Здраво Феминки, ЗНАМ дека има тема ФИКСНИ ПРОТЕЗИ, но во сите тие постови многу е тешко да се најде мислење конкретно за протезата ДАМОН, што очигледно е различна од обичните фиксни протези, па затоа администраторите ќе ги замолам да не ја бришат доколку не смета. Сакам да Ве прашам конкретно какво Ви е искуството со Дамон Клиар (Damon Clear), бидејќи брикетите се многу поголеми од железните на Дамон. Колку време имавте потешкотии во изговарањето на буквите С, Ш, Ж.. бидејќи јас ја носам веќе 10ти ден, а сеуште не можам да се навикнам на изговорот. Дали тоа може да потрае многу подолго? Ви благодарам.