Добра вечер,би сакала да побарам мислење од студенти кои студираат англиски јазик.Сестра ми сака да се запише на Филолошки факултет-катедра за англиски јазик и книжевност-наставна насока,но се плаши дали ќе се снајде со јазикот.Нејзе и одат јазиците,го разбира англискиот јазик,но во средно училиште немаат многу комуникација на англиски.Затоа ми треба ваше искуство,дали со текот на студиите ќе и биде полесна комуникацијата и дали делата коишто се обработуваат се лесно разбирливи и дали се напишани на висок стил.Секој одговор е добредојден.
Сè се учи ако се сака. Книгите зависи која, на филолошки знам ги разработуваат и на интернет имаш многу работи во денешно време. Средното што не и се погодило нема везе, таман работа сите да отидат на факултет препукани од знаење.
Јас знам си има по некои терсене професори, ама ако се има желба се може да се научи. Убав факултет е, моја пријателка со ваков во времето на КФОР кога беа тука беше преведувачка и толкувачка се има нафатирано до крова. Таа избра таков смер, не наставен. Ама сестра ти и да замине во странство со доминантно англиско говорно подрачје убаво ќе се снајде. Сепак јас на нејзино место во тој случај би си избрала и втор факултет или би доучила таму, дека со англиски таму што би била квалификувана да работи?
Мислам дека е корисен факултет, особено ако се искомбинира со уште еден странски јазик (германски, полски, турски...). Исто од неизмерна корист е доколку во текот на студирањето или непосредно по истот замине со некоја стипендија или размена на студенти во англиско говорно подрачје, САД на пр. За време на студиите секако нека има пристап до интернет и соодветен речник, англиско - македонски и обратно. Но најбитно е дали нејзе ѝ е тој јазик вистинско задоволство да го учи и проучува. Тогаш и делата ќе ѝ паѓаат полесно за обработка а и подготвувањето на испитите. Можеби од и на македонски преведувач, толкувач (усмен превод) по амбасади, европски комисии, парламенти... никогаш не се знае, но секако дека дообразување или факултет плус, макар како мастер (постдипломски) во странство може да биде голема придобивка и олеснителна околност при барање работа.
Благодарам на одговорот.Да,точно и јас исто и велам дека може да учествува во студентските размени.Сепак таа се плаши во однос на устените испити дали би се снашла за одговарање,а многу го сака јазикот.