1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филигран

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 3 јануари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Еден од најубавите видови на накит, изработка со метали, да не речам перфектна рачна изработка, накит со душа, кој го примамува сечие око, уникатно и вредно парче накит.
    Еден период филигранот беше на работ на исчезнување во Македонија, но за среќа во последниве години се појавија и нови уметници и креативци кои ја продолжуваат изработката на овој накит.
    Но не е само накит, тоа може да се и слики, украси, кутии, познат е и во црковната уметност за изработување крстови и фрески, тоа се со еден збор уметнички дела.

    [​IMG]

    Колку ги сакате филиграните?
    Дали имате филигран? Дали е наследство од вашата мајка/баба?
    Дали и од каде купувате филиграни од Македонија?
    Дали носите често?
    Дали сте подариле или би подариле?
    Омилен изработувач или продавница?

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Iggy.A, SexyLady, Smilly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Сакам филигран, ама немам.

    Не сум наследила, никој не ми подарил, не сум подарила, би подарила.
    Овие најмногу ми се допаднаа на твојот блог што ги имаш поставено.

    [​IMG]
     
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Македонка без охридски бисер и парче филигран не бидува. :D Обожавам филигран, имам уште како мала добиено брош пеперутка и го немам допрено кутичето, така стои, и едно помало за матура. Сакам да си купам уште два броша сигурно, баш разгледував низ град, цената е од 1200 - 2000 и кусур по Рубин Кармин на пример, и тоа пообичните, само од сребро. Ако имаат драгоцени камчиња, пр. јас сакам со сино да е пеперутката, тие стигаат и по пар стотина евра, што значи ич не се евтини. За свадба ќе си барам. :D
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Единственото парченце ваков накит го имам добиено од баба ми, кога сум дошла на свет.
    Слично е како пеперутка-брошчето што го постирала Росонерка.
    И едноставно не можам да се изначудам колку прецизно е создадено нештово, стварно треба да имаш трпение да го склопиш секое малецко парченце и да добиеш нешто блиску до перфекција.
    Дури мака ми е да го носам брошчето, си мислам дека ќе ми се откачи, ту ќе ми падне некаде, па како што сум трапава и ќе го изгубам. :D
    Си го носам за посебни прилики, многу ретко и си го чувам во кутивче со ''перниче'', ма ко солза на дланка го пазам чудово и си ветив, дека некогаш ако имам ќерка ќе и' го оставам нејзе. :)

    Жално е, што лека-полека изумира занаетов, порано чинам поактуелни беа оние кои се бавеа со филигранството, сега скоро и да ги нема.
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Дуќанот се вика Деко, се наоѓа близу до Грчка амбасада. Сопствеников Дејан е минеролог. Негов пронајдок е македонскиот рубин - драг камен со специфична црвено-розова боја кој го вградува во филигран. Филигранот му го изработуваат неколку девојки. Работи и по нарачка.
    Многу оргинално и преубаво.
     

    Прикачени фајлови:

    • img0026.png
      img0026.png
      Големина на фајлот:
      68,4 KB
      Прегледи:
      1.186
    • img0046.png
      img0046.png
      Големина на фајлот:
      66,1 KB
      Прегледи:
      1.183
    • img0179.png
      img0179.png
      Големина на фајлот:
      113,9 KB
      Прегледи:
      1.186
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    За жал немам, ама мнооогу ги сакам и многу ми се допаѓаат,се надевам дека некогаш ќе ги имам :inlove:
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.729
    Многу сакам филигран, а никој не ми подарил :D . Најмногу сакам обетки, веројатно затоа што обетки најмногу и носам.

    Често подарувам филигран - знам дека има многу што го сакаат, а веројатно и затоа што мене ми се допаѓа.
    Има еден дечко - Коте му е надимак, продава ланчиња со име како привезок на плоштад. Има многу убави филигрански обетки, а не му се изложени, ама главно ги носи со него. Прег некој ден се намерачив на едни, ама немав пари во моментот, а не ми се одеше до банкомат по ладното. Ама ќе го побарам, од глава не ми излегуваат обетките.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Обожавам филигран, му давам предност пред златото, сваровски кристалчиња и останати дрангулии.
    За мене филигранот е чиста уметност и заедно со бисерите ми се омилени парчиња накит.

    Поседувам ваков комплет, ова се обетките и со истиот мотив имам и привезок и прстен.
    [​IMG]

    Имам ист ваков идентичен пар обетки, ми ги направија лани по нарачка, цената изнесуваше 1500 ден. сама си се почестив и не жалам ниту денарче.
    Во живо се уште поубави и понежни.
    [​IMG]
    Прекрасни филигрански парчиња има во Рубин и цената им е сосем оправдана.
    Филигранот е тежок за изработка, бара трпение, време, талент и многу вештина.

    Во Македонија се организираат и филигрански курсеви, би сакала да посетувам некогаш, но сметам дека сум премногу нетрпелива и живчана за ваков тип на уметност.

    Во иднина би сакала да поседувам филигранска колекција од која ќе ми се врти памет.
    :)

    Ова е името на девојката која ги изработува.
    [​IMG]
     
    На LivingGlam и aaaaa им се допаѓа ова.
  9. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    10.084
    Мислам дека филигранот повеќе им прилега на повозрасни жени, има некоја доза на зрелост во овие парчиња накит.
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Имам пеперутка (брош) што баба ми и ја дала на мајка ми, една алка и прстен кој е премногу стар, дури среброто почнало и да темнее, сакав да ми го избелат и ми понудија да ми го откупат, ама нема шанси да го дадам. Не се во боја, ама многу убаво се изработени.

    Не се сложувам со ова

    има преубави изработки што на секого би му прилегале

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас имам од мајка ми брошче, обетки и алка на која се сетив откако видов една слична слика од алка филигран, уште да знам каде е залутана алката :tmi:

    Многу сакам филигран, не би се сложила дека е за возрасна жена, филиграни има за сечиј вкус, има и некои фигури кои се тинејџерски има и некои поелегантни.
    Најмногу ме привлекуваат брошчиња, обетки, нараквици, би сакала да поседувам и прстен. А некако не се мој стил ланчињата, големи и гломазни се, или евентуално не сум нашла некое по кое ќе копнеам :)
    А штом дремам пред гтц и чекам некој стално се лепам на излог на Рубин Кармин и зјапам филиграни :)

    Елена Ристовска е одлична баш и ги гледав филиграните.

    А ми се допаѓа многу Марија Милошевска па еве неколку нејзини дела ;)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    дали има некаде да се одржуваат курсеви за изработка на филиграни и која е цената, пишете ако знаете нешто pls
     

    Прикачени фајлови:

  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Преубав е, но за жал немам. Многу сакам да си купам барем едно прстенче само не знам како одат цените, скапички се нели?
    Мислам и дека вредат за парите, поради тоа што многу труд и време се внесува за секое парче.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Их, филигран. Имам многу дома. Наследство од дедо ми. :)
    Тој го правеше и продаваше.
    Има прекрасни парчиња, за сите возрасти и вкусови.
    Јас лично ретко носам. Не знам, не ми е толку едноставен за комбинирање и затоа го избегнувам.
    Кога носам најчесто бирам обетки или алки. Ланчиња не. И брошови. Е тие ми се најомилени и најубави.
    Пеперутчиња, цветчиња или недефинирани форми.. Нив најмногу ги сакам и најмногу ги носам.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Oтсекогаш ме привлекувал ваков накит

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Има некоја старинска убава жичка во филигранот - што просто ме фасцинира!
    А посебно ми се допаѓаат оние со камен. Милина. :mm:

    Истовремено им завидувам и ги сожалувам на оние кои го научиле овој занает. Прекрасно е да се знае да се направи вакво нешто, но мислам дека е и многу макотрпно. Како што сите жици се ситни, ако при составувањето нешто ти се мрдне, дупла работа ќе си имаш.

    Пред 1 недела си ги добив првите убетки .. и прекрасни се. Едвај чекам да си ги носам! ^_^

    Еве некои модели кои ми се допаѓаат.
    Нова е во ова но има преубави парчиња накит.
    [​IMG]
    Овој прстен ми е апсолутен фаворит. Ахх љубов! :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  17. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Погрешно мислиш. Не се дискутира за вкус, филигран не стои на било какво парче облека и не му стои на секој, со возраст нема врска. Не личи некоја тетка од 50год да облече кожна панталона или деколте до папак ако е висната и сл... Јас пре би да носам филигран него скапоцени камења, но се зависи пак ќе кажам од стилот на облеката и поводот.
     
  18. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    Обожавам филиграни.
    Постојано носам еден прстен, филигран - пеперутка, со години го немам извадено од прст.
    Имам доста филиграни, само таков накит носам, многу ретко се случува да ставам друг вид на накит.
    Имам другар кој ги изработува, така да ми прави се што ќе ми падне на ум а и (најважното) ми го наплаќа само матријалот и многу ми е ефтино :D
     
  19. LeleD

    LeleD Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Обожавам филигран! Имам прстен од Рубин ама не сум нешто најзадоволна од квалитетот на материјалот (би требало да е сребро ама не ми делува дека е, нешто почна да се лупи...) и обетки што си ги купив од кај Младен Стојановски. Дечкото е гение! Дизајн, изработка, квалитет...немам зборови.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.861
    Пол:
    Женски
    Во чаршија гледав за око прекрасни но не сум убедена за квалитетот. Дајте некоја препорака сум решила да си купам.