Почитувани !..Би сакала да ми дадете правен совет во врска со моето следно прашање. Станува збор за физичка делба на објектот(куќа), на две реални целини. Едниот од учесниците во физичката делба има плац к.п.1633/1 поврзан со, парцелата и објектот к.п.1664/2 кои се предмет на делбата . Дали може да му се даде излез преку таа парцела к.п.1663/1 (која е во негова сопственост), односно дали може судот во постапката да донесе таква одлука со цел да се оформат два самостојни влеза на објектот....Ви благодарам !
Сум сосопственик на куќа во Скопје со мојата сестра, наследена од моите родители по 1/2(на објект во кој што двете живееме) на имотен лист. Досега имавме некоја привремена поделба на просториите во објектот, од кој што некои ги користиме и двете страни и да нагласам користиме ист влез само имаме посебни купатила и кујни(ние адаптиравме дел од куката за кујна и купатило). Ова беше како привремено решение , но од тогаш поминаа 15 години а другата страна нема интерес да направи било какви остапки(бидејки владее поголема површина- целиот објект е околу 90м2). Што треба да се направи и со кои документи да се изврши физичка делба на објектот. Ме интересира процедурата и дали треба ангажирање на адвокат? Поздрав,Сузана
физичка делба Консултирај се со приватна геодетска фирма, они прават физичка делба на недвижен имот, т.е. куќа или градежно земјиште. Исто мислам и дека нотар ќе треба да биде вклучен, консултирај се со нотар и Геодет
физичка делба Не нотар, адвокат и тоа адвокат што се занимава со граѓанско право, е сега они мислам дека во постапката секако ангажираат некое стручно лице(не знам кое е тука стручно лице) иаку и они имаат доста знаење во овие работи. Од документи ти треба имотен лист кој е доказ дека сте сосопственици, и со тоа се прави делбата, за други документи адвокатот ќе ти каже, навистина не сакам да те излажам.
За физичка делба на куќата ви е потребен геодетски елаборат со кој куќата ќе биде поделена на онолку физички делови колку сосоптвеници има односно на два во конкретниот случај и секако објектот мора да има два различни влезови инаку не ќе може да се запише во катастар како посебна физичка целина деловите од делбата, потоа имотен лист во оригинал и предлог за физичка делба до судот или до нотар, доколку физичката делба е спогодбена, доколку не е тогаш судот односно нотарот ја врши делбата согласно вашите сопственички идеални делови кои ви припаѓаат, а доколку предложат странките може и со продажба на предметот на делбата.