Форумџика на годината

Фиксен или флексибилен курс на денарот?

Дискусија во 'Канта' започната од Viiiiip, 4 април 2012.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Се надевам дека оваа тема ќе пробуди интерес кај оној дел од форумов кој будно ги следи случувањата во економијата. Имено, во последниве денови, економските вести(на интернет кои ги следам) се прилично преплавени со прашањето дали Фиксниот девизен курс му помага повеќе отколку што му штети на македонското стопанство? Кое е вашето мислење?

    Мое мислење е дека фиксниот девизен курс е една од ретките светли точки кои се одржуваа, со него се држи инфлацијата на едно оптимално ниво, и како главна цел на НБРМ- одржување на ценовна стабилност, таа тоа и го исполнува и навидум имаме една економска стабилност. Но мислам дека е време, малку помалку да почне да се отпушта овој фиксен режим(кој по закон е флексибилен, но народната банка го држи фиксен). Ова е како да се има мало дете и прво треба да го учиш, да го воспитуваш, но неможеш засекогаш да го држиш стегнат, мора да созрееме и да го оставиме формирање на курсот на денарот под дејство на пазарните сили. Имено се вели поради ниското ниво на инфлација дека имаме економска стабилност. Па зар под економска стабилност не се подразбира и ниска стапка на невработеност, на сиромаштија, што кај нас изнесуваат по околу 40 проценти? За мене оваа ситуација е само ПРИВИДНО стабилна, депресијација на денарот ќе предизвика нашите стоки да се поконкуретни на пазарот, поголема вработеност, поголем економски раст(Кина, тоа го постигна со намерна девалвација на денарот). А НБРМ, да започне со таргетирање на инфлацијата, и одржување со други инструменти.