1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Филмови кои ве изненадиле позитивно/негативно

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од sweet-cherry, 5 декември 2011.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.535
    Допаѓања:
    28.741
    Пол:
    Женски
    Верувам сите сте имале барем еден филм кој што по гледање на трејлер или било што помислувате дека е глупав, досаден и не интересен, но случајно го погледнувате и всушност ви остава добар впечаток, ви се допаѓа па дури и ви станува омилен.Но верувам дека имало и такви кои што со нетрпение сте чекале да излезат и возбудливо ги чекате, но се разочарувате откако ќе го изгледате, бидејќи не ги достигнало вашите очекувања.

    Јас искрено за Три метри над небото очекував, млитаво развивање на дејствата, веќе видена романтична комедија или не знам што и поради сите статуси, коментари за тоа како глумецот бил најубав и како е најдобар филм на годината не ни помислував да го погледнам, но една другарка ме натера да го гледам, и искрено не очекував, испадна добар филм, интересна содржина и ми се допадна.Додека со нетрпение чекав да излезе Mean Girls 2, поради култниот прв дел се надевав дека и овој ќе биде со слична тематика,интересен и со добар хумор, но напротив ми беше досаден, не беше тоа тоа, џабе потрошено време.

    Па кој се вашите филмови за кои што не сте очекувале дека се добри, и напротив сте ги сметале како филмови кој никогаш нема да ги погледнете, досадни и глупави?Кои се вашите филмови кој ве разочарале, а сте сметале дека ќе бидат одлични и сте се надевале на добро исполнети саат и пол, па и повеќе?

    Доколку сметате дека темава не развива дискусија,или пак ако е дупла(не најдов слична тема) ставете клуч :)
     
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Го гледав трилерот на "The Zookeeper" и навистина ми изгледаше банален и не убав, но го симнав по грешка.. ;) Филмот навистина ме изненади во позитивна смисла не очекував да е толку добар... :o
     
  3. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Мислев дека Captain America: The First Avenger ќе биде добар, интересен филм, по тоа што го видов во трајлерот, и затоа што ми се допаѓаат филмовите што се базирани на Marvel's Comics.
    Всушност многу ми беше тапа, досаден, не ни имаше нешто посебно акција. Не ни очекував дека ќе биде во тој контекст, па и уште да се разбуди по толку години.

    Не, не, не. Се разочарав тотално.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    300 испадна подобар, а полоши има еден куп, дури не можам да се сетам на сите. Grave encounters 2 е еден од нив.
     
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    17.683
    Има многу кои ме изненадиле позитивно, многу повеќе има кои негативно ме изненадиле.
    Кога го здогледав насловот на темава прво на памет ми падна нашиот филм, според мене голем срам а тоа е До Балчак, огромно разочарување...