечатлив да го засакаш како лик.Патриша Аркет како мајка му изглуми океј,ама глумицата не ја преферирам воопшто,уште на времето кога ја гледав серијата Медиум.Од друга страна Итан Хок ми е преубав и стар и млад,па него со задоволство го гледам.
    Дијалозите им беа секојдневни и спонтани,што за мене е голем плус.
    Во глобала,топла семејна приказна,иако сметам дека номинацијата му е само поради фактот што е сниман целиот период на прикажување,односно само тоа го прави посебен.
    Моја оцена би била 8/10 можеби и малку е подарена,ама на полоши филмови имам давано повеќе :D