Фимоза е слепување на кожата кај главата на машкиот полов орган и нема никакви последици по неговата партнерка, туку само кај него. Се јавува болка, црвенило и отежнат однос, додека за партнерката тоа не менува ништо.
Сите што чуваат машки деца претпоставувам дека чуле за ова. Еве подетално за ова (ме мрзи да пишувам ) http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... &Itemid=79
Фимоза е пропратена со константна иритација на главичката на пенисот (Балантидис) затоа што е потешко да се одржува хигиена, јас имав фимоза но веднаш по пубертетот мораше да ме обрежат за да можам нормално да функционирам сексуално а и да се избегне опасноста од посериозна инфекција.
Јас имав фимоза уште како мало дете и на 3 години сум обрежан. Не можев да вршам мала нужда оти кожичката беше премногу тесна. Да одговорам на прашањето, нема никакви проблеми тука кој што можат да се јават. Позитивното во тоа е што главата на пенисот е сува и повеќе ја надразнува вагината во сексуалните односи и за понежниот пол тоа причинува посебно задоволство.
Не е ништо страшно, се решава со обрежување, ама потоа малку главата на пенисот губи на чуствителност бидејќи е цело време откриена...ама и тоа не е нешто страшно, дури повеќето лекари препорачуваат обрежување (се разбира во стерилни услови)