Фејсбук војна на Мелита и Миа

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од lylaby, 17 мај 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Незнам колку сте запознаени за фб војната меѓу Мелита Ракичевиќ(пет шоу) и Миа .?Имено Мелита е уредник на забавната програма чинам во АБ тв додека Миа беше водителка на "Статус со Миа емисија која што беше според мене беше иновативна интересна и опфаќаше една тема која сите нас младите ни е дел од виртуелниот живот - фбоокот.Е сега се случило Мелита да ја шутне Миа од непознати причини поради што Миа на својот фб поточно на профилот статус со Миа индиректно или директно ја навредува оваа првава ,собира поддршка од пријателите ,и ја деградира Мелита на секаков можен начин..можете да видите и сами на страната....Па темава ја отворам да си кажеме што мислиме и како мислиме околу оваа ситуација а и околу Мелита која е така црно прикажана што и најголемиот скептик ќе поверува во сите гласини за неа...Ајде да трачариме :D
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Жал ми е што ја немам таа програма на кабловската, инаку имам слушнато доста позитивни коментари за емисијата: дека е интересна, се зборува за теми што не опфаќаат сите, има гости, а ние како гледачи можеме да коментираме и дискутираме за темата на профилот на фејсбук, бидејќи емисијата одела во живо. Разбрав дека требало кај Миа да гостува некој што не го мирисала многу, па одбила тој да и биде гостин, а Мелита ни две ни три - ја шутнала. Мелита не ми е многу симпатична, особено откако излезе аферата пред некое време дека го изневерувала мажот и, па женски тепачки и такви глупости. Колку што можам да забележам на профилот на емисијата Миа има многу јака подршка од гледачите, па да се надеваме дека можеби ќе ја префрли емисијата на друга погледана програма ;)
     
  3. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    ЕКСКЛУЗИВНО СО ЈУЛИЈА СРЕБРЕНОВА ЗА НАВОДНАТА ТЕПАЧКА СО МЕЛИТА РАКИЧЕВИЌ И БРАЧНИОТ ТРИАГОЛНИК:

    Барем да беше љубов, дотичната ја интересираат само пари!
    "Се познаваме долго време. Не е така како што изјави таа дека не ме познава. Многу добро ме познава повеќе од 20 години и верувам дека целта и беше само како да го зграби она што јас и мојот сопруг сме го заработиле. Се обиде на еден многу низок и евтин начин да го земе она што некој го создавал со години, со тоа ја повреди мојата интелигенција!"
    Приказната околу минатонеделната "тепачка" во која "подебелиот крај" наводно го извлече водителката Мелита Ракиќевиќ не застанува. Повредена од приказните во кои познатата сопственичка на салон за убавина Јулија Сребренова е претставена како насилничка која проблемите ги решава со тупаници.

    Јулија не се пресметала физички со Мелита, а на целата случка и претходеле телефонските повици што ги добивала Сребренова. Во нив и било посочувано дека нејзиниот сопруг има љубовница. Тоа ни го потврди и Јулија, која единствено сака да се тргнат темните дамки фрлени врз нејзиното име и да се заштитат нејзините малолетни деца, кои сега, како што вели, се под лупата на јавноста. Во ексклузивната исповед Јулија, вели, дека на овој чекор се решила со единствена цел - да го заштити своето семејство, првенствено децата...

    "Изминативе неколку дена сметам дека сум неправедно присутна и повикана во медиумите со зборови со кои е нарушен мојот, но и угледот на моите деца. Сакам сето ова макар да го запрам и да и дојавам на дотичната личност која што ме вмеша можеби и намерно, дека нема да дозволам да ја потцени мојата интелигенција. Претходно добивав анонимни повици и бев наведена на овој чекор, таа самата го иницираше. Моите деца се веќе под лупа на околината и чувствував таква потреба да излезам и да го кажам ова јавно. Веќе се преземени сите законски чекори кон тоа да ги заштитам и да го вратам постоечкиот мир во мојот дом и постоечкиот мир во срцата на моите деца, кои ми се најсветото нешто. Како и секоја нормална и вистинска мајка чувствувам дека децата ми се поважни од самата себе затоа и го правам ова", вели Сребренова, отфрлајќи ги сите обвинувања пристигнати на нејзина адреса.

    Верува дека на крајот правдата ќе победи и дека на сите ќе им стане јасно оти зад оваа класичка местенка не се крие љубов.

    "Овде не се работи за љубов. Кога би било така би го оставила тоа да оди по некој природен пат, но овде се работи за нешто друго. Мотивот на целата игра е поинаков и целта на третите лица вмешани во мојот живот е друга", вели Јулија, додавајќи: "Бев принудена тоа да го видам. Не се работеше за никаква тепачка, никакво насилство. Едноставно во присуство на нејзиниот сопруг, кој беше повикан од мене, сакав заедно да ја дознаеме вистината. Десетина дена претходно му дојавив, господинот ме ислуша во прво време, а потоа ме негираше затоа што, веројатно, не сакаше да ја прифати вистината. Немаше никаков инцидент тоа е нејзино смислување на настанот и многу сум револтирана".Сребренова откри дека во прво време се сомневала оти нејзиниот сопруг е во врска со некоја тинејџерка, која нема мајчински чувства. "Не е мое ниво да се бавам со злобни умови и личности кои навреме не се реализирани во ниту една област од својот живот. Нејзините аптетити се многу поголеми, а токму тоа ме наведе кон тој пат и да видам која е третата личност која ми се меша во бракот. Помислив дека се работи за жена која не е мајка. Мислев дека е тинејџерка која не размислува. Не би сакала да навредам никого, ниту дотичната со која се познаваме долго, иако таа го негираше тоа, но верувам оти целта и беше само како да го зграби трудот на другиот ум. Се обиде на еден многу низок и евтин начин да го земе она што некој го создавал со години, со тоа ја повреди мојата интелигенција. Ќе се борам до крај за своето и ги преземам сите законски мерки за клеветите и лагите што ги пласираше преку медиумите, затоа што е нарушен угледот на моите деца, пред се. Ќе го вратам она што го имам, а ако таа мисли со тоа што го става детето во втор план дека е мајка очигледно греши и воопшто не мислела на својот пород
     
  4. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Сапуницата Јулија - Мелита продолжува..... сега со нови детали кои ги открива популарната водителка. Според нејзината верзија на нивното познанство, повод за приказните се "разнишаниот брак" на Јулија Сребренова, која наводно на овој начин сака да ја прикрие својата две и полгодишна љубовна врска.

    "Дотичната Јулија, која и понатаму ја лаже јавноста и сите околу себе дека сме се степале, ја негирам апсолутно. Дефинитивно колку и да сака да ја сокрие вистината таа физички ме нападна и брутално ме удираше. Од шок ниту ја видов добро, ниту ми беше воопшто јасно што се случува. Откако дојде полицијата и ја приведоа, сфатив која е. Не ја познавам, ниту сум ја видела со години. Не се сеќавам, и понатаму тврдам, дека сум и била на свадба пред 20 години со мојот прв дечко, кој бил другар со нејзиниот маж. Не ми било битно за да паметам. Сум била на милион свадби чии невести не сум ги познавала. Така да, само си ласка дека е битен момент во мојот живот на кој сакам да се сеќавам", раскажува Мелита, додавајќи дека Сребренова на овој начин и со приложените фотографии само прави будала од себе. Според неа, тоа што во приказната се споменуваат и децата, воопшто не е мајчински гест и не личи дека на тој начин сопственичката на салон за убавина сака да си го заштити бракот и семејството...

    "Ако има љубовни фотографии од мене и маж и нека ги донесе, а не вака неосновано да прави филмови и да се прави дева Марија, јадната жена која си го штити бракот. И тоа што ги спомнува и инволвира децата не е мајчински. Тоа што наводно и синот го земала со себе кога тепала, па тоа ли го прави нормална мајка!? Нејзината агресивност е повеќепати забележана има тепано и други жени и девојки, а тоа ми го кажаа и од фирмата на нејзиниот сопруг", додава Мелита, откривајќи дека Јулија е во повеќемесечна бракоразводна парница.

    "Таа е во повеќемесечна бракоразводна парница и тоа поради нејзината две и полгодишна врска со личност која вие можете да ја дознаете ако сакате, јас културно нема да ја спомнам. Значи, не сум и причина за развод.

    Никогаш не сум и се јавила, ниту пишала смс. Таа има ментален проблем и е патолошки лажго според се што читам и слушам. Постојано се заканува, го лаже мојот сопруг и сака да ми го растури бракот", вели Мелита. Познатата водителка уште се прашува и зошто ако на Сребренова децата и биле најважни ги изложува на јавен срам.

    "Сопствените деца си ги повредува, а јас сум личност која го има прифатено детето на мојот сопруг од првиот брак како свое, а моето си го чувам беспрекорно. Правдата која ја спомнува ќе ја добие на суд.

    Нејзините пари ниту ме интересираат ниту нешто знам за тоа. Работам од 18 години чесно и напорно. Имам се што ми е потребно. Водам фантастичен живот и туѓи пари не ме интересираат. Лаже дека имало анонимни повици, во Космофон може да се провери од нејзиниот мобилен што се ми пишувала и дека навечер ѕвонела", вели Мелита на располагање ставајќи ги добиените пораки од кои вели дека некому може да му се слошии.

    Поводот за целата ситуација во која се најдоа, според Ракиќевиќ, е очајот на Сребренова која наводно на овој начин сакала да ги одбегне последиците од обелоденувањето на нејзината афера.

    "Таа од очај го прави ова. Нејзината вонбрачна врска е откриена, па ме вплеткува мене за да се извлече. Сака да биде и малку забележана. Се гребе на мојата популарност. Нејзиниот сопруг дури е и отселен и не живее во семејната куќа, така да нека престане да лаже. Споменатиот маж во приказната го познавам од тинејџерските денови и сум испила неколку кафиња на јавни ударни места со него. Се друго е лага! За нарушениот углед и клеветите без докази ќе плати дебело и нека престане да се рекламира перверзно и ниско. Си го срами семејството кое таа го растурила", револтирано раскажува Мелита, додавајќи дека не може да спречи некој да ја сака, да е вљубен во неа или да и праќа љубовни пораки

    "Тоа не можам да го спречам, но врска, станови, средби, ужасни лаги на жена која треба да се лекува... Имам јак друштвен живот и сум со многу мажи во друштво, најчесто службено, ама тоа е основата на заедничкото кафе, ручек или слично. Оваа жена бара внимание кое дефинитивно и недостасува", Мелита ја завршува својата страна од приказната која деновиве ја бранува домашната јавност
     
  5. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    VEST Година: 8 Број:2512 Петок 10/31/2008

    ИНЦИДЕНТ СО ПОЗНАТАТА ТЕЛЕВИЗИСКА ВОДИТЕЛКАТА

    Мелита натепана поради швалерај?

    Мелита е нападната во влез на зграда во кој не живее од жена која тврди дека познатата ТВ водителка и се мешала во бракот

    Познатата телевизиска водителка Мелита Ракочевиќ завчера вечерта била претепана во влез во една зграда во скопската населба Ново Лисчиче. Таа има видливо црвенило на лицето и гребаница на челото.
    Полицијата потврди дека имало инцидент во кој физички било нападнато лицето М.Р. (36).
    Мелита била нападната во зграда на булеварот "Видое Смилевски- Бато". Осомничена за нападот е скопјанката Ј.С. (38) , сопственичка на студио за убавина.
    Адресата на зградата не е дом ниту на едната, ниту на другата.
    Настанот се случил околу 18.30 часот, кога Ј.С. ја пресретнала водителката пред лифтот на приземјето. Мелита била влечена за коса и удирана по лицето.
    Мелита ни ја потврди тепачаката. Таа вели дека се се случило за миг и не знае зошто била нападната.
    -Да, точно е дека завчера вечерта ме напаадна Јулија. Јас излегував од една зграда, таа ми се појави пред лифтот и физички ми нападна. Во прв момент немав време да изреагирам, се чудев што се случува. Се случи хаос. Не знам колу траеше сето тоа зашто бев шок. Во еден момент јас излетав од влезот и дојдов до кола за да викнам полиција, но видов дека ми ги нема клучевите и мобилниот. После од другиот мобилен свртев на полиција и таа веднаш дојде. Ја пријавив за физички напад и ја приведоа. Мене ми ги констатираа повредите, а извадив лекарско и сега и приватно ќе ја тужам."
    Мелита вели дека Јулија подолго време и праќала заканувачки пораки. "За жал јас не ги сфаќав сериозно", вели познатата водителка.
    Таа се чуди зошто била нападната. "Може ме заменила со некоја друга жена", вели Мелита и додава: "Ова ми се случува во еден од потешките периоди кога подготвувам големо телевизиско вечерно шоу".
    "Премногу сум лута што воопшто сум инволвирана во ваква случка и што ми е доведен угледот во прашање. Се прашувам кој стои во заднината на сето ова", ни рече водителката.
    Сосема поинаку настанот го објаснува сопственичката на салонот, Јулија Сребриева. Таа потврдува дека имало инцидент меѓу нив двете , но дека таа не ја напа
    днала Мелита, туку само ја фатила за рака.
    "Таа не е нападната, ниту, пак, тепана. Јас не ја тепав, а модринките што ги има многу добро знае од кого и се. Знае дека не и се од мене. Ја фатив за рака, по што таа се обиде да се нафрли врз мене. Знае таа многу добро дека ако јас сакав да ја истепам , тоа би се случило на друго место, а не пред таа зграда и не пред нејзинот сопруг и пред брат и", вели Јулија.
    Таа додава: "Причина за сето ова што се случи е прељуба. Мојата цел беше да докажам дека таа ми се меша во бракот, за да престане веќе еднаш со тоа. А и да докажам дека јас не сум очајна домаќинка, туку само мајка и сопруга која сака да си ги заштити децата и бракот", ни рече Јулија.
    ТВ водителката пред неколку месеци изјави дека си ги осигурала нозете, оти и се многу убави. За среќа во овок инцидент нозете не и настрадале.
    (П.А.Л.- В.М.)
     
  6. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Spored napisot od vesnici MELITA e NAJDENA VO TUDJ STAN SO OZENET MAZ Vo prisustvo na nejzin soprug,nejzin brat,Julija, policija itd.
    STO BARALA MELITA VO TOJ STAN, VO TAA ZGRADA-NE ZIVEELA TAMU!

    Kerka na Melita edvaj da imala 5 godini za vreme na toj skandal.
     
  7. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Krema Magazin, broj 23, 25.12.2009
    SUSKAVEC

    FEJSBUK-VOJNA

    Modelot Sofija Karakaeva pred nekolku dena vo policiskata stanica Beko prijavi nekolku lazni profile na Fejsbuk vo koi se pisuvat razni komentari vo koi se valka nejzinoto ime. Na laznite profile se pisuva za intimniot zivot na Sofija Karakaeva, a od bezobraznite komentari ne e posteden ni nejziniot 16-godisen sin I celata nejzina familija. Na profilite duri ima I fotografii od semejnata kuca na Karakaeva vo Gevgelija. Kopirajki gi profilite, shokiranata Sofija celiot komprimitiracki material uredno go dostavila na policijata. Taa izjavila deka znae koj stoi zad seto ova, a policijata I vetila deka ke gi najde sopstvenicite na laznite profile. Se shuska deka edna od onie koi Karakaeva gi posocila kako glavni koi go valkaat nejzinoto ime e tokmu MELITA RAKICEVIC.
    Vednas po prijavuvanjeto na laznite profile na Fejsbuk, TV-voditelkata Melita Rakicevic ovoj pat ja prijavila vo policija Sofija Karakaeva I nejziniot soprug Pero Mitrov za navodno maltretiranje I zakanuvacki poraki. Sofi I nejziniot soprug na pokanata na policijata dosla na razgovor. Od tamu im rekle deka Melita Rakicevic gi prijavila zasto dobila navodno zakanuvacki poraki od soprugot na Karakaeva. Policijata I se javila na Melita da dojde na zaednicko soocuvanje, no taa ja odbila pokanata so obrazlozenie deka nema koj da I raboti vo nejziniot dukan. Sofija Karakaeva veli deka ne moze da svati zosto nekoj tolku mnogu saka da I go valka imeto I zosto Melita Rakicevic prijavuva maltretiranje nekolku dena po nejzinoto prijavuvanje na laznite profile na Fejsbuk vo policiska stanica Beko. Otkako neodamna izleze vo vesnikot Spic deka Sofi prijavila vo policija za navredlivite poraki na Fejsbuk, del od komentarite bea vednas izbrisani. Najverojatno nekoj se isplasi deka ke bide razotkrien. No Sofija Karakaeva kako dokaz go cuva celiot material I najavuva tuzba za javni navredi I kleveta. ( P.K.)
     
  8. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Makedonska BRIZIT BARDO?
    Melita e prekrasna licnost,dobar voditel...
    Ama BRIZIT BARDO ne jade meso, a Melita ne e vegetarijanka...
    Bilo kako bilo
    Obozavam nejzini emisii a majka i e prekrasna zena!
    Some vistinski dzentlmen!
     
  9. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    ЕЕЈ све испрочитав баш интересно :) Само штознам некако не и држат изјавите на Мелита ,поуверлива ми е страната на таа извесна Јулија ,е сега дека без никаква причина ќе и доаѓа женава да ја пречекува пред влезови чуда ,а и самата свесна дека напаѓа јавна личност што нема да помине без публицитет,што?може сакала да добие на име нејзиниот салон за убавина?! :) А баш чудно од сите водителки наши колку и да се на број ги нема мн квалитетни, околу Мелита Р. се некои скандали одвреме навреме пропратени со тужби..Па се чудам ли чудам по фб што се случува ,и вадат прљав веш ја навредуваат со секакви зборови што никој не заслужува да биде третиран на тој начин макар и на фб но штом има прашина добар или не коњот е таму а изгледа мн прета :D И не ме сфаќајте сериозно или лично,тука може да се најдат ете некои познаници на спомнатите и сл.како што сфатив во претходниов пост, да напоменам дека темава ја отворив јуст фор фун и да еве размениме мислење за една две јавни личности!
     
  10. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Melita e vo pravo vo vrska so Mia, ali ne smeela taka da ja vrega; Urednicka bila vo AB kanal, Mia e viknata od nea da vodi emisija...

    Vo vrksa so skandal so Jordan, ne znaci deka spiela so nekogo ako bila najdena vo negov stan...

    Melita e skorpija, podznak jarec, mesecina vo vodolija, rodena vo godina na saturn,1972, na 14 noemvri, na praznik na sv.kuzman i dmjan, sko ne gresam, a na 14 noemvri e oslobodeno Skopje, taka tvrdat nrkogsni borci - na 14 noemvri seuste se osloboduvalo Skopje i na 14 noemvri e roden golemiot astrolog i mistik Mile Dupor...

    Melita e mlada i preubava, ima dodvoruvaci, zarabotuva od svoja 18 godina - kako zena ja podrzuvam vo se!

    Toa otprilika e nesto sto sum citala po stampa...
     
  11. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Ne se razbiram bas najveke vo Fejsbuk, ni pa znam da go koristam...
    Ako ne e zabraneto bi sakala da ima nekoj link od Mia ili Melita ovde, bidejki e tema takva...
    Pozdrav!
     
  12. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Wow, ја за мене волку не знам хехех.
     
  13. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
     
  14. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
  15. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    265
    Мелита не сум ја сакала никогаш којзнае колку ја ценам нејзината работа и посветеност на животните,но после аферата со оженетиот човек и тоа малку што ја поштовав го снема.За девојката Миа да кажам дека на неколку пати и ја глеав емисијата ок е,ми се свиѓа но,на фејсбук се имаше појавено една група Статусите на Миа,демек ја пратеа Миа колку интересни статуси пишува и ги ставаа на групата за тие што не и се пријатели да видат...И,интересните статуси на Миа ѓи вреѓаа "провинцијалките",демек се сликале низ Рамстор ко прв пат да гледале такво нешто или незнам сега поточно како беше тој статус,и еден друг статус каде им се исмева на дебелите девојчиња демек највише од се обожавала кога ке видела дебело девојче сликано во својата детска соба на нееднаква т.е шарена нели и без стил постелнина и кога нејзините другарки ке и напишеле најубава си или баш си згодна...Нема потреба Миа да ги вреѓа и да им суди на луѓето што можеби и не по своја вина се дебели или едноставно немаат доволно пари за постелнината да и биде еднаква насекаде,е тоа многу ме изнервира .Не сум ни дебела ни "провинцијка" nо стварно мразам такви работи,ама ете дојде време кога на истата таа девојка Миа ке и биде добредојдена поддршката и од провинцијалките и од дебелите девојчиња...Значи не сум за никоја од нив двете за Мелита уште помалку...Сепак не е фер што откако ја избркале Миа од телевизијата нејзиниот проект го дале на други девојки,и сега оди истата емисија со концептот на Миа,жално е што неможеле да бидат пооргинални и да си измислат некој нов и свој...
     
    На bunny19 и interesna им се допаѓа ова.
  16. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Melita ja obozavam - da imav kerka ke sakav da bide kako Melita!
     
  17. valenTina.bT

    valenTina.bT Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Го забележав ова и многу се изнервирав. :@ Тоа е нивна работа.Не знам ..Многу се изнервирав .
    А и Мелита за аферата :@
    Во потполна согласност со Анима :) ;)
     
  18. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Епа да,не е во ред да продолжи емисијата само со др водителка поради тоа што Миа беше дел од идејата даваше посебен шмек и сепак е урбана фаца ,ова некако од страна изгледа како да Мелита нешто не и одговарало па си ги реди коцките како сака таа..Претпоставувам само ,но сепак оваа фб кавга не е од ништо настаната.Наводно требало некој си Дамјан да биде гостин но Мелита не се согласувала и наредила на Миа да го замени со некој др гостин па тука пукнало и ја избркала Миа пошто не се согласила....бла бла И стигнала работата дури до суд сега :o Ма мене тука ми е најсмешна човековата природа и се чудам,читав коментари по фбков од Мелита упатени кон Миа од тип "најубава ти си моја гордост,нема како тебе,срце мое и тн и тн" а потоа се плукаат??!!! :o Мошне чудно....И на крај ќе заклучам дека ова е еден обичен судир на суети највероватно нечија била поголема само ;) позз
     
  19. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Status so Mia i STATUS ET - se dve razlicni emisii, so razlicen koncept...Procitavme da Melita e urednickata i taa snosi cela odgovornost...
     
  20. Sania

    Sania Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    6
    Moderna zena sum, i kolku znam Mia se izrazuvala kako lezbejka...Nisto strasno; denes e sve nekako normalno...

    Melita mozda e losa, stroga - pa sto? I ne trebalo bas da se svaga so Mia...nema da zavrsat na sud...

    Koga politicari kao Buckovski znaat da kazat 'mocko' vo javnost...

    Melita napisala od g..no ne se pravi torta

    Ja imala na AB kanal po 20 casa nedelno so nejzini emisii i reprizi - taka velat

    odgovorna e - kako ima vreme za kavgi...Neka zborat ti raboti si...