Филерина Fillerina

Дискусија во 'Лице' започната од violetblue, 18 март 2026 во 10:55.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    5.674
    Филерина се рекламираат како филери без боцкање. Се ставаат само на брчките како серум а ефектот би требало да трае 3-4 месеци.
    Имаат 3 јачини и дневен, ноќен крем и за околу очи во трите јачини.
    Цените им се од околу 4000/6000 ден.зависно од јачината за третманот за 14 ден.
    Дали имате искуство, мислење за ова?
    Јаа имам брчки на челото и околу очите што сакам да ги пополнам па не знам дали ова навистина прави нешто или само маркетинг.
    fillerina.hr
    https://www.facebook.com/share/r/1AjTRUrcsR/
     
  2. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    711
    Пол:
    Женски
    Не верувам да е ефективно, ама доколку е, би пробале ли и за усни, за суптилен волумен? Јас еден период пробав да користам Волуфилине, искрено џабе го користев..
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.658
    Допаѓања:
    82.727
    Пол:
    Женски
    И јас ги гледав овие, ама засега немам некои брчки според кои би можела да проценам како и дали ќе делува.

    Имам пријателка што одамна користи Филерина и лицето и' изгледа навистина свежо, го има тој 'plump' ефект на хидрирана кожа, ама назолабијалните брчки и тие на челото пак се познаваат, не е дека ептен ги снемало со помош на кремава. Генералниот ефект ми се допаѓа, иако не сум сигурна колку би помогнал третманов во корекцијата на брчките. Можеби некогаш би купила, од љубопитство.