Денес треба да ставам протези ги мразам протезите но морам да ставам затоа што многу ми се искривени забите дали вие носите? какво е чуството? дали ви сметаат?
Да, јас носам фиксни и доле и горе Чувството е ок..ке ти биде непријатно во почеток пошо имаш железо на заби.. и ке те боли после секоја контрола пошо нормално ке ти ги стегне..али тоа поминува и после неколку дена,нема ни да ги осекаш,едноставно ке станат дел од тебе јас ставив негде почетоков на годината,и треба да ги вадам и двете у ноември-декември..одвај чекам сметање, не..ке се навикнеш многу брзо..не се секирај,протезата е доста нормална и честа појава, ништо страшно не е..башка за убавина се работи поз
Како малечка до четири години си пиев млеко од шише и баш ми беше гајле Велат тоа е причината за моето криво запче. Не стрчи многу , никогаш не ми било комплекс, сум носела повеќе протези од овие мобилни чинам се викаат. Никогаш не ги сакав, постојано ги губев и нередовно ги носев.До пред некое време мајка ми ме убедуваше да си ставам фиксна протеза .Не можам да ја смислам , одвратно ми изгледа насмевка со железа, а дечко ми пак напротив многу го сака , вели нема посекси од криво запче ..и така научив и јас да си го сакам. Пред некое време другарка ми стави порцеланска , тоа и мене ме стави во дилема , па деновиве планирам да го посетам чичко забар и да се распрашам колку време ќе ја носам. Па и не е толку лошо едвај се познава , но да ја имам за матура не доаѓа во предвид
Јас во средно носев фиксни протези, некаде 6 месеци и бев презадоволна од резултатот. Но според мене треба да се носат повеќе време бидејки мене пак ми се разместени многу малку но сепак. Инаку не знам зошто мразиш баш ми се симпатични мене.
Воопшто не е непријатно и баш е симпатично, а тек кога ќе ти се исправат забите, тогаш ќе биде уште поубаво. Носев протези година и пол на горната вилица, па дури и на матура ги имав. Бев уникатна, со метална насмевка Инаку на почеток ќе ти биде чудно, ќе ги миеш забите по сто пати, ама за кратко време и ќе заборавиш дека ги носиш. Најтешко е кога ќе ти ги затегнат и тогаш не можеш да џвакаш потврда храна, ама поминува за ден-два. Во секој случај не џабе рекле трпи бабо за убавина
Почнав да се привикнувам Денес ми е четврт ден И што знам некако почнав да си ја засакувам железната насмевкаа Многу ме болеа забите првите два дена а сега веќе не. Чудно ее.. Но ништо страшноо
јас носев 2ипол години и многу ми беше тешко кога требаше да ја симнам,зашто ептен се навикнав со неа.во почетокот и јас ја мразев ме болеа забите многу првата недела,ама после се навикнав и беше ок
Носев протеза од мои 11 години до 12 и пол, значи 2 и пол години. Забите ми беа многу криви, а после толку носење ми се исправија. На почетокот е мачно и многу боли, не можеш да јадеш нормално и да зборуваш, но после ќе се навикнеш и нема ни да ја чувствуваш. Нема да ти сметаат воопшто, само ќе треба почесто да ги миеш забите. Кога ќе ги извадиш фиксните, ќе треба редовно да ја носиш мобилната протеза за да не ти се искриват пак. Верувај, ќе се помачиш и потрудиш малку, но потоа трудот ќе ти се исплати десеткратно.
Јас носам и горе и доле,веќе една година..Уште пола ќе ја носам и ајт со здравје.После па со мобилна ќе се бафтам,али вреди.На почетокот многу се срамев,но после тоа се навикнав и сега ми е гајле.Кај некои изгледа ко да ја имаат цела железничка во уста,а кај некои не се ни приметува..
Па пожелно е за забите да останат исправени, инаку голема е веројатноста дека повторно ќе се искриват.
Подобро е да носиш 1 година фиксна протеза,отколку цел живот да имаш криви заби.. Со текот на времето ќе се навикнеш...На почеток е тешко,но потоа немаш гајле... Инаку да..препорачливо е по вадењето на фиксната протеза да се продолжи со мобилна,но за тоа консултирај со со својот ортодонт..
Зависи од случајот. Некои носат т.н retainers, кои се всушност жици кои се лепат од внатрешната страна на забите и не се видливи, а се носат барем 6 месеци. Обично нив ги ставаат ако фиксните апарати се носат помалку од година. А ако се носат повеќе од година, тогаш веројатно ортодонтот би ти дал мобилна протеза ако има потреба, чисто како превенција од придвижување на забите. Тешко дека ќе се вратат во првобитна положба после носење фиксен апарат ако процесот на растење кај тебе е завршен. Затоа фиксните апарати се препорачуваат дури после 16 година, никако порано, оти нема да има ефект, а се прилично скапи. Освен тоа, може и некоја беља да се направи, иако тоа е прилично ретко.
Носев 2 години во 6то и 7мо одд. Навистина е тешко додека се навикнеш и боли кога ги затегаат но за сметка на тоа добиваш убави заби и прекрасна насмевка. Вреди да се издржи
Јас носев фиксна протеза скоро години,забите ми се исправија,отпрвин многу ме болеа забите и имав рани во устата ама потоа за месец два ми се повлекоа забите наназад па немав проблеми,лесно се привикнав и не ми се познаваше дека носам фиксна протеза,еве веќе 5 месеци сум без фиксна,носам мобилна протеза само за спиење иако ми рекоа дека треба да ја носам секогаш кога ќе можам...само во последно време ме мачат предните заби дека ми се помрднале или само така си замислувам.Има ли некој да му се поврнале забите после вадење на фиксната протеза?
Мене. Носев фиксна протеза година и пол скоро 2, откако ми ги истадоја ми дадоа мобилна да носам, ја носев кратко време. Али тоа не е причина сепак да ми се врати едното предно запче напред. Ептен ме иритира, џабе парите што сум ги дала за фиксните.
Леле се разочарав...јас се умислувам дека ми се мрднал едниот заб нанапред,а протезата мобијна ја носам само за спање,а ми рекоа дека 6 месеци нон-стоп и 6 месеци само за спање ама неможам да ја носам цело време ме нервира
Пред се, тука треба упорност во носењето на протезите. Ама ако фиксните ви ги ставиле пред да ви биде завршен процесот на растење, грешката не е во вас. Исто, имајте предвид дека забите цел живот се движат, и тоа од назад према напред, према средишната линија на лицето. Иако тоа не е којзнае колку видливо движење се забележува кога ќе почнат да растат умниците, ако ги имате, ако има барем малку место во вилицата да се пробијат. Фиксните протези не се препорачуваат пред 16 година од животот - и треба да се носат најмалку една година. А мобилните ги даваат после тоа, да го минимизираат движењето на забите. И пожелно е да се носат се додека е препорачано.
Фиксните протези се носат како што кажа Анатх после 16 год..Се носат откако ќе израснат сите трајни заби...И доколку се работи за некоја наследна неправилност,постои голема можност забите да се вратат во првобитната местоположба.