Форумџика на годината

Физиотерапија кај бебиња

Дискусија во 'Бебе' започната од Evangeliaa22, 18 јануари 2025.

  1. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Во потрага по искуства со физиотерапија кај бебиња решив да ја направам оваа тема. Дали некоја од вас носела бебе на физиотерапија, која била причината и дали тоа помогнало на бебето?
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.674
    Јас го носев првото се роди малку предвреме со презреана постелка бев од 7ми месец и мирував дали тоа сето доведе до хипертонус нз ама одевме на терапии...систина го носев на невролог исто период кој ми остави голема траума
     
  3. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Јас го носев дека приметив дека десната рака му е со послаб фат, паѓаше на десна страна кога ќе се сврти на стомаче. Главчето 4ти месец исто му шантраше. Таму додека му подаваа играчки се гледаше дека рачето го крева само до пола, за разлика од левата. Исто прстите на ножињата му веа свиткани цело време.
    Рачето дури почна и навнатре да го држи.

    Го масираа и го стимулираа со вежби. За една недела имаше подобрување. Одевме редовно месец и пол по 3 пати во неделата. Сега е добар со рачето да не го подречам. Контрола на главата одлична.

    Сега повторно одиме дека цело време е закосен како буквата "с" додека седи во хранилка. Вежбаме лазење бидејки најчесто тој проблем се решавал штом ќе почне да лази.

    Ехото кај неврологот покажа мали абнормалности. Според неа во делот од мозокот што се регенерира и дека најверојатно нема да има проблем. Ќе видиме на контролното ехо како ќе поминеме.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    А зошто има така на мозочето? И ние почнавме да одиме 3 пати во систина бидејќи одбива да седне и да застане на 4. Цело време е на меше на земја и нема нешто абнормално, ама нејќе да ги витка нозете ги пушта
     
  5. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Не знаат зошто :(. Ми спомна дека има многу фактори како крварењето во прво стомесечие, прогестероните, клексаните, имам и хашимото. Ми рече дека и тие прогестерони и клексани не се така наивни како што си мислиме.
    Исто така кажа дека па има деца со чисто ехо, дури родителите инсистираат и на магнет. И со чисто ехо и магнет имаат невролошки проблеми. Така да ништо не се знае додека детето не се развие убаво.
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.673
    Моето имаше крварење во мозочето.
    Едната страна послабо ја користеше. Со вежби се среди. 2 години е. Нема никакви последици.
     
    На Evangeliaa22 и marrisa им се допаѓа ова.
  7. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Еве денеска има резултат од двата часа физиотерапија. Почна да стои на 4 и да се клацка, нејќеше да седнува… сега веќе се бутка да седне наназад
     
    На kozuf и marrisa им се допаѓа ова.
  8. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.673
    Колкаво е детето?
    До 10 месеци се толерира седнување.
     
  9. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.904
    Допаѓања:
    1.674
    Нир одевме 2 пати неделно по 1 сат и мислам дека од 3 4 пати одење се пдообри многу ситуацијата тогаш .колку и да изгледа тешко ќе помини нека се живи и здрави само ама е мачен период за родителот многу ...
     
    На marrisa и Evangeliaa22 им се допаѓа ова.
  10. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Само што наполни 10, правевме и ехо на мозоче, еве после два часа попушти, одма почна да ги витка нозете, инаку нејќеше. Од пред два месеца бевме во физиоактив, преслаб напредок имаше и они таму викаа дека не е за индивидуално да работи… еве оочнавме индивидуално кај Дијана во систина, одма покажа
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.673
    Се ли е во ред ехото?
     
  12. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.564
    Мислам дека ти пишав во некоја друга тема мое искуство.
    Јас не живеам во МК но одевме на физиотерапија бидејќи не знаеше да седне на 9 месеци. Исто беше многу ригиден во движењата, не сакаше исто да ги витка нозете, ги држеше исправени како пушка. Не лазеше на 4 туку се влечеше војнички. Се гледаше дека не ги користи мускулите кои треба, туку се ослонуваше на грбните мускули воглавном. На физиотерапевт правевме само една вежба цело време, истата вежба и дома, ништо друго.
    Тоа беше од лежечка позиција на меше, да го фатиш околу колковите и да го носиш до сите 4, потоа со притисок на една страна да го седнеш. Само тоа цело време.
    Друга препорака беше да му оставаме слободен простор да се движи низ станот, да ставаме играчки до кои треба да стигне со препрека.
    Пример, седнував јас на под со раширени нозе, на една страна го ставав син ми, на друга страна од ногата играчката со која играше, и требаше да помине преку ногата за да стигне до играчката. Тоа го правевме неколку пати во денот. Кога го надмина тоа, му ставав играчки малце на повисоко, да почне да работи со раце и виткање на нога за да се исправи. Ова беше процес но имаше напредок после 2-3 месеци.
    Самостојно седна на една година точно, почна да се движи со држење на мебел на истата возраст, а прооде на година и 4 месеци.
    Знам дека сега ти изгледа како најстрашно нешто на свет, но те молам немој да го правиш истото јас што го правев. Го форсирав, бев опеседната со тоа и цело време барав некоја причина зошто е така. Причина немаше, едноставно му требало повеќе време. Пример за фина моторика уште од мал беше многу прецизен, но овие gross motor skills ги совлада малце покасно. Од оваа гледна точка ми е криво што поминав толку време барајќи што не е во ред со детето, а тоа си беше супер.
     
    На Fenix05, tambelina, Evangeliaa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Исто! Мојов со мало прсте фаќа предмети од земја, а за големите работи е побавен. Инаку супер напреднавме за една недела, веќе седи на сите 4 и се клацка ко зајче на секое. Почна наназад да бута за да седнува. Инаку и ние нон стоп го остававме на земја, цело време на меше, ама нејќеше едноставно му требаше повеќе стимулација веројатно. Нит во раце сме го држеле, нит седел во релаксатор и сл
     
    На Fenix05, marrisa и Lavender13 им се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Да, супер беше, ама ќе одиме во систина на преглед кај Наталија за секој случај
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.564
    Не мора да има причина, едноставно фокусиран е на други работи и во моментот не е заинтересиран за тоа движење.
    Тука беа многу лабави, нема ни ехо на колкови ниту снимање на мозок, физиотерапевтот прегледа движења и мобилност на колк со физички преглед и тоа беше тоа.
    А јас си ја отупев главата дека детето има некој проблем.(facepalm)
     
    На Evangeliaa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    Која цена е кај Дијана?
     
  17. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    1900, 1500 ако земеш пакет од 3 часа. Одлична е
     
    На Fenix05, kozuf и Kala22 им се допаѓа ова.
  18. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    1.111
    Во склоп на Систина е така? Барем така забележав од нејзиниот профил
     
  19. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    1.023
    Пол:
    Женски
    Да, таму ги држи
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.673
    Што може да прави само?
    Лази ли? Фаќа ли играчки? Следи со поглед.
    На 10 месеци веќе сам треба да седнува.